Возило за транспорт на пари, во кое имало два милиони евра државни пари, било ограбено вчера попладнево во близина на Рашка, а пронајдено е во близина на Нови Пазар, јавија белградски медиуми. Ограбувачите биле маскирани и вооружени, го пресретнале возилото што ги транспортирало парите, насилно го одзеле и избегале. Во тој инцидент нема повредени, а според неофицијални информации на белградски медиуми, во возилото имало околу 2 милиони евра. ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне расправата за Предлог-буџетот за 2026 година, во второ читање, на која ќе ги разгледува поднесените над 200 амандмани. Во текот на општата расправа, која заврши вчера, пратениците од владејачкото мнозинство изнесоа ставови дека предложениот буџет е реален и развоен со индикатори базирани на подобрување на економскиот раст и силна реализација на проектите и приходите. Со ...

Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на квадратен метар за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 километри на час) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 11, а максималните ќе достигнат од 13 до 18 степени. Во Скопје ќе ...

Редовни советодавни денови меѓу претставници на Фондот на ПИОМ и Германскиот носител за пензиско осигурување ќе се одржат денеска и утре во Скопје. Како што соошти ПИОМ, во рамките на советодавните денови граѓаните ќе имаат можност да добијат совети за нивните права од пензиското и инвалидското осигурување кои произлегуваат со примената на Договорот за социјално осигурување склучен меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Сојузна ...

На американскиот глумец Том Круз синоќа му беше врачен почесен „Оскар“, на свеченото доделување во театарот „Долби“ во Холивуд (Лос Анџелес). Се работи за познатите „Гувернерски награди“, па синоќа, 63-годишниот актер се качи на сцената со музиката од филмот „Невозможна мисија“ во позадина, и со голем аплауз од неговите колеги. Во текот на вечерта, почесни „Оскари“ им беа доделени и на глумицата Деби Ален, сценскиот дизајнер Вин Томас и ...

Велика Британија денеска соопшти дека во иднина статусот -бегалец ќе биде привремен и дека ќе се забрза депортирањето на луѓето кои нелегално влегуваат во земјата, додавајќи дека одредбата за забрана на тортура, за која се тврди дека се користи „премногу широко“ при оспорување на депортациите, исто така, ќе биде ревидирана. Британската министерка за внатрешни работи Шабана Махмуд презентираше промени во толкувањето на Европската конвенција за ...

Мајка и две мали деца починаа, а таткото е на интензивна нега. Кобна судбина снајде едно турско семејство од Хамбург во хотел во Истанбул. Првично сомнежот бил дека станува збор за труење од расипани полнети школки, популарна улична храна во турската метропола. Но, сега повеќето медиуми пишуваат за нелегални инсектициди што се користат во хотелот во кој биле сместени, објави Дојче Веле. Оваа теорија е поткрепена и од фактот дека неколку други ...

На 16.11.2025, по претходно добиени оперативни сознанија, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции и Одделот за криминалистичка полиција, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал, ...

Жителите на Појасот Газа кои беа префрлени во Јужна Африка тврдат дека морале да платат 2.000 долари по лице за да ги извлечат своите семејства од опустошената палестинска енклава. Двајца жители на Газа потврдија за британските медиуми дека биле меѓу групата од 130 Палестинци на кои минатата недела им бил дозволен влез од Јужна Африка откако биле евакуирани со автобус од Појасот Газа и пристигнале со авион во Јоханесбург по слетувањето во ...

Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Пехчево денеска реализираше две интервенции на територијата на општината, соопштија од друштвото. Првата интервенција, како што информираат пехчевските пожарникари, била во селото Чифлик, по добиен повик околу 15 часот. -На терен интервенираа тројца пожарникари со едно возило, при што пожарот беше локализиран и спречено е неговото ширење, информираа од ДПД Пехчево. Втората интервенција се случила околу ...

Поради силен јужен ветер што го зафати скопскиот регион, два авиона се пренасочени да слетаат на приштинскиот аеродром, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување. Од ДЗС информираат дека два други авиона сѐ уште кружат и чекаат инструкции за слетување на Меѓународниот аеродром Скопје. Надлежните ја следат состојбата и апелираат патниците да ги следат информациите од авиопревозниците и од аеродромските служби. Според информациите од ...

Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“ објави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче повикувајќи ги сите пратеници да ги поддржат. „Пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе поднесат предлог до Собранието за ...

Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“, објави вечерва претседателот на СДСМ Венко Филипче на својот Фејсбук профил. Филипче соопштува дека на денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оцениле дека ова се неопходни чекори. – Пратениците на СДСМ и ...

Дали Вреди ќе добие еден член повеќе или ќе остане со шестмина во Владата, е дел од преговорите меѓу владините партнери, вели министерот за здравство Азир Алиу вечерва во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. На прашање за можна ротација на ресори, Алиу додава дека одлуката ќе зависи од лидерите на политичките партии. Прашан можно ли е Беким Сали да биде нов ресорен министер, на пример, за европски прашања, на местото на Орхан Муртезани, и од ...

Под мотото „Протестирам, за семејството, за економијата, за демократијата” албанската опозиција вечерва го одржа првиот, од серијата најавени протести, секој понеделник, за “уривање на нарко режимот”. Протестот се одржа пред владата, во чие обезбедување беа ангажирани голем број полициски службеници а вратите на објектот беа заштитени со метални решетки. Прв говорник, пред поголем број присутни беше лидерот на Демократската партија, Сали ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја отфрли опцијата да управува со малцинска влада поради тензиите во неговата конзервативна партија околу предлозите за пензиска реформа, објави ДПА. „Според мене, не доаѓа предвид да преземеме таков чекор. Дали некој верува дека во сегашниот Бундестаг ќе можеме да работиме со променливи мнозинства и дека ќе направиме некаква разумна законодавна работа?“, рече Мерц на економска конференција во Берлин. ...

На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука да започне постапка за исклучување од членство член на Советот на општина Карпош, заради непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ и работење спротивно на интересите на партијата. Советникот гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош спротивно на партиските одлуки и ставови. Согласно Статутот на СДСМ, непочитување на одлуките, работење и гласање спротивно на интересите ...

Виши суд во Белград денеска објави дека е повторно потврдено обвинението на Специјалното одделение за сузбивање корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград против раководителот на Српската железничка инфраструктура и двајца членови на Комисијата за технички преглед на железничката станица во Нови Сад. Во соопштението за медиумите, судот потсетува дека обвинението првично било потврдено на 17 април, но дека Апелациониот суд ја ...

Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад пред собранието на Србија во Белград што траеше 16 денови. „Кога реков дека се оградувам од студентите и граѓаните, ме разбраа погрешно. Се оградив за никој да не штрајкува со мене. Ќе ги повикам студентите и граѓаните на состанок за да се договориме, добив благослов од двајца свештеници да го прекинам штрајкот, од медицинските работници, од децата повик да го прекинам штрајкот со глад. И ...

Во близина на крстосница за село Мамутчево, на експресниот пат Лозово – Велес, вчера, околу пладне, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 45- годишниот М.Ј. од Штип додека управувал моторно возило марка „бентли“ со скоро два пати поголема од дозволената брзина, информира попладнево портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска. Таа појасни дека при контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека ...

Британската Би-Би-Си ќе се спротивстави на каква било правна постапка што ќе ја покрене Доналд Трамп против неа, им изјави директорот на јавниот радиодифузен сервис во петокот на своите вработени, додавајќи дека нема основа за тужба за клевета поради начинот на кој е монтиран еден од говорите на американскиот претседател. Трамп во петокот изјави дека веројатно ќе ја тужи Би-Би-Си оваа недела за отштета до пет милијарди долари откако ...

Обилните дождови во последните денови во Горишко, Словенија, предизвикуваат се повеќе проблеми – поплави, одрони и оштетена инфраструктура. Многу објекти се поплавени, а на повеќе локации се активирани одрони. Најтешко е погодено подрачјето на Горишките брда, но проблеми имаат и општините Канал об Сочи и Толминско. Командантот на регионалниот штаб за цивилна заштита за Северна Приморска, Сама Космача, изјави дека за време на ноќта надојдени ...

Институциите при Министерството за финансии ги почнаа контролите на ИПАРД 2 и ќе се воведат контролни механизми за да се зајакне процесот, изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски кој денеска беше во Тутунскиот комбинат Прилеп пред почетокот на откупот на тутунот. Владата, посочи, е таа што ги стопира средствата од ИПАРД 3 програмата и таа ќе ја симне блокадата откако ќе завршат проверките. Трипуноски не може да прецизира до кога ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 75,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77,5, ...

Новиот директор на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески денеска официјално ја презел функцијата од неговата претходничка Наташа Котлар-Трајкова. Од Државниот архив информираат дека за директорот Богески, оваа функција не претставува привилегија, туку обврска – со јасна цел работата на Архивот да биде транспарентна, отворена, отчетна и достапна за сите граѓани. Тој упатил благодарност до досегашната директорка, за нејзиниот ...

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала денеска беше почувствуван во североисточниот дел од земјава, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. -Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска во 15 часот и 48 минути регистрира земјотрес со епицентар во пограничното подрачје кај Благоевград, на околу 124 километри југоисточно од ...

Во Основен кривичен суд Скопје денеска во врска со случајот „Онкологија“, пред Судот сведочеа двајца лекари специјалисти и застапници на оштетени пациенти. Даниела Попоска, онколог и радиотерапевт, која долги години работела на клиниката, појаснуваше во врска со тоа со кои лекови може да се комбинира лекот палбоциклит. Таа посочи дека тој не се комбинира со хемотерапија или бевацизумаб, туку со хормонска терапија како анастерзол или ...

Сопствениците на најбројните бензински пумпи во Србија, по Нафтената индустрија на Србија (НИС), денеска објавија дека ќе има доволно гориво до 1 декември, а потоа, доколку рафинеријата во Панчево, што работи како дел од НИС, престане да преработува нафта поради санкции, снабдувањето на потрошувачите ќе биде неизвесно. НИС, како што изјавија за Бета, објавија дека доколку протокот на сурова нафта не се обезбеди до тој датум, ќе ја прекинат ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, 24-кратен шампион на Гренд слем и поранешен светски број 1, ја заврши сезоната во топ 4 на АТП ранг-листата по 16-ти пат во својата кариера. На крајот од 2025 година, Ѓоковиќ ја задржа својата четврта позиција на светската ранг-листа и постави нов рекорд за најмногу сезони во топ 4. Овој рекорд претходно му припаѓаше на Швајцарецот Роџер Федерер (15 сезони во топ 4). Оваа сезона, Ѓоковиќ стигна до полуфиналето ...

Советот на ЕУ денеска во крајна инстанца ги одобри измените на Регулативата за механизмот за суспензија на безвизниот режим за граѓаните на трети земји на кои не им е потребна виза кога патуваат во Шенген зоната, со што на Унијата ќе и се овозможи побрза и поенергична реакција во ситуации на злоупотреба на ваквиот режим или ако тој им штети на нејзините интереси. Со измените на ЕУ и се овозможува суспензија на безвизниот режим за трета земја, ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
61%
1016
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
3.6
57%
1019
weather icon

Загреб

10ᴼ / 3ᴼ
2.57
49%
1021
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
5.14
54%
1019
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
4.8
69%
1021
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.89
60%
1021
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
6.26
75%
1009
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
43%
1013
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
64%
1020
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
3.58
51%
1023
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
9.77
76%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.436

Currency

71.3483

Currency

37.9704

Currency

39.0187

Currency

68.0212

Currency

7.75501

Currency

0.64828

Currency

0.33649

Currency

0.52492

Currency

1.20794

Currency

0.57779

Алуминиум

3.36

Паладиум

50058.71

Платина

66937.85

Сребро

2840.84

Бакар

11.49

Цинк

3.19

Иридиум

258288.78

Злато

166450.52

Калај

47.03

Кобалт

66.14

Рутениум

56199.51

Родиум

366518.51