Студентите во блокада на Универзитетот во Белград најавија за денеска попладне протест под мотото – „Индексот е посилен од пендрекот“. „Се запира в понеделник. Се гледаме“, порачаа студентите. На социјалните мрежи, студентите објавија дека протестот почнува во 14 часот. Тие објавија и илустрација од планот на протестот – првата точка е зградата на Владата на Србија, потоа Палатата на правдата, зградата на Одделот за обезбедување одредени лица и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска и утре одделно ќе пристигнат некои европски лидери во САД за разговори околу можностите за прекин на војната меѓу Русија и Украина. По враќањето од финалето на Отвореното првенство на САД во тенис во Њујорк, Трамп пред новинарите соопшти дека наскоро повторно ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин. „Некои европски лидери пристигнуваат во нашата земја в понеделник или вторник, ...

Европскиот првак ПСЖ упати писмо со жестока реакција по повредите на негови играчи Усама Дембеле и Дезире Дуе, воедно и француски репрезентативци. Двајцата на натпреварот во Вроцлав против Украина одиграа по едно полувреме. Двајцата со болки го напуштиле стадионот по натпреварот, а првите процени се дека нивното отсуство од теренот ќе биде меѓу четири до шест недели. Дембеле најверојатно ќе отсуствува од натпреварите шест недели поради повреда ...

Официјална изјава на Макпрогрес доо Виница Во текот на вчерашниот ден околу 18:30 часот избувна голем пожар во кој во целост изгоре еден производен погон со три модерни софистицирани автоматизирани линии за производство на наполитанки, вафел барови и тортички, заедно со два магацини од кои еден за суровини и еден за готови производи во нашата главна кондиторска фабрика Винчини во Виница. Вчерашниот ден беше еден од најтешките денови кои сме ги ...

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го совлада Лихтенштајн со 5:0. Со новите три бодови македонскиот национален тим се врати на првата позиција на табелата во групата Ј од квалификациите за СП 2026. Македонските репрезентативци беа расположени за игра, а серијата голови ја отвори Ељиф Елмас откако мина пет противнички играчи. Официјално голот е запишан како автогол на голманот на Лихтенштајн Бенџамин Бухел во 15.минута. На ...

Оваа освежителна торта од малини се прави без печење и е готова за помалку од половина час. Лесна е, кремаста и совршена за лето – особено кога сакате сладок залак без да ја вклучите рерната. Состојки: 300 г мелени плазма бисквити или пети бер бисквити 100 г путер 3 лажици млеко За филот: 500 мл слатка павлака 300 г крем сирење (или маскарпоне) 100 г шеќер во прав (или по вкус) 1 кесичка ванилин шеќер 250-300 г свежи или замрзнати малини 1 ...

Повеќе од половина од вработените во Германија, односно 53 проценти, изјавиле дека би сакале да работат помалку часови неделно, 40 проценти од испитаниците посочиле дека се задоволни од моменталниот број на работни часови, додека само седум проценти посочиле дека би сакале да работат повеќе, според резултатите од анкетата објавена од Германската конфедерација на синдикати (DGB). Истражувањето е спроведено од јануари до мај, а 4.018 вработени ...

За оние кои не можат да бидат на диета долго време, препорачуваме брза диета со домати, која гарантирано ќе донесе успех. Оваа диета трае само шест дена и за тоа време можете да изгубите пет килограми. Покрај тоа, ќе го ослободи вашето тело од токсини. Диетата базирана на домати е многу едноставна – четири оброци на ден, многу вода, дозволено е кафе без шеќер, дозволени се и чаеви без шеќер, леб (30 грама) е дозволен само за појадок. Можете да ...

Лесен, здрав и вкусен оброк без млеко, јајца и квасец, посната пита со спанаќ и компири е идеална за време на постот или кога сакате нешто едноставно и хранливо. Кога ви е потребен брз оброк што ќе ја стопли душата и желудникот, оваа пита е вистинскиот избор. Комбинацијата од сочен спанаќ, рендан компир и крцкава кора направена од домашно тесто без квасец го прави совршен и за искусни диететичари и за оние што штотуку влегуваат во светот на ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 42-годишен скопјанец за кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“. Во станот во кој престојувал осомничениот на улицата „Матеја Матевски” во Скопје полицијата пронашла 14,2 грама амфетамин, околу 8 грама кокаин, помали количества ...

Илјадници вработени во лондонското метро денеска почнаа серија штрајкови поради платите и условите за работа, а синдикатот за железница, поморство и транспорт соопшти дека членовите, вклучувајќи ги машиновозачите, сигналистите и работниците за одржување, ќе учествуваат во штрајкови во различни периоди до четврток. Транзитниот оператор „Транспорт за Лондон“ објави дека од имало прекин во системот за испорака на услуги и дека се очекува малку или ...

Нешто помалку од половина од Французите ги поддржуваат масовните блокади што движењето „10 септември“ ги најави за тој датум низ целата земја, според најновата анкета, чии резултати денеска ги објавуваат француските медиуми. Според податоците од анкетата, 46 проценти од Французите го поддржале повикот земјата да биде блокирана на 10 септември, додека 28 проценти од испитаниците биле против тоа, а 26 проценти од нив биле рамнодушни кон прашањето, ...

Само во текот на август во Албанија запленет е имот, во вредност од 26,5 милиони евра, стекнат од криминални активности, стои во месечниот биланс на државна полиција. Во исто време запленети се и 6,2 милиони евра во готово, од банкарски сметки на осомничени, како и непријавени средства главно при влез во земјата. „Во август спроведени се 90 полициски операции во кои беа уапсени 664 лица, од кои 61 лице барано со потерница. При претреси беа ...

Денеска, кога се слави традиционалниот „Тиквешки гроздобер“, манифестација која потсетува на важноста на лозарството и винарството, за нашите лозари е ден на разочараност и неизвесност. Лозарите се оставени сами да се борат и со винариите и со државата, рече во изјава за медиумите, Трајан Димковски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство И по една недела, нема никаков одговор од владејачкото мнозинство во Собранието, ...

Црните гоџи бобинки се познати по своите лековити својства, а исто така немаат речиси никаква конкуренција, што ја прави оваа семејна стаклена градина исклучителна. Повеќето луѓе ги познаваат гоџи бобинките по нивната црвена боја и ориентално потекло, но во стаклена градина на периферијата на Нови Пазар, расте црна верзија на растението, која е многу поретка и како што тврдат одгледувачите, многу помоќна за здравјето. Семејството Скендеровиќ – ...

Пожарот над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора е ставен под контрола, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување. Досега не е зафатен ниту еден објект и нема опасност по објектите. Во гаснењето учествуваа пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и тим од Дирекцијата за заштита и спасување, а се делуваше и од воздух со два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер. Пожарот изби попладнево, а чадот се гледаше од ...

Целосното затемнување на Месечината што треба да се случи вечерва ќе може да се набљудува од плоштадот „Македонија“. Од Скопското астрономско друштво најавуваат дека ќе постават два телескопа. Редок феномен – целосно затемнување на Месечината, ќе може да се набљудува и од нашата држава. Се разбира, ова ќе може да се види само доколку времето биде ведро и без многу облаци. Гледано од Скопје, нема да се види помрачувањето во целост, туку неговиот ...

Приведен е 18-годишен скопјанец кој пред угостителски објект во Скопје учествувал во две одделни тепачки, а во едната извадил и пиштол, но бил совладан од обезбедувањето на објектот по што му бил одземен пиштолот. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 18-годишниот М.К. е приведен синоќа 20 минути по полноќ. – Според пријавеното, пред угостителскиот објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и М.З.(20) ...

Членови на семејството на американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Помладиот денеска го повикаа да поднесе оставка по контроверзното сослушување во Конгресот оваа недела. Неговата сестра Кери Кенеди и неговиот внук, поранешниот конгресмен Џозеф П. Кенеди Трети, ги осудија неговите ставови за вакцините против Ковид-19 и одлуката да отпушти високи здравствени службеници. – Роберт Ф. Кенеди Помладиот е закана за здравјето и ...

Колумбискиот министер за одбрана Педро Санчез изјави дека неговата земја е „целосно решена“ да се бори против шверцот на дрога. Колумбија се соочува со закана од Вашингтон дека може да биде ставена на американскиот список со санкции доколку не успее да го спречи извозот на кокаин. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп треба до 15 септември да одлучи дали ќе и го одземе на Колумбија статусот на „сојузник“ во борбата на САД ...

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се извади од кашата во која самите се ставија, откако се заиграа со измислени шпионски афери за да дефокусираат од сопствената неспособност, рече на прес конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Случајот со АНБ која сакаа да го претстават како афера очигледно со месеци го спремале за пред избори и требаше да биде некакво оружје против СДСМ, но им пукна како бомба во раката. Им порачуваме јасно и ...

Контролорите на летови во Франција наскоро ќе мора да се регистрираат биометриски кога ќе почнат да работат, што е „безбедносен“ услов, објави денеска Министерството за транспорт на земјата. Во соопштението се наведува дека декретот „со кој се одобрува воведување на автоматизирана обработка на лични податоци под името SPS, за „Систем за верификација на присуство на лице место“ за контролори на летови“, е објавен денеска во Службениот весник на ...

На 06.09.2025 во 18:10 часот во Скопје, во близина на гробиштата Бутел, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје. При сообраќајна контрола во Скопје, полициските служебници дале знак за запирање на мотоцикл, кој го управувал малолетникот, но тој не застанал и се дал во бегство. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, малолетникот е запрен и лишен од слобода, а при извршен ...

Папата Лав Четиринаесетти го прогласи 15-годишниот компјутерски гениј за прв светец на Католичката црква од т.н. Милениум генерација давајќи ѝ на следната генерација католици пример за некој што користи технологија за ширење на верата. Папата го канонизираше Карло Акутис, кој почина во 2006 година, за време на миса на плоштадот „Свети Петар“ на која присуствуваа десетици илјади луѓе, многу од нив од таа генерација и парови со мали деца. На ...

Подрачјето на Сјеница (270 км југозападно од Белград) беше погодено од земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, што е втор најсилен земјотрес за само два дена во тоa подрачје. Земјотресот е регистриран во 13:39 часот на длабочина од 5 километри, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод na Србија. Само пред два дена, земјотрес со јачина од 4,4 степени беше регистриран исто така во близина на Сјеница. Околу дваесет минути по ...

Во текот на изминатата деценија, дознаките на албанските иселеници достигнале 7,7 милијарди евра, исто колку што е државниот буџет за една година. -Најновите податоци од Централна банка на Албанија потврдуваат дека зависноста на 30% од албанските семејства останува висока, бидејќи иселениците испраќаат околу 90 милиони евра секој месец преку официјални канали, објави eurobews.al. Во најновата студија на Централната банка се наведува дека ...

Командантот на српската Специјална антитерористичка единица (САЈ), Спасоје Вулевиќ, потврди дека е разрешен од функцијата и дека се пензионира по сопствено барање. Вулевиќ за агенцијата Бета изјави дека во четвртокот е донесена нова систематизација на работни места и дека во петокот бил информиран дека повеќе на него не се смета да биде командант, бидејќи не е под контрола на Александар Вучиќ. „По завршувањето на военото средно училиште и ...

На денешната седница на Главниот одбор, Движењето Самоопределување (ПС) го предложи својот лидер Албин Курти за премиер на Косово. Првиот потпретседател на тоа движење, Гљаук Коњуфца, рече дека оваа година виделе „најопасен обид за оспорување“ на изборниот резултат. „Прашањето за формирање на Собранието е чин на изразување на волјата на народот како изборен резултат. Да се биде против формирањето на институциите е исто како да се биде против ...

На болничко лекување во моментов во кочанската Општа болница се наоѓаат четири лица повредени во пожарот во “Макпрогрес” што изби синоќа во Виница, информира за МИА в.д. директорката Катерина Паниќ Мирчовска. -Четворицата се со полесни изгореници на долните екстремитети. Пожарникари се и нивната состојба е стабилна, рече таа. Според Паниќ – Мирчовска врз повредени во пожарот во фабриката за кондиторски производи кои беа донесени во болницата, ...

Изложба на олдтајмери се реализира денеска во центарот на Кавадарци, во рамките на тридневната стопанско – туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“, во организација на кавадаречката локална самоуправа. Кирил Димитров Урошев, претставник на авто – мото клубот што ја реализира изложбата, појасни за МИА дека досега биле пријавени 67 автомобили од разни краеви на државата, а во текот на денот, бројката на изложени примероци, можела и ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
62%
1028
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
71%
1027
weather icon

Загреб

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
80%
1030
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
71%
1027
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.94
76%
1025
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.03
95%
1030
weather icon

Атина

20ᴼ / 19ᴼ
5.14
49%
1022
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1023
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
48%
1026
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
4.02
77%
1022
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
2.68
79%
1026
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
82%
1023
Currency

61.6217

Currency

53.013

Currency

70.7967

Currency

34.3259

Currency

37.8165

Currency

66.0719

Currency

7.45118

Currency

0.65636

Currency

0.3488

Currency

0.526

Currency

1.27085

Currency

0.59728