Согласно Одлуката на Владата за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка донесена на вонредна владина седница одржана вчера во периодот од 24 март (00:01 часот) до 6 април (24:00 часот) 2026 година ќе се применува повластена даночна стапка на прометот на енергенсите (горивата) од 10 отсто, соопшти Управата за јавни набавки. -Управата за јавни приходи информира дека сите даночни обврзници ...

Меѓународното здружение на земјоделци на Украина (IFA) собира 63 компании со странски капитал, ова е нова професионална организација во таа земја. Станува збор за компании кои заедно обработуваат околу 275.000 хектари земјоделско земјиште, пишува Farmer. Нивната цел е да ги заштитат интересите на странските инвеститори во земјоделството, а своето официјално основање го објавија на 14 март. Претприемачи од 8 земји управуваат со 275.000 хектари ...

Малопродажните цени на горивата на бензинските станици ќе се продаваат со намалена цена од 2 денaра за литар за Еуросупер БС-95 и за Еуросупер БС-98 во однос на малопродажните цени објавени од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), соопшти АД Макпетрол. Според одлуката на Макпетрол, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 84,5 денари за литар, литар Еуросупер БС-98 ќе чини 86,5 денари. Цената на литар дизел ќе се продава по цена од 93,5 ...

Се потврди она што претседателот на СДСМ, Венко Филипче го предвиде и за што предупредуваше цело време. Еден ден по прес конференцијата на Христијан Мицкоски имаме ново покачување на цената на дизелот од 3,5 денари. Поскапувањето не се спречи, дизелот поскапе и од ноќеска цената на дизелот ќе биде 95,5 денари за литар. За само три недели, ова е трето покачување на цената на дизелот, при што вкупното зголемување достигна 24,5 денари по литар. ...

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денеска ги отфрли обвинувањата дека со години споделувал со Русија доверливи информации од Европската Унија, нарекувајќи ги извештаите „лажни“ и „погрешни“. „Како и секогаш, лажни вести“, напиша Сијарто на социјалната мрежа X. „Лажете за да ја поддржите партијата Тиса да формира марионетска влада во Унгарија за војната против Украина“, додаде тој, алудирајќи на главната опозициска партија пред ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска остварил средба со претставници на Националната алијанса за ретки болести, која обединува над 15 здруженија на пациенти. На средбата, како што информираат од Министерството за здравство, е разговарано за актуелните предизвици со кои се соочуваат лицата со ретки болести, вклучително и потребата од навремена и континуирана терапија, унапредување на институционалната комуникација, како и зајакнување на ...

Европската комисија побара од Будимпешта да ги разјасни тврдењата дека унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, споделил со Москва доверливи информации од разговорите со претставници на членките на Европската унија (ЕУ). Портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер, им изјави на новинарите дека ваквите обвинувања се загрижувачки, бидејќи довербата меѓу членовите и институциите е особено важна за функционирањето на ЕУ. ...

Ние сме сиромашна држава. Притворот е најригорозна мерка од мерките коишто ги нуди Законот за кривична постапка. Меѓутоа и најскапа, и најнехумана. Еден ден во притвор значи одвојување на парични средства од буџетот. Како сиромашна држава треба да водиме сметка и за тоа, истакна новиот државен јавен обвинител Ненад Савески во интервју на „360 степени“. Тој нагласи дека условите во притворските одделенија во земјава се нехумани и претставуваат ...

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески најави дека ќе има средба со обвинителите кои постапуваат во предметот „Кочани“, со цел да се запознае со текот на постапката и доказите во случајот. Во интервју за 360 степени на Македонска Радио Телевизија, Савески изјави дека предметот е во рана доказна постапка и дека е можно да се почека позрела фаза од процесот за да се направи целосна анализа. „Ќе имам средба со јавните обвинители коишто ...

Зинедин Зидан постигна устен договор со Француската фудбалска федерација (FFF) во врска со неговото назначување за селектор на репрезентацијата, објави „Le Parisien“. Педесет и тригодишниот Зидан се согласил на условите за соработка со раководството на францускиот фудбал. Објавата на „Le Parisien“ се појави само неколку часа откако претседателот на федерацијата, Филип Дијало, објави дека веќе знае кој ќе биде следниот селектор на француската ...

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за првиот плејоф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство, а во составот повторно е Бобан Николов, кој се враќа во националниот тим по двегодишна пауза. Искусниот играч за врска верува во квалитетот на репрезентацијата и можноста за изненадување во Копенхаген. – Сите знаеме што значи да се игра за репрезентација. Тоа не може да се спореди со ништо, играш за својата држава и ...

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, постигна 33 поени во вчерашната победа од 105:104 над Орландо меџик. Оваа победа беше деветта последователна за Лејкерси во основниот дел од НБА-лигата сезона 2025/26. Во овој период, Дончиќ има просек од 40 поени по натпревар, 8,4 скока и 7,4 асистенции. Дваесет и седумгодишниот Словенец стана вториот играч во историјата на НБА кој постигнал просек од 40 поени во текот на серија од девет победи ...

Пошираните јајца се едноставно, но елегантно јадење кое потекнува од европската кујна. Тие се подготвуваат без масло или пржење, што ги прави лесен и здрав избор за појадок или лесен оброк. Карактеристични се по својата нежна белка и течна жолчка, која при сечење се разлева и дава богат вкус. Потребни состојки: 2 свежи јајца 1 литар вода 1 лажица оцет (алкохолен или јаболков) Сол по вкус Начин на подготовка: Во среден сад ставете ја водата да ...

Вселенскиот филмски спектакл „Проектот Хејл Мери“ (Project Hail Mary), во којшто Рајан Гослинг глуми научник задолжен да ја спаси планетата, имаше силен почеток киноблагајните ширум светот, со вкупно 140,9 милиони долари заработка (речиси 121,4 милиони евра). Приказната со буџет од 200 милиони долари (173,4 милиони евра) го следи потфатот на молекуларен биолог кој се впушта во меѓугалактичка мисија за да го спаси човештвото од истребување. ...

Екс градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска ги сподели најубавите вести со јавноста – тој наскоро ќе се оствари во улогата на родител. Преку емотивна објава на социјалните мрежи, Костадинов откри дека со неговата сопруга го очекуваат нивното прво дете, синот Никола. „Во ова мое животно патување, исполнето со подеми и падови, победи и порази… научив многу. Кариерата ме градела, животот ме калел, искуствата ме менувале. Но ...

Хрватскиот пејач Свен Поцрниќ, учесник во новата сезона на шоуто „Твоето лице звучи познато“, успеа со својата изведба на песната „Игри без граници“ (Igrа bez granica) да ги разнежни сите присутни. Со секој тон, тој ја пренесе емоцијата и чувството карактеристично за Тоше Проески, што беше веднаш забележано од страна на жирито, пишува сараевскиот портал Кликс. Жирито оваа година е составено од Енис Бешлагиќ, Горан Навојец, Мартина Стјепановиќ ...

Агадир во Мароко е прогласен за најевтина дестинација за летен одмор во 2026 година. Според истражувањето на туристичката агенција „Лавхолидејс“ (Loveholidays), еднoнеделeн „сè вклучено“ пакет тука чини околу 270 евра. Овој град е познат по своите долги песочни плажи и топлата клима. Посетителите имаат можност да уживаат во сончање, пливање и разни водни спортови, а истовремено да се чувствуваат како да престојуваат во луксузно одморалиште. ...

Во текот на изминатиот продолжен викенд од 20 до 24 март 2026 година како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, регистрирани се 1 699 сообраќајни прекршоци и лишени од слобода се 60 лица за безобѕирно управување на возило, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од вкупно 1 699 издадени платни налози, 476 прекршоци се ...

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Р.П. (38) од Василево поради спречување службено лице во вршење службено дејствие и напад врз полициски службеник, соопшти ОВР Кратово. Инцидентот започнал кога полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки му дале јасен сигнал за запирање на возило „ауди а6“, меѓутоа возачот продолжил да се движи, игнорирајќи ги наредбите. По преземени мерки, возачот бил запрен на магистралниот ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пристигна денеска во Австралија, со надеж дека ќе постигне договор за слободна трговија по години преговори. Ова е прво нејзино патување во Австралија откако ја презеде функцијата, а доаѓа во време кога блокот и нацијата зависна од увоз се соочуваат со обновени енергетски ранливости предизвикани од војната на Блискиот Исток. Таа пристигна во Сиднеј денеска на состанок со шефот на ...

Главниот град на Баварија, Михнен, за првпат ќе има градоначалник од редовите на Зелените. Доминик Краузе, 35-годишниот кандидат на партијата, на вчера одржаните избори го победи долгогодишниот социјалдемократски (СПД) градоначалник Дитер Рајтер со 56,4 наспроти 43,6 проценти од гласовите. Рајтер (67) по објавувањето на резултатите изјави дека вчерашниот ден бил последниот во неговата политичка кариера. „Тоа е тоа од мене“, изјави ...

Белгија од денеска ги враќа воените патроли на улиците поради растечките безбедносни закани, објавија локалните медиуми. Предвидено е 200 војници да ги поддржуваат полициските тимови три месеци. Од јули, вкупниот број на патроли е планиран да биде ограничен на 90 војници. Слична мерка беше воведена по нападите во Брисел во март 2016 година. Првично војниците ќе патролираат во Брисел, Антверпен и Лиеж, каде што неодамна беше нападната ...

Поранешниот француски премиер Лионел Жоспен почина денеска на 88-годишна возраст, објавија француските медиуми. Медиумите потсетуваат дека социјалистот Жоспен беше премиер од 1997 до 2002 година, а дека се пензионираше од политичкиот живот на 21 април 2002 година. Жоспен двапати беше кандидат на социјалистите на претседателските избори. Жоспен е роден во Медон на 17 јули 1937 година. МИА Поранешниот француски премиер Лионел Жоспен почина ...

На вчерашната седница на Врховното народно собрание на Северна Кореја повторно е именуван Ким Џонг-ун за претседател на Комисијата за државни работи, објави денеска државната новинска агенција КЦНА. На вчерашната прва седница на Врховното народно собрание на Северна Кореја се дебатираше за измени и дополненија на Уставот. Парламентот, кој ја одобрува државната политика обично има седница по Конгресот на владејачката Работничка партија, со цел ...

Рускиот претседател Владимир Путин повика на зајакнување на „стратешкото партнерство“ со Пјонгјанг во честитка до севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за неговиот реизбор за лидер на Демократската Народна Република Кореја. „Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на ...

Во време на криза, граѓаните мора да бидат подготвени 72 часа за да се справат додека не пристигне владина помош, рече Мартен Вергаувен, експерт за политики во Генералниот директорат на Европската комисија за европска цивилна заштита и операции за хуманитарна помош. Тој учествува во Европскиот граѓански панел на тема подготвеност за кризи. Зборувајќи пред 150 случајно избрани граѓани кои беа дел од Граѓанскиот панел, тој рече дека ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Иран изминатиот викенд имале „продуктивни разговори“ поради кои одлучил да ги одложи планираните воени напади врз иранските енергетски објекти за пет дена. Претходно, Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани доколку Техеран не овозможи целосно отворање на Ормускиот Теснец до денес. Ситуацијата на Блискиот Исток е се уште тензична откако Иран се закани дека ќе постави мини ...

Ирачкиот премиер Мохамед Шиа ал-Судани изјави дека ќе го забрза завршувањето на мисијата на меѓународната антиџихадистичка коалиција предводена од САД, чии воени советници се стационирани на северот од земјата. Проиранските вооружени фракции во Ирак ја преземаат одговорноста за речиси секојдневните напади со беспилотни летала и ракети врз американските трупи во Ирак и на други места во регионот. Во 2024 година беше договорено мисијата на ...

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денеска го осуди „прислушувањето на член на владата“. Неговата осуда следува откога „Вашингтон пост“ пред два дена објави дека шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто ѝ пренесувал информации на Русија од Европската Унија. Прислушувањето на член на владата е тежок напад врз Унгарија, објави Орбан на „Фејсбук“ додавајќи оти го задолжил министерот за правда да го истражи случајот. „Вашингтон пост“, ...

УСС Џералд Р. Форд, најголемиот носач на авиони во светот, се врати во својата поморска база на Крит денеска откако учествуваше во воени операции на Блискиот Исток. Бродот се закотви во заливот Суда, каде што се снабдуваше со храна, гориво и муниција во февруари. Носачот на авиони беше дел од големото засилување на американската војска на Блискиот Исток, кое го вклучуваше и УСС Абрахам Линколн. Кон крајот на февруари, САД и Израел започнаа ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.93
65%
1021
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.68
62%
1020
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.37
73%
1022
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.01
61%
1021
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.69
83%
1019
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.45
58%
1022
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
1.79
59%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
4.59
53%
1019
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
4.02
94%
1019
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
1.34
56%
1020
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
4.56
75%
1014
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Алуминиум

3.48

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Калај

51.97

Родиум

257205.97

Сребро

2072.63

Иридиум

253540.09

Паладиум

39545.42

Платина

53756.05

Цинк

0.00

Злато

131337.93

Бакар

12.52