Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Буџетот на Програмата за образование на Општина Делчево за 2026 година е зголемен за 250.000 денари и е целосно насочен кон поддршка на талентирани ученици и студенти. Со тоа, како што денеска информираше градоначалникот Иван Гоцевски, локалната самоуправа прави значаен чекор кон унапредување на образованието и мотивацијата кај младите. – Со новата програма, општинските стипендии и награди се зголемени, при што износот на наградите порасна ...
Германските судови примија 15,2 проценти повеќе барања од компании за поведување стечајна постапка во декември отколку на крајот на 2024 година, покажаа денеска прелиминарните податоци од статистичката служба. Во ноември, бројот на барања беше за 5,7 проценти поголем, а во октомври за 6,5 проценти. Пресметката ги вклучува само барањата за кои стечајниот суд веќе донел прва пресуда, ве потсетуваат статистичарите. Податоците за целата измината ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц најави дека очекува САД да продолжат да соработуваат со Данска во обезбедувањето на Гренланд, при што се водат дискусии за утврдување на конкретниот облик на оваа соработка, според извештајот на ДПА. “Водиме многу длабоки разговори со данската Влада и нашата цел е да работиме заедно за подобрување на безбедноста на Гренланд”, истакна Мерц за време на неговото обраќање во индискиот град Ахмедабад. “Очекувам и ...
Сталниот претставник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Србија, Лев Ратновски, истакна дека земјата се соочува со надворешни потреси и предизвици во енергетскиот сектор. Сепак, силните девизни резерви и нискиот јавен долг нудат доволно простор за имплементација на структурни промени, објави „Нова економија“. Довербата на инвеститорите кон Србија се намали во текот на минатата година, што се должи на комбинацијата од несигурност во ...
Инженерската институција на Македонија, по втор пат, годинава избира Млад инженер на годината. Институцијата ги повикува сите млади инженери до 35 години (вклучувајќи и 35 години) да се пријават на повикот што трае до 8 февруари 2026 година на следниот линк https://forms.gle/Ns6BC7R7Wsemkd2g8 Освен возраста, новиот Млад инженер на годината ќе се избира согласно постигнатите инженерски резултати во 2025 година, лидерството и инспирацијата за ...
Во 2025 година, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид опслужија 3,5 милиони патници и 26.500 летови. Двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид минатата година опслужија 3,5 (3.475.288) патници што е зголемување од 9% во однос на 2024 година. Во 2025 година двата аеродроми опслужија 26.500 летови, што е за 4% повеќе во однос на истиот временски период, од ...
Собранието денеска треба да ја одржи 80.седница на чиј дневен ред се верификација на мандат на пратеник, откако Беким Сали беше именуван за прв вицепремиер и министер за европски прашања, како и повеќе предлог закони, меѓу кои и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, во прво читање. Целта на донесувањето на законските измени на Кривичниот законик е отстранување наслабостите во постојните одредби и постапување согласно Решение на ...
Со вложување од приближно 30 милиони евра се реализираат мерки за подобрување на животот во Неготино, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски, преку објава на неговата официјална Фејсбук страница. „Проектот за изградба на урбана заедница 5, урбан блок 5,1 во Неготино претставува значаен инфраструктурен зафат што има за цел создавање на современа, функционална и добро организирана урбана средина. Со проектот се предвидува пробивање и ...
Регулаторната агенција за електронски комуникации (АЕК) се очекува денеска да донесе одлука во врска со изборот на најсоодветен понудувач за трет мобилен оператор. Ова следува по минатогодишното продолжување на роковите од тендерската документација, на барање на единствениот пријавен учесник, „Оне Македонија телекомуникации“, дел од унгарската групација „Фор-ај-џи“. Согласно најновата одлука на АЕК, крајниот рок за издавање дозвола за ...
Во Собранието денеска се закажани седници на комисиите за социјална политика, демографија и млади, за економски прашања, труд и енергетска политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за финансирање и буџет, за прашања на изборите и именувањата како и Законодавно-правна комисија. Комисијата за социјална политика, демографија и млади треба да расправа за предлог законите за изменување и ...
Шведска ќе издвои 15 милијарди шведски круни (1,6 милијарди долари) за засилување на својата воздушна одбрана, со примарна цел за обезбедување безбедност на цивилите и клучната инфраструктура, објави вчера владата. Слично како и голем број други европски држави, Шведска го зголеми својот одбранбен буџет по агресијата на Русија врз Украина. И покрај тоа, значителната територија на земјата и натаму е изложена на ризици од воздушни напади. ...
Финансиски министри од земјите членки на Групата седум (Г7), водечките светски демократски нации, заедно со други државни претставници, денес во Вашингтон ќе дискутираат за пристапот до клучни суровини. Вкупно 34 видови материјали, вклучувајќи литиум, кобалт, ретки земјени метали, бакар и алуминиум, се класифицирани како критични суровини поради нивното непроценливо значење за економските системи. Тие се од суштинско значење за напредни ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе оствари средба со раководството на „Македонија 2025“. Посетата е дел од серијата работни средби што министерот Муцунски ќе ги реализира во текот на неделата со раководствата на стопанските комори, најави Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. „Македонија 2025“ е меѓународна невладина организација чија главна мисија е креирање и унапредување ...
Кина повторно ги поместува границите на модерниот транспорт. Новиот брз воз CR450 официјално стана најбрзиот брз воз во светот, откако за време на пробни возења достигна импресивна брзина од 453 километри на час. Возот е развиен како дел од долгорочната стратегија на Кина за унапредување на високобрзинската железничка мрежа и технолошка доминација во областа на железничкиот транспорт. CR450 претставува нова генерација на брзи возови, со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп наложил на американските воени команданти да состават стратегија за освојување на Гренланд, но високи воени функционери се противат на ова, објави „Мејл он Сандеј“, цитирајќи свои извори. Според информациите од изворите, политичките „тврдокорни“ фигури околу американскиот претседател, на чело со политичкиот советник Стивен Милер, се силно поттикнати од успехот на операцијата за притворање на ...
Израел и Германија склучија договор за партнерство во областа на безбедноста, чија цел е спротивставување на опасностите што доаѓаат од Иран и неговите регионални поддржувачи, објавија од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Спогодбата, ратификувана од премиерот Нетанјаху и германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт, ја осудува дејноста на Техеран, како и на организациите Хезболах, Хамас и јеменските Хути. Во ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека ќе биде одржан состанок фокусиран на итното барање на Украина за нови проектили за противвоздушна одбрана (ПВО). Во своето видеообраќање од претходната вечер, Зеленски наведе дека заедно со врховниот командант на вооружените сили, Олександар Сирски, детално ги анализирале прашањата поврзани со испораките од сојузниците. Тој потенцираше дека приоритет имаат проектилните системи кои ...
Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML 2.9. – Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, ...
Сите патни коридори се проодни. Сообраќајот по магистралните патишта се одвива под зимски услови, претежно на влажни коловози. На некои повисоки места во западниот и југозападниот дел од земјава, по интервенцијата на екипите на ЈП „Македонијапат“, има мали остатоци од кашест снег на коловозот. Во својот утрински извештај за состојбата на патиштата, Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека интензитетот на сообраќај на делниците ...
Судскиот совет денеска треба да ја одржи 534. седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои за престанокот на судиска функција поради стекнување услови за старосна пензија, поплаки и претставки за работата на судиите и судовите, како и формирање комисии за постапки за утврдување одговорност. Дневниот ред опфаќа и расправа по Пресудата на Управниот суд У‑5 бр. 380/2025, за уставната судијка Елизабета Дуковска, како и по Известувања за ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера упати предлог до Куба да постигне договор со Вашингтон, со оглед на тоа што островската држава повеќе нема да прима нафта или финансиска помош од Венецуела. Венецуела е најголемиот снабдувач на нафта за Куба, но по апсењето и одведувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американските сили, Трамп успеа да изврши притисок врз привремената претседателка на Венецуела, Делси ...
Аерозагадувањето, PM честичките, издувните гасови од дизел возилата, полицикличните ароматични јаглеводороди и бензенот во издувните гасови на возилата, одредени тешки метали од индустријата, разни соедниненија при согорување на дрва, јаглен, нафта… се класифицирани како КАНЦЕРОГЕНИ ОД ПРВА ГРУПА, што значи дека докажано предизвикуваат рак кај луѓето според Меѓународната агенција за истражување на ракот. Следствено, проблемот со високото ...
Од 10:05 часот претпладнево се укинува забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, информира ЈП „Македонија пат“. Како што претходно соопшти, од 09:00 часот утрово е укината забраната за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“ што беше воведена синоќа во 21:00, додека од 08:20 часот е укината и забраната за камиони на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој ...
Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски вели дека пред Градот стои една од најпредизвикувачките години во која ќе се стави целосен фокус на потребите на граѓаните и реализација на се што е ветено. Ќе се работи на подобрување на инфраструктурата, на зголемување на зелените површини, на враќање на целосниот капацитет на јавните претпријатија. Оваа година, нагласува, ќе биде година на големи капитални инвестиции и вистинска преродба на ...
Цените на недвижностите во земјава продолжуваат со раст и тоа не само во главниот град, туку на ниво на целата држава. Најновите анализи и податоци покажуваат дека трендот на поскапување е присутен во сите поголеми урбани средини, но и во помалите градови и туристички места. Најголем пораст се бележи кај становите, особено кај новоградбите, каде високите трошоци за градежни материјали, работна сила и земјиште директно влијаат врз крајната ...
Поради уличен дефект на водоводна цевка, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на делови од три улици во Општина Центар. Како што соопштуваат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, без вода ќе останат корисниците на дел од улиците „Миле Попјорданов“, „Јуриј Гагарин“ и „Васил Ѓоргов“. – Поради уличен дефект Ф 100 мм на ул. Миле Попјорданов бр. 40, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. „Миле ...
До 9:00 часот утрово излезеноста за повторните локални избори во општина Врапчиште е еден процен или гласале 272 лица, во општина Гостивар 0,93 проценти или 651 гласач, во Маврово – Ростуше 2,89 отсто или 306 лица, додека во општина Центар Жупа 0,75 проценти или гласале 57 избирачи, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што рече портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, на избирачките места кои се отворени навреме, ...
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница утрово информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер. Според ЈСП, јачината на ветерот ги надминува дозволените граници за непречено и безбедно функционирање на жичницата. -Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со ...
Утринава во 09:00 часот е ставено вонсила ограничувањето за движење на тешки товарни возила на релација Струга – Граничен премин „Ќафасан“. Оваа забрана беше воведена синоќа во 21:00 часот, според информации од ЈП „Македонија пат“. Претходно, во 08:20 часот, беше укинато ограничувањето за сообраќај на тешки товарни возила на трасата Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража. Забраната за таа делница беше во сила од полноќ и 25 ...
Литванија и Малта во 2025 година ги надминаа големите европски туристички центри, како Португалија, Грција, Италија и Шпанија, според стапката на зголемување на бројот на посетители и генерираните приходи. Според „Травел анд тур ворлд“ (ТТВ), извонредните резултати на двете држави се должат на повеќе фактори, вклучувајќи стратешки маркетинг, специјализирани туристички понуди, подобра поврзаност и силен акцент на одржливост. Со тоа, Литванија ...