
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Голема трагедија ја потресе населбата Хоџиќи во близина на Добој во саботата, откако деветнаесетгодишниот Мехмед Хасанамиџиќ бил убиен. Несреќниот млад човек, како што потврди Полициската управа на Добој, бил убиен од противпешадиска мина додека се обидувал да врати кози кои залутале во обележано минско поле. „Тој ми беше сè. Работеше, беше вреден. Заедно се боревме за корка леб. Одеше таму горе да се грижи за козите што често талкаат по ...
Европските сили ги попречуваат напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување мир во Украина, и Русија ќе продолжи со операциите во Украина сè додека не види вистински знаци дека Киев е подготвен за мир, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој рече дека „европската воена страна“ продолжува да ги попречува американските и руските напори во врска со Украина. – Ние сме подготвени да го решиме проблемот со ...
Албанскиот премиер Еди Рама реагираше со објава на социјалните мрежи, најавувајќи го почетокот на операцијата за рушење на дивоградбите на крајбрежјето, почнувајќи од областа Р’тот Родон (Kepi e Rodonit) во Општина Драч. Нагласува дека овој процес „не е само привремена акција, туку конкретен чекор во борбата против дивоградбите, која ќе продолжи до елиминирање на овој феномен“. Рама, исто така, најави дека операцијата ќе биде придружена со нови ...
Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, оствари средба со претставници од ЗИП Институтот и учесници во првото Граѓанско климатско собрание. Аерозагадувањето во Скопје и реалните, граѓански решенија за негово надминување, се итна тема и од суштинско значење. Шукова ги сослуша приоритетите на граѓаните, и јасно се заложи за нивна имплементација. Таа порача дека препораките кои произлегле од Климатското собрание се основа ...
Следува рецепт за топчиња кои комбинираат железо и фолна киселина од коприви, витамин Ц од лимони кој ја подобрува апсорпцијата, антиоксиданси и магнезиум од какао во прав, квалитетни протеини и здрави масти од јаткасти плодови, како и природна енергија и минерали од мед и урми, и тие се одлична помош во борбата против анемија, открива нутриционистката Тијана Младеновиќ на својот Инстаграм профил. Топчиња против анемија Ќе ви бидат потребни (за ...
Деветнаесетгодишно момче загина на минско поле во Босна и Херцеговина, со што стана уште една жртва на војната што во оваа земја се водеше од 1992 до 1995 година, по која останаа бројни неексплодирани мини кои не се отстранети ниту по 30 години. Инцидентот се случил во близина на Добој, во централниот дел на Босна и Херцеговина, а младиот човек, Мехмед Хасанамиџиќ, им подлегнал на повредите. Според достапните информации, тој загинал вчера кога ...
Талибанците издадоа наредба насочена кон тајните салони за убавина низ Авганистан, предупредувајќи ги жените кои ги водат дека имаат еден месец да престанат да работат или ќе се соочат со апсење. Официјално, сите салони за убавина беа затворени од страна на Талибанците во август 2023 година. Според некои проценки, 12.000 бизниси беа затворени, оставајќи 50.000 козметичарки без работа. Сепак, тајните салони продолжија да работат низ целата земја, ...
Според експертите, светот ќе продолжи да се соочува со сè поекстремни услови: летата ќе бидат жешки и суви, но со нагли и жестоки бури. Оваа комбинација не е само непријатност, туку реална опасност за инфраструктурата, земјоделството и здравјето на луѓето. Невремињата, поројните дождови и ураганските ветрови што во последниве години сè почесто се појавуваат насекаде низ светот се јасен сигнал дека климата драматично се менува. Она што некогаш се ...
Илјадници Австралијанци учествуваа денеска на антиимиграциски собири што се одржаа низ целата земја, а од кои беше упатено барање до владата да ја запре масовната миграција, јавуваат британските медиуми. Антиимиграциските собири „Марш за Австралија“ се одржаа во Сиднеј и други поголеми градови и регионални центри. „Масовната миграција ги раскина врските што ги држеа нашите заедници заедно“, се наведува на веб-страницата на организаторите. Според ...
Силен циклон вчера го зафати западниот Балкан и предизвика сериозни прекини во сообраќајот, поплави и опасни услови на море. Во Албанија накратко беа запрени летовите на аеродромот во Тирана поради силен ветер и пороен дожд, додека долж црногорското приморје бура парализираше повеќе градови. Во југозападна Словенија, излеани реки и поројни води поплавија улици и домови. Во Албанија, пистата на аеродромот „Мајка Тереза“ беше изложена на силен ...
„СДСМ ќе понуди законско решение коешто се темели на барањата на лозарите, 3 денари повеќе по килограм произведено грозје. И законскиот предлог утре или задутре ќе го поднесеме во Собранието,“ изјави денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско пршање. Искрено се надевам, еве го контекстот на конструктивноста, дека власта ќе има слух и дека ќе ги поддржи лозарите, затоа што станува збор за една област од којашто живеат ...
Потребен е државнички пристап за одблокирање на европските интеграции, жалам што премиерот еднаш бара конструктивност а потоа одбива секаков предлог, рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање коментирајќи го одбивањето на предлогот за заедничка Резолуција во македонското Собрание за црвените линии како механизам за заштита на државните и национални интереси од страна на премиерот Мицкоски. „Навистина ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска официјално го откри новиот мурал на улица „Орце Николов“ во Дебар Маало, посветен на култната детска серија „Бушава азбука“. Со овој чин свечено се одбележаа 40 години од нејзиното прво емитување. Делото на уметниците Драган Китановски Драш и Мирослав Грчев Микс, целосно финансирано од Општина Центар е создадено во духот на афирмација на македонскиот јазик и литература и претставува ...
Напад со руски беспилотни летала во текот на ноќта оштети украинска електрана во близина на Одеса, на југот од Украина, оставајќи утринава повеќе од 29.000 корисници без струја. Русија, од друга страна, утринава соопшти дека соборила 21 украински дрон над својата територија. Во текот на ноќта 11 дронови беа соборени над регионот Волгоград во јужна Русија, додека останатите беа уништени над регионите Ростов, Белгород и Брјанск во југозападна ...
Портпаролот на вооруженото крило на палестинското милитантно движење Хамас, Абу Обеида, е убиен вчера во израелски напад, потврди денеска палестински извор за телевизијата „Ал Арабија“. Изворот наведе дека Израел нападнал стан во Газа каде што наводно престојувал Абу Обеида, портпарол на бригадите „Езедин ал-Касам“. Тој додаде дека сите што биле во станот се убиени, и дека членовите на семејството на Абу Обеида и водачите на бригадите ал-Касам ...
Железничкиот сообраќај помеѓу Мадрид и Андалузија неколку часа беше во прекин откако денеска изби пожар во последниот вагон на еден од брзите возови. Инцидентот наложи итна евакуација на 210 патници, но за среќа никој не бил повреден. Шпанската железничка компанија „Ренфе“ информираше дека пожарот бил брзо локализиран од страна на противпожарните екипи, кои спречиле тој да се прошири на останатите вагони. Возот сообраќал на релацијата Алмерија – ...
После 15 месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ, лозарите се оставени сами, без никаква реална поддршка од владата. Наместо вистинска грижа за едно од најважните земјоделски производствa, лозарите денес се соочуваат со понижувачки ниски откупни цени и неправедни услови. Откупната цена е зголемена за само пола денар по килограм, во услови кога сите производствени трошоци драматично растат. Во вакви услови, ова минимално зголемување е навреда за трудот на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика меѓународните лидери да извршат притисок врз Москва пред патувањето на рускиот претседател Владимир Путин во Кина за состанок на Шангајската организација за соработка (ШОС), јави ДПА. Зеленски синоќа изјави дека разговарал со индискиот премиер Нарендра Моди, кој треба да се сретне со Путин на самитот во кинескиот град Тјенџин. Зеленски рече дека очекува Моди да работи во прилог на прекин на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски е малку веројатна и дека можеби ќе бидат потребни американски авиони за да ѝ помогнат на Европа да ја заврши војната. „Трилатералната средба ќе се случи, билатерална – не знам. Понекогаш луѓето не се подготвени за неа. Користам аналогија. Имате дете, а друго дете е на игралиштето. Тие се мразат ...
Рускиот претседател Владимир Путин денес пристигна во Кина на регионалниот самит, кој се промовира како спротивставување на Западот со друг модел на владеење и кој собира голем дел од планетата. Кинеските и руските медиуми известија за пристигнувањето на Путин во Тјенџин на северот од Кина, на самитот на Шангајската организација за соработка, на кој ќе учествуваат неговите ирански и турски колеги, Масуд Пезешкијан и Реџеп Таип Ердоган, како и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски е малку веројатна и дека можеби ќе бидат потребни американски авиони за да ѝ помогнат на Европа да ја заврши војната. – Ќе се случи трилатерална средба, билатерална – не знам. Понекогаш луѓето не се подготвени за тоа. Користам аналогија. Имате дете, а друго дете е на игралиштето. Тие се мразат едни со ...
Руските медиуми објавија фотографија од автомобилот „Аурус“ на рускиот претседател Владимир Путин, со кинески регистарски таблички, кој тој го користи за движење низ Тјенџин, каде што пристигна порано денес на четиридневна посета на Кина. На аеродромот Бинхаи, Путин беше пречекан од службени лица и почесна гарда, а откако ги поздрави, Путин влезе во претседателскиот „Аурус“ и се упати кон резиденцијата што му беше обезбедена, пренесува ТАСС. Тој ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локален дожд и грмежи претежно во источните делови. Ќе дува умерен повремено засилен западен, а во источните делови северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно, во раните претпладневни часови со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. ...
Како резултат на невремето кое во попладневните часови го зафати Градот Скопје, на бројот за итни повици 112 биле пријавени паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и во мал дел оштетување на приватна сопственост (моторни возила, настрешници и др.) Пријавите се однесуваат на следните локации: 1. Ул. Теодосиј Гологанов кај АМСМ (паднато дрво врз возило) 2. Ул. Париска бр. 18 (паднато дрво врз барака) 3. Ул. Никола Русински бр. 3б (паднато дрво врз ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и за излез од државата е околу 20 мин, додека на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и ...
Космосот, велат астролозите, не влијае на сите на ист начин, а овој месец ѕвездите испраќаат порака што не треба да се игнорира. Руската астрологка Тамара Глоба детално објаснува за што се работи. Овен, време е да се издигнете! Секогаш први, секогаш силни, но овој месец телото испраќа порака што повеќе не можете да ја игнорирате. Премногу работа, премалку сон, постојано брзање и телото почнува да се распаѓа. Тамара Глоба предупредува на ...
Градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, го отфрли потенцијалното распоредување на Националната гарда во градот од страна на американската федерална влада, откако синоќа потпиша извршна наредба за да се спротивстави на претстојната репресија против имиграцијата. Осврнувајќи се на распоредувањето на силите во Вашингтон од страна на американскиот претседател Доналд Трамп претходно овој месец, Џонсон рече: „Не сакаме да видиме тенкови на нашите ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп укинува повеќе од 500 работни места во медиумската агенција одговорна за Гласот на Америка (ВОА) и другите странски медиуми финансирани од владата, изјави претставникот за медиуми на администрацијата, Кари Лејк. Лејк го објави овој потег еден ден откако федерален судија ја блокираше нејзината одлука за разрешување на Мајкл Абрамовиц од функцијата извршен директор на ВОА, јавија ...
Невреме, проследено со силен ветер и обилен дожд попладнево ја зафати територијата на Албанија, што услови прекин во воздушниот,поморскиот и на делови од патниот сообраќај. „Силното невреме што ја погоди Албанија, предизвика привремен прекин на летовите на меѓународниот аеродром во Тирана. Пистата е погодена од силен ветер и дожд, што го оневозможува нормалното функционирање на летовите. Властите ги прекинаа летовите додека не се подобрат ...
Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли, затоа што имало заштитници и соучесници во униформа, порачаа родителите и семејствата на денешниот 20. Марш на ангелите во Кочани пред зградата на Полициската станица. Тие побараа неселиктивна и транспарентна истрага, како и ОЈО ГОКК да објасни и да ја информира јавноста до каде е постапката со обвинителниот акт за вработените од МВР, за коишто какошто велат „се сè уште на слобода, а не со третман ...