Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче вечерва во Тема на денот на Сител Телевизија рече дека СДСМ води фер и чесна кампања, иако од ВМРО-ДПМНЕ говорат поинаку. Филипче смета дека партијата на власт нема проекти за фалење, па затоа обвинува, а доказ за тоа се проектите на спотови пред 4 години кои денес не се реализирани „Ги разбирам обвинувањата и сметам дека станува избор за еден дел од кампањата во којшто дури мислам дека имаме и обврска ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во вечерашното гостување на Сител Телевизија рече дека верува дека е препознаен позитивниот и искрен пристап и квалитет на кандидатите за градоначалници и советници на СДСМ низ општините по што верува дека на 19 октомври граѓаните ќе го направат вистинскиот избор кој ќе донесе напредок во државата. „Мислам дека направивме една прилична, чесна, искрена кампања, собравме огромен број на граѓани. Верувам ...
Во денешното гостување во дневникот на Сител Телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче искажа жалење што премиерот не покажал политичка зрелост за предложената декларација во однос на црвените линии во патот кон евроинтеграциите. „Јас жалам дека премиерот не покажа политичка зрелост, ниту пак покажа државничко однесување во однос на декларацијата. Обвинувањето дека тоа е некаков поклон за Бугарија е апсолутно неиздржано и целосно ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во денешното интервју во „Тема на денот“, на телевизија предупреди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ година и пол манипулира со економските показатели, а вистината е дека економијата тоне, се спроведуваат непромислени задолжувања со што власта ја влече државата кон економска бездна. „Владата треба да биде чесна и бројките да ги аргументира соодветно, а не да се обидува да ја ...
Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска изјави дека се надева оти претседателот на САД Доналд Трамп, по придонесот за прекинот на огнот во Газа, ќе може да го фокусира своето внимание на наоѓање решение за конфликтот во Украина. Паролин, исто така, изјави дека во моментов нема конкретни знаци за мир во Украина, јави италијанската новинска агенција АНСА. – Се надевам дека, бидејќи поглавјето за Газа на некој начин е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди на својата социјална мрежа „Truth Social“ дека неговиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин е во тек. „Во моментов разговарам со претседателот Путин. Разговорот е во тек, долг е и ќе известам за содржината кога ќе заврши, како и претседателот Путин. Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање“, објави Трамп. Разговорот Трамп – Путин се одржува еден ден пред посетата на украинскиот ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград разговараше со руски истражувачи за „развојот на револуционерна вакцина против онколошки заболувања“. „Србија е заинтересирана за овој најнапреден вид терапија и потенцијалната соработка во оваа област со нашите руски партнери претставува огромен чекор кон подигнување на стандардите за дијагностика и лекување во нашата земја“, напиша тој на Инстаграм. Тој во Белград разговараше со ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, најави дека во првата година од нејзиниот мандат ќе воспостави јасен и предвидлив систем за собирање отпад по денови и видови, бидејќи само така ќе има ефикасна селекција на отпадот во градот. „Понеделник – пластика и хартија, вторник – комунален, среда – биоразградлив, со јасен календар и транспарентност. Граѓаните сакаат да селектираат, само треба да им овозможиме систем што ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во гостување на подкастот „Каде се парите?“ најави дека еден од нејзините главни приоритети ќе биде потполната санација и модернизација на депонијата Дрисла, со цел конечно да се усогласи со европските стандарди за санитарни депонии. „Дрисла не е санитарна депонија. Тоа мора да го кажеме отворено. Иако со години се зборува за европски стандарди, реалноста е дека во депонијата нема ...
Двајца кумановчани денеска во СВР Куманово пријавиле дека додека делеле изборен материјал во населбата Средорек биле нападнати од две лица од друга политичка партија. – Денеска во 11:40 часот во СВР Куманово, А.К.(32) и И.С.(33), двајцата од Куманово, пријавиле дека во населбата Средорек во Куманово, додека делеле изборен материјал за една партија, С.С. и Р.Ш. од друга политичка партија агресивно се однесувале кон нив и им упатувале закани, по ...
Управата за заштита на културно наследство (УЗКН) соопшти дека согласно постоечката законска регулатива, до соодветните органи „ќе поднесе соодветна пријава за оштетување на културно наследство“, по нанесената штета на куќата на Владо Малески во Струга, заштитени објект-споменик, предизвикана при изведување градежни работи. -Од страна на инспекцискиот надзор кој се уште е во тек, сум известена дека до паѓање на калканскиот зид најверојатно дошло ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, најави дека ќе воведе нов, фер модел за пресметка на комуналниот надоместок. Станува збор за наплата по создаден отпад, наместо по квадратен метар станбен простор. „Со години граѓаните плаќаат за отпад според квадратурата на станот, без разлика дали живеат сами или во петчлено семејство. Тоа е неправеден модел кој не го стимулира селектирањето. Законската можност постои, но никој ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во гостување на подкастот „Каде се парите?“ истакна дека јавниот превоз и урбаната мобилност мора да се развиваат паралелно со инфраструктурните проекти, со цел градот да добие функционален и хуман сообраќаен систем. „Мора да одиме паралелно со нови поврзувања меѓу општините и со вложување во јавниот превоз. Не смеат да си пречат овие два концепти. Поврзувањето е важно и од економски и ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во подкастот „Каде се парите?“ истакна дека градот мора веднаш да се фокусира на три приоритети решавање на проблемот со отпадот, воспоставување функционален јавен транспорт и спроведување брзи мерки за намалување на загадувањето на воздухот. „Мора да се среди отпадот, да се воспостави систем за интегрирано управување со отпад, мора да се реши јавниот транспорт и мора да се спроведат ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во гостување на подкастот „Каде се парите?“ потенцираше дека најголемиот проблем во урбанизмот е отсуството на просторен план, и на државно и на градско ниво. Таа порача дека без јасни насоки за уредување на просторот, градот не може да се развива на плански и одржлив начин. „Просторниот план на државата е со истечен рок, а недостасува и просторен план за Скопскиот регион. Без тие ...
Семејството, роднините, пријателите и фановите на починатиот македонски пејач Владимир Блажев – Панчо, денеска се простија од него. Опелото за музичарот се изврши во црквата Свети Илија во населбата Аеродром во Скопје, а потоа беше погребан на Градските гробишта Бутел. Голем број ужалени денеска беа во црквата Свети Илија за да го кажат последното збогум за Панчо, меѓу нив и многу јавни личности. Владимир Блажев – Панчо е 63-та жртва на ...
Со 500 рози, тишина и длабока почит, жителите на Крушево денеска ги пречекаа дванаесеттемина ултрамаратонци кои пристигнаа на Гумење – вечното почивалиште на Тоше Проески, македонската и балканска музичка легенда, човекот со големо срце и неуморен хуманитарец. Овој симболичен маратон се одржува по 18-ти пат – онолку години колку што Тоше не е меѓу нас. Маратонците тргнаа на 13 октомври од Нова Градишка, Хрватска, местото каде што Тоше трагично ...
Обвинителката Ленче Ристоска тврди дека е изложена на притисоци и закани поради предметите што ги води против ВМРО-ДПМНЕ. Откако судот реши да го замрзне имотот на партијата, меѓу кои и седиштето, Белата палата, на веб страницата на ВМРО ДПМНЕ беше објавено соопштение во кое таа е наречена „тажен симбол за неправда со државни бонуси и службена картица во служба на Заев и Груби“. Ристоска реагира дека станува збор за напад и заплашување од ...
Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје, денес ја претстави првата фаза од изградбата на новиот булевар „Хрватска“, проект кој, според него, ќе ја промени сообраќајната слика на источниот дел на градот и ќе донесе олеснување за илјадници граѓани. „Сите знаеме колку е голем метежот во Автокоманда, особено во утринските и попладневните часови. Со новиот булевар ќе воспоставиме стратешко поврзување меѓу општините Гази Баба, Бутел и ...
Хелсиншки комитет за човекови права најостро реагира на сѐ почестите случаи на злоупотреба на деца и малолетници во политички активности во пресрет на претстојните локални избори. Иако официјалната изборна кампања завршува за неколку дена, на социјалните мрежи може да се забележат бројни фотографии и видеа каде децата се злоупотребени за политички цели од страна на кандидати и нивните поддржувачи. Со загриженост констатираме дека во континуитет ...
Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип, најави нови инфраструктурни и образовни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот во општината. Еден од клучните проекти е изградбата на нов пат кон зимскиот туристички центар Пониква, што ќе овозможи полесен и побрз пристап, без потреба од кружење и поминување низ соседните општини. Со намалено растојание, се очекува зголемена посетеност и развој на регионот. Покрај патната ...
Уште еден обид за измама за добивање средства за наводна сообраќајна несреќа регистрира СВР Куманово. – Вчера околу 09:30 часот во ОВР Кратово, 79-годишна жена пријави дека едно лице се обидело да ја измами. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ѝ кажало дека нејзината ќерка била прегазена во сообраќајна несреќа и ќе биде потребна одредена сума на пари за операција, но таа се посомневала во точноста на информацијата и пријавила во ...
На најголемиот и најсовремен армиски полигон во регионот, АП Криволак, во тек е реализацијата на меѓународната воена вежба „Junction City 2025“, која се одржува од 6 до 28 октомври. Вежбата е организирана од страна на 173-та воздухопловна бригада на Армијата на САД, со поддршка од Армијата на Република Северна Македонија. Во рамки на вежбата, како што соопштија од АРМ, Армијата обезбедува логистичка поддршка и ги става на располагање ...
Манекенката Јасмин Тукс го отвори овогодишното Модно шоу на „Викторија’с сикрет“ (Victoria’s Secret) покажувајќи го своето трудничко стомаче. Супермоделката, која го очекува своето второ дете со сопругот Хуан Давид Бореро, излезе на пистата со насмевка, носејќи ги своите препознатливи златни „ангелски крилја“ украсени со светлосни ефекти. Крилјата, како што пишува порталот „Кликс“, совршено го надополнуваат мрежестиот фустан што го нагласува ...
Комитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент денеска со 32 гласа „за“, пет „против“ и девет „воздржани“ усвои Извештај со кои се прилагаат мерки за овозможување побезбедни онлајн услуги за малолетниците – Дигиталните услуги треба да се спроведуваат брзо и да се забранат штетни практики, како што се дизајни што предизвикува зависност и функции слични на коцкање во игрите, со цел да се заштитат малолетниците, се ...
Во втората сезона на поткастот „Бизнис-клуб“, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески разговара со м-р Михајло Борозанов, директор на Дирекцијата за финансии и член на Управниот одбор на „Макпетрол“ АД Скопје. Разговорот беше посветен на бизнис-условите за развој на македонската економија и на улогата на „Макпетрол“ АД Скопје, македонска компанија со 80-годишно постоење, како еден од столбовите на македонската ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на денешната прес-конференција ја претстави својата визија за урбаниот развој на главниот град, истакнувајќи дека таа се темели на принципите на одржливост, рамномерност и хуманост. „Мојата визија за Скопје се гради на инклузивен раст, отпорна инфраструктура, достапни јавни простори и ефикасен транспорт. Новиот Генерален урбанистички план ќе се темели токму на овие постулати – град што ...
Под влијание на влажен бран од Медитеранот до сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќва и утре особено во западните делови кога се очекува локално да наврнат и над 25 литри на метар квадратен. Утре ќе дува умерен југоисточен ветер, особено долж Повардарието, соопшти УХМР. Во Скопје, кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат ...
Со соопштение до јавноста се обратија роодителите и семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „ПУЛС“ – Кочани, веднаш откако Основниот кривичен суд од Скопје денеска објави дека судењето започнува на 19 ноември во судница во КПУ „Идризово“. Во, пожарот во кочанската дискотека загинаа 63 лица, а над двеста завршија со тешки телесни повреди. Во врска со кривично-правниот предмет К.бр. 1872/25, поврзан со трагичната несреќа ...
Основниот граѓански суд Скопје денеска донесе решение со кое се Усвојува предлогот на М-НАВ АД Скопје за изрекување на привремена мерка „забрана“ на најавениот штрајк од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ, подружница на Независниот синдикат на работниците од сообраќајот и врските на РСМ Скопје, информираат од М-НАВ. -Со оваа Одлука, Судот утврди дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби бидејќи не била ...