
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Албанскиот премиер Еди Рама на отворањето на Амбасадорската конференција „Diplo2025“ изјави дека Албанија е поблиску од кога било до членство во Европската Унија, опишувајќи го ова како историска цел за земјата. -Традиционалната Конференција на амбасадори, оваа година, се случува во историски момент за патувањето на Албанија кон ЕУ, кое треба да заврши во 2030 година. Имаме четири години во кои не треба да се губи ниту еден ден, кога времето не ...
Двајца полицајци се убиени, а еден е ранет во вооружен напад врз полициска станица во западниот турски град Измир, јави Анадолија. Шеснаесетгодишно лице отворило оган од пушка врз станица во населбата Балчова. Ранетиот полицаец е пренесен во болница. Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерлијака, соопшти на социјалните мрежи дека напаѓачот е уапсен. Министерот за правда Јилмаз Тунч информираше дека локалното обвинителство покренало ...
Претседателот на унгарската Влада Виктор Орбан ги окарактеризира изборите во Унгарија во 2026 година како клучен избор меѓу независната позиција на неговата партија и алтернатива која би ја приближила Унгарија повеќе кон Европската Унија, што, според него, би резултирало со „хаос и сиромаштија“. Орбан, кој е на власт од 2010 година, се соочува со она што аналитичарите го сметаат за неговиот најтежок изборен предизвик поради економската ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез соопшти дека неговата влада воведува ембарго на оружје за Израел во обид, како што рече, „да се запре геноцидот во Газа“. Мерките, кои стапуваат во сила веднаш и вкупно се девет, вклучуваат и забрана за патување за лица директно вмешани во, како што ги нарече, „масакрите“, пренесува ДПА. – Шпанија ќе биде на вистинската страна на историјата, изјави Санчез, кој е еден од најгласните светски лидери во критиките кон ...
Летонските власти за миграција наложија 841 руски државјанин да ја напуштат земјата до 13 октомври, согласно измените на законот што стапи во сила во 2022 година. Веста ја објави синоќа летонската државна телевизија, повикувајќи се на имиграциската служба. Измените на имиграциските закони беа воведени како одговор на војната на Русија против Украина и значително ги заострија условите за престој на руски државјани. Летонија има 1,9 милиони ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија и САД можат да имаат заеднички економски интереси, вклучувајќи го производството на течен природен гас, соработката на Арктикот, како и во Вселената. Обраќајќи се пред студенти и наставници на Московскиот државен институт за меѓународни односи (МГИМО), Лавров рече дека Русија сака порамноправна соработка со Вашингтон и дека САД покажуваат сличен интерес. Тој оцени ...
Премиерот на Косово во технички мандат Албин Курти изјави дека во наредните четири години ќе бидат издвоени повеќе од една милијарда евра за косовските безбедносни сили (КБС). Курти, кој вчера беше единогласно избран од членовите на Генералниот совет на Движењето Самоопределување за мандатар за формирање на новата влада, во својот денешен говор зборуваше за аспектот на безбедноста, при што најави и развој на беспилотни летала „Made in Kosovo“. ...
Новите барања за азил во Европската унија, Норвешка и Швајцарија значително се намалија во првата половина од оваа година, при што Германија го изгуби своето долгогодишно прво место како главна дестинација за барања, јави ДПА, повикувајќи се на официјални бројки објавени денеска. Агенцијата за азил на ЕУ, со седиште во Малта, соопшти дека помеѓу јануари и јуни се поднесени 399.000 нови барања за азил, што е пад од 114.000 или 23% во споредба со ...
Честитка по повод Денот на независноста, од име на Македонците во Албанија до сите сонародници каде и да се, упатија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), македонските друштва „Илинден“ и „Преспа“. -Овој ден е симбол на долгогодишна борба на Македонците за самостојност, слобода и достоинство. На овој историски датум пред 34 години, Македонците храбро и достоинствено го заокружија својот стремеж кон независна држава, исполнета со ...
Девет пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 12 часот на територија на државава. Активни се шест, под контрола е ставен еден пожар, а два се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во општина Берово, „Дрџински рид“, место викано „Стојковото“ во околината на село Русиново, а опожарени се дабова, букова шума и папрат. Два активни пожари има во општина Липково од кои едниот во регионот на селото ...
Европската комесарка за проширување Марта Кос во објава на Икс упати честитка до македонските граѓани по повод Денот на независноста. – Цврсто го поддржувам вашиот пат за приклучување кон нашата Унија. Ние сме со вас на секој чекор од тој пат, наведе Кос во честитката. Претходно, честитки по повод, како што наведе, Националниот ден, упати и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, посочувајќи дека ЕУ останува посветена на европскиот пат ...
Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември годинава да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Детали се очекуваат утре на прес-конференција што ја најавува Службата за општи и заеднички работи на Владата. Најавено е присуство на на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик претседателот на Владата ...
Амбасадата на Соединетите Американски Држави преку објава на Фејсбук упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на државава. – Честит ден на независноста! Urime Dita e Pavarësise! Оваа година е особено значајна бидејќи одбележуваме и 30 години дипломатски односи меѓу нашите земји. Во текот на три децении, изградивме силно партнерство – работејќи заедно во дипломатијата, безбедноста, образованието, културата и друго, се посочува ...
Пожар кај селата Раштак и Страчинци, во текот на вчерашниот ден зафатил дел од викендичка, нема повредени лица, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 15 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека кај селата Раштак и Страчинци настанал пожар и горела сува трева и нискостеблеста шума. Пожарот зафатил помошна просторија од викенд куќа, пет помошни простории за чување живина, разновиден алат и ...
Десет години по почетокот на мигрантскиот бран од 2015 година, комесарот за миграција на ЕУ, Магнус Брунер, изјави дека Европската унија решава кој може, а кој не може да ги помине нејзините граници. За да се справи со натамошното пристигнување на мигранти од земји надвор од ЕУ, тој повика на поефикасно враќање на мигрантите и посилна соработка со трети земји. -По десет години преговори, воспоставуваме современ миграциски систем кој ја враќа ...
Претседателот на израелската Влада Бенјамин Нетанјаху го поддржа проширувањето на европско ниво на систем изграден во Унгарија, кој означува антисемитска содржина на интернет, изјавувајќи дека порастот на омразата кон Евреите „директно влијае на безбедноста на Израел“. Калман Салаи, претседател на Унгарската фондација за акција и заштита (TEV), му пренесе на Нетанјаху информации за платформата поддржана од вештачка интелигенција, која ...
Бугарскиот министер за внатрешни работи Даниел Митов и заменик-генералниот секретар на НАТО Радмила Шекеринска ја отворија вежбата „Бугарија 2025“ на аеродромот во Ерден, општина Бојчиновци. Првата вежба од ваков вид организирана од Бугарија има за цел да ја зголеми подготвеноста и отпорноста на Алијансата преку соработка меѓу сојузниците и партнерите. – Колку се поподготвени сојузниците, толку посилен е НАТО. Оваа вежба ја тестира цивилната ...
Игуменот на грчкиот манастир Успение на Пресвета Богородица на Пелопонез и неговиот помошник биле уапсени додека се обидувале да продадат десетина византиски икони и две евангелија за 200.000 евра, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, грчката полиција спровела акција и игуменот бил уапсен во моментот кога се обидел да ги продаде византиски реликвии на полицаец кој се претставил како купувач. Во ...
По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, заедно со заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, и генералниот секретар на партијата, Александар Димитријевиќ, положија цвеќе и оддадоа почит на вечните почивалишта на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, поранешниот претседател Борис Трајковски и ...
Со победата на Горан Герасимовски, се очекува Центар да биде бастионот на опозициското јадро, истакна политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски за Сител телевизија. Тој потенцираше дека интересни битки се очекуваат во повеќе градови низ државата, вклучувајќи ги и скопските општини. „Очекувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во дел од скопските општини онаму кадешто имаат актуелни градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ односно каде што победиле на ...
Д-р Александар Савески ќе биде носител на советничката листа на СДСМ за Општина Центар на претстојните локални избори. Савески ја прифатил понудата на кандидатот за иден градоначалник, а воедно и актуелен градоначалник на Центар, Горан Герасимовски. Двајцата веќе работат на креирање победничка листа која ќе понуди решенија и конкретни политики за подобар и поквалитетен живот на сите центарци. „Точно така, д-р Алек ќе биде носителот на нашата ...
Македонскиот фудбалски национален тим вчера ја постигна третата победа во квалификациите за СП 2026. Во Скопје совладана беше репрезентацијата на Лихтенштајн. По пет натпревари нашиот тим е без пораз и на врвот на табелата во групата. Ова беше прва домашна победа за „рисовите“ со која остануваат во игра за првите две позиции во групата и со тоа шанса за пласман и учество на Светското првенство. – Честитки за нашите фудбалери и имам само да кажам ...
Украина на крајот ќе биде поделена меѓу Русија и Западот како последица од тековниот конфликт, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесувa News.Az повикувајќи се на ТАСС. – Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот, и ова е реалност која сега сите ја признаваат, изјави Орбан на настан организиран од владејачката партија Фидес – Унгарски граѓански сојуз, а неговите зборови ги пренесе унгарскиот новинар Чаба Тот. Според Орбан, можно е ...
Двајца Грци се уапсени, а во случајот се вклучени уште четири лица, откако по пошта им стигнала пратка од Канада – дрвен сандак со 62 килограми суров канабис со цел понатамошна трговија, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека во магацин на фирма во областа Атика, поширокиот регион на Атина, полицајци од Потсекторот за борба против дрога го откриле дрвениот сандак во кој се наоѓале 120 пакувања со необработен ...
„Државата не е ничија сопственост. Не е сопственост на партиите, ниту на владата. Државата е на граѓаните. Таа е нашиот дом. За нашиот дом мора да се бориме сите.“ Ова е пораката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во видео-обраќањето по повод 8 Септември, Денот на независноста. Филипче потсети дека пред 34 години, граѓаните со храброст и одговорност ја донесоа една од најважните одлуки во историјата на Македонија – одлуката да живееме во ...
Државата измината година не се движи во добра насока и се повеќе станува своина на малкумина, а се помалку на граѓаните, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во видео обраќањето по повод 8 Септември, Денот на независноста. Тој посочи дека државата е на граѓаните, не е ничија сопственост. „Државата е на граѓаните. Таа е нашиот дом. Нашиот дом е нашето семејство, но и нашето маало, нашата општина, ...
Менаџментот на компанијата „Макпрогрес“ од Виница, каде во пожар изгореа два магацина и еден производствен погон, преку соопштение до јавноста им се заблагодарија на сите кои учествувале во гаснењето на пожарот и порачаа дека фабриката ќе биде обновена, а вработените кои физички ги изгубиле работните места, ќе бидат задржани. – Фабриката Винчини ќе ја обновиме, имаме кадар и знаење за тоа. И тоа пак во Виница. Но потребно ни е време за тоа, ...
Шпанецот Карлос Алкараз е победник на годинашниов УС опен откако во финалето го совлада Јаник Синер од Италија со 3:1 во сетови (6:2; 3:6; 6:1 и 6:4). Со овој триумф тој „го симна“ Синер од првата позиција на АТП листата. Во мечот Алкараз од самиот почеток наметна контрола на играта и без поголеми проблеми дојде до предност од 1:0 во сетови. Сепак, Синер успеа да изедначи, но Шпанецот третиот сет го освои на доминантен начин со само еден загубен ...
По елиминацијата на Италија од Евробаскетот селекторот Џанмарко Поцеко поднесе оставка. Тој на прес конференцијата по дуелот беше емотивен и со солзи во очите изјави дека повеќе нема да седи на клупата на Италија. – Ова беше мој последен натпревар со италијанската репрезентација. Сакам да им се заблагодарам на сите кои беа дел од тимот, како и на менаџерот на репрезентацијата и на претседателот на федерацијата. Вечерва сум тажен, не заради ...
Директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ изјави дека на 111-те собири „Граѓани против блокади“, чие одржување го пријави Центарот за социјална стабилност, денеска имало вкупно 126.399 луѓе. Тој рече дека сите собири поминале без инциденти, но дека во Шабац и Чачак имало ненајавени паралелни собири на луѓе кои се обиделе да го спречат одржувањето. „На ненајавениот собир во Шабац, сообраќајот бил затворен, граѓаните (против блокади) биле ...