Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Невремето проследено со обилни дождови и силен ветер, што ја зафати Албанија во последните денови, доведоа до поплавување куќи, евакуација на семејства и прекини во снабдувањто со електрична енергија во повеќе делови во земјата. Министертвото за одбрана соопшти дека поради поплавени домови евакирани се дваесеттина семејства во областа Тат, поради одрони блокирани се повеќе патни правци, а траектот кој сообраќа на релација Анкона – Валона ...
Екипите на јавните претпријатија и Водостопанство Битола од раните утрински часови се на терен поради интензивните врнежи што го зафатија регионот. Со механизација и работници се интервенира на сите критични точки со цел навремено справување со можните последици од обилните дождови. Според градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ситуацијата засега е стабилна, а активностите ќе продолжат во текот на целиот ден. Тој нагласи дека ...
Основниот кривичен суд Скопје на почетокот на денешното судење за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани одлучи постапката за овој предмет да се спои со постапката против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“. Во преполната судница во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки денеска започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Покрај обвинетите, присутни се и родни на 63 жртви ...
Две лица со автомобил заглавиле утрово во надојдената вода во село Стрновац во општина Старо Нагоричане поради излевањето на реката Пчиња и создавање на вирови, пожарникарите од општината ги извлекле. – Денеска во 07:35часот по повик од 112 дека има заглавени две лица до бањата во село Стрновац-Општина Старо Нагоричане, поради излевање на реката Пчиња, територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и ...
Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден запленија девизи кои српски државјанин имал намера нелегално да ги изнесе од државава, соопшти Царинската управа. Поради сомневање во изјавата која ја дал патникот дека нема што да пријави и дека со себе носи помалку од 1.000 евра, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото и притоа на ...
Во поројните дождови и свлечишта во изминатите три дена во Виетнам загинаа најмалку 15 лица, а 19 се повредени, соопштија денеска властите. Шест лица загинаа во централен Виетнам во понеделникот кога автобус беше зафатен од свлечиште и затрупан под земја и камења, соопшти Одделот за управување со брани и превенција од катастрофи на земјата. Речиси 20.000 куќи се поплавени, поради што илјадници луѓе мораа да се евакуираат. Нивото на водата ...
Штета на грчкиот државен здравствен фонд во висина од околу 12 милиони евра нанеле 32 лекари и 62 аптеки преку незаконско препишување рецепти, а изречени се казни од 98.500 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за обезбедување здравствени услуги (ЕОПИИ), односно грчкиот државен здравствен фонд соопштија дека на одржаниот состанок, меѓи другото, Управата за фармација ги презентирала резултатите од контролните ...
Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра. Целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, посочуваат од Министерството за финансии (МФ). -Спроведувањето на измените се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и ...
Во преполната судница во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки денеска започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Покрај обвинетите, присутни се и родни на 63 жртви кои го загубија животот во несреќата што се случи на 16 март, претсваници на обвинителството, на одбраната, новинари. Осум месеци по несреќата, на обвинителна клупа седнаа 38 обвинети од кои 35 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, е разочаран од убедливиот пораз (7:1) од Велс синоќа во последното коло од квалификацискиот циклус за СП 2026. По овој пораз жрепката за плејофот, изборен преку Лигата на нации, за пласман на Мундијалот ќе го чекаме од последниот, четврти барабан. – Далеку бевме од нашето вистинско издание, едноставно не бевме на потребното ниво. Потфрливме во многу аспекти, не личевме на ...
Белгискиот пратеник Винсент Ван Квикенборн од редовите на опозициската партија Отворени Фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) говори на четири продолженија на седницата на Комисијата за финансии на Претставничкиот дом, во вкупно време траење од 26 часа, во обид да го блокира усвојувањето на Предлог-законот за откривање измами. „Филибастерингот“ на Ван Квикенборн започна на комисиската седница на 21 октомври, по што продолжи на 5 ноември, ...
Кинескиот премиер Ли Чијанг вчера се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, објави денеска државната новинска агенција Синхуа. Ли Чијанг пред Путин истакнал дека решеноста и позицијата на Кина за развој на заемно корисна соработка со Русија се секогаш доследни. Кинескиот премиер на рускиот претседател му пренесе срдечни поздрави и најдобри желби од неговиот кинески колега, претседателот Си Џинпинг. Тој нагласи дека под ...
Американскиот Сенат едногласно го усвои законот, кој претходно го поддржа Конгресот, со кој му се налага на Министерството за правда да ги објави сите истражни досиеја за починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн. За наредбата да стапи во сила треба да биде потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно најави дека ќе го направи тоа. Претходно, во Конгресот со 427 гласа „за“ и еден „против“ од републиканецот Клеј Хигинс ...
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандамнската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Поднесени беа 203 амандмани, а неколку беа повлечени од предлагачите од ДУИ. Вчера беа одбиени неколку амандани, а прифатен амандман со којшто за пет милиони денари ќе се зголеми буџетот на Оперативно техничката агенција (ОТА) за нејзино доекипирање. Со Предлог-буџетот за 2026, економскиот раст е проектиран на 3,8 ...
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, одржа презентација и јавна расправа за „Правилата за регистрација на учество на пазарот на електрична енергија и уредување на пазарот на билатерални договори“. На настанот беше презентиран и Извештајот за работа на МЕМО за тековната година. На расправата присуствуваа претставници од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Регулаторната комисија за ...
Времето денеска се очекува да биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје, исто така, најавено е претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Се очекува да дува умерен југоисточен ветер. Температурата во главниот град на државата се очекува да се движи меѓу 9 и 14 степени ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе продолжи со спроведување на интервјуата на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Комисијата за селекција на кандидати денеска треба да ги интервјуира Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ, Феузи Џафери, додека вчера беа интервјуирани Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски, ...
Во Скопје денеска ќе се одржи Националната тркалезна маса за климатска и еколошка правда, во рамки на Проектот за климатска и еколошка правда на Западен Балкан, на која, според организаторите, ќе учествуваат претставници на правосудни институции, експерти од областа на животната средина, граѓански организации и меѓународни партнери во насока на унапредување на Националниот акциски план за еколошка правда. Главна тема на настанот ќе биде „Како ...
По осум месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска започнува судењето за пожарот што се случи на 16 март годинава и во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Првото рочиште е закажано за 9:30 часот во судницата на КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки и присуство на медицински тим. Обвинителниот акт беше поднесен на 13 јуни, а Кривичниот суд го одобри на 3 октомври. Случајот опфаќа 38 ...
Европската Унија не секогаш ги исполнуваше своите ветувања кон Албанија, но за нас тоа се претвори во еден вид благослов, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама. – Ги продолживме реформите затоа што ги направивме за нашата земја, а не за Брисел. Денес ЕУ останува наш отворен извор на знаење и работиме секој ден за да бидеме целосно подготвени кога ќе дојде вистинскиот момент за членство, изјави Рама на Форумот за проширување на ЕУ, што се ...
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не е задоволна од неговата работа и логичен слет на настани би било негова смена. -Кога разговараме и кога ви велам дека не сум задоволен лично јас, но и јавноста од работата на јавниот обвинител, тогаш логичен след на настани после така јавно искажан збор е негова смена, ...
Сè што треба да знаете за мандарините – што се тие, каков е нивниот нутритивен состав, какви здравствени придобивки носат и како правилно да ги складирате. Мандарините, клементините и портокалите имаат бројни здравствени придобивки бидејќи сите се варијации на ист вид овошје. Една мандарина содржи околу 50 калории. Ако застанете во делот од продавницата со свежо овошје, сигурно ќе наидете на неколку видови агруми, пишува Nova.rs. Нутритивен ...
Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, денеска изјави дека европските сојузници треба да заземат „поагресивен“ пристап кон Москва и да ги продолжат плановите за користење на имобилизираниот руски имот за финансирање на воените напори на Украина. Тој додаде дека тој потег би бил „значаен чекор“ во зајакнувањето на финансирањето на Киев „за неколку години“, економски и воено. – Но, мислам дека тоа исто така би укажало на нов чекор – ...
Шефицата на британската дипломатија, Ивет Купер, денеска изјави дека земјата ќе продолжи да споделува разузнавачки податоци со САД, и покрај предупредувањата дека може да биде соучесник во напади врз бродови за трговија со дрога во Карибите. „Имаме долгогодишни безбедносни и разузнавачки рамки, особено со нашите партнери од програмата „Пет очи“, но и пошироко. Тие рамки продолжуваат, па размената на разузнавачки податоци како дел од тие рамки ...
Брисел се соочува со големи проблеми, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, велејќи ѝ на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дека „ќе има што да каже“ во врска со нејзиното барање за дополнителни финансиски средства за Украина. Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, тој изјави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, испратила вонредно писмо до земјите-членки, барајќи дополнителни средства ...
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, петкратен освојувач на Златната топка, денес ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, објави „Мундо Депортиво“. Според шпанскиот спортски портал, Роналдо и претходно сакал да се сретне со 47-от американски претседател. Португалецот не ја посетил Америка од 2017 година, кога американската државјанка Кетрин Мајорга го обвини за силување во Лас Вегас. Сепак, во 2019 година, ...
Прилепската болница „Борка Талески“ потрошила средства без почитување на релевантната законска регулатива, особено во спроведувањето на јавните набавки со неправилности во благајничкото работење, односно при располагање со средствата во готово, утврдил Државниот завод за ревизија со ревизијата направена за 2024 година. Државниот завод во извештајот изразил неповолни мислења во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и ...
Премиерот Христијан Мицкоски во „Топ тема“ на Телма телевизија говорејќи на тема судство и обвинителство истакна дека судиите во земјава бараат судски буџет далеку над европскиот просек, дури 75% повеќе, но кои резултати ги покажаа судиите за да го добиваат тој буџет, и затоа не гледа причина за зголемување на таа сума. „Ако зборуваме за буџетот една анализа да презентирам за македонските граѓани. Ова е европски извештај. Буџетот кој ние како ...
Собирањето податоци од различни извори за сексуалната експлоатација и злоупотреба на децата се клучни за обликување подобри политики за превенција и спречување на ваквите појави и повикување на одговорност на сторителите на овие дела, порача генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе. – Многу држави се уште собираат само основни податоци за кривичната правда или не успеваат да ги користат соодветно. Фактите и бројките не смеат да ...
Партијата Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик ќе плати казна од 15.000 евра поради поттикнување омраза и навреди за Бошњаците на предизборен митинг. Поранешниот претседател на Република Српска, Додик, на предизборен митинг за предвремените претседателски избори во РС, ги спореди Бошњаците со „амеби“ и ги нарече „лажливи Турци“. – Никој не лаже полошо и повеќе од Турчин, рече Додик на 10 ноември и ги повика локалните ...