
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Принцот Вилијам и принцезата Кетрин – Кејт Мидлтон ги предводеа кралските почести по повод третата годишнина од смртта на кралицата Елизабета Втора на 8 септември. Елизабета, најдолговечниот монарх во Велика Британија, почина на 96 години на 8. 9. 2022, во замокот Балморал – нејзиното летно одморалиште во Шкотска. За одбележувањето на годишнината, принцот Вилијам и Кејт го посетија Женскиот институт (ЖИ), којшто ѝ бил „близок до срцето“ на ...
Сфатив дека тие сослушувања се театар и тие не се вид на дебата или отворен разговор што демократијата би ни го дала. А патем, сите тие сенатори земаат стотици илјади долари, вклучувајќи во некои случаи милиони долари, од фармацевтската индустрија. Затоа, тие не сакаат да ги чујат одговорите на прашањата што ми ги поставуваат, изјави американскиот сенатор за здравство Роберт Кенеди по баражниот оган со кој се соочи пред неколку дена при ...
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести –ЦДЦ (CDC) издаде предупредување за безбедност на храната поради епидемијата на салмонела за која велат дека е поврзана со готовите оброци на „Metabolic Meals“. „ЦДЦ и здравствените власти во неколку држави истражуваат епидемија на инфекции со салмонела поврзани со одредени готови оброци обезбедени од „Metabolic Meals“, се наведува во соопштението објавено од Еј-Би-Си Њуз. Според ЦДЦ, до ...
Во текот на изминатото деноноќие на територија на цела држава биле регистрирани 33 пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се под контрола, а 29 се изгаснати. Активни пожари има во село Никуштак, општина Липково и на територија на општина Студеничани, кај селата Варвара и Драчевица, каде е зафатена мешана шума и ниска вегетација. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола се ставени пожарите во општина ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска е во еднодневна работна посета на Франција. Во рамки на посетата, Филипче ќе одржи средба со пратеничката и потпретседателка на групата за пријателство Франција – Северна Македонија во француското Собрание, Лилиана Танги. Претседателот Филипче ќе одржи средба со шефот на Канцеларијата за соседство, проширување и одбрана при Генералниот секретаријат за европски ...
Ноќеска, околу 3 часот по полноќ, целосно изгоре автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе, претседател на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на Зоолошката градина. Возилото било паркирано пред зградата во која живее во општина Кисела Вода. Граѓани слушнале детонации од пукнати гуми, а противпожарна екипа брзо интервенирала и го изгаснала огнот. Галетановски го потврди настанот. Галетановски истакна дека нема конфликт со никого, ...
СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи. Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да ...
Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени беше регистриран 27 минути по полноќ во јужниот дел на грчкиот остров Евија, а беше почувствуван во целиот дел на областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците на Геодинамичкиот институт во Атина, епицентарот бил на пет километри северозападно од местото Неа Стира на Евија на длабочина од 13,6 километри. Земјотресот пропратен со силен звук беше почувствуван во целата област Атика, ...
Членовите на Европскиот парламент ќе разговараат за употребата на сила против српските демонстранти на пленарната седница во Стразбур денеска додека на маргините на сесијата ќе се одржат панел-дискусија за состојбата на демократијата во Србија и прес-конференција на Европската зелена партија за ситуацијата во таа земја. Дебатата на пленарната седница, на тема „Бран на насилство и континуираната употреба на сила против демонстрантите во Србија“, ...
Владата на САД вчера објави операција за спроведување на имиграцијата во Чикаго, интензивирајќи го својот судир со демократските лидери во американската држава Илиноис. Одделот за внатрешна безбедност (ДХС) на „X“ напиша дека „Операцијата Мидвеј Блиц“ ќе биде насочена кон „криминални нелегални странци“. Не даде детали за тоа како ќе се спроведуваат рациите. Градоначалникот на Чикаго, демократот Брендон Џонсон, напиша на „X“ дека градот не бил ...
Во извештајот по ревизијата,српската Државна ревизорска институција (ДРИ) оцени дека Градот Белград сериозно ја прекршил обврската за добро работење, поради што испрати барање до Собранието на Град Белград за разрешување на одговорното лице – градоначалникот Александар Шапиќ. По спроведувањето на ревизија на регуларноста на работењето на Градот Белград во делот поврзан со расходите за вработените за 2022 година, со директни и индиректни ...
Поранешната шефица на германската дипломатија, Аналена Бербок, денеска и официјално ќе ја преземе функцијата претседател на Генералното собрание на ОН, јави ДПА. На почетокот на 80-тата сесија на ГС на ОН во Њујорк таа го презеде раководењето со асамблејата од Филемон Јанг, поранешен премиер на Камерун. Бербок беше избрана на оваа едногодишна функција во јуни со огромно мнозинство, и покрај кампањата на Русија за да ја попречи нејзината ...
Август 2025 година беше третиот најтопол август досега во светот, со просечна температура од 16,60 степени Целзиусови, според службата за климатски промени на ЕУ, Коперникус. Месецот беше за 0,22 степени поладен од рекордните августи во 2023 и 2024 година, но 1,29 степени над прединдустриските нивоа. 12-месечниот период од септември 2024 до август 2025 година беше за 1,52 степени потопол од просекот од 1850 до 1900 година. -Југозападна Европа го ...
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека Појасот Газа ќе биде „срамнет со земја“ доколку Хамас не се предаде и не ги ослободи заложниците што ги држи 23 месеци. „Доколку терористите на Хамас не го положат оружјето и не ги ослободат сите заложници, тие ќе бидат уништени, а Газа ќе биде срамнета со земја“, наведе Кац денеска во објава на социјалната мрежа X. Израелските воздухопловни сили денес погодија неколку високи згради во ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 8 до 17, а максималните ќе достигнат од 27 до 34 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 16, а максималните ќе достигнат до 33 степени. В среда ќе се ...
Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември годинава да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Детали се очекуваат на денешната прес-конференција што ја најави Службата за општи и заеднички работи на Владата. Најавено е присуство на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик-претседателот на Владата ...
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески в петок ќе одржи состанок со ланците маркети, на кој ќе треба да се разговара каква форма на кампања ќе биде реализирана преку малопродажбата со цел засилена продажба на производите на Макпрогрес Виница. Како што информира Стопанската комора на Северна Македонија, идејата на ваквата заедничка обединета бизнис активност во организација на Комората е во насока на поддршка на ...
Астролозите најавуваат ден полн со динамика, емоции и предизвици. Некои знаци ќе бидат во центарот на вниманието и ќе имаат среќа во љубовта и работата, додека други треба да бидат претпазливи во комуникацијата и одлуките. Еве што ги очекува сите хороскопски знаци утре: Овен Ве очекува енергија која ќе ве турне кон нови почетоци. Внимавајте на импулсивноста – може да изгубите важна шанса ако реагирате пребрзо. Бик Ќе бидете во центарот на ...
Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 20:45 часот кај месноста Крива Круша, во близина на Пехчево. Несреќата се случила кога возилото се превртело и излетало од патот. Повреденото лице било извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица Берово, по што со брза интервенција е пренесено од екипа на Итна медицинска помош, потврди за МИА командирот на ТППЕ Берово Димитар Гошевски. Сообраќајот на овој ...
Беспилотни летала „AeroVironment RQ-20 Puma“, купени од САД се испорачани во Косово минатата недела, објави денеска министерот за одбрана на Косово во технички мандат, Ејуп Маќедонци. На социјалната мрежа Фејсбук, toj напиша дека Министерството за одбрана ги набавило тие беспилотни летала преку меѓудржавната програма и дека плаќањето за оваа набавка е извршено во 2021 година. „Леталата „Puma“, покрај другите беспилотни летала, претставуваат уште ...
Пет лица повредени во сообраќајката што се случи попладнево на магистралниот пат Гостивар – Кичево, се пренесени на скопските клиники, а едно е задржано во Болницата во Гостивар. Сите се надвор од животна опасност. Сообраќајот кој беше во прекин заради увид, од 18:30 часот е нормализирам и се одвива во двата правци без застој, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. Тој потврди дека во сè уште непознати околности, попладнево дошло до ...
Маж на возраст од 46 години попладнево се удавил во водите на Дебарско Езеро, во делот близу Општина Центар Жупа. -Во 16.05 часот, во ОВР Дебар е пријавено дека, во водите на Дебарско Езеро во близина на селото Папрадник, Општина Центар Жупа, било забележано безживотно машко тело. Од преземените мерки на терен, полициските службеници од ОВР Дебар, констатирале дека се работи за М.И.(46) од Скопје, информираа од полицијата. Увид на местото ...
До 20:00 часот, вечерва, на територијата на државата има вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои активни се два пожари, и исто толку се оод контрола, а изгаснати се 27 пожари. Активни се пожарите кај с. Никуштак Липковско, каде гори нискостеблеста деградирана шума и дабова шума, и во селата Варвара и Драчевица во Општина Студеничани каде е опожарена мешана шума и ниска вегетација. Под контрола се пожарите во Општина Берово во Дрџински рид, ...
Многу репрезентации за време на шампионатите најчесто имаат проблем со повреди на играчите, но германската кошаркарска репрезентација на Евробаскет 2025 има здравствени проблеми со селекторот. Шпанецот Алекс Мумбру имаше проблеми пред почетокот на првенството кога беше примен во болница. Репрезентацијата во тој период додека Германија играше во финскиот град Тампере ја водеше еден од неговите помошници Алан Ибрахимагиќ. Токму тој ќе биде ...
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид го одработи последниот тренинг пред утрешниот квалификациски натпревар против Италија. Противникот е фаворит во дуелот ќе се игра утре на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, со почеток од 18:15 часот. – Очекувам прекрасна атмосфера, полн стадион и победа на Македонија. Кога го носиме македонскиот дрес, императивот секогаш е победа. Респект за Италија, ...
Специјалниот претставник на ЕУ за спроведување санкции, Дејвид О’Саливан, пристигна во Вашингтон со делегација експерти за да разговара за понатамошни санкции против Русија со американски претставници, соопшти Европската комисија. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека е подготвен да премине на втора фаза од ограничувањата за Москва, а денес претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, изјави дека новите санкции се тесно ...
Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави дека воениот сојуз на Косовските безбедносни сили и Вооружените сили на Албанија, чие формирање го најавува Албин Курти, е директна закана за Србија и српскиот народ. „Тоа е оската на политиката на приштинскиот режим, која со секој потег и нов чекор кон формирање на таканаречената голема Албанија е насочена кон Белград“, нагласи Петковиќ во соопштение. Како што ...
Албанскиот претседател Бајрам Бегај, попладнево потпиша уредба, со која конститутивната седница на новиот парламент, што произлезе од изборите на 11 мај, ќе се одржи на 12 септември. „Албанија се наоѓа во историски момент на својот пат кон членство во Европската Унија. Во исполнувањето на овој голем приоритет, Собранието има чест и обврска да биде претставник на визијата и аспирациите на Албанците за европска Албанија, напиша Бегај во објавата ...
Швајцарските здравствени работници денеска започнаа штрајк со глад пред Парламентот поради војната во Појасот Газа, барајќи Берн да заземе покритичен став кон дејствијата на Израел во палестинската енклава. Швајцарија ги осуди некои израелски дејствија во конфликтот, како што е нападот врз болница минатиот месец, но се воздржа од преземање порешителни чекори што ги бараа демонстрантите, како што се воведување санкции врз Израел или признавање на ...
Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила. Како што соопшти МВР, сообраќајката како и бројот на повредени биле пријавени во ОВР Гостивар попладнево во 15:56 часот. -Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар сообраќајот се пренасочува по споредни локални патишта ...