
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Автопревозниците во Босна и Херцеговина денеска започнаа протест со блокади на патишта, царински терминали и гранични премини, предизвикувајќи значителни сообраќајни метежи, особено во главниот град Сараево, соопштија од Конзорциумот за логистика на БиХ. Главниот координатор на Конзорциумот, Велибор Пеулиќ, изјави дека досега не се регистрирани инциденти, но дека се забележани зголемени гужви на приодите кон градовите, каде што е прекинат ...
Авионот со кој претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера попладне леташе за Бугарија останал без ГПС навигација и морал рачно да слета, со помош на хартиени мапи, јави ДПА. Тројца службеници запознаени со инцидентот изјавија за „Фајненшл тајмс“ дека се сомневаат во руско попречување. „Целата област околу аеродромот остана без ГПС“, рече еден од службениците. „Авионот кружеше над Пловдив повеќе од еден час, по што ...
За 14,5 милиони евра е зголемена наплатата на приходи во август во споредба со истиот месец минатата година, што претставува рекорден раст на приходите од 8,9 проценти остварени на месечно ниво годинава, соопшти Царинската управа. Притоа, најголем раст од 19,5 проценти е остварен во наплатата на акциза, при што по овој основ во август се собрани приходи од 3,78 милијарди денари. Наплатата на приходи од царина пак, бележи пораст од 7,9 проценти, ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска по повод 1-ви септември, почетокот на новата учебна година, заедно со градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваа на настан во ООУ „Киро Глигоров“ во Скопје. На сите првачиња, ученици, наставници и родители, Филипче им посака успешна школска година исполнета со радост и знаење. „Посакувам успешна, мирна школска година, мирни денови на ...
Власта има лоши економски политики, ниту пак води грижа за работниците во било кој сектор и воопшто нема најава за зголемување на платите. Не може државата да се движи напред, не може луѓето да дадат сè од себе во својот работен процес ако не се стимулирани, а не се. Едноставно, не можат да врзат крај со крај, рече денеска во одговор на новинарско прашање, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Државата тоне во економска несигурност, додека ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска даде поддршка да се обезбедат 15 милиони евра заем како дополнително финансирање со кое ќе се овозможи реализација на Проектот за унапредување на основното образование. Предлог законот за задолжување на државава со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, беше усвоен со ...
Јавната здравствена установа Општа болница со проширена дејност – Кавадарци, од утре, па секој нареден вторник, во амбулантата во Росоман, ќе реализира земање крв од пациенти, за лабораториски услуги. Ова го најавија денеска од кавадаречката болница. Ова е, како што истакнаа, со цел унапредување на пристапот до здравствена заштита и во интерес на пациентите. Секој вторник во периодот од 8 до 9 часот, во амбулантата во Росоман ќе се врши земање ...
Дел од раководството на Партијата на пензионери на централно и локално ниво, заедно со членови и поддржувачи од повеќе општински организации, денеска објавија дека на претстојните локални избори ќе продолжат со поддршка на досегашниот коалициски партнер – Социјалдеомкратки сојуз (СДСМ). -Со СДСМ делиме исти идеолошки вредности, имаме компатибилни програмски цели и пензиски политики, и соработуваме на принципиелни основи. Наш приоритет останува ...
Албанското Министерство за образование и спорт, со посебно упатство, ги утврди правилата и мерките за забрана за употреба на мобилни телефони и сродни уреди во пред универзитетските образовни институции. -Оваа учебна година, правилото е едноставно за сите. Телефоните не треба да се носат во училиште. Во случај на оправдана потреба од страна на родителот, до училишната администрација, да му се обезбеди телефон на детето, тогаш телефонот се ...
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ноќеска ја победи Шпанката Кристина Букша со 6:1, 6:4 во осминафиналето на Отвореното првенство на САД. Мечот траеше 1 час и 14 минути. Дваесет и седумгодишната Белорусинка имаше три аса, две двојни грешки и три реализирани брејк топки од девет шанси. Во четвртфиналето првиот светски рекет ќе се соочи со Маркета Вондрушова (Чешка). Пласман помеѓу осумте најдобри на женскиот дел од УС Опен досега изборија и ...
Германскиот министер за внатрешни работи Александер Добринт изјави дека засилените гранични контроли ја ограничиле нелегалната миграција откако новата влада стапи на должност во мај. – Од 8 мај досега спречивме 12.000 нелегални преминувања, рече Добринт за јавната телевизија АРД, додавајќи дека меѓу нив има околу 660 лица кои барале азил. Германија на 8 мај ги засили претходните повремени проверки на своите надворешни граници по наредба на ...
Вакцините се витална алатка што спасува милиони животи секоја година. Загрижувачки е што владата на Соединетите Американски Држави сака да го намали финансирањето за клучната организација што спасува животи во светот преку имунизација, а во услови на дебати за безбедноста на вакцините, светот бележи зголемување на случаите на сипаници. Политиката околу пандемијата на КОВИД-19 доведе до зголемено отфрлање на вакцините, а таа промена придонесе за ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека „разбирањето“ постигнато со американскиот претседател Доналд Трамп на нивната средба минатиот месец во Алјаска отвора пат кон мир во Украина. Путин ова го истакна на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Кина, каде што учествуваат и индискиот премиер Нарендра Моди, како и лидери од Централна Азија, Блискиот Исток и Јужна и Југоисточна Азија. – Високо ги цениме напорите и ...
Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата. Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој конечно ќе почне да се применува согласно европските стандарди, информираше ...
Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан доцна синоќа, при што загинаа над 250 лица, а околу 500 се повредени, соопшти Министерството за информации на Авганистан за агенцијата Анадолија. Според Геолошкиот завод на САД (USGS), земјотресот бил регистриран во 19:17 часот по Гринич, на 27 километри источно-североисточно од Џалалабад, на длабочина од 8 километри. Официјален претставник на Министерството ...
Процесот на проширување на ЕУ ќе биде главна тема на неформалната средба на министрите за европски прашања на 27-те земји членки на ЕУ и нивните колеги од државите од Западниот Балкан, Молдавија, Турција и Украина што денеска и утре ќе се одржи во Копенхаген. Според најавата на Данското претседателство со ЕУ, главниот фокус на средбата ќе биде ставен на различните аспекти на проширувањето на Европската Унија под наслов „Од Копенхаген преку ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска на Самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во кинескиот мегалополис Тиенџин изјави дека „обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се една од причините за украинската криза“. Путин нагласи дека кризата во Украина не произлегла од „инвазија“, туку како резултат на државен удар во Киев, поддржан од западните сојузници на Украина. Тој додаде дека ги цени напорите на Кина и Индија за ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по повод собирите организирани синоќа од граѓани низ државата против блокадите, изјави дека најголемата вредност на Србија е нејзиниот народ и затоа мора да се води дијалог. „Најголемата вредност на Србија е нејзиниот народ. Затоа мора да разговараме, да водиме дијалог. Обединети, можеме се“, рече Вучиќ на Инстаграм профилот со видео од граѓани на митинзи против блокадите. Низ градови во Србија синоќа ...
Денеска се навршуваат 10 месеци од уривањето на бетонската настрешницата на влезот на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 16 лица. Според локалните медиуми, собири на граѓани повикаа на присуство на железничката станица и оддавање почит со 16 минути молчење во 11:52 часот, кога се урна настрешницата. По истиот повод, но од 19 часот, средношколците ги повикаа граѓаните да се соберат на кампусот на Универзитетот во Нови Сад. Нивниот ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени Целзиусови. Според најавите ...
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за социјална политика, демографија и млади, а две седници ќе одржи и Законодавно-правната комисија, пред утрешната 67. пленарна седница, прва по официјалното завршување на годишиот одмор на пратениците. На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог на закон за задолжување на ...
Училишното ѕвонче денеска ќе го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата се уште доставуваат бројки. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните ...
На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои се закажани за 19 октомври. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за членови на советот потписи се собираа во 11 општини за вкупно 12 листи. Потписи за градоначалници се собираат во Македонска Каменица (двајца кандидати), Куманово, ...
По барање на Противпожарната бригада на Град Скопје, заради пожарот кај Вардариште, превентивно беше исклучен далекуводот што ги снабдува трафостаниците „Аеродром” и „Исток”, информираат од Електродистрибуција. Оваа мерка, како што велат, е преземена од безбедносни причини, со цел да се овозможи гаснење на пожарот и да се спречат поголеми дефекти на мрежа. -Нашите екипи се веќе на терен и се подготвени да интервенираат, но чекаат официјално ...
Заклучно со 18:00 часот, на територијата на државава има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а осум се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Македонски Брод во Повеќенаменското подрачје Јасен каде гори мешана шума, во Општина Кавадарци кај селото Фариш каде повторно е потпалена ниска вегетација и во Општина Гази Баба кај поранешната депонија Вардариште каде гори ѓубриште, инфорира Центарот за ...
Пограничната полиција од Корча му помогна на македонски параглајдерист кого го зафатило вчерашното големо невреме и го однело на албанска територија. Полицијата веднаш по дојавата реагирала брзо и професионално, го локализирала и спасила. Според соопштението на Дирекција за миграција и граница од Корча, настанот се случил вчера. -По добиената информација од капетанијата во Свети Наум, Северна Македонија, дека параглајдерист полетал и како ...
Пожарот кај поранешната депонија Вардариште е ставен под контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Како што велат, за кратко време постепено ќе биде вклучена електричната енергија во деловите од градот каде што беше исклучена од превентивни причини. Претходно од Електродистрибуција информираа дека на барање на Противпожарната бригада на Град Скопје, заради пожарот кај Вардариште, превентивно беше исклучен далекуводот што ги ...
УЕФА објави дека терминот за почеток на финалето ќе биде поместен од 21:00 на 18:00 часот, почнувајќи од оваа сезона. Финалето на Лигата на шампионите оваа сезона ќе се игра на 30 мај следната година во Будимпешта, а УЕФА верува дека поместувањето на почетокот на натпреварот за три часа порано ќе го подобри искуството за навивачите и играчите, а воедно ќе им овозможи на градовите домаќини да заработат повеќе пари и ќе ја оптимизира логистиката ...
Дискусиите за пократка работна недела, кои веќе се тестираат во некои делови од Европа, наидуваат на силен отпор во Бугарија, а идејата за скратување на работната недела на четири дена е силно спротивставена од организациите на работодавачи, пренесува денес БТА. Дебатата беше предизвикана откако Грција воведе нацрт-закон со кој ќе им се овозможи на родителите да работат четири дена, но со продолжени смени од десет часа наместо стандардните осум. ...
Украинската армија ги опколи руските сили во близина на Добропиљ, соопшти портпаролот на армијата, Виктор Трехубов. – Руските единици што напредуваа кон Добропиљ беа отсечени и опколени – рече тој. Добропиљ, град во регионот Донецк во Украина, се наоѓа во областа Покровск, каде што моментално се водат најжестоките битки. Според некои проценки, Русија концентрирала повеќе од 110.000 војници за да го освои Покровск. ‼️‼️‼️🇺🇦⚔️🇷🇺 Confirmed! On ...