Пред Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад, чиј влез е блокиран од граѓани и студенти од утрово, се случи нов инцидент кога полицијата доби наредба да ја нападне толпата, која ја нападна со палки, пренесе Н1. Тие претходно почнаа да се приближуваат кон влезот на факултетот, но пред нив стоеја граѓани и студенти. Сепак, припадниците на жандармеријата успеаја да се пробијат до влезот, користејќи бибер спреј и потиснувајќи ги ...

Данута Даниелсон (Danuta Danielsson) е полска имигрантка во Шведска, која стана симбол на отпор против неонацизмот по инцидентот во Векшје во 1985 година. Тогаш, за време на марш на неонацисти, таа се појавила на улица и со својата чанта го удрила еден од учесниците, момент кој бил фотографиран од Ханс Рунесон. Даниелсон била 38-годишна во моментот на инцидентот. Низ годините, се ширеле гласини дека била Еврејка преживеана од холокаустот, но ...

ЏАБИР ДЕРАЛА Објавено на 20 Октомври 2024, во рубриката АНАЛИЗИ Додека демократските институции ширум Европа и светот се соочуваат со растечката закана од дезинформациите и последиците од хибридното војување, структурата на европската демократија е под закана. Освен конвенционалното војување и бруталните воени злосторства и уништување на цивилни цели во Украина, тековната кампања на Русија за дестабилизација на Западот се состои во ...

Денес претседтелката Давкова Силјновска им одржа „буквица“ на уставните судии во рамки на дебата за позицијата на овој Суд во правниот систем. Ако ја исклучам театарлноста со која таа настапи пред колегите, би се согласил со неа дека со мал исклучок на судии кои биле со стручен интегритет во оваа институција таму доаѓале главно лица како награда од страна нивните партиски тутори. Некои од нив,, би додал, не би можеле да водат и месна заедница. ...

И по седмиот обид, конституирањето на Косовското собрание не успеа. Предлогот на ВВ за претседател на Собранието не ги добива потребните гласови и понатаму, ВВ инсистира на својот предлог- Албулена Хаџиу, а опозициските пратеници упорно не ја гласаат, пишуваат косовските медиуми. Српската активистка Наташа Кандиќ го доби „Клучот на град Приштина“ за нејзината улога во документирањето на српските злосторства за време на војната во Косово, ...

Денеска е Светскиот ден за безбедност при работа, кој е прогласен од Меѓународната организација на трудот (МОТ) во 1996 година. Овој ден се одбележува во 120 земји во светот како Меѓународен ден за сеќавање на паднатите работници под мотото „Да се сетиме на мртвите, да се бориме за живите“. Светскиот ден за безбедност и здравје при работа е кампања за подигнување на свеста „со цел да се привлече меѓународното внимание кон растечките трендови во ...

Претседателот на „Македонски концепт“, Петар Богојески, е поставен за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Богојески во јавноста стана познат во 2018 кога како „реформатор и фракционер“ беше разрешен од функцијата заменик генерален секретар во ВМРО-ДПМНЕ. Оттогаш па се до формирањето на Македонски концепт, Богојески делуваше како фракција во ВМРО-ДПМНЕ и голем критичар на Мицкоски за пред последните ...

Доналд Трамп ги помина првите 100 дена во Овалната соба водејќи економија на која светот ѝ завидуваше до работ на криза, ризикувајќи го угледот на Америка како финансиско безбедно засолниште и поттикнувајќи страв кај гласачите кои ја изгубија довербата во неговото водство. Според анализата на Стивен Колинсон, виш репортер кој ги покрива Белата куќа и политиката низ САД и низ целиот свет за Си-ен-ен , Американците очајно бараа олеснување од ...

Гудрун Штајнакер “Krivi smo mi” (Ние сме виновни) е рефренот на една од најпознатите и веројатно најважните песни на „бардот“ Ѓорѓе Балашевиќ (1953 – 2021) од 1993 година, сред босанската војна. Ние сме виновни, Балашевиќ обвинувачки се обрати кон своите сонародници, им дозволивме да мразат, да пукаат и да извикуваат: Пукај! За жал, неговиот обид да ги разбуди луѓето тогаш не успеа. Не само земјите од Западен Балкан и нивните народи се виновни ...

Универзитетското студентско собрание на УКИМ ја дава својата јавна поддршка на протестниот марш „Марш за ангелите“, кој ќе се одржи утре, 29 април 2025 година, во Скопје, во организација на семејствата настрадани во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопштува студентското Собрание. Протестот ќе започне пред Обвинителството во Скопје во 12:05 часот – време кое симболично ја означува задоцнетата реакција – и ќе продолжи кон Градскиот ...

Основниот суд во Приштина, Специјално одделение, издаде налог за апсење против Милан Радоичиќ и уште 19 други Срби за воени злосторства. Тие се осомничени за убиство на 106 албански цивили во Ѓаковица и малтретирање на 300 други, јавуваат косовски медиуми. Одлуката е донесена на 15 април 2025 година, по барањето на Специјалното обвинителство од 27 март 2025 година. Специјалното обвинителство на Република Косово во барањето наведе дека на ...

Канаѓаните денес одржуваат парламентарни избори за да утврдат кој ќе ја води нивната влада: Либералната партија под премиерот Марк Карни, поранешен банкар, или Конзервативците, предводени од Пјер Појлевр, кариерен политичар од десницата на партијата. Едно прашање ги троши гласачите: претседателот Трамп. Неговиот напад со царини врз Канада и неговите постојани повици за анексија на земјата како 51-ва држава доминираа во трката. Како што пишува ...

Украинските специјални сили од 73-от Центар за поморски специјални операции спроведоа напад врз руските позиции во Курската област, заробувајќи двајца руски војници, и со тоа го оспорија тврдењето на Москва за повторно освојување, објави прес-службата на Силите за специјални операции на 27 април, пренесува Кијив Индипендент. „Додека началникот на Генералштабот на руските вооружени сили (Валериј) Герасимов известува за „ослободувањето“ на ...

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали власта ја води земјата кон Исток? Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата. Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ. ...

Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина со воена помош дури и ако САД ја намалат својата помош, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус на 27 април во интервју за „Тагешау“, критикувајќи ги предлозите на САД Кијив да отстапи територија на Русија во замена за мир, пренесува Кијив Индипендент. „Украина можеше да го стори тоа сама, само пред една година, преку предавање“, рече Писториус. „Секако, одамна сум свесен дека траен, ...

Студентите во блокадата најавија дека ќе ја прекинат блокадата на Радио и телевизија на Србија доколку денес на седницата на Комисијата за култура и информации на Собранието на Србија се донесе одлука за распишување конкурс за членови на Советот на РЕМ, што е едно од нивните клучни барања поради кои го блокираа јавниот сервис, пренесе Еуроњуз. Тие во емисијата „Впечаток на неделата“ изјавија дека доколку се донесе таква одлука, ќе се повлечат од ...

Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска ќе биде домаќин на петтата сесија на Работната група 6 – Антикорупција (Поглавја 5 – јавни набавки, 18 – статистика, 32 – финансиска контрола) во организација на Европско движење во Република Македонија (ЕДРМ). Тема на настанот е „Борба против корупцијата преку транспарентност и отчетност: Препораки и можности во Република Северна Македонија низ перспективата на европските ...

Морнарицата на Индија тестираше ракети во неделата, покажувајќи ја својата способност да изведува „ прецизни и офанзивни напади со долг дострел “, додека тензиите со Пакистан растат по терористичкиот напад од минатата недела во индискиот дел од Кашмир, во кој загинаа 26 цивили. „Бродовите на индиската морнарица извршија успешни повеќекратни противбродски истрели за повторно да ја потврдат и демонстрираат подготвеноста на платформите, системите и ...

Северна Кореја за прв пат потврди дека испратила војници да се борат заедно со руските сили во Курската област по наредба на лидерот Ким Џонг-ун, пренесува Кијив Индипендент. Во соопштение објавено од државната новинска агенција KCNA, владејачката Работничка партија го опиша распоредувањето како демонстрација на „највисокото стратешко ниво на цврсто милитантно пријателство“ меѓу Северна Кореја и Русија. Објавата дојде откако вршителот на ...

Почнувајќи од 1 мај 2025 година, граничните контроли за возила и патници на Република Косово и Албанија повторно ќе бидат укинати, јавуваат косовските медиуми. Оваа одлука важи за возила со косовски и албански регистарски таблички. Одлуката доаѓа во спроведување на договорот меѓу владите на Косово и Албанија, за премин на возила и патници меѓу двете земји без гранични контроли. Се очекува граничниот премин Морина да го спроведе овој договор од ...

Тимот на ЦИВИЛ, на почетокот на пролетта, 2011 година, направи мега интервју со Амбасадорот Ерван Фуере, тогашен Специјален претставник на ЕУ и Шеф на Делегацијата на ЕУ. Во воведот кон интервјуто, авторите Џабир Дерала, Харалд Шенкер, Илир Ајдини и Звездан Георгиевски, тогаш напишаа: „Амбасадорот Ерван Фуере беше еден од главните инспиратори на нашиот проект за политичка култура и дијалог од кој произлегува и ова списание, а врз основа на ...

Според јеменските Хути, американски воздушен напад погодил затвор во кој се чуваат африкански мигранти, при што загинале најмалку 68 лица, а 47 биле ранети. Од американската војска досега нема коментар, пренесува Си-Ен-Ен. Нападот во губернијата Саада во Јемен, упориште на Хутите, е најновиот инцидент во децениската војна на земјата за убивање африкански мигранти од Етиопија и други земји кои ризикуваат да ја преминат земјата за шанса да работат ...

Хрватскиот вицепремиер и министер за одбрана Иван Анушиќ вчера изјави дека земјите-членки на НАТО ќе вршат надзор на хрватскиот воздушен простор до крајот на оваа година, или најдоцна до почетокот на следната година, до кога авионите „Рафал“ ќе бидат целосно опремени, а пилотите обучени. Откако ја презентираше изборната програма на кандидатот на ХДЗ за градоначалник на Осиек, Иван Радиќ, на новинарско прашање кога авионите „Рафал“ што ги набави ...

Германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) денеска ќе одржи партиска конференција, на која ќе биде ставен на гласање постигнатиот договор со социјалдемократите за коалициска влада на федерално ниво, јави ДПА, пренесе МИА. Конференцијата ќе се одржи повеќе од една недела пред очекуваниот избор на лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, за канцелар на Германија. На партиската конференција во Берлин, се очекува Мерц да ги претстави кандидатите на ЦДУ ...

Семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во вторник ќе организираат ,,Марш за ангелите“ во Скопје со почеток во 12 часот и 05 минути како симболика за задоцнета реакција. Според најавата, маршот ќе започне пред обвинителството во Скопје, ќе продолжи на градскиот плоштад во Скопје, по што ќе се продолжи пред собранието на Македонија, пренесува Слободен печат. ,,Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на ...

Триесетгодишен маж е обвинет за осум обвиненија за убиство од втор степен откако автомобил влетал во толпа на уличен фестивал во Ванкувер, Канада, оставајќи најмалку 11 мртви и десетици повредени, објави Би-би-си. Каи-Џи Адам Ло, жител на градот, се појави на суд доцна во неделата и беше pратен во притвор, соопшти полициската управа на Ванкувер, додавајќи дека се очекуваат дополнителни обвиненија. Вршителот на должноста шеф на полицијата Стив ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека мисли дека неговиот украински колега, Володимир Зеленски, е подготвен да го отстапи Крим на Русија како дел од мировниот договор – и покрај претходните отфрлања на таков предлог од страна на Кијив, пренесува Би-би-си. На прашањето дали мисли дека украинскиот претседател е подготвен да ја отстапи контролата врз својот јужен полуостров, кој беше нелегално анектиран од Русија во 2014 година, Трамп ...

КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК: Земјата тој ден стоеше на работ на бездната што можеше лесно да доведе до диктатура, хаос и насилство, а веројатно и до внатрешен вооружен конфликт. Тоа впрочем, беше и цената што ја истакнаа тие што не сакаа да го признаат политичкиот пораз и да заминат во опозиција. Осум години подоцна, македонското општество реши да молчи на овој критичен датум. Џабир Дерала – ЦИВИЛ МЕДИА, 27 април 2025, Крвавиот четврток: Обид за убиство ...

Во законодавниот дом денеска ќе се одржат 22. и 27. седница на Комисијата за прашања на избори и именувања. На продолжението на 22. седица на Комисијата на дневен ред се останати Утврдување Предлог – одлука за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Утврдување Предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, Утврдување Предлог – одлука за разрешување и именување на претседател и ...

Српските студенти кои го започнаа штафетниот маратон за Брисел утрово го продолжија своето патување од Вараждин до Марибор. Се очекува тие да пристигнат во Грац навечер, пренесува Н1. Студентите од Јагодина сè уште пешачат кон Нови Сад, на протест по повод шестгодишнината од падот на настрешницата на железничката станица, под која загинаа 16 лица. Блокадата на РТС продолжува. Студентите од Суботица во блокадата синоќа во центарот на градот ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
34%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
50%
1023
weather icon

Загреб

23ᴼ / 20ᴼ
2.57
35%
1024
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
37%
1021
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.59
55%
1021
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
5.14
46%
1024
weather icon

Атина

28ᴼ / 28ᴼ
7.72
48%
1014
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
41%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
6.69
25%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
5.14
41%
1021
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
37%
1025
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.77
41%
1017
Currency

61.53

Currency

53.3801

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60