Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Во текот на 2025 година до средината на ноември до Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи доставени се 60 пријави за разни измами на интернет, а вкупно 20 пријави за злоупотреба на лични податоци на интернет. Од тие 20 пријави, како што наведуваат од МВР за МИА, добиени се четири пријави од доктори за кражба на идентитет. Поконкретно, како што објаснуваат оттаму, начинот на стореното кривично дело е ширење на ...
Скандалозните ставови на претседателката Давкова дека „не било време за реформи“ поради тоа што во Европа имало војни е политичко ехо на пораките на Никола Груевски, кој само неколку дена претходно од Будимпешта испрати идентичен наратив. Зошто ДПМНЕ молчи за Никола Груевски? Ова е доказ дека Груевски и понатаму ја води партијата од Будимпешта, а Мицкоски и Сиљановска се само формални извршители на неговите директиви. Се повеќе станува јасно ...
На денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ во Основниот кривичен суд Скопје сведочеше пациентка која примала хемотерапија и имунотерапија, опишувајќи како една од терапиите ѝ била дадена надвор од стандардната процедура и без да биде евидентирана во регистарот. Според нејзиниот исказ, деветтиот пат кога дошла на Клиниката, докторот Нино Васев ѝ соопштил дека лекот е во недостиг и дека имаат останато само три шишенца, од кое ѝ дал едно ...
Главниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден и денеска се води предистражна постапка против лица вработени во УЈП, а на некој начин се поврзани со предметот по случајот со пожарот во дискотеката во Кочани. – Јавноста беше запознаена дека се водеше предистражна постапка за лица вработени во Управата за јавни приходи. Денеска се приведени околу десетина лица и во моментов се вршат претреси на лицата ...
Најголем број од пријавените случаи на дискриминација се во делот на работните односи. Тука најголем број од претставките се доставуваат. Понатаму, има образование, попреченост, етничка припадност – се доста застапени, но, најголемиот број се во делот на работните односи, изјави за МИА, претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Душан Томшиќ, за време на конференцијата насловена „Пет години превенција и заштита од ...
Сармата е едно од најомилените традиционални јадења на Балканот, познато по богатиот вкус и мирис кој го исполнува домот. Подготвена со кисела зелка и сочен фил од месо и ориз, таа е совршено јадење за семејни трпези и празнични пригоди. Состојки: Подготовка: Листовите од зелката добро измијте ги под млака вода. Оризот добро измијте го сè додека водата не стане бистра. Во сад ставете го ситно исечканиот кромид и пропржете го на малку масло, ...
И праисториските неандерталци веројатно се бакнувале на романтичен начин, според ново истражување. Имено, првиот бакнеж се случил пред најмалку 20 милиони години, објави „Гардијан“. Новите откритија говорат дури и дека можеби тој вид луѓе разменувале бакнежи и со раните современи луѓе. Не е првпат научниците да претпоставуваат дека неандерталците и раните луѓе имале и „поблиски“ средби. И претходните истражувања покажаа дека двата вида ги ...
Албанскиот парламент по 16-часовна дебата, со 83 гласови „за“ оние на владејачкото мнозинство, околу 3 часот утрово го усвои Предлог-буџетот за идната година. Буџетот е проектиран на 8,8 милијарди евра, со планиран дефицит од 637 милиони евра. Во заедничките фондови, околу 100 милиони евра се планирани за зголемување на пензиите, 135 милиони евра ќе се користат за рефундација на лекови, додека 50 милиони евра ќе одат за процесот за обнова, ...
Поголемиот дел од Белгија утрово осамна под снежна покривка од неколку сантиметри, што предизвика застои во сообраќајот на белгиските патишта и колони возила чија вкупна должина околу 8 часот достигна над 500 километри. Белгискиот Кралски метеоролошки институт утрово издаде „жолто“ метео аларм за можност од нови снежни врнежи, пред се во западните и во централните делови на Белгија, кои „локално и привремено“ би можеле да доведат до создавање ...
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска изјави дека Европската унија треба да ги прекине исплатите кон Украина, откако беа објавени извештаи за корупција во земјата. – Во Украина постои воена мафија и корумпиран систем, а претседателката на Европската комисија, наместо да ги запре исплатите и да бара итни финансиски проверки, планира да испрати уште 100 милијарди евра на Украина. Тоа е лудо, им рече Сијарто на ...
Екипите на регионалните центри за управување со кризи во текот на изминатото деноноќие поради обилните врнежи интервенираа на повеќе критични локации низ државата. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), на подрачјето на Битола се ангажирани екипи и механизација на јавните претпријатија и водостопанските компании за расчистување наноси и зајакнување насипи на повеќе делови од речните корита. Поради ерозијата на патот кон ...
Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој граѓаните ги преземаат своите пратки од странство, вклучително и оние нарачани преку платформата „Тему“. -Пратките кои граѓаните ги порачуваат од „Тему“ и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот. Истата практика продолжува и по измените на законот – ДДВ ќе остане вкалкулиран во цената на производот, како и ...
Во седиштето на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) денес ќе бидат извлечени двојките за плејофот за пласман на Мундијалот 2026. Во четвртиот шешир за европските баражи се наоѓа и македонската репрезентација заедно со Шведска, Романија и Северна Ирска. Овие селекции во полуфиналето ќе добијат ривал од Шешир 1 во кој се сместени: Италија, Данска, Турција, Украина. Другите четири двојки ќе бидат формирани од вториот (Полска, Велс, Чешка, ...
Руска агресија врз Украина, ситуација на Блискиот Исток и случувањата во регионот на Сахел и во Судан ќе бидат главни теми на денешното заседание на Советот за надворешни работи на Европската Унија во Брисел, со кое ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. Состанокот ќе започне со размена на мислења преку телеконференциска врска на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ со ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека САД и нивниот претседател Доналд Трамп имаат одлучувачка улога во напорите за ставање крај на војната на Русија во Украина. По разговорите со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, Зеленски нагласи дека Украина од почетокот на годинава го поддржа секој одлучен чекор и лидерство на Трамп, „секој силен и фер предлог насочен кон ставање крај на војната“. – И само претседателот ...
Германија ќе придонесе 1 милијарда евра (1,15 милијарди долари) во текот на 10 години за новиот фонд за дождовни шуми на Бразил, објави бразилската министерка за животна средина, Марина Силва, на Конференцијата на ОН за климатски промени во Белем. Берлин вети дека ќе го поддржи Фондот за вечни тропски шуми (TFFF) на бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, чија цел е финансиски да ги награди земјите за зачувување на нивните дождовни ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден ќе расправа по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година. За Предлог-буџетот се поднесени околу 200 амандмани. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Државата планира 374,7 милијарди денари вкупни приходи, 413,9 милијарди денари вкупни расходи, како и 40,5 милијарди денари капитални инвестиции. Во ...
Во Скопје денеска ќе се одржи бизнис форум „Идни перспективи за соработка меѓу Тајван и Северна Македонија – Заедно за успех, кон светот“ што го организираат Бизнис конфедерацијата на Северна Македонија (БКСМ) и Претставништвото на Тајпеј во Италија. Целта на форумот е да се поттикне и продлабочи економската, технолошката и институционалната соработка меѓу Северна Македонија и Тајван, а во фокусот ќе бидат идните можности за партнерства, со ...
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени. Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде ...
Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска на прес-конференција ќе ја најави четвртата Конференција за мировно образование која официјално ќе биде отворена утре и ќе трае до 22 ноември. „Меѓаши“ информира дека целта на конференцијата е да укаже на потребата од подлабока интеграција на мировното образование во наставните курикулуми преку промовирање на мирот и ненасилството како основни вредности во воспитно-образовниот систем. -На ...
Без струја денеска во определени временски периоди ќе бидат делови од Сарај, Гази Баба и Чаир, соопшти Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија. Во периодот од 08 д 15 часот без струја ќе останат дел од корисниците од селото Љубин во општина Сарај, како и објектите на компаниите Мајами, Ана Компани, Мак лифт и Прилепска Пивара во општина Гази Баба, додека од 09 до 11 часот без напојување со електрична ...
Снимките што изминативе недели беа објавувани во белгиските медиуми и на социјалните мрежи за кои се тврдеше дека прикажуваат неидентификувани дронови над аеродромот во Брисел и над воена база, всушност се снимки на полициски хеликоптери и на товарен авион на „Де-Ха-Ел“, објави синоќа белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ. Изминативе недели во повеќе наврати полицијата и медиумите во Белгија добиваат пријави од сведоци, кои тврдеа дека ...
Барселона објави дека нивниот натпревар од Лигата на шампионите против Ајнтрахт Франкфурт ќе се одржи на реновираниот стадион „Камп Ноу“. Натпреварот е закажан за 9 декември. Одлуката е донесена по добивањето на првата лиценца, која предвидува зголемување на капацитетот на стадионот. Клубот ќе започне со продажба на билети во наредните денови. Претходно, Каталонците објавија дека „Камп Ноу“ ќе биде домаќин на нивниот натпревар од 13. коло од ...
Американскиот глумец Били Боб Торнтон, инаку поранешен сопруг на Анџелина Џоли, во новото интервју, меѓу другото, говореше и за тоа како тој и таа, додека биле в брак носеле ѓердани со медалјони со крвта на другиот брачен партнер. – Секој од нас имаше мал медалјон – буквално со капка крв во него. Беше тоа мала романтична идеја и – тоа беше сè. Но, кога сè ќе заврши, ние сме вампири. Живееме во темница, ја пиеме крвта еден на друг и слично, се ...
Европската комисија денеска промовираше Дигитален пакет, чија цел е намалување на трошоците и времето потребно за административни процедури за компаниите и поттикнување на можностите за иновации и инвестиции, со истовремено почитување на највисоките европски стандарди за основните права, заштита на податоците, безбедност и праведност. Пакетот вклучува предлози за поедноставување на правилата за вештачка интелигенција, за кибер безбедност и за ...
Во однос на случајот со наводи за извршени непотребни операции на срце на пациенти, обвинителот Коцевски вечерва на ТВ Сител изјави дека се уште нема посебни информации освен оние што ги објавуваат медиумите. Рече дека чекаат одлука од Комисијата за тој случај и таа да им достави документација за, како што рече, „евентуално да постапиме и да дадеме одредени упатства за преземање дејствија“. Рече и дека се уште не се знае дали ќе има ...
Очекуваме транспарентна постапка, динамиката на судење ја определува судот. Од наша страна се исполнети сите услови, ангажирав дополнително уште неколку обвинители за да не се одолговлекува постапката од ЈО, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски одговарајќи на прашање за неговите лични очекувања за судскиот процес за пожарот во „Пулс“ во Кочани кој почна денеска. Во интервју во Дневникот на ТВ Сител, државниот јавен обвинител додаде ...
Алијансата за Албанците, крилото на Зијадин Села, ја напушти коалицијата „Национална алијанса за интеграција“. Одлуката беше донесена на состанокот на Претседателството, каде што се дискутираше и за резултатите на локалните избори. Тие изразија задоволство од бројот на гласови и мандати на советниците, но незадоволство од резултатите за градоначалници. Според AА-Села, изборната трка била под влијание на државен инжинеринг и соработка на ...
САД, Велика Британија и Австралија воведоа санкции врз руската компанија за веб-хостинг „Медиа Ленд“, обвинета за помагање на криминални групи да ги избегнат истрагите за спроведување на законот. Мерките се насочени кон тројца членови на менаџерскиот тим на компанијата и три поврзани компании. Санкциите го ограничуваат нивниот пристап до имот и финансиски средства во трите земји и им забрануваат на американските, британските и австралиските ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Анкара изрази надеж дека размената на затвореници со Русија ќе биде обновена до крајот на годината. -Се надеваме дека ќе ја воспоставиме размената до крајот на годината, со цел да се вратат значителен број затвореници. Турција многу ни помага во овој процес, изјави Зеленски за новинарите по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Зеленски денеска беше во Турција со цел да ги ...