
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Планот на станот веќе го имате во глава, а го имате замислено и секој детаљ од уредувањето. Тоа значи дека ви останува уште реализацијата! За таа цел Комерцијална банка ви нуди кредит со најниски камати на пазарот: 2,9% фиксна за првите 5 години или 3% фиксна за првите 10 години и 3,9% променлива за остатокот од периодот. Максималниот рок на отплата е до 30 години. Кредитот можете да го искористите за купување, изградба, доградба или ...
Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста преку соопштение на Македонска берза дека г-н Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор, се стекна со 500 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. Со оваа нова инвестиција од 500 купени акции од Банката со која раководи, г-н Хари Костов дополнително го зголемува својот и онака голем акционерски капитал во Комерцијална банка АД Скопје, каде што вкупниот ...
Стопанска банка АД – Скопје известува дека донесе Одлука за именување на Катерина Илиќ Нонкуловска како одговорно лице за контакт со инвеститори на Банката. Катерина Илиќ Нонкуловска е Директор на Дирекција за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги. ...
По високиот пораст на цената претходната година, кога ги достигна историски највисоките вредности, златото од почетокот на тековната 2021 година бележи константен пад на вредноста. Од почетокот на новата година до сега, неговата вредност е намалена за високи 9 проценти и дури за 17 проценти од август кога всушност ја достигна својата рекордна вредност. Благородните метали како што се златото и среброто остануваат под силен притисок, а меѓу ...
Македонска берза АД Скопје се приклучи кон глобалната иницијатива “Ring the Bell for Gender Equality”, со што за прв пат годинава влезе во друштво на стотина берзи ширум светот каде по повод Меѓународниот ден на жената со симболично ѕвонење на берзанското ѕвоно, се означува почетокот на тргувањето. Звоното на Македонска берза го зазвонија М-р Нора Алити, Претседател на Комисијата за хартии од вредност и Иван Штериев, Главен извршен директор на ...
Врз основа на член 68 и 69 од Статутот на Охридска Банка АД Скопје и член 32 став 3 од Правилата за котација, Надзорниот одбор на Охридска банка АД на седницата одржана на 25.02.2021 година ја одобри одлуката на Управниот одбор на банката со која беше назначен Мито Ѓорески како одговорно лице за контакт со инвеститори на Охридска банка АД Скопје. Мито Ѓорески е Директор на Сектор за финансии и контролинг. ...
Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец февруари 2021 година. Вкупниот промет е зголемен во однос на претходниот месец за виски 170,48 проценти, па тоа придонесе дел од компаниите кои котираат на берзата да забележат висок пораст на вредноста на своите акции. Компанија која забележа највисок пораст на вредноста на своите акции е Лотарија на Македонија АД Скопје. Просечната цена на акциите на оваа компанија во месец ...
Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.02.-28.02.2021 година вкупниот промет изнесува 1.390.563.281 денари и е зголемен за енормни 170,48% во однос на претходниот месец јануари. Класичното тргување изнесува 1.004.456.344 денари и бележи огромен раст во однос на јануари за 155,37%. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 586.617.601 денари и обврзници во вредност од 417.838.743 денари, додека пак нема ...
Македонската берза и Загребската берза потпишаа Договор за соработка, којшто има за цел да го подобри професионалното знаење и развој на директните и индиректни учесници на македонскиот пазар на капитал преку семинари организирани во рамки на Академијата на Загребската берза. Учесници од Македонија ќе имаат можност да присуствуваат на обуки за различни теми поврзани со пазарите на капитал, како што се портфолио менаџмент, користење на финансиски ...
Кредибилитетот на инвеститорите во нашата економија и политиките кои се спроведуваат расте, согласно тоа се намалува каматната стапка по која би купиле еврообврзница од нас. Осмата еврообврзница ја издадовме по убедливо најниска каматна стапка од 1,625 % која е неколкукратно пониска од сите претходно издадени еврообврзбици од земјава, но истовремено е пониска и од каматните стапки по кои другите земји во регионот неодамна издадоа еврообврзници. ...
Во четвртиот квартал од 2020 година, БДП се намали за -0,7 проценти, што е во линија со иницијалната проекција од „Finance Think” од -0,8%. Во овој квартал, продолжи растот на јавната потрошувачка (6,6%) како резултат на државната помош за намалување на социо-економските последици од корона-кризата, но со помал интензитет од претходно, се порачува во Макроекономскиот монитор Q4 2020 што го објави „Finance Think”. „Извозот забележа стабилизација ...
Искористете ги поволностите на наменските кредити за енергетска ефикасност за физички лица на НЛБ Банка со цел поддршка на инвестициите во зелени технологии и тоа: Енерго плус потрошувачки кредит, на износ до 25.000 ЕУР и Енерго плус хипотекарен кредит, на износ до 50.000 ЕУР. Пресметајте колку средства можете да заштедите доколку инвестирате во енергетско ефикасни технологии во Вашиот дом користејќи го калкулаторот за енергетска ефикасност на ...
На 03.03.2021 се одржа седница на Собранието на Македонската Банкарска Асоцијација (МБА), на која беше разгледана Одлуката на Советот на Народната банка за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките и штедилниците. Покрај претставниците на сите членки на МБА, на седницата беа поканети и присуствуваа и гувернерката, д-р Анита Ангеловска Бежоска, вицегувернерите на Народната банка и и претставници ...
„Goldman Sachs” наскоро ќе воспостави трговско биро за криптовалути, пренесува „Reuters“. Компанијата започна такво биро во 2018 година, но ова отворање се случи во време кога вредноста на биткоинот падна за 70%, што го намали интересот за тргување. Сепак, од тогаш, инфраструктурата и популарноста на криптовалутите, како што е биткоинот, исто така се подобрија, што скоро достигна рекордна вредност. Се проценува дека институционалниот интерес за ...
ТТК Банка АД Скопје преку известување на Македонска берза информира дека претседателот на Управниот одбор на банката, д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 500 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје. Драгољуб Арсовски е претседател на Управниот одбор на ТТК Банка повеќе од 12 години со постојан реизбор. Со оваа нова инвестиција од 500 купени акции од Банката со која раководи, д-р Драгољуб Арсовски се повеќе го зголемува својот акционерски ...
Не е е без причина раширено мислењето дека силните и успешни жени, без оглед на ситуацијата и опкружението, подобро ги согледуваат и околностите и заедничките интереси и неретко се поажурни од мажите. Во случај да не се согласувате со ова тврдење, факт е дека жените во деловниот свет се посилни од секогаш. Во Македонија ретки се компaниите во кои “женскиот менаџмент” на високи позиции доминира. СН финансиско друштво е една од нив. Четири успешни ...
„Кај нас ЖЕНИТЕ МОЖАТ!” е мотото на промотивната кампања на ФД СН Финансии по повод Денот на жената 8-ми Март! Аплицирајте и искористете ги промотивните поволности, а притоа добивате можност да станете потенцијален добитник на викенд за двајца во ХОТЕЛ & СПА Тино Св.Стефан – Охрид. Промотивната понуда можете да ја погледнете на следниот линк. Акцијата трае до 06.03.2021, САБОТА. ...
НЛБ Банка ги информира своите клиенти дека поставени се два нови НЛБ Банкомати на следниве локации: • Mia’s Favorite Hotel – Маврово • Ул. Питу Гули бр.59 (Tinex Водно) – Скопје Со поставувањето на банкоматите во овие реони, НЛБ Банка на клиентите им овозможува самостојно да ги извршуваат следниве банкарски трансакции: исплата на готовина, проверка на состојбата на сметките, плаќање на режиски трошоци како и припејд надополнување на мобилен ...
На последниот ден за тргување на македонската берза, банкарските акции повторно беа во пораст, откако еден ден претходно забележаа висок пад на вредноста по Одлуката на Народната банка за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките. Сепак, иако Народната банка одлучи банките да не исплаќаат дивиденда, банкарските акции сеуште се најактуелни кај македонските инвеститори. Највисок пoраст забележаа ...
Триглав Осигурување АД Скопје, заклучно со 31.12.2020 година оствари нето добивката од работењето во износ од 15.246 илјади денари, стои во финансискиот извештај на компанијата објавен на Македонска берза. Нето приходите од премија за 2020 година изнесуваат 915.173 илјади денари, коешто претставува намалување во однос на 2019 година за 8,3%, односно за 83.049 илјади денари. Гледано аналитички како причини за намалувањето се наведуваат: пад на ...
Анонимноста што ја нудат крипто-валутите одамна им е позната на криминалците и терористите. Работејќи независно и настрана од будното око на Централните банки, крипто-валутите, како што е биткоинот, се пренесуваат директно од личност до личност и не можат да бидат попречени, ограничени, замрзнати, запрени, конфискувани или вратени назад. По дефиниција, крипто-валутите се децентрализирани и затоа се исклучително тешки за контрола. Плаќањата и ...
На последниот ден за тргување на македонската берза, банкарските акции забележаа висок пад на вредноста по Одлуката на Народната банка за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките. Намалувањето на вредноста на акциите на банките беше очекувано. Централната банка одлуката ја правда со претпазливност заради сеуште актуелната пандемија, со најава дека станува збор за времена мерка која може да ...
Време е за пазарување на рати и без камата. Од 1-ви март започна промотивниот период за купување во Нептун со наменскиот потрошувачки кредит на Комерцијална банка, кој ви овозможува да купите кој било од понудените производи на одложено плаќање до 24 рати без камата. Искористете ја оваа можност до 31 март 2021 година за да го подновите вашиот дом со некои од производите во Нептун. Сите информации за овој кредитен производ на Комерцијална банка ...
Согласно одредбите од член 53-в од Законот за данокот на додадена вредност, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите деловни партнери дека e согласна за прием на фактури пратени по електронски пат до 31.12.2021 година. Фактурите пратени по електронски пат треба да се доставуваат исклучиво на е-адресата e-fakturi@stb.com.mk. Секоја фактура која ќе се достави на друга e адреса, а не на e-адресата e-fakturi@stb.com.mk, ќе се смета дека не е ...
На 26.02.2021 година Комисијата за берзански индекс изврши вонредна ревизија на Индексот на обврзници на Македонската Берза (ОМБ). Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за денационализација-Единаесетта емисија (RMDEN11), Обврзниците за денационализација-Дванаесетта емисија (RMDEN12), ...
НЛБ Банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица во период од 1.03.2021 до 31.03.2021 година. Во промотивниот период сите кредити за физички лица ќе се нудат без трошоци за одобрување, додека станбените и хипотекарните кредити ќе се одобруваат и без трошоци за проценка на имот. Во рамките на промотивната понуда, клиентите ќе можат да аплицираат за некој од НЛБ Потрошувачките кредити кои се со фиксни каматни стапки за првите 36 ...
Согласно основното сценарио очекуваме раст на економијата од 4,1% за годинава. Секако, постојат и ризици. Тие главно се поврзани со здравствената криза, односно пролонгирањето на пандемијата од коронавирусот. Тоа би резултирало со ограничувачки мерки, реперкусии врз глобалните синџири на снабдување и надворешната побарувачка, влошени очекувања на деловните субјекти и домаќинствата, намален прилив на инвестиции и парични дознаки од странство. Во ...
Живееме во време во кое со еден клик можеме да пронајдеме и купиме се што ни треба. Потребен ни е само телефон или компјутер и платежна картичка. А купувањето со платежна картичка полека, но сигурно, станува доминантен начин на плаќање и го заменува плаќањето со готовина. Но, со тоа и штедењето пари станува сè потешко. Се прашувате дали е возможно да заштедите пари трошејќи ги? Да, возможно е, бидејќи во ова модерно време кое е предводено од ...
Билансот на состојба на Охридска банка АД Скопје на крајот од 2020 година изнесува 45.302 милиони денари и споредено со крајот на 2019 година, е на повисоко ниво за 2.968 милиони денари или за 7,0% со остварување на планот од 108%, со најголем придонес од порастот на депозитите и повлечени средства по основ кредитни линии од финансиски институции. Депозитите на клиентите, како најзначаен извор на средства за финансирање на активностите на ...
Советот на Народната банка денес одржа редовна седница на којашто донесе Одлука за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките. Оваа одлука се однесува и на штедилниците. Како што беше истакнато на седницата, со појавата на пандемијата на ковид-19, Народната банка донесе повеќе мерки за монетарно олабавување и регулаторна флексибилност, како поддршка на банкарскиот систем и економијата во целина, ...