
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



По моделот на апликацијата MyCoast за нерегуларности на плажите, грчката Влада воведува нова апликација MyStreet за градовите, која е дигитална алатка што на граѓаните им овозможува да бидат информирани, активно да учествуваат и да придонесат за зачувување на законитоста и транспарентноста на јавните простори, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис претпладнево одржа состанок на кој беше презентирана новата ...
Соединетите Американски Држави по шести пат ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС (Нафтена Индустрија Србија), во сопственост на руската „Газпром“, соопшти српската министерка за енергетика Дубравка Ѓедовиќ-Хандановиќ. Санкциите се одложени до 26 септември, изјави Ѓедовиќ-Хандановиќ, додавајќи дека целта е НИС да биде отстранета од листата на санкции на Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за ...
Oткупот и продажбата на земјоделските производи во второто тримесечје од 2025 година изнесуваат 3,6 милијарди денари, што во однос на истиот период лани е зголемување за 7,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Според ДЗС, во второто тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 26,4 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено ...
Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во вториот квартал од годинава во споредба со истиот квартал лани e зголемено за 33.8 проценти, а за 0.6 проценти во железничкиот, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 32.8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во второто тримесечие од годинава во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 984 000, во градско-приградскиот превоз 9023 000, ...
ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé потешко, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче. Тој нагласи дека додека владата ги користи своите ПР трикови за да прикаже дека во државата добро се живее, реалноста е поразителна- граѓаните се тие што знаат како живеат и каква е реалната состојба со економијата, цените и ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конфренција за економските политики на Владата, предупреди дека граѓаните сè повеќе тонат во сиромаштија, додека власта свесно одбива да интервенира со мерки за справување со инфлацијата и растот на цените. „Она што станува сè појасно е дека оваа власт свесно ја разгорува инфлацијата, бидејќи им го полни буџетот и им ги зголемува профитите на блиските ...
После 15 месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ, може да оцениме дека економската политика на оваа влада е најлошата во историјата, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче. На денешната прес-конференција, Филипче посочи дека власта, наместо за мерки за граѓаните, буџетските пари ги користи за свои лични интереси. „Десетици милиони евра се буквално украдени од граѓаните преку непреземање мерки за цените, преку ...
„Премиерот подолг период наназад тврди дека јас, заедно со други, подготвувам некакви сценарија за дестабилизација и хаос. Тоа апсолутно не е вистина. До сега, ако навистина имало такви намери, ќе се случеше некаква дестабилизација, со оглед на тоа што премиерот постојано не обвинува за тоа“, рече денеска Венко Филипче претсседателот на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање во седиштето на партијата. Филипче тврдењата на премиерот ги оценува ...
Природниот прираст и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува -1 135 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Според податоците на Државниот завод за статситика, бројот на живородените деца во вториот квартал е 3 741 и во споредба со истиот перид лани е намален за 4.2 %. Бројот на умрените лица, пак, во второто тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 1.2 % во ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати критики до премиерот Христијан Мицкоски и неговите насоки за како да работат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Резултатите од тоа, вели Филипче, се катастрофално управување со општините од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Спротивно на ова, нагласи Филипче, СДСМ нуди чесни кандидати за градоначалници кои се почитувани во заедницата. „Јас го слушам примерот како дава насоки како да ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одговори на постојаните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи дека се апсолутна невистини со цел лична дискредитација затоа што владата нема никаков резултат и нема што да покажат. -Сите тие обвинувања апсолутно не се вистина. Целта е да дискредитираат. Прво, дека сум имал куќа во Нерези – за тоа пишуваше вашиот медиум, но кога една ваша колешка беше таму и сними, излезе дека не е вистина. Потоа, дека ...
За убиството во Кавадарци, лишени од слобода се три лица, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Денеска во 04:56 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во градот, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош. Полициски службеници од ОВР – Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т., на ...
Оддолжувањето на постапката за донесување на законот за климатска акција, што трае повеќе од пет години, има негативно влијание во институционален систем, координација и комуникација меѓу институциите вклучени во процесот на климатски промени, оценува Државниот завод за ревизија во најновиот извештај за подготвеноста на државава за справување со климатските промени. – Надлежните органи во државата потребно е да преземат дополните мерки и ...
Граѓанските организации ќе добијат свое место на советничката листа на претстојните избори во Општина Центар. Ова го најави градоначалникот Горан Герасимовски на средба со претставници од граѓанските организации, упатувајќи им повик самите да предложат кандидат кој ќе ги застапува интересите на локалната заедница во идниот општински совет. На својот Фејсбук профил, Герасимовски потенцира дека на негов предлог невладиниот сектор треба да даде ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на неговата земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти, што би можело да биде чекор кон завршување на војната со Русија, и дека од украинската страна „сè ќе биде максимално подготвено за завршување на војната“. -Оваа недела ќе има контакти со Турција, ќе има контакти со земјите од Заливот, со европските земји, што може да биде платформа за разговор со ...
Жозеп Борел, поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија упати силна порака со поддршка на Бујар Османи, како кандидат за градоначалник на Чаир. Во видео пораката, Борел зборува за успесите на Османи на меѓународната сцена како министер за надворешни работи и претседавач со најголемата организација за безбедност и соработка ОБСЕ, и верува дека Османи е подготвен ...
Ако барате здрав и вкусен оброк што се подготвува брзо и лесно, тогаш ова рижото со зеленчук е идеален избор за вас. Комбинацијата од свежи или замрзнати зеленчуци, кремаста структура и богат вкус го прават овој рецепт совршен како главно јадење или прилог. Подгответе го за помалку од 30 минути и уживајте во секој залак! Состојки (за 4 лица): Подготовка: Исечкајте го кромидот на ситни коцки, морковите и пиперките на лентички. Загрејте маслиново ...
Во врска со убиството во Кавадарци, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кавадарци врши увид на лице место во казиното каде настанал инцидентот. Се прибираат траги и докази, а првично задржани се четири лица. Издадена е наредба за обдукција на починатиот и се преземаат и други дејствија, потенцираа претпладнево за МИА од Јавното обвинителство. Претходно, МИА информираше дека едно лице, родено 1982 година, било убиено при тепачка ...
Шефот на данската дипломатија Ларс Локе Расмунсен му нареди на највисокиот дипломат во амбасадата на САД во Копенхаген да се појави на разговор поради извештаите дека американски граѓани спровеле операции за мешање во внатрешните работи на Гренланд, објави денеска данската јавна телевизија ДР, цитирајќи го министерот. Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека сака САД да го преземат богатиот со минерали и стратешки лоциран арктички ...
Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, предупреди дека националистичките изјави и обидите за заплашување со Албанците од страна на премиерот Христијан Мицкоски создаваат страв и загриженост меѓу граѓаните, особено меѓу Македонците кои се малцинство во Чаир. „Јас тропам секој ден на вратите на Чаир и зборувам со многу Македонци кои ми велат дека она што го прави Мицкоски, обидот за понижување на Албанците, создавање поделби и ...
Суспендирани се неколку вработени во американската Федерална агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) откако потпишаа отворено писмо за некомпетентноста на раководството на агенцијата, наведува непрофитна група која го објави писмото на својата веб-страница. Ваквиот развој на настаните веројатно ќе ја поттикне загриженоста дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нема да толерира несогласување. Агенцијата за ...
Жозеп Борел, поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија упати силна порака со поддршка на Бујар Османи, како кандидат за градоначалник на Чаир. Во видео пораката, Борел зборува за успесите на Османи на меѓународната сцена како министер за надворешни работи и претседавач со најголемата организација за безбедност и соработка ОБСЕ, и верува дека Османи е подготвен ...
По одигрувањето на три реванши од плејофот, синоќа станаа познати уште три учесници во фудбалската Лига. на шампиони. Сега бројот на тимови со обезбедено учество во елитното натпреварување е 32. Синоќа место во ЛШ изборија Каират (Казахстан), Бодо-Глимт (Норвешка) и Пафос (Кипар). Претходно, билети за генералната фаза освоија Тотенхем, Ливерпул, Арсенал, Манчестер сити, Челзи, Њукасл (Англија), Наполи, Интер, Аталанта, Јувентус (Италија), ...
Едно лице, родено 1982 година, било убиено при тепачка пред казино во Кавадарци. Оваа информација за МИА ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош. – Точно е, имаше убиство при тепачка, утринава околу пет часот, пред казино. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш беше на лице место, но, констатира дека лицето беше починато, без знаци на живот, појасни докторот за МИА. ...
Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е ставен под 24-часовен полициски надзор поради страв дека може да избега, соопшти синоќа Врховниот суд на земјата, јави ДПА. Полициски единици се испратени во резиденцијата на 70-годишниот Болсонаро, кој веќе се наоѓаше во домашен притвор и се следи со електронска наногица, појаснува германската агенција. Болсонаро, заедно со воени офицери, политичари и негови истомисленици се соочува со судење ...
Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, денеска изјави дека приходите од царините воведени од претседателот Доналд Трамп би можеле да надминат 500 милијарди американски долари годишно. Бесент на состанокот на кабинетот во Белата куќа изјави дека неговата претходна проценка од 300 милијарди долари годишен приход е премногу ниска. -Имавме значителен скок од јули до август и мислам дека ќе видиме уште поголем од август до септември, рече ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин не се согласи на прекин на огнот, предупредувајќи на сериозни последици. -Сакаме да заврши. Имаме економски санкции. Зборувам за економски бидејќи нема да влеземе во светска војна, рече Трамп. Трамп не постави нова временска рамка за спроведување на санкциите ако војната во Украина не биде запрена, ...
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 17, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ...
Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии – Комисијата за европски прашања, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија. Пред членовите на Комисијата за европски прашања се Предлог на законот за пристапност на ...
Од изутринава во 05:00 часот пуштен е за сообраќај регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен, кој неколку дена беше во прекин поради пожар. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини ...