Скопјанка возела пребрзо во централно градско подрачје, кумановец и злетовец возеле под дејство на алкохол, полицијата ќе им поднесе кривични пријави за безобѕирно управување на моторно возило, соопшти денеска СВР Куманово. Вчера во 15:06 часот на булевраот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициските службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода 33-годишната Г.Ф. од Скопје затоа што при контрола со радар констатирале дека ...

Шест од десет Италијанци користат вештачка интелигенција во готвењето, според анкетата на платформата „Academia.tv“ за кулинарските навики и употребата на технологијата во 2025 година. Анкетата, спроведена меѓу љубителите на храна на возраст меѓу 25 и 45 години, открива дека 64 проценти од Италијанците користат ВИ за да пронајдат идеи и да научат нови кулинарски техники, иако половина од испитаниците сè уште се сомневаат во квалитетот на ...

Неколку раководители во српското Министерство за внатрешни работи, меѓу кои и помошникот на директорот на полицијата Зоран Шашиќ, своеволно се пензионирале предвремено, објави неделникот „Радар“. Шашиќ, кој до неодамна беше заменик-началник на Управата за криминалистичка полиција, како и други раководители во МВР на Србија, заминале во предвремени инвалидски пензии. „Радар“ додава дека на почетокот на август, Шашиќ „бил нападнат“ од провладините ...

Европската унија развива нов план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа го критикуваше официјален Пекинг за проширување на ограничувањата за извоз на критични суровини. Европската унија со години се обидува да ја намали зависноста од увоз на критични суровини од Кина, вклучувајќи суровини потребни за транзиција кон почиста енергија, одбранбениот ...

Бројот на случаи на семејно насилство во Прилеп се зголемува. Според податоците од прилепскиот Центар за социјални работи, за 10 месеци во Прилеп се пријавени жртви на семејно насилство колку за целата година лани. Досега се евидентирани 86, а лани, до декември, биле 88. Бројките се зголемуваат, главно се жените, но не се изоставени ниту децата. Според Центарот, во прашање е зголеменото пријавување на насилството. Но, според психологот Ана ...

Комесарот на НБА лигата Адам Силвер зборуваше за апсењето на играчот на Мајами Хит Тери Розиер, кој е дел од истрагата за нелегално обложување која ја води ФБИ. Тој зборуваше за време на дуелот Бостон – Њујорк и истакна дека лигата претходно имала сопствена истрага и дека е изненаден од новите случувања. Комесарот истакна дека НБА имала истрага по пријавите за сомнителни уплати во март 2023 година. Тогаш играчот на Мајами бил ослободен од ...

Во Хрватска лани за исплата на пензии биле потрошени 8,3 миллијарди евра, а до крајот на годината се очекуваат околу девет милијарди евра. Според наводи на порталот Мировина/хр, што го пренесоа останати хрватски медиуми, во изминатите пет години трошоците за исплата на пензии се зголемуваат за речиси една милијарда евра годишно. Растот на платите во Хрватска доведе и до раст на пензиите, иако не многу рамномерно. Сепак, трошоците на Хрватскиот ...

Во рамки на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ ниту се гради, ниту се планира да се градат станбени градби, реагираат од Министерството за здравство, во врска со објавите за наводна изградба на зграда на паркингот кај ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. – Сите градежни интервенциите што се изведуваат во оваа зона се исклучиво поврзани со здравствената дејност и функционалната инфраструктура на јавните ...

Специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, изрази увереност дека Москва и Вашингтон се блиску до дипломатско решение за прекин на војната во Украина. Дмитриев, кој пристигна во Вашингтон вчера, во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека евентуалната втора средба меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп не е откажана и дека двајцата лидери би можеле да се сретнат на друг датум. Дмитриев ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал Кина да му помогне на Вашингтон во односите со Русија. „Би сакал Кина да ни помогне со Русија“, рече тој во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“. „Би сакал да видам како Кина ни помага“. Трамп додаде дека ќе размисли за намалување на царините за Бразил под соодветни околности. Американскиот претседател ги даде изјавите на пат кон Малезија, каде што се очекува да присуствува на ...

Инфлацијата во САД се забрза во септември, со забележително помал пад на цените на бензинот, покажа извештајот на Министерството за труд. Потрошувачките цени беа за 3,0 проценти повисоки во септември отколку во истиот месец лани, пресмета министерството, што сигнализира највисока годишна стапка на инфлација од почетокот на годината. Во август, цените беа за 2,9 проценти повисоки на годишна основа, по стабилниот раст во првите два летни месеци, ...

Промената во сметањето на времето од летно во зимско и обратно, не прави некоја посебна разлика за бизнисот, многу побитно е тоа што се уште не сме усогласени во однос на божиќните празници кои различно се одбележуваат согласно јулијанскиот и греогоријанскиот календар, оценуваат стопанствениците. Дел од нив, пак, повторно укажуваат на потребата да се работи и во недела. – Реално, промената од еден час порано или подоцна не е некоја голема ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди освен во крајните југозападни делови каде има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен југозападен ветер. Максималната ...

Ноќеска во 03:00 часот по полноќ завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Промена на времето во земјава е врз основа на годишната практика за регулирање на сметањето на времето и има за цел усогласување со европската регулатива во оваа област. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и ...

Изминаа шест дена од првиот круг на локалните избори 2025. Вториот круг ќе се одржи на 2 ноември (недела), според податоците на Државната изборна комисија, во 32 општини и Градот Скопје. Во меѓувреме во Македонски Брод и за Могила двајца од кандидатите се повлекоа од трката за градоначалник во вториот круг на изборите, но од ДИК велат дека и за двете општини постапката продолжува и дека ќе се печатат избирачки ливчиња. Седум дена пред вториот ...

Во рамки на месецот „Розев Октомври“, месец на женска сила, поддршка и надеж, Занаетчиската комора на Република Северна Македонија денеска организира симболичен и хуман настан посветен на подигање на свеста за борбата против ракот на дојка и значењето на превенцијата. Настанот ќе се одржи во просториите на „Тренинг центарот“ на ЗКРСМ, со почеток во 14:00 часот. Настанот е дел од проектот „Образување и економско зајакнување на ранливите групи ...

Ѓорѓи Галетановски поднел оставка од претседател на градската организација на СДСМ. Ова за Тв24 го споделил висок функционер на СДСМ, а официјална потврда стигнала и од централата на партијата. ”Оставката е поднесена од лични и морални причини и доставена до партијата. Во однос на понатамошните одлуки органите на СДСМ ќе постапат согласно статутарните одредби на партијата, за што ќе ја информираме јавноста“ велат за ТВ 24 од СДСМ. Галетановски е ...

Мандарините се едно од омилените сезонски овошја, особено во есен и зима. Нивната сочност и природна сладост ги прават совршен избор за ужина или додаток на оброци и десерти. Сепак, не секоја мандарина е подеднакво вкусна – постојат јасни знаци кои откриваат дали овошјето е слатко и сочно. Боја на кората Мандарините со потемна кора од портокал имаат тенденција да бидат послатки и позрели. Ако овошјето сè уште има зелени нијанси, постои голема ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска ја осуди, како што рече, „лудата агресија“ на рускиот претседател Владимир Путин против Украина, посочувајќи дека поддршката на Алијансата за Украина дава јасни резултати на бојното поле и додавајќи дека американските тарифи вршат дополнителен притисок врз Русија. По самитот на „Коалицијата на подготвените“ во Лондон, Руте рече дека состанокот бил „многу продуктивен“ и ја поздрави иницијативата на ...

Потребно е зајакнување на воената поддршка за Украина изјави попладнево францускиот претседател Емануел Макрон, кој преку видео конференциска врска од Париз се вклучи на состанокот на „Коалицијата на подготвените“, што се одржува во Лондон. -Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина, капацитетите за воздушна одбрана, капацитетите за удар со долг дострел, беспилотните летала и системите против беспилотни летала“, рече ...

Невообичаеното временско однесување претставува голем предизвик за метеоролозите кои се обидуваат да предвидат какви ќе бидат наредните сезони. Најжешкото лето некогаш забележано во Велика Британија доведе до огромен број шумски плодови, како што се костени, желади и бобинки, но експертите сè уште предупредуваат за феномен познат како „лажна есен“. Британската добротворна организација за заштита на природата „Национален траст“ истакна дека ...

Канадскиот премиер Марк Карни денеска изјави дека неговата земја е подготвена да ги продолжи трговските разговори со САД кога Вашингтон ќе биде подготвен, додавајќи дека Канада нема контрола врз трговската политика со својот јужен сосед. -Моите колеги работат со своите американски колеги на детални конструктивни преговори, дискусии за специфични сектори – челик, алуминиум и енергија, рече Карни пред да замине од Отава за Куала Лумпур, Малезија, ...

Меѓу десетиците уапсени лица во истрага на ФБИ за нелегално спортско обложување и покер игри поврзани со мафијата се играчи и тренер од НБА лигата. Играчот на Мајами Хит Тери Розиер и тренерот на Портланд Чонси Билапс се обвинети во две одделни обвиненија, но и двајцата го негираат обвинението. Меѓу уапсените е и Дејмон Џонс (поранешен играч). За сите се води истрага за нелегално обложување со врски со криминалните семејства Ла Коза Ностра. ...

За да ја подготвите оваа вкусна салата која е задолжителна на трпезата во зима ви се потребни следниве состојки: 1кг. корнишони 1кг. моркови 1кг. карфиол 1кг. зелка Солило: 750мл. алкохолен оцет 250мл. вода 500мл. зејтин 250гр. шеќер 150гр. сол бибер по желба Зеленчукот убаво се мие и се чисти. Корнишоните и морковите се сечкаат на кругчиња. Карфиолот се дели на мали цветчиња (парчиња), а зелката ситно се сецка (ренда). Во едно длабоко тенџере ...

Американската армија синоќа го изврши десеттиот напад врз брод, кој наводно превезувал дрога. Во нападот загинаа шест луѓе, со што бројот на жртви во американската кампања против наркокартелите во Карипско Море се искачи на 46. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на социјалните мрежи објави дека со нападнатиот брод управувала бандата Трен де Арагва. Ако сте нарко-терорист кој шверцува дрога во нашата хемисфера, ќе се однесуваме кон вас ...

Независниот кандидат за градоначалник на Могила Сашо Пивковски попладнево соопшти дека ја повлекува својата кандидатура за градоначалник на Општина Могила. – По внимателно размислување и бројни разговори со многумина од вас, одлучив да ја повлечам својата кандидатура од изборната трка. Ова не беше лесна одлука, но верувам дека е исправна и чесна во овој момент – во интерес на нашата општина и на сите граѓани што живеат во неа. Во изминатиот ...

Бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, се огласи на социјалните мрежи испраќајќи порака до неговите колеги во Македонија дека тие заедно со уште 216 000 македонски граѓани кои се бугарски државјани и се изјасниле дека имаат бугарско потекло-веќе се во ЕУ и не е проблем влез во ЕУ. Ковачев наведува дека тажно е за оние граѓани кои се уште веруваат. Вели, од друга страна не забораваат да оддадат почит на српските и југословенски окупатори.. „На ...

По преземени мерки и активности во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Б.А.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“. Имено, на 23.10.2025 пријавениот со уште едно лице во три наврати и со лажно прикажување или со прикривање факти измамиле 88-годишна битолчанка и 67-годишен битолчанец и се обиделе ...

Во Белград е уапсени лидерот на неформалната екстремно десничарска група „Народна патрола“ Дамњан Кнежевиќ под сомнение за расна дискриминација, јави РТС. Тој е уапсен пред антимигрантскиот митинг, што „Народна патрола“ го најави за денеска доцна попладне. Кнежевиќ е уапсен под сомнение дека јавно повикувал на репресија врз мигранти, како и врз поддржувачите на властите кои живеат во неформална шаторска населба во близина на српскиот парламент ...

Парламентот на Хрватска со 84 гласови „за“, 30 – „воздржани“ и 11 „против“ денеска ги изгласаа измените на Законот за одбрана и служба во вооружените сили, со што е овозможено повторно воведување на задолжителен воен рок од почетокот на идната година. Задолжителната воена служба во Хрватска беше укината во 2008 година, а оттогаш се отслужуваше само доброволно, но имаше мал интерес. Измените на законот предвидуваат дека задолжителниот воен рок да ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1024
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
92%
1023
weather icon

Софија

3ᴼ / -1ᴼ
3.09
66%
1028
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.63
85%
1028
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1023
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.24
78%
1024
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
87%
1024
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
87%
1025
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
95%
1027
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
3.09
94%
1025
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
76%
1027
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57482

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.87

Калај

41.30

Злато

138408.99

Родиум

255598.44

Сребро

2060.60

Платина

58054.69

Кобалт

58.42

Цинк

3.13

Бакар

10.87

Иридиум

145787.60

Паладиум

50058.71