Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Младата фудбалска ѕвезда на Барселона Ламин Јамал пред дербито со Реал Мадрид имаше една непримерна изјава. Тој во едно интервју изјави: „Реал Мадрид константно краде и постојано се жали. Секогаш тоа го прават“. Ова придонесе дополнително да збеснат во таборот на „кралскиот клуб“. Јамал се очекува да има посебен третман, а ќе треба да му пристапи капитенот на Реал Дани Карвахал. 33-годишниот Карвахал ќе треба да разговара со помладиот колега од ...
Сабота вечер во Арена Загреб помина во знакот на неповторливата Неда Украден, која ги воодушеви илјадниците обожаватели со својот кариерен концерт. Веќе со првите тактови од хитот „Нисам ти ја баш било ко“, публиката стана и пееше во дует со легендарната пејачка, славејќи со нејзините безвременски песни што обележаа генерации, пишува српски Курир. „Добра вечер, Загреб! Драги мои пријатели, не само од регионот, туку и од целиот свет. Јас сум ...
Словенечкиот премиер Роберт Голоб свика кризен состанок по насилната смрт на жител на Нови Место. Министерката за правда Андреја Катиќ и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар понудија оставки, а Голоб ги прифати, објави Н1. На седницата на Советот за национална безбедност на Словенија беше донесена одлука за зголемување на присуството на полицијата во Нови Место, испраќање дополнителни сили таму од други делови на Словенија и ...
Ситуацијата на германската економија во моментов е драматична и се соочува со натамошен пад доколку не се спроведат големи реформи, предупреди Клеменс Фуест, шеф на економскиот истражувачки институт Ифо со седиште во Минхен. – Германија е во економски пад со години. Додека владините трошоци продолжуваат да растат, приватните инвестиции опаѓаат. Ова го доведува во акутна опасност просперитетот на Германија, бидејќи помалку приватни инвестиции ...
Кина и САД, според висок кинески функционер и американските медиуми, се приближија кон решавање на спорот околу царините, пренесува ДПА. Двете страни постигнаа прелиминарен договор, изјави Ли Ченгганг, заменик-министер за трговија на Кина, по разговорите со американската делегација. Договорот мора да помине низ внатрешни процеси на одобрување од двете страни, додаде Ли, без да соопшти дополнителни детали. „Волстрит џурнал“, пак, го цитира ...
Словачка нема да учествува во никаква програма на Европската унија насочена кон финансирање на воена помош за Украина во борбата против руската инвазија, изјави денеска премиерот на таа држава, Роберт Фицо. Словачка ја суспендираше државната воена помош за Украина кога владата на Фицо дојде на власт во 2023 година. Фицо не се согласува со земјите од ЕУ по прашањето на војната, бидејќи тврди дека решението не е на бојното поле. Лидерите на ЕУ се ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во изјава за медиумите по новинарски прашања истакна дека конечната одлука за тоа како ќе се постави партијата во општините каде што нема свој кандидат во вториот круг ќе биде донесена во следните денови. Во контекст на повиците за етичко гласање и поставеноста кон кандидати од други партии, Филипче потенцираше дека одлуката ќе биде резултат на внатрешна анализа, локални околности и политички ставови, а ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на новинарско прашање за резултатите од изборите даде анализа на раезултатите и промените што ќе следуваат по изборите. „Јас лани ја затекнав партијата во навистина тешка и лоша состојба, имено после еден пораз со разлика од 300.000 гласови. И во текот на изминатата година и пол интензивно работев во сите општински организации, со илјадници наши членови – директни контакти, средби и состаноци“, изјави ...
Според најновото истражување ESPAD 2024, тинејџерите во Македонија и во Европа го менуваат својот однос кон пушењето и алкохолот. Во земјава, младите пушат многу помалку од своите врсници во другите европски земји, но расте употребата на електронски цигари, што е причина за загриженост. Истражувањето ги опфати навиките на над 113.000 ученици од 37 европски земји. Резултатите покажуваат дека традиционалното пушење и пиење алкохол постепено опаѓа, ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Поддршката од центарци во пресрет на вториот круг од локалните избори за Герасимовски значително се зголемува. Тој, на вчерашните средби доби поддршка да продолжи да ја води општината како во изминатите четири години. Герасимовски, на центарци им ги најави клучните проекти за вториот мандат, тоа ...
Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот остров Родос, шахистите на Алкалоид забележаа убедлива победа од 4,5 : 1,5 над најсилниот претставник на Израел, Ришон ле Цион, кој е седми носител на турнирот според почетниот рејтинг, со што ја освоија втората позиција на табелата, односно вицешампионската тутула! Овој турнир е најсилен во клупската конкуренција на Стариот континент, поради што често се споредува со ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска најави кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на локалните избори. Тоа, како што рече, се должи на резултатот на изборите во првиот круг особено во некои скопски општини. -За мене во изминатата година и пол после таков тежок пораз лани, после интензивна работа, сега овие избори се показател за тоа како да се поставиме и како да функционираме во следниот период, затоа што ...
Собранието на Косово, со 56 гласа „за“ и четири воздржани, денеска не го избра лидерот на движењето „Самоопределување“, Албин Курти, за премиер. Претседателот на парламентот, Димаљ Баша, по гласањето изјави дека постапката сега бара од претседателката на Косово, Вјоса Османи, да одлучи за друг кандидат за премиер врз основа на уставните овластувања по консултација со партиите. Османи има рок од десет дена да назначи нов мандатар, а во случај и ...
Лесно е да се направи, а гостите ќе чекаат ред. 5-6 црвени печени пиперки 2 јајца презла и брашно по потреба 250 г кравјо сирење 1 павлака 100 г мајонез 4-5 кисели краставички 2 варени јајца 200 г шунка Подготовка: Печените пиперки исечете ги на половина. Додадете сол, потоа извалкајте ги во брашно, изматени јајца и презла и пржете. Оставете ги пиперките на хартиена крпа за да го впијат вишокот маснотии. Ситно исечкајте ја шунката, киселите ...
Руската армија успешно ја тестираше својата нуклеарна крстосувачка ракета „Буревестник“, способна да носи нуклеарна боева глава, за која Москва тврди дека може да избегне каков било одбранбен систем, и ќе започне со распоредување на оружјето, изјави претседателот Владимир Путин. Американците ја нарекуваат ракетата „летечки Чернобил“. Рускиот генерал Валериј Герасимов, началник на Генералштабот на руските вооружени сили, му рече на Путин дека ...
Кога некој ќе добие милиони во играта на ЛОТО, би се очекувало да слави. Сепак, како што открива претставникот на германската лотарија „Лото Баерн“, реалноста честопати изгледа поинаку. Верена Обер (51) игра важна улога – таа не само што ја претставува компанијата, туку лично ги информира добитниците за големите награди. Таа открива незаборавни ситуации од својата кариера за локалните медиуми, а некои од нив се доста необични. Еден случај ...
Судбината на заемот од Европската унија од 140 милијарди евра за Украина е се уште неизвесна, а одлуката имплементација е одложена за најмалку два месеца. Планот, што треба да се финансира од конфискувани руски средства, наиде на силен отпор од Белгија, една од земјите-основачи на ЕУ, што го засени самитот на лидерите во Брисел и повторно ги разгоре загриженостите за посветеноста на блокот кон Украина, пишува Политико. Клучна улога во блокадата ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Драган Гламочиќ, денес изјави дека Србија има близу 200.000 хектари под овошни насади, од кои јаболката заземаат посебно место во однос на извозната вредност. Тој најави дека во ноември ќе биде распишан јавен повик за основање нови насади и набавка на современа опрема. „Државата ќе продолжи да инвестира најмногу во секторите што носат најголема вредност по хектар, имено овоштарството“, рече ...
Жените земјоделки во земјава се уште ги немаат добиено своите права, велат од прилепската невладина организација „Лаг Агро Лидер“ кои истакуваат дека на жените земјоделки не им треба програма, туку пристап до права. Се уште не се решени отсуството од работа и платеното породилно отсуство. Во земјава се преку 38 000 регистрирани жени-земјоделки преку земјоделски стопанства. Имаше социјална програма, но потребен е пристап до права. Има системска ...
Обилни дождови континуирано паѓаат од утрово во Улцињ. Улицата на Мала плажа е поплавена, критично е и на улицата Мајка Тереза, која е поплавена и неколку автомобили изгаснале додека возеле поради високото ниво на вода на патот, објави Курир.рс. Регионалниот пат Улцињ-Шкадар бил во прекин поради поплавен пат и блокирани канали за атмосферски води во градот Пистула. Според податоците на Заводот за хидрометеорологија, во областа на Улцињ во ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денес од Аеродром упати повик до граѓаните масовно да излезат на гласање во вториот изборен круг и да ја поддржат кандидатурата на Александар Трајановски за градоначалник на општината. „Ги повикувам сите граѓани на Аеродром да излезат во уште поголем број отколку во првиот круг и да го дадат својот глас за Александар Трајановски“, изјави Филипче, истакнувајќи дека кандидатот на СДСМ ја има поддршката од ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 2 часот во центарот на Неделишќе, а 21-годишниот возач се здоби со животозагрозувачки повреди. Младиот човек управувал автомобил со вараждински регистарски таблички пред да се стекне со право самостојно да го управува возилото, соопшти полицијата. Според полицискиот извештај, возачот не ја прилагодил брзината на карактеристиките на патот и условите на видливост. Во кривината, поради пребрзо ...
Десетото коло од Ла Лига ја носи големата пресметка во шпанскиот фудбал популарниот „Ел Класико“. Реал Мадрид ја пречекува Барселона на „Сантијаго Бернабе“. Ова се очекува да биде повеќе од натпревар, како што било и досега. Денешниот дуел на големите ривали е вкупно 262.натпревар во сите конкуренции или 191.дуел во првенство. Реал Мадрид по ерата на Карло Анчелоти сега на клупата е предводен од Чаби Алонсо, за кого ќе биде прв дерби дуел против ...
Убиство се случило во Загреб рано утрово, соопшти загрепската полиција. Како што соопшти полицијата, убиството се случило во куќата на адресата Липички во населбата Врапче, по заедничкото консумирање алкохол. Маж (43) убил маж (40), најверојатно со употреба на физичка сила. Истрагата и кривичната истрага се во тек, а повеќе информации за мотивите на злосторството ќе бидат познати по нивното завршување. Осомничениот е под полициски надзор, додека ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Израел, САД и другите посредници во постигнувањето договор за прекин на огнот во Појасот Газа разменуваат информации за да спречат какви било закани. Рубио истакна дека тој вид соработка овозможил да се идентификува можноста за заканувачки напад минатиот викенд во Појасот Газа, објави „Тајмс оф Израел“. Американскиот Стејт департмент пред една недела изјави дека има „веродостојни информации“ ...
Откако маж беше нападнат и убиен во Нови Место, словенечката опозиција изрази негодување, припишувајќи го инцидентот на неактивноста на владата во борбата против насилството. Тие бараат оставка од одговорните, првенствено од министерот за внатрешни работи, Боштјан Поклукар. Претседателката на државата, Наташа Пирц Мусар, исто така, остро го осуди смртоносниот напад, а премиерот Роберт Голоб свика итен состанок за денеска во 10 часот, јавија ...
Двајца осомничени за кражба на скапоцен кралски накит од музејот Лувр во Париз беа уапсени денес, пренесуваат француските медиуми, објави Б92. Според весникот „Ле Паризиен“, станува збор за мажи од париското предградие Сен-Сен-Дени, а еден од нив бил уапсен додека се обидувал да се качи на лет на аеродромот Шарл де Гол. Кражбата се случила минатата недела во недела, кога четворица крадци вооружени со електрични алати упаднале во најпосетуваниот ...
Јована го прослави својот роденден во луксузен белградски ресторан со раскошна забава која траела до раните утрински часови. Гостите уживале во музиката, храната и забавата, но најголемо внимание привлекол нејзиниот необичен настап, моментот кога водителката се попрскала со света вода при влегување во ресторанот. Тој чин предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а меѓу оние што го осудиле бил и Вељко Ражнатовиќ. Сепак, Јована не му ...
Вториот круг на локални избори ќе се одржи точно за една недела, на 2 ноември. Според податоците на Државната изборна комисија, вториот круг ќе се одржи во 32 општини и Градот Скопје. Противкандидатите за градоначалничките места се очекува оваа недела да ја интензивираат својата кампања со митинзи и средби со граѓаните. Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе присуствува на маалски митинзи во Брвеница, каде ќе се обрати и ...
Три животи беа изгубени во страшна сообраќајна несреќа што се случи ноќта од сабота кон недела во Нов Белград. На раскрсницата на улиците Херој од Кошар и Омладинска бригада загинале мајката Д.К. (1987), таткото Б.Ж. (1982), кој бил сообраќаен полицаец, и нивното дете Ж.М. (2016), пишува Нова.рс. View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs) Возач под дејство на алкохол поминал на црвено светло Според првите информации од ...