Се бориме за фабрика повеќе која ќе извезува и ќе го зголеми нашиот БДП и добро платени работни места, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој во во изминатите два дена беше во работна посета на Турција, каде присуствуваше на Бизнис форум и со владин тим пред турските бизнисмени ги претставија потенцијалите на македонската економија. Мицкоски, на новинарско прашање што им нудиме на турските бизнисмени, потенцираше дека евтина работна ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе биде во интервал од 25 до 33 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а ...

Клучен институционален стандард, а не партиско средство за политички маркетинг – вака експертот за стратешки комуникации, Марјан Забрчанец, ја дефинираше транспарентноста во своето најново интервју за онлајн порталот 48часа.мк. Тој упатува порака до сите политички чинители, нагласувајќи дека отвореноста на институциите има многу повисока, државничка цел од едноставното собирање евтини поени кај гласачите. Забрчанец во разговорот потсети на ...

Голем пожар изби меѓу штипските села Долани и Љуботен. Според првичните информации зафатена е поголема површина шума. На терен од 15 часот се повикани сите штипски пожарникари, а како што јави досисничката на МИА од Штип, поставен е и багер на штипските јавни претпријатија, кој прави обрач со цел огнот да не се прошири кон селото Долани. МИА Голем пожар изби меѓу штипските села Долани и Љуботен. Според првичните информации зафатена е ...

ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни на стадионот во Струмица ќе го одбележи роденденот на партијата, а потоа ќе започнат разговорите за реконструкцијата на Владата, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски по пуштањето во употреба на Домот за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден. За најавите за парламентарни избори, рече дека ВМРО-ДПМНЕ сака редовни избори, но ако биде предизвикана ќе оди на избори пред рокот и ќе победи. – Следната недела ...

Во гаснењето на пожарот помеѓу штипските села села Долани и Љуботен вечерва се вклучи и Ер трактор кој започна да фрла вода врз огнената стихија која опфаќа голема површина На терен пожарот го гаснат 18 пожарникари од ТПП Штип, 12 доброволци од Доброволното противпожарно друштво Штип, и месното население. Со помош на багери се прават и пресеци во близина на селото Долани за да не се префлри огнот кон куќите. Бидејќи пожарот е на непристапен ...

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ќе го пропушти првиот натпревар на Бразил од групната фаза на Светското првенство поради повреда на листот, изјави денеска селекторот Карло Анчелоти. „Тој работи напорно за да се рехабилитира што е можно поскоро. Се надеваме дека ќе може да се врати на целосен тренинг следната недела“, рече Анчелоти. Бразил стартува на Мундијалот вечерва на полноќ против Мароко во единствениот натпревар од групната фаза во ...

Длабоко, на повеќе од 1,6 километри под дебелата ледена покривка на Источен Антарктик, научниците открија исклучително добро зачуван древен пејзаж кој останал речиси недопрен цели 34 милиони години. Станува збор за огромна област скриена под мразот, која претставува вистинска временска капсула и нуди единствен увид во изгледот на Земјата пред Антарктикот да се претвори во ледена пустина што ја познаваме денес, објави списанието „Нејчер“ ...

Фармацевтот Сенто Сегара предупредува дека силните алкохолни пијалоци го оптоваруваат црниот дроб повеќе и побрзо од виното или пивото, дури и кога се консумираат повремено, бидејќи телото го третира секое внесување алкохол како стрес што може да остави долгорочни последици. Сегара, кој стана познат по своите директни и доста искрени објаснувања на социјалните мрежи, го привлекува вниманието кон нешта што повеќето ги игнорираат. Постои ...

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР-Скопје вчера во 23:45 часот на патот помеѓу селата Шишево и Грчец на подрачјето на општина Сарај ги лишија од слобода Н.С.(54) од село Сарај и Р.С.(58) од село Крушопек. При извршен преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.С., а сопатник бил Н.С., во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки „Бајкал“, калибар 12 мм, 22 ...

СВР-Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривични пријави против Д.К.(48) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „тешка кражба на дрзок начин“, против Л.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“ и против Н.К.(25) од село Василево, струмичко , поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полов однос врз 12-годишно девојче, со што извршил продолжено дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода девет возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а еден и бил и под дејство на алкохол. По две лица во Скопје и Прилеп и по едно лице во Кочани, Гевгелија, Кратово, Македонски Брод (малолетник) и Кривогаштани (малолетник) возеле без дозвола. Лицето во Кратово претходно учествувало во сообраќајна ...

Премиерот на Пакистан, Шахбаз Шариф, објави денеска на социјалната мрежа „Икс“ дека е постигната согласност за текстот на мировниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран. „Мирот никогаш не бил толку блиску како што е денеска“, истакна пакистанскиот премиер во својата објава. Шариф додаде дека Исламабад продолжува активно да работи со двете преговарачки страни со цел успешно финализирање на следните конкретни чекори од процесот. ...

Иран во изминатите недели значително ги засили мерките за заштита на своите резерви на високо збогатен ураниум, вклучувајќи рушење на тунели и поставување мини на пристапните точки, поради загриженост од американски операции, изјавија повеќе извори запознаени со разузнавачките проценки на САД. Според тие информации, иранските резерви од околу половина тон високо збогатен ураниум сега се значително потешко достапни отколку порано, откако, како ...

Европската Унија в понеделник ќе почне формални преговори за членство со Украина и Молдавија, откако беше укината блокадата од страна на Унгарија. Кипар, кој во моментов претседава со Советот на Европската Унија, соопшти дека земјите-членки постигнале договор за заеднички став во врска со првата фаза од преговорите, со што се комплетирани сите неопходни подготовки. Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку социјалните мрежи им се ...

Возењето во Италија е значително постресно отколку во Обединетото Кралство, Германија, Франција или Шпанија, покажува новото истражување. Полска со своите автопати со чести застои и колони, големи дупки на коловозите и опасни сообраќајници, е можеби најголем предизвик за возачите почетници. Според новото истражување, токму полските патишта се најлоши за возење во Европа. Државата е оценета со 99,43 од можни 100 поени. Анализата опфатила ...

Новата владејачка партија во Унгарија, Тиса, поднесе предлог-закон за реформа на јавните медиуми, кои со години беа критикувани од домашната и меѓународната јавност дека за време на поранешниот премиер Виктор Орбан станале гласноговорник на власта. Реформата на јавниот сервис беше едно од клучните ветувања на партијата на премиерот Петер Маѓар, која во април убедливо го порази Орбан на изборите. Благодарение на уставното мнозинство, Тиса сега ...

Договорот со САД за прекин на конфликтот во Иран е блиску и вклучува повторно отворање на Ормуската Теснина, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Тој за иранската телевизија изјави дека договорот исто така вклучува укинување на американската блокада на Иран, но оти разговорите за иранската нуклеарна програма ќе почнат подоцна. Би-Би-Си пренесува дека американски функционери потврдиле дел од деталите на договорот. Според ...

Европската комисија (ЕК) ќе предложи покренување постапка против Бугарија за прекумерен дефицит откако ќе се утврди дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми на Европската унија, потврди еврокомесарот за економија, Валдис Домбровскис. Зборувајќи по состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во Луксембург, Домбровскис изјави дека Комисијата ја проценила буџетската состојба на неколку земји-членки и заклучила дека ...

Американската влада го одобри преземањето на медиумската компанија „Ворнер Брос Дискавери“ од страна на „Парамаунт Глобал“ без поставување никакви услови. Министерството за правда заклучи дека спојувањето нема да им наштети на конкуренцијата или на американските потрошувачи – ниту во телевизискиот и стриминг бизнисот, ниту во филмската продукција. Прегледите на конкуренцијата сè уште се во тек во неколку американски држави, како и надвор од ...

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денеска негираше дека договорот на Иран со САД ќе биде потпишан утре. „Потпишувањето на меморандумот со САД во Исламабад нема да се случи во недела“, рече тој, пренесен од британските медиуми. Багеи изјави дека не може да се исклучи можноста за потпишување меморандум со САД во наредните денови, но додаде дека „потребна е претпазливост“ во врска со какви било изјави за ...

Главната опозициска партија во Унгарија, Фидес, денеска го реизбра поранешниот премиер Виктор Орбан за лидер на уште една година и покрај тоа што партијата ја изгуби власта на изборите на 12 април од централнодесничарската партија Тиса. Орбан (62) беше инспирација за десничарските конзервативци низ Европа и САД како креатор на тоа што тој го нарече „нелиберален“ модел на демократија. По поразот на Фидес, политичката иднина на Орбан беше ...

По три месеци војна САД и Иран се согласија за рамката на мировен договор, а се очекува двете страни да го потпишат првичниот договор во следните 24 часа, изјави денеска пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф. Премиерот на оваа земја посредник во договорот за завршувањето на војната изјави дека Пакистан се подготвува за електронско потпишување, по што од следната недела ќе следат разговори на техничко ниво. САД и Иран вчера сигнализираа дека се ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 22 до 28 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од ...

Прекин во водоснабдувањето денеска ќе има за корисниците на неколку улици во Скопје. ЈП Водовод и канализација најавува прекин на водоснабдување денеска за корисниците на улиците „Бул Крсте Мисирков“ и „Отокар Кершовани“ од 8:00 часот изутринава. Прекинот ќе биде поради поправка на затворач со пречник од 300милиметри на двете улици, а ќе трае до завршување на работните активности. Од 8:00 часот прекин во водоснабдувањето поради поправка на ...

Летната сезона официјално започна, а илјадници граѓани веќе ги пакуваат куферите за традиционалните дестинации како Грција, Црна Гора и Хрватска. Меѓутоа, додека повеќето од нив во своите пресметки ги вклучуваат само цените за апартманите, храната и горивото, на самите дестинации ги очекува непријатно изненадување. Според регионалното истражување објавено од српски „Блиц“, новите, драстично зголемени државни давачки и низа скриени трошоци со ...

Португалскиот стратег Жозе Мурињо е нов тренер на Реал Мадрид, со кого потпиша тригодишен договор, објави вечерва шпанскиот фудбалски гигант. Мурињо се враќа на клупата на Кралскиот клуб со кој еднаш ја освои историската титула во Ла Лига со рекорден број бодови, воедно последна во досегашната негова тренерска кариера. „Жозе Мурињо ќе му се приклучи на Реал Мадрид на 13 јули, денот кога започнуваат подготовките за новата сезона“, се вели во ...

Четириесет и едногодишниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер кој учествува на Светското првенство 2026, објави „Форбс“. Годишниот приход на напаѓачот на португалската репрезентација (јуни 2025 – јуни 2026) изнесуваше 300 милиони долари, од кои 235 милиони долари дојдоа од плата на теренот и бонуси, а 65 милиони долари од заработка надвор од теренот. Второто место му припаѓа на 38-годишниот Аргентинец Лионел Меси, ...

Концертите често надминуваат 85 децибели, што може да доведе до долготрајно оштетување на слухот. Стручњаците, во таа смисла, предупредуваат дека комбинацијата од јачината на звукот и времето минато во бучава го зголемува ризикот од проблеми, како што се тинитус и губење на слухот. Можеби затоа, заради намалување на опасноста по слухот, сè повеќе посетители на концерти носат чепови за уши. Внатрешното уво содржи ситни, чувствителни влакнести ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
79%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
100%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.83
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
0.0
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53