Цените на угостителските услуги во април годинава се зголемени за 0,1 процент во однос на претходниот месец, а за 4,4 проценти споредено со април лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Анализирано по групи, цените во угостителството, во април 2025 година во однос на март 2025 година се зголемени за 0,2 проценти кај Храна, за 0,1 процент кај Алкохолни пијалаци и за 0,1 процент кај Безалкохолни пијалаци. Во групата Ноќевања не е ...

Висок функционер на Хамас изјави дека „нема смисла“ од понатамошни разговори за нов договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, откако Израел одобри проширена офанзива што може да вклучува заземање на целата палестинска територија на неодредено време. Басем Наим изјави за Би-Би-Си дека вооружената група нема да се вклучи со нови предлози додека Израел ја продолжува својата „војна со глад“. Во понеделник, израелската војска ...

Медицинскиот факултет во Белград од денеска е во штрајк, за време на кој нема да има испити, како и предавања и вежби. Таквата одлука беше потврдена на 30 април на мезопленумот – состанок на студенти и наставници, а таа е во согласност и со одлуката на проширениот Ректорски колегиум на Универзитетот во Белград. Сите други активности се планирани во согласност со Одлуката за минималниот работен процес на Медицинскиот факултет – ќе се извршуваат ...

Владиниот сајт се претвори во партиско гласило, ако ние како новинари или граѓаните го отворат владиниот сајт ќе видат „ЕКСКЛУЗИВНО Мицкоски“, зошто мора да пишува ексклузивно на владин сајт дека дал изјава за некој медиум. Кога ќе отвориме сајт на Влада не треба да стои ексклузивно, треба да има официјално соопштение. Ексклузивно може да пишува во медиумот каде што ја дал таа изјава. Не треба да стои ПРОВЕРЕН ФАКТ. Секоја информација или ...

ВЕСТ НА ДЕНОТ Дијабетичарите ќе добијат инсулин, потпишан договор за две години, информира Таравари Министерот за здравство Арбен Таравари од Тетово информираше дека јавната набавка за инсулин е завршена, потпишан е договор и извршено снабдување на аптеките и болниците со лекот за регулирање на шеќер во крвта… ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, синоќа изјави дека одредени личности во Европа го блокираат процесот на ...

Македонскиот јазик го легитимира македонскиот идентитет. Македонскиот јазик е наше природно и основно човеково право и чувар на нашата колективна меморија. Со таква мисла, во еден свој текст, Петре М. Андреевски истакна дека „бранејќи го јазикот, ние го браниме и нашиот живот и нашето заедничко име, нашата заедничка татковина. Го браниме, всушност, највозвишеното – нашата самостојност, нашата слобода, а заедно со нив и нашата иднина“, порача ...

Израелскиот министер за наследство Амихај Елијаху изјави дека палестинските цивили во Појасот Газа треба да бидат изгладнети до смрт, јави Анадолија. Во разговор за телевизијата Канал 7 во Израел, Елијаху рекол дека е потребно бомбардирање на складиштата за гориво и храна во Појасот Газа. Според него, треба да продолжи ембаргото за хуманитарна помош за Газа, а доколку влезе хуманитарна помош, „таа ќе им наштети на израелските заробеници и ...

Русија пресретна 19 беспилотни летала што се движеа кон Москва во текот на ноќта на 5-ти и 6-ти мај, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на 6 мај. Како што пренесува Кијив Индипендент, ова е втора ноќ по ред во која беспилотни летала наводно ја таргетирале престолнината на Русија. Нападите се случуваат само неколку дена пред парадата за Денот на победата во градот и предложеното привремено прекинување на огнот од страна на Русија, ...

Експлозии се слушнаа во суданскиот град Порт Судан, додека паравоени сили го нападнаа де факто главниот град на владата предводена од војската во земјата трет ден по ред, пренесува Би-би-си. Густ црн чад можеше да се види во зори на хоризонтот на претходно безбедниот град каде што илјадници луѓе, бегајќи од двегодишната граѓанска војна, побараа засолниште. Летовите се откажани откако беспилотни летала го погодија единствениот функционален ...

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали сте за двојни избори-локални и парламентарни? На крајот на октомври се очекува да се одржат редовните локални избори. Но, превирањата на политичката сцена во земјата го отвораат прашањето и можноста за предвремени парламентарни избори. Што мислите вие? Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата. Некои прашања ...

Разговорите помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари околу иднината на функционирањето на АА во Владата ќе продолжат, a исходот треба да се знае месецов. Вчерашната средба на Мицкоски и Таравари, закажана по превирањата во коалицијата „Вреди“ и тврдењата за соработка на Таравари со ДУИ, како што брифираа од владината прес-служба за МИА, поминала во конструктивен ...

Претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ утре ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Предвидено е Милановиќ да има средба со својата домаќинка – претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како и со други македонски официјални претставници. Поради посетата на хрватскиот претседател Милановиќ, во Скопје утре ќе има посебен режим на сообраќај во поширокото централно подрачје. СВР Скопје апелира до сите ...

Фридрих Мерц денеска не беше избран за следен канцелар на Германија во првиот круг гласање во парламентот, бидејќи не освои апсолутно мнозинство. Конзервативниот лидер доби 310 гласа во 630-члениот Бундестаг, шест помалку од потребното мнозинство. Како што јави ДПА, шокантниот резултат е голема непријатност за Мерц, чија идна коалиција – составена од Христијанските демократи (ЦДУ), баварската Христијанска социјална унија (ЦСУ) и ...

Ројтерс ја освои Пулицеровата награда за истражувачко новинарство во понеделник за серија стории што продреа во меѓународната трговија со хемикалии што се користат за производство на фентанил, дрогата во срцето на кризата во која загинаа околу 450.000 Американци, а бројот на жртви се зголемува. Други добитници на најпрестижните награди во американското новинарство беа Њујорк Тајмс, кој освои четири Пулицери, и списанието Њујоркер, кое освои три, ...

Претседателот на „Македонски концепт“ и директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, продолжува, односно не се откажува од навиката да шири клевети, навреди и закани во јавната комуникација на социјалните мрежи. Богојески на колумна на Џабир Дерала, „Без вистина, нема слобода: Слободата не се генерира – таа се брани“, која беше објавена на Фејсбук страницата на Фронтлајн, коментира: „Од кога ...

Израел нападна цели во Јемен во понеделник вечерта, соопшти израелската војска, еден ден откако Хутите, поддржани од Иран, испалија балистичка ракета што го погоди главниот аеродром во Израел, пренесува Си-ен-ен. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе возврати во време и место што ќе го избере Израел и вети во недела дека ќе следи силен одговор. Министерството за здравство, управувано од Хутите, соопшти дека најмалку едно лице е ...

Минатата година беше најсмртоносна за руските сили од почетокот на целосната војна во Украина: најмалку 45.287 луѓе беа убиени. Ова е речиси три пати повеќе отколку во првата година од инвазијата и значително ги надминува загубите од 2023 година, кога се одвиваше најдолгата и најсмртоносна битка во војната во Бахмут, се вели во анализата на Олга Ившина, руски специјален репортер на Би-би-си. На почетокот на војната, загубите се случуваа во ...

Медиумската слобода е клучен елемент во секое демократско општество. Таа подразбира право на новинарите да информираат слободно, без цензура, притисоци или страв од реперкусии. Слободата на медиумите овозможува транспарентност, одговорност на властите и учество на граѓаните во јавниот дискурс. Во глобален контекст, медиумската слобода е под закана во многу земји, дури и во демократии каде што таа традиционално се сметала за загарантирана. ...

ДЕСТАН ЈОНУЗИ Заедничкиот консензуален став на јавното мислење, опозициските гласови и на политиколозите е дека сегашната влада нема јасен пристап во однос на патот на земјата кон Европската Унија (ЕУ). Од друга страна, институционалната деградација и непочитувањето на Албанците е причина за поделбата во рамките на владиниот коалициски партнер ВЛЕН. Според податоците од анкетите спроведени од Алијансата за Албанците (АА), за кои зборуваше и ...

Науката останува гориво за напредок и раст за нашите општества, бидејќи без идеите и откритијата што доаѓаат од научните истражувања, напредокот порано или подоцна ќе стагнира, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на конференцијата „Одберете ја Европа на науката“ на Универзитетот Сорбона во Париз. – Сите можеме да се согласиме дека науката нема пасош, нема пол, нема етничка припадност или ...

Покажавме европско, скандинавско управување со општините на локално ниво и покажуваме овие година дена на централно ниво дека можело во Македонија да се менаџираат институциите без афери кои што ќе значат криминал, корупција, злоупотреба, вели премиерот Христијан Мицкоски, изразувајќи убеденост во, како што рече „историски голема победа на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ“. -Поминува четвртата година од претходните локални избори, најголемиот дел ...

Министерот за здравство Арбен Таравари од Тетово информираше дека јавната набавка за инсулин е завршена, потпишан е договор и извршено снабдување на аптеките и болниците со лекот за регулирање на шеќер во крвта. Тој рече дека јавната набавка е за наредните две години, што го оцени како начин да се избегне недостаток на инсулин. -Како Министерство за здравство и Националната комисија за дијабет, одлучија набавката за инсулин да се направи секоја ...

Началникот на Генералштабот на белгиските Вооружени сили, воздухопловниот генерал Фредерик Вансина ја повика Владата на Белгија да прогласи „кризна состојба“, со што ќе се овозможи поефикасна и побрза набавка на воена опрема и оружје. Вансина во интервју за весникот „Хет Лацте Њуз“ оцени дека во услови кога „расте заканата“, потребно е белгиската Влада да ја дефинира таквата состојба како „криза“, за да се овозможи преземање на низа мерки што не ...

Кралот Чарлс денес ќе ги предводи првите комеморативни настани по повод 80 години од Денот на победата во Европа (ВЕ) над фашизмот. Како што пренесува Би-би-си, ќе има воена поворка низ центарот на Лондон, која ќе ја следат кралот, кралицата Камила и принцот и принцезата од Велс по што ќе следи прелет на Црвените стрели, на небото над главниот град. Премиерот Кир Стармер треба да присуствува – тој претходно напиша отворено писмо до ветераните, ...

Хамас погуби шест Палестинци во Газа и застрела уште 13 во нозете за наводни грабежи, се вели во соопштението на милитантната група, додека очајот расте под целосна израелска блокада која сега влезе во својот трет месец, пренесува Си-ен-ен. Во соопштението објавено во петок, Хамас изјави дека ќе изврши повеќе егзекуции против „секој криминалец до кој можеме да стигнеме во следните два дена“. Од минатата недела, вооружени банди сè повеќе ...

Опозицискиот ултрадесничар Џорџе Симион и градоначалникот на Букурешт Никушор Дан ќе се борат на 18 мај во вториот круг од изборите за нов претседател на Романија, јавија денеска романските медиуми повикувајќи се на податоци од Централната изборна комисија (АЕП). По централизацијата на 99,99 отсто од записниците од избирачките места по вчерашниот прв круг од претседателските избори, резултатите покажуваат дека Симион освоил 40,94 отсто од ...

Четири беспилотни летала биле пресретнати преку ноќ додека се приближувале кон Москва, само неколку дена пред годишната парада на Денот на победата во Русија и предложеното привремено прекинување на огнот, соопштија градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, и руското Министерство за одбрана на 5 мај. Украинската влада не коментираше за пријавениот напад. Кијив Индепендент не можеше да ги потврди руските тврдења. Собјанин рече дека беспилотните ...

Доколку српскиот претседател е привремено спречен да ја извршува функцијата, неговите должности и одговорности ги презема претседателот на Собранието, најмногу три месеци, како што е пропишано со Уставот на државата, јави допписникот на МИА од Белград. Српските медиуми нагласуваат дека на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој во петокот од здравствени причини ја прекина посетата на САД и завчера беше на преглед во Военомедицинската ...

Повеќегодишната буџетска рамка на ЕУ 2028-2034, одговорот на Унијата на американските царини, случувањата поврзани со Украина, состојбите со емисиите на јаглерод диоксид, снабдувањето со гас и извештаите за Турција, Србија и Косово ќе бидат меѓу главните теми за расправа на овонеделното заседание на Европскиот парламент во Стразбур. Сесијата ќе започне доцна попладнево со комеморација за неодамна починатиот папа Франциск, по што ќе следата ...

Лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија во Турција, Озгур Озел, вчера беше нападнат додека ја напушташе комеморацијата во Истанбул. Озел го напушташе Културниот центар „Ататурк“ во центарот на градот кога еден маж со седа коса му се приближи и го удри во лицето со отворена дланка, покажуваат телевизиските снимки. #LATEST — Türkiye’s main opposition leader Ozgur Ozel physically attacked pic.twitter.com/VS9K0539HN — Türkiye ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
38%
1020
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
51%
1020
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
63%
1023
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
51%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.39
74%
1019
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
74%
1024
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
1.54
54%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
83%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
5.14
38%
1018
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
4.12
45%
1018
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
47%
1023
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
8.23
73%
1015
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60