Тие се подготвуваат со состојки што веројатно ги имате дома, а благодарение на зеленчукот и зачините, имаат богат вкус и текстура како ќофтиња од месо. Состојки: 2,5 чаши леќа 2 моркови со средна големина 1 компир 1 чаша лебни трошки 1 глава црн кромид 1 чешне лук сладок мелен пипер 4 чаши вода сол и бибер по вкус магдонос по вкус Подготовка: Додадете ја леќата во тенџерето, потоа прелијте со вода и исечкајте го кромидот, лукот и компирот и ...

Сочна одвнатре крцкава однадвор, многу вкусна, погодна за секоја пригода, едноставна и брза за подготовка, а секогаш излегува одлично. Состојки: 500 грама кори за пита 300 грама сирење 3 јајца 500 грама кисело млеко растопен путер или маргарин по потреба Подготовка: Сирењето, јајцата и киселото млеко, добро изматете ги и додадете малку сол по желба. Растопете путер и раширете ги корите. Секоја кора премачкајте ја со путер, и ставете од филот ...

Сите ние сме навикнати патиките да ги перемe во машина за перење, но малкумина знаат дека во машина може да се перат и одредени видови чевли. Најсоодветни се платнените чевли и оние од вештачка кожа. Класичните кожни чевли не се препорачува да се перат во машина, освен ако веќе се доста истрошени и не ви пречи доколку дополнително се оштетат. Со претпазливост може да се испроба и перење на чизми од велур, но само доколку немаат дебела ...

СВР Битола поднела кривична пријава против четворица битолчани поради предизвикување на омраза врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа, соопшти Министерството за внатрешни работи. -СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга ...

Полициски службеници уапсиле шест лица за организирање борба на кучиња во Куманово, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Синоќа во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода С.Р.(34) , А.М.(31), А.М.(27), Ј.К.(38), сите од тетовско, С.А.(40) од с.Черкезе, кумановско и Н.М.(62) од Гостивар затоа што на подрачјето на Куманово организирале борба на кучиња, наведуваат од Министерството. Од МВР посочуваат дека ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп го нарече лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, „палестински водач“. Трамп, заедно со министерот за одбрана Пит Хегсет и главната обвинителка Пам Бонди учествуваа во Мемфис на тркалезна маса за Безбедната работна група. – Демократите ја ставаат нашата земја во голем ризик во овој период, во период, кој тие го нарекуваат војна. Тие тоа го нарекуваат војна, а ние го нарекуваме воена операција. Нивните ...

Либан го прогласи иранскиот амбасадор во земјата за персона нон грата, бидејќи земјата се соочува со зголемен притисок да спроведе разоружување на Хезболах, поддржан од Иран. На Мохамед Реза Шеибани му е наредено да го напушти Либан до 29 март 2026 година, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Бејрут. Во меѓувреме, либанскиот амбасадор во Иран, Ахмад Свејдан, е повикан во Либан на консултации, соопшти Министерството. ...

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, бил приведен на граничниот премин меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина затоа што одбил да му биде прегледан личниот багаж, потврди денеска хрватската полиција, додека градоначалникот на Бања Лука тврди дека е подложен на систематска злоупотреба при преминување на границата. Хрватската полиција појасни дека Станивуковиќ бил приведен на граничниот премин „Стара Градишка“ откако одбил преглед на ...

На бензинските пумпи во Белград и во Србија воглавно нема редици од автомобили за точење гориво. Поголема побарувачка има само во земјоделските подрачја поради пролетната сеидба. Државните мерки што ги презема Србија даваат резултати, но истовремено оптеретува и нерешеното прашање за санкции за Нафтената индустрија на Србија. Дозволата за работата на компанијата е продолжена до 17 април, но се чека одлука на американската администрација за ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека детално разговарал со своите помошници за резултатите од состаноците одржани во Соединетите Држави, наведувајќи дека главен приоритет е развојот на безбедносни гаранции што ќе помогнат во завршувањето на војната. Зеленски напиша на „X“ дека украинскиот преговарачки тим известил за разговорите одржани во Флорида, вклучувајќи ги клучните точки, можностите и предизвиците. Тој нагласи дека ...

По анонимна пријава, периферијата Атика спровела контроли во објекти на компанија во атинското предградие Пиреја, каде што биле откриени и запленети околу 3,5 тони небезбедни производи од животинско потекло, а компанијата имала договори за снабдување со јавни установи, меѓу кои и болници, јави дописничката на МИА од Атина. Од периферијата соопштија дека по пријавата и откако сопственикот одбил да соработува со надлежните органи за отворање на ...

Претседателот на СДС, Јанез Јанша, денеска оцени дека неделните парламентарни избори во Словенија имале најмногу неправилности досега, најмногу при гласањето по пошта, и поради некредибилноста на тој процес на предвремено гласање најави оспорување на нивните резултати. Според Јанша, резултатот од предвременото гласање не е веродостоен и не би требало да се земе предвид во конечните резултати. Затоа, тој рече дека ќе ги искористи сите правни ...

Европската Унија ги засилува напорите за борба против шверцувањето мигранти со нова единица во рамките на Европол, чија цел се меѓународните мрежи за шверц. Директорката на Европол, Кетрин Де Бол на прес-конференција во Хаг, денеска изјави дека мрежите за шверцување мигранти „оперираат со зголемена сложеност, како на интернет, така и надвор од него“. – Ако сакаме да ги разбиеме овие мрежи, мораме да се развиваме исто толку брзо – рече таа. Де ...

Кралската морнарица на Обединетото Кралство ќе ја предводи „Коалицијата Ормуз“ за повторно отворање на клучниот проток, јави „Тајмс“. Велика Британија ќе испрати бродови за чистење мини заедно со американската и француската морнарица, изјавиле британски претставници за медиумот. Некои од тие пловила би можеле да бидат автономни. Обединетото Кралство, исто така, понуди да биде домаќин на самит за повеќе од 30 нации кои потпишаа заедничка ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека очекува, доколку партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан победи на претстојните избори, да има обиди на меѓународно ниво да се доведе во прашање неговата победа. По состанокот на словачката Влада, Фицо изјави дека е невозможно да се фалсификуваат избори во демократска средина, пренесува Таср. „Со такво ниво на медиумско внимание и застапеност на политичките партии и невладините ...

Во Париз се спроведени низа претреси во рамки на истрага што француските финансиски обвинители ја поврзуваат со новите откритија од досиејата за Џефри Епстин, а меѓу објектите што биле опфатени е и парискиот огранок на швајцарската приватна банка „Едмон де Ротшилд“. Акцијата била изведена минатиот петок како дел од прелиминарна истрага отворена во февруари. Според соопштението на француското национално финансиско обвинителство, истражителите ...

Зимата повторно се враќа на Балканот со силен и нагол пресврт во временските услови, предупредуваат метеоролошките најави. Почнувајќи од 26 март, од север кон југ и југоисток на Европа се очекува спуштање на значително постудена воздушна маса, која ќе предизвика формирање на секундарен длабок циклон над Џеновскиот залив. Овој циклон ќе го зафати Балканскиот Полуостров и ќе донесе обилни врнежи, силен ветер и нагло заладување. Според најавите, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран му дал „подарок“ вреден „огромна сума пари“ поврзан со Ормуската Теснина и прашањата за нафтата и гасот. На новинарско прашање во Овалната соба зошто им верува на Иранците, тој прво инсистираше на тоа дека не му верува никому, пред да открие: „Тие вчера направија нешто што беше неверојатно — ни дадоа подарок … кој пристигна денеска“. – Тоа беше многу голем подарок вреден огромна сума ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска разговараше со новинарите во Овалната соба за војната во Иран, јави Би-би-си. Медиумот забележува дека единственото прашање што не било иницирано било можното распоредување на американски трупи во Иран. Еден час пред појавувањето на Трамп, неколку новински агенции објавија дека Пентагон е близу до финализирање на наредбата за испраќање илјадници американски трупи во Иран. Но, Трамп не беше прашан ...

Продолжувањето на војната на Блискиот Исток и уништувањето на енергетската инфраструктура ќе влијаат на забавување на растот на српската економија во споредба со планираните три проценти, се намедува во анализата на изданието Квартален монитор што ќе биде презентирана в петок на Економскиот факултет. Српската економија лани оствари скромен раст од два проценти, додека планираниот раст од три проценти оваа година е неизвесен поради војната на ...

Зголемување на казната за речиси 30 евра за оние кои не користат билет во јавниот превоз; построги казни за насилство врз контролори; општествено корисна работа за оние кои го вандализираат јавниот превоз; субвенции до 20.000 евра за електрични такси возила, се главните одредби од новиот закон на Министерството за транспорт на Грција што доцна синоќа беше изгласан во Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина. Казната за возење без билет ...

Специјалниот суд против корупција и организиран криминал го отфрли барањето на поранешниот албански претседател Илир Мета, кој побара домашен притвор и итно ослободување, нудејќи и кауција од 50 милиони леки (над 50 илјади евра). Мета, кој денеска го прославува 57-от роденден не присуствуваше на рочиштето, туку само неговиот адвокат Кујтим Чакрани. – Ги замолив судиите да му подарат слобода на денот на неговиот роденден. Нашата битка не ...

Владата на Република Хрватска презентираше пакет вонредни мерки за помош за земјоделството и рибарството. Станува збор за три целни интервентни мерки кои реагираат на растот на трошоците, проблемите со ликвидноста и нееднаквата положба на пазарот, се вели во соопштението за медиумите на Министерството за земјоделство, шумарство и рибарство. „Мерките што ги воведуваме имаат иста цел, да го зачуваат производството и да ја спречат ликвидноста, и ...

Конференцијата на тема „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Народна банка, со поддршка на Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF – The European Money and Finance Forum). Конференцијата ќе ја отвори гувернерот на Народната банка Трајко Славески, а ќе се обратат и премиерот Христијан Мицкоски и генералниот ...

Пазарот на недвижности во 2025 година е стабилен, активен и атрактивен за инвестирање, со јасна доминација на урбаните средини и позитивни економски трендови, покажува годишниот извештај од Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности на Агенцијата за катастар на недвижности. Становите остануваат најдоминантен сегмент на пазарот и учествуваат со 33% вовкупниот број на купопродажби и дури 48% од вкупната вредност на пазарот. Иако ...

Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка (НБ) денеска одржа редовна седница на која беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата, Извршниот одбор одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4 отсто. Како што информира ...

ОКТА дополнително го зголеми попустот за дизелот од 2 на 3 денари по литар, односно воведе дополнителен попуст од 1 денар, со продолжување на мерката до 6 април. Ова е конкретен резултат на партнерскиот пристап и континуираната координација, со цел директни придобивки за граѓаните и стопанството, вели министерката за енергетика , рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа додава дека преземените мерки од страна на Владата, меѓу кои и ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемувањето на цената на горивата да има влијание врз инфлацијата, но не големо. Како што изјави денеска, Владата засега интервенира директно од Буџетот зашто вистински се грижи за граѓаните, но има и друг план за следни чекори ако евентуално ескалира кризата. Според премиерот, берзанските цени на бензините, премиум безоловен и дизел, утрово паднаа за 10-на проценти и споредено со првите пет дена од ...

Како одговор на тековната нестабилност на меѓународните цени, ОКТА го продолжува попустот што им се нуди на големопродажните и малопродажните трговци до 6 април, годинава, се вели во соопштението од ОКТА кое МИА го објавува интегрално. Дополнително, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар и истиот ќе стапи во сила од денес, 24ти март 2026 година. Оваа доброволна иницијатива на ОКТА има за цел да им овозможи на трговците овој ...

Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполенти – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса „Воведување уставна жалба?“, Мицкоски рече дека Уставниот суд, најверојатно, веќе размислува како приближно би изгледала архитектурата на специјалниот закон и изрази очекување дека набргу можеби ќе има готов документ и, како што напомена, кога ќе има ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.93
65%
1021
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.68
62%
1020
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.37
73%
1022
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.01
61%
1021
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.69
83%
1019
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.45
58%
1022
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
1.79
59%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
4.59
53%
1019
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
4.02
94%
1019
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
1.34
56%
1020
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
4.56
75%
1014
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Калај

51.97

Злато

131337.93

Бакар

12.52

Алуминиум

3.48

Паладиум

39545.42

Иридиум

253540.09

Платина

53756.05

Сребро

2072.63

Цинк

0.00