
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита денеска презеле мерки и активности со цел спречување на ширење пожарот, кој денеска околу 16:00 часот изби во непосредна близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје. Како што соопшти МВР, полицајците и пожарникарите спречиле пожарот да ги зафати моторните возила и објекти како и лизгалиштето што е во ...
Водечкиот во генералниот пласман во Формула 1, Австралиецот Оскар Пјастри (Мекларен) ќе стартува од пол-позицијата за Големата награда на Холандија в недела на патеката Зандворт. Пјастри постави нов рекорд на патеката во квалификациите попладнево со време од 1:08,662 минути. Неговиот клупски колега Британецот Ландо Норис (Мекларен) заостана за само 12 илјадити делови од секундата. Домашниот возач и четирикратен светски шампион Макс Верстапен ...
Овој викенд ќе биде обоен со динамика, емоции и неочекувани моменти. Ѕвездите најавуваат мешавина од убави шанси и мали предизвици, па затоа внимавајте на енергијата и искористете ја мудро. Овен – Време е да се одморите и да се посветите на себе. Ќе добиете повик или порака која ќе ви го разубави денот. Бик – Семејството ќе ви биде во прв план. Можна е интересна средба која ќе ви донесе насмевки. Близнаци – Разговорите ќе бидат клучни. Некој ќе ...
Шефицата на Црвениот крст, Мирјана Шпољариќ, денеска предупреди дека ќе биде невозможно да се осигура безбедноста на луѓето за време на масовната евакуација на градот Газа, бидејќи Израел ги засилува нападите. Израел продолжува со планот за преземање на целосна контрола врз целиот Појас Газа, почнувајќи од градот Газа, со цел уништување на Хамас по речиси 23 месеци војна, додека се соочува со глобални критики поради гладот во опколената енклава. ...
Европската унија денеска ги повика САД да го „преиспитаат“ своето одбивање да издадат визи за палестинските претставници кои планираат да присуствуваат на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во септември. -Сите повикуваме оваа одлука да се преиспита, земајќи го предвид меѓународното право, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, во Копенхаген по состанокот на сите 27 министри за надворешни ...
Рускиот претседател Владимир Путин ќе даде нов импулс на идејата за мултиполарен светски поредок за време на неговата четиридневна посета на Кина, објави ДПА, повикувајќи се на долгото интервју што го даде за кинеската државна агенција Ксинхуа во пресрет на неговата посета на земјата. Разговорот со кинескиот претседател Си Џинпинг на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Тјенџин треба да доведе до „нов моќен импулс“ во ...
Во Скопје попладнево дува силен ветер, делови од градот се без електрична енергија, а според информациите од Центарот за управување со кризи има два големи пожари и тоа на Скопска Црна Гора меѓу селата Црешево и Брњарци и меѓу селата Крушопек и Лока, но и на други места. Директорот на ЦУК за МИА вели дека се чека да се намали силината на ветрот за да се испратат воздухоплови за гаснење на овие пожари. Силниот ветер предизвика и материјална ...
Изгаснат е пожарот што избувна попладнето во близина на манастирот „Свети Архангел Михаил“ во прилепската населба Варош. Прилепските пожарникари остануваат на терен за да ја следат ситуацијата. Горела сува трева, а биле зафатени и две дрва, но нема никакви други штети на околни објекти во населбата Варош. Според заменик-командирот на прилепската противпожарна единица Виктор Стојчески, за пожарот добиле пријави околу 15:45 часот. Бил зафатен ...
ДПМНЕ и Аросвска ветуваа нови еколошки автобуси, бесплатен јавен превоз и ред во јавниот сообраќај. Денес – нема нови автобуси, а постојните се стари, нечисти, доцнат премногу, а некогаш и не доаѓаат воопшто. Дел од приградските линии се укинати или нередовни. Градскиот јавен транспорт е крајно небезбеден и во колапс. Решавањето на јавниот превоз не смее да доцни ни ден повеќе! Тоа е услов за квалитетн живот на сите кои живеат во Скопје. И на ...
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, предупреди дека капитални проекти од витално значење за Скопје се заглавени поради политички игри и опструкции од страна на ВМРО-ДПМНЕ и актуелната градоначалничка Данела Арсовска. „Секојдневно гледаме како капитални проекти и решенија кои се од витално значење за Скопје стојат заглавени поради политички игри, опструкции и целосна незаинтересираност за потребите на своите граѓани ...
Извештајот за состојбата со човековите права во Русија, што американскиот Стејт департмент го објави на 12 август, се состои од неосновани обвинувања против Москва, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. -Посветивме внимание кон овој извештај, што презентира, благо речено, неосновани обвинувања против нашата земја. Апсурдните инсинуации за наводни воени злосторства и злосторства против ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во разговор со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека Кина ја поддржува централната улога на светската организација во меѓународните односи, како и „вистинскиот мултилатерализам“, објави CCTV. „Кина ќе остане сигурен партнер на ОН“, рече Си. Кинескиот претседател и Гутереш се сретнаа во Тјанџин. Британските медиуми наведуваат дека Гутереш е во Кина за да учествува на ...
Глобалната ситуација со колерата продолжува да се влошува поради конфликтите и сиромаштијата, што претставува значаен предизвик за јавното здравје во неколку региони, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО). Помеѓу 1 јануари и 17 август оваа година, низ целиот свет се пријавени 409.222 случаи на колера и 4.738 смртни случаи, при што шест од 31 земји пријавиле стапка на смртност над еден процент, што укажува на сериозни ...
Ненадејно почина д-р Виктор Исјановски, македонски психијатар и екс директор на Здравствен дом Скопје во периодот од 2021 до 2024 година. Исјановски е роден е на 21 јули 1978 година во Скопје, каде ги завршува основното и средното образование. Медицинскиот факултет го завршува во 2003 година, а дел од студиите поминува и на Универзитетот во Мајами, Калифорнија, САД. Својата професионална кариера ја започнува во 2004 година во Казнено-поправната ...
Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Чаир и поранешен министер за надворешни работи, упати јасна порака дека е потребно национално единство околу европската интеграција на земјата, откако му беше поставено прашање за коментар на ставот на Венко Филипче за уставните измени. „Јас мислам дека најдобриот пат за Република Северна Македонија да стане дел од Европската унија е да ги задржи правилата коишто ги договоривме. Секое од тие правила не ...
Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, остро реагираше на последната изјава на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој повторно го нападна принципот на Бадентеровото мнозинство, еден од клучните елементи на Охридскиот рамковен договор. Според Османи, ваквите ставови се дел од одамна подготвена стратегија чија цел е поништување на договорот што ја гарантира мултиетничноста и стабилноста на државата. „Мислам дека ова е ...
На територијата на нашата земја денеска до 12:30 часот има пет активни пожари на отворено, а исто толку се под контрола, информираат од ЦУК. Активни се пожарите во во близина на Тиквешко Езеро каде гори нискостеблеста шума и трева, во село Магленце каде е опожарена ниска вегетација и шума, во Штип на улица Асном каде е запалена ниска вегетација, во село Долгаец гори мешана шума и во село Подвис годи ниска вегетација и стрниште. Под контрола се ...
Поради лошите временски услови проследени со силен ветар и бранови во 14 часот и 30 минути прекинт е 38. Охридски пливачки маратон. Трката, според судијата Марјан Бошалевски, е прекината во близина на хотел Гранит. – Големото невреме проследено со високи бранови предизвика проблеми кај пливачите. Констатирана е моменталната состојба на маратонците и по сублимирање на податоците ќе биде прогласен победникот. Согласно правилата, доколку ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска имаше средба со лозарите од кавадаречкиот регион. На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат лозарите и за целосниот недостаток на поддршка од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. „Разговорите што ги имав со лозарите се загрижувачки. Лозарството е извозно ориентирана гранка со која се гордееме и која ја работат генерации семејства. Денес, после 15 месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ, лозарите ...
„Ланд ровер“ утринава бил опожарен на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово, а надлежните велат дека пожарот бил подметнат. – На 30.08.2025 година во 05:10 часот во СВР Куманово лицето Б.Ц. пријавил дека на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово има опожарено возило марка „ланд ровер“ сопственост на А.Г. Пожарот е локализиран од страна на сопственикот и негов сосед, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што додаваат од МВР, по насоки на ...
Судијка во американскиот федерален суд во Вашингтон привремено ги прекина постапките за забрзана депортација на мигрантите, што претставува удар за строгата политика на депортација на претседателот Доналд Трамп, пренесе ДПА. Правото на засегнатите лица на правично судење според владеењето на правото мора да биде загарантирано, рече судијката Џиа Коб во нејзината пресуда објавена вчера, со што ја поддржа тужбата поднесена од група за права на ...
Андриј Парубиј, украински политичар кој беше претседател на Врховната рада и одигра истакната улога во револуцијата на Евромајдан, денеска е убиен во Лавов. Националната полиција претходно соопшти дека еден политичар бил убиен по пукање во западниот украински град. Ирина Херашченко, пратеничка од партијата Европска солидарност, потоа за Киев Индепендент потврди дека жртвата бил Парубиј. – Министерот за внатрешни работи Игор Клименко и главниот ...
Унгарија нема да ја поддржи воена операција на Европската унија во Украина, ниту која било друга одлука што би можела да го попречи мирното решавање на конфликтот, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, пред неформалниот состанок на дипломатите на земјите од ЕУ во Копенхаген. Сијарто во објава на Фејсбук рече дека очекува огромен притисок на состанокот. – Мислам дека денеска ќе се обидат да го скршат нашиот отпор ...
Најмалку едно лице загина, а петмина асе повредени откако автомобил ноќеска намерно удрил во група луѓе во францускиот град Евре, соопшти градоначалникот на градот, Ги Лефран на социјалните мрежи. Автомобилот удрил во група луѓе пред еден бар во Евре околу 4 часот наутро, кога дошло до расправија меѓу неколку посетители на барот, пренесува телевизијата BFM. Обезбедувањето потоа одлучило да исфрли надвор околу стотина луѓе кои биле во објектот, ...
Во првата половина од 2025 странските инвестиции се преполовени во однос на првата половина од 2024, кога СДСМ беше на власт, објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче. -Со овој податок пропаѓа и последната излитена пропаганда на власта, дека во Македонија се случува инвестициски бум. Секојдневно пропаѓа и митот за наводната економска способност на ВМРО-ДПМНЕ. Нема ниту еден економски параметар во кој оваа влада не е барем двојно послаба од ...
– Вчера во 19:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, по превземени оперативни мерки и активности ги лишиле од слобода З.К.(33) пд Бегниште, кавадаречко и И.И.(19) од Кавадарци, поради сомнение дека предизвикале пожар на сува трева, трња и ниско стеблеста шума кај месноста викана Блато на Тиквешко Езеро, во атарот на село Куманичево, кавадаречко, појаснија од СВР Велес. Повредени лица нема, а пожарот бил изгасен со вклучување на авиони ...
Кошаркарите на Србија и Финска ги забележаа своите втори победи на Евробаскетот во 2. коло од натпреварувањето по групи. Најголемиот фаворит за златото Србија ја победи Португалија со 80-69 во Рига во Групата А, додека Финска беше убедлива против Велика Британија со 109-79 на домашен терен во Тампере во Групата Б. Никола Јокиќ постигна 23 поени со 10 скокови, додека Никола Јовиќ додаде 18 поени за Србија. На другата страна, Диого Брито се ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во осминафиналето на УС Опен, откако го синоќа го совлада Британецот Камерон Нори со 6:4, 6(4):7, 6:2, 6:3. Седмиот тенисер во светот дојде до победата над 35. тенисер на АТП листата по два часа и 49 минути. Во осминафиналето, Ѓоковиќ ќе игра против Германецот Јан-Ленард Штруф. Германецот Штруф (АТП-144), пласманот во осминафиналето го избори, откако во три сета го совлада Американецот Френсис ...
Португалецот Кристијано Роналдо го постигна својот 940. гол во кариерата во победата на Ал Наср над Ал Тавон со 5-0 на гостински терен во првото коло од првенството на Саудиска Арабија. Новото засилување Жоао Феликс постигна хет-трик, а уште едно ново засилување, Кингсли Коман, го запиша својот дебитантски гол во дресот на Ал Наср. Кристијано Роналдо постигна гол од пенал во 54 минута, приближувајќи седо бројката од 1.000 голови. „Првиот чекор е ...
Русија и Кина заеднички се спротивставуваат на дискриминаторските санкции во глобалната трговија, кои го попречуваат светскиот социо-економски развој, изјави рускиот претседател Владимир Путин во пишано интервју за кинеската новинска агенција Синхиа. Двете земји ќе продолжат да работат на намалување на меѓусебните трговски бариери, рече Путин, пред четиридневната посета на најголемиот руски трговски партнер. – Накратко, економската соработка, ...