Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Меѓународните мировни мисии се загрозени бидејќи бројот на мировен персонал на Обединетите нации е преполовен во споредба со состојбата пред десет години, предупреди денеска Стокхолмски меѓународен институт за истражување на мирот, изразувајќи загриженост поради „драматичното слабеење“ на мултилатералното управување со конфликти. Истражувачите во извештајот на институтот наведуваат дека бројот на припадници на мировните сили на Обединети ...
Рамковниот договор меѓу САД и Иран предвидува рок од 60 дена за постигнување конечен договор, според кој Иран не би поседувал нуклеарно оружје и би се откажал од резервите на збогатен ураниум, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски претставник. Телевизијата, повикувајќи се на неименуван висок претставник на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, наведува дека рамковниот договор меѓу САД и Иран предвидува ...
Македонската Соларна Асоцијација и Скопје Сити Мол по четврти пат го организираат СОЛАРНИОТ САЕМ – МАКСОЛ ЕКСПО, кој годинава ќе се одржи од 4 до 7 јуни во Скопје Сити Мол. Настанот ќе обедини повеќе од 25 компании од Македонија и од регионот, што ќе ги претстават најновите производи, технологии и решенија од областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. Посетителите ќе може да разгледаат широк спектар на соларна ...
САД ќе ја задржат поморската блокада на иранските бродови во Ормуска Теснина сè додека договорот не биде потпишан, порача американскиот претседател Доналд Трамп, додека високи претставници на неговата администрација тврдат дека преговарачите би имале рок од 60 дена за постигнување конечен договор. Американската блокада на иранските бродови во Ормуска Теснина „ќе остане целосно vo сила сè додека договорот не биде постигнат, заверен и ...
Цените на енергенсите забележаа значителен пад на светските пазари, при што најголемо намалување е регистрирано кај суровата нафта и дериватите, додека природниот гас остана речиси стабилен. Според последните берзански податоци, цената на „Брент“ нафтата за августовските договори се намали за 4,86 проценти и се тргуваше по 95,34 долари за барел. Во текот на денот највисоката цена достигнала 99,59 долари, додека најниската била 94,22 долари. ...
Промоција на „Економија на заемноста: Редефинирање на економската парадигма“ и средба со еден од авторите д-р Џеј Јакуп (DPhil, Oxon) ќе се одржи денеска во „Литературно кафе Метаноја“ во Скопје, во организација на издавачката куќа „Метаноја“ во соработка со Балканскиот институт за вера и култура. Оригиналната верзија е во издание на Oxford University Press. Настанот ќе го отвори м-р Нада Милкова, директорка на „Метаноја“, а промотори се д-р ...
Традиционалните методи за дигитална видливост веќе не се доволни за опстанок на пазарот во ерата на вештачката интелигенција (AI). Ова е главниот заклучок од бизнис настанот „Will AI Find Your Brand?“, кој се одржа во просториите на АНК Северна Македонија, во организација на АНК и Represent Communications Скопје. Настанот ги собра водечките комуникациски експерти од регионот и претставници на бизнис заедницата, со цел да се демистифицира ...
Голем пожар избувна во објект на поранешната фабрика „Декортекст“ во Радовиш, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите во околината. Огнот зафатил магацински простор во кој, според информациите од терен, имало запаливи материјали, како и дел од поранешен производствен погон со машини. Според информациите од Територијалната противпожарна единица, пожарникарите интервенирале веднаш по пријавата, а за кратко време биле мобилизирани сите ...
Разговорите меѓу САД и Иран повторно се во фокусот на светската јавност, откако двете страни најавија напредок во преговорите за намалување на тензиите и нова рамка за соработка. Иако договорот сè уште не е официјално потпишан, дел од неговите клучни точки веќе се познати. Според информации од американски и меѓународни медиуми, договорот предвидува постепено смирување на состојбата на Блискиот Исток, отворање простор за нови дипломатски ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува многу поефикасна работа од институциите и порача дека граѓаните повеќе нема да чекаат бавна правда и одолговлекување на постапките. Тој нагласи дека не е целосно задоволен од динамиката со која се постапува по предметите и оцени дека надлежните органи мора да покажат многу поголема ефикасност. „Може многу подобро и многу побрзо да се испорачуваат резултати“, истакна Мицкоски, додавајќи дека ...
По одлуката на Министерството за финансии да му ја одземе дозволата за работа на финансиското друштво „Креди Јес“, од коалицијата ВЛЕН порачаа дека институциите треба уште поодлучно да продолжат со контролите и мерките против финансиските злоупотреби. Од ВЛЕН велат дека државата мора да покаже нулта толеранција кон практики што ги доведуваат граѓаните во финансиски ризик и несигурност, особено кога станува збор за брзите кредити и заштитата ...
Македонската Православна Младина на Австралија одбележува 20 години од основањето. По тој повод во Мелбурн беше одржана свеченост со која беше прославен јубилејот. На свеченоста присуствувале претставници од политичкиот, дипломатскиот и црковниот живот на Австралија, како и членови на пошироката православна заедница. – Настанот собра повеќе од 500 гости, претставници од политичкиот, дипломатскиот и црковниот живот, како и членови на ...
Очигледно, кога недостигаат аргументи – најлесно е да се создава магла. Наместо дебата со факти, дел од таканаречените „еко-активисти“ продолжуваат со кампања на страв, навреди и дискредитации кон секој што ќе се осмели да постави прашање дали Македонија треба да ги користи сопствените природни ресурси. Па дури и кога прашањето на маса го става највисока научна институција во Македонија – МАНУ. Сега и на академците кои ја работеле ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Меморандумот за разбирање за мировен договор со Иран е „во голема мера договорен“ и дека тој предвидува отворање на Ормуската Теснина, но иранската новинска агенција Фарс подоцна ги демантираше овие тврдења во однос на контролата врз водниот пат. Трамп преку социјалните мрежи истакна дека очекуваниот договор ќе го деблокира овој клучен воден пат, чие затворање ги наруши глобалните енергетски ...
Нешто повеќе од половина милион гласачи (568.587) денеска ќе го остварат правото на глас на парламентарните избори на Кипар, на кои учествуваат рекорден број партии, коалиции и кандидати, од кои ќе бидат избрани 56 пратеници во Парламентот, додека пак анкетите покажуваат загуби за традиционалните партии и подем на нови политички сили со што драстично може да се смени политичката сцена во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Иако ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мировниот договор меѓу САД и Иран е речиси целосно договорен и дека финализацијата се очекува во наредниот период. Од Белата куќа беше соопштено дека во изминатите денови биле одржани повеќе разговори со лидери од Блискиот Исток и регионот, со цел да се усогласат последните детали од договорот. Трамп посочи дека дискусиите биле „многу успешни“ и дека постои значителен напредок кон ...
Светите Кирил и Методиј во Православната црква се прославуваат како „Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски“. Кои се Светите Кирил и Методиј? Тие се еден владика и еден калуѓер: Кирил бил монах, а Методиј епископ и архиепископ. И двајцата биле многу учени луѓе. Вброени се меѓу најучените во цела Византиска империја. Нивното потекло било од Македонија. Тие го познавале својот народ и мајчиниот јазик. Затоа, на тој јазик го ...
Европската Унија е чекор поблиску до целосно укинување на роаминг-трошоците за земјите од Западен Балкан, откако земјите членки постигнаа напредок околу отворањето на официјални преговори со регионот. Според најавите, во почетокот на јуни се очекува формално одобрување на мандатот за преговори, по што Европската комисија би започнала разговори со секоја држава од Западен Балкан поединечно. Во процесот е вклучена и Северна Македонија, која ќе ...
Управата за хидрометеоролошки работи најавува за денес пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Во делови од Скопската котлина ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Управата за ...
Организацијата за следење на интернет-состојбите „Нетблокс“ соопшти дека Иран влегува во 13-та последователна недела на сериозни ограничувања на пристапот до глобалниот интернет, што претставува една од најдолгите дигитални блокади во последните години. Според објавата на мониторинг-платформата, земјата досега поминала повеќе од 2.016 часа во состојба на дигитална изолација од остатокот од светот. Податоците покажуваат дека голем дел од ...
Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека земјите од Европската Унија би можеле да се соочат со сериозни финансиски проблеми доколку не се спроведат навремени економски и фискални реформи. Според проценките на Фондот, јавниот долг во голем број европски држави би можел значително да се зголеми во наредните децении, создавајќи дополнителен притисок врз економијата и јавните финансии. Пред министрите за финансии на ЕУ на состанокот во ...
Земјотрес со јачина од 3.5 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во Република Северна Македонија, соопшти ЕМСЦ.. Потресот се случил во 17:41 часот по локално време, а епицентарот бил на координати 41.940 северна географска ширина и 21.680 источна географска должина, на длабочина од 5 километри. Според податоците, земјотресот бил лоциран на околу 21 километар источно од Скопје и 15 километри источно од Кисела Вода. ...
Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без ...
ДУИ сè уште не може да се помири со новата политичка реалност и со губењето на поддршката кај Албанците. Во недостаток на резултати и доверба од граѓаните, оваа партија избра напади, пропаганда и етикетирања кон секој политички противник. Нападите кон медиумите, анкетите и јавноста јасно го покажуваат растечката нервоза во редовите на ДУИ поради континуираниот пад на поддршката. Албанците веќе зборуваа јасно. Тие гласаа за промени, ...
Мексико и Европската Унија потпишаа ревидиран трговски договор кој предвидува намалување на заемните царински тарифи, со цел двете страни да ги диверзифицираат своите економии и да ги заобиколат агресивните протекционистички мерки на американскиот претседател Доналд Трамп, јавуваат светските новински агенции. Преговорите за обновување на претходниот договор започнаа уште во мај 2016 година, но начелниот договор за трговските аспекти ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар донесе одлука со која се забранува увозот на земјоделски производи од Украина, се наведува во негова објава на социјалната мрежа Икс. Локалниот медиум „Хангари тудеј“ забележува дека во Унгарија веќе подолго време се водат жестоки дебати околу аграрната политика на Будимпешта во однос на украинскиот увоз. Министерот за земјоделство и храна, Соболч Бона, на социјалните мрежи појасни дека претходната власт го ...
Основното јавно обвинителство Скопје започна истрага и достави предлог за определување притвор против државјанин на Косово, во врска со тешката сообраќајна несреќа што се случи на скопската обиколница, во која загинаа четири лица. Според информациите од Обвинителството, осомничениот, 76-годишен возач на товарно возило, се товари дека не ги почитувал сообраќајните прописи додека управувал камион марка „ман“ со приколка, движејќи се по ...
Македонската спортска јавност е во тага по веста за смртта на истакнатиот спортист Бошко Стаменковски, кој почина на 51-годишна возраст. Тој важеше за еден од најуспешните македонски атлети во силовите спортови, со бројни меѓународни успеси и освоени титули. Стаменковски беше повеќекратен светски и европски шампион во пауерлифтинг, особено во дисциплината бенч-прес, а во текот на својата кариера постави и неколку рекорди кои го вброија меѓу ...
Јавната набавка за 150 електрични автобуси и 75 полначи е поништена, информираше Министерството за транспорт, откако Државната комисија за жалби по јавни набавки донела одлука за укинување на постапката. Од Министерството соопштија дека тендерот повторно ќе биде објавен во најкус можен рок и согласно законските процедури, но не открија кои се причините што довеле до поништување на набавката. Одлуката доаѓа само неколку дена откако ...
Државната комисија за спречување на корупцијата поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство против поранешни членови на Управниот и Надзорниот одбор на ТЕЦ Неготино, поради сомнежи за незаконско користење на финансиски бенефиции и задржување на работните позиции. Според информациите од Антикорупциската комисија, лицата кои биле дел од раководните структури во ТЕЦ Неготино истовремено извршувале и директорски функции во претпријатието. ...