Connect with us
no baners

Бизнис

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги со лиценцирање на институција за електронски пари на Европскиот пазар.

Објавено

на

Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари, со добиената лиценца за започнување со работа на IutePay во Бугарија, доделена од страна на Бугарската Народна Банка.Истото претставува голем исчекор, овозможувајќи ѝ на групацијата да ги прошири своите платежни услуги освен на Балканот и на тлото на Европа. 

На овој начин, Бугарија се приклучува на албанската Иуте подружница, која ја доби лиценцата за електронски пари во 2022 година, додека во Молдавија групација Иуте нуди платежни услуги преку Energbank.

Со оваа лиценца корисниците ќе имаат можност да отворат платежни сметки за добивање на приливи по основ на плата, трансфер на пари во реално време, плаќање сметки за комунални услуги или отплата на рати по кредити.

Лиценцата за институција за електронски пари е клучен чекор во стратегијата на групацијата да стане меѓународен давател на платежни услуги, на начин што нѝ овозможува да го прошириме делокругот на делување ширум сите пазари на ЕУ, нудејќи брзи, беспрекорни и клиентски ориентирани решенија за плаќање. Ова овозможува и на другите Иуте подружници и нивните клиенти пристап до инстант плаќања во евра, без разлика дали нивните земји имаат инфраструктура за инстант плаќања“, изјави Тармо Силд, Извршен директор на Групацијата.

Групацијата Иуте е финтек компанија основана во 2008 година во Естонија, специјализирана во делот на лични финансии, платежни услуги, банкарство и осигурителни производи. Иуте услужува клиенти во Албанија, Бугарија, Молдавија и Северна Македонија, притоа финансирајќи ги своите кредитни портфолија со капитал, депозити и обезбедени обврзници на регулираниот пазар на Франкфуртската и Балтичката берза.

Иуте Македонија како дел од Иуте Естонија, дигиталнонајмоќната земја во Европа, од својата мајка компанија гицрпи сите технолошки дигитални новини, имплементирајќиги и на домашниот пазар и корисници.

Во изминативе 15 години, Иуте еволуираше стабилно, од компанија за кредитирање во банкарска групација во повеќе бизнис сегменти, продолжувајќи цврсто и сигурно да ги следи зацртаните цели.

Потврда за истото беше и неодамна добиениот прв Фич рејтинг, како огромен успех и доказ за кредибилитетот. Групацијата исто така се најде на листата на елитни европски компании кои, според истражувањето на Фајненшал Тајмс (Financial Times) и Статиста (Statista), покажале континуиран, стабилен и одржлив раст на приходите во изминатата декада.

Банки

Македонија со напредок во спречувањето на перење пари и финансирање тероризам, но остануваат предизвици

Објавено

на

Северна Македонија направила значаен напредок во зајакнувањето на правната и институционалната рамка за спречување на перење пари и финансирање тероризам, се наведува во новиот извештај на MONEYVAL – телото на Советот на Европа задолжено за проценка на усогласеноста со меѓународните стандарди во оваа област. Извештајот беше објавен на 25 јуни 2025 година во Стразбур.

Според MONEYVAL, државата успешно ги подобрила оценките кај три од клучните препораки на Меѓународната група за финансиска акција (ФАТФ), и тоа во делот на:

  • Трансакции со жичен трансфер,
  • Внатрешна контрола и надзор над странски филијали,
  • Транспарентност на вистинските сопственици на трастови и слични правни форми.

Овие препораки, кои претходно беа оценети како „делумно усогласени“, сега се категоризирани како „во голема мера усогласени“, што претставува позитивен сигнал за меѓународната заедница и инвеститорите.

И покрај овој напредок, MONEYVAL укажува дека напорите на земјата сѐ уште не се доволни во делот на Препорака 26 – регулација и надзор на финансискиот сектор, каде што оценката останува „делумно усогласена“.

Од вкупно 40 препораки на ФАТФ:

  • 31 се оценети како усогласени или во голема мера усогласени,
  • 9 се сѐ уште делумно усогласени.

Оваа распределба покажува напредок во процесот на унапредување на националниот систем за борба против перење пари, но истовремено укажува и на потребата од дополнителни структурни и надзорни реформи.

Северна Македонија има обврска да достави нов извештај до MONEYVAL за една година, во кој ќе го прикаже понатамошниот напредок и имплементацијата на препораките.

Овој извештај е клучен за оценување на ризиците поврзани со финансискиот систем на земјата, а усогласеноста со стандардите на ФАТФ има директно влијание врз банкарскиот сектор, довербата на инвеститорите и стабилноста на финансиските текови.

Продолжи со читање

Бизнис

Зајакнување на финансиската едукација: Минт Кредит дел од работилницатана Светска банка и Народната банка

Објавено

на

Минт кредит со учество на работилницата за кампањи за финансиска едукација, која се одржа на 16-ти јуни во организација на Светската банка и Народната банка на Република Северна Македонија.

Учеството на наш претсавник беше од клучно значење за исполнување на целите на нашето финансико друштво, во насока на препознавање на важната улога на финасиската едукација, а во насока накако директни даватели на финансиски услуги за граѓаните.

„Ваквиот тип на настани е посебно важен за нас како финасиски друштва, бидејќи во голема мера ни дава насоки како да го дисеминираме процесот до нашите клиенти. Како директни учесници во финасиските процеси, ние во Минт Кредит, посветуваме големо внимание на финасиската едукација за нашите клиенти, а ова беше одлична можност за запознавање со новите светски трендови како и размена на искуства.“ – изјави Марјан Вучковиќ, маркетинг менаџер.

Работилницата, која ја предводеше Арон Кореневски, експерт за односи со јавност од Канцеларијата за односи со јавност и корпоративни односи на Светската банка во Вашингтон, им овозможи на учесниците да се стекнат со нови знаења и вештини за дизајнирање и имплементација на ефективни кампањи за подигнување на финансиската свест од комуникациска перспектива.

Присуството на претставниците од финансиските друштва, заедно со учесници од централната банка, банкарскиот сектор и невладини организации, овозможи плодна дискусија и размена на искуства за предизвиците и можностите за унапредување на финансиската писменост во земјата.

Нивниот ангажман е од суштинско значење за приближување на комплексните финансиски теми до пошироката јавност.

ПР објава

Продолжи со читање

Бизнис

Родовa еднаквост, пристап до финансии и идни вештини во фокусот на EqualXChange 2025

Објавено

на

Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA, по четврти пат ја организираше годишната конференција EqualXChange, под мотото “Empowering Ideas, Inspiring Journeys”. Конференцијата, која традиционално се одржува секоја година, има за цел да го поддржи растот на домашните компании, да поттикне инклузивно лидерство и унапредување на родово еднакви политики и практики на работното место, како и да отвори дискусија за вештините на иднината во дигиталната економија во Македонија.

Конференцијата започна со поздравни обраќања од Нина Ангеловска Станков, претседателка на GEA и Емил Крстановски, национален координатор на Меѓународната организација на трудот (ILO), воедно партнери на конференцијата.

“Истражувањата покажуваат дека кога жените имаат пристап до финансии, поддршка и еднакви можности, напредува целото општество. На конференцијата имаше 27 говорници и преку 120 гости –  не само како учесници, туку како чинители на промената, подготвени за конкретни чекори што ќе ја направат еднаквоста системска, видлива и остварлива. Голема благодарност до Меѓународната организација на трудот за поддршката на оваа конференција, како и до CoWork 21 и Property One и до сите пријатели на конференцијата кои несебично се вклучија и ја поддржаа нашата мисија.”  – изјави Нина Ангеловска Станков, претседателка на GEA.

Оваа конференција зе организираше во соработка со Меѓународната организација на трудот (ILO) која е специјализирана агенција на Обединетите нации со главна мисија да промовира праведни услови за работа ширум светот. 

“Меѓународната организација на трудот од секогаш ги предводела напорите за остварувањето на целосна еднаквост помеѓу жените и мажите.  Уште во 1951 година ја носи Конвенцијата за еднакво плаќање за работа од еднаква вредност, а неколку години подоцна и Конвенцијата против дискриминација при вработување и работа. Потоа следуваат првите меѓународни стандарди на трудот за работниците со семејни обврски, заштита на мајчинството и работни места слободни од вознемирување и насилство. Напредокот кон целосна родова еднаквост и целосно спроведување на овие стандари е спор. Затоа се потребни партнери, како Алијансата за родова еднаквост на работното место, кои ја споделуваат нашата заложба за социјална правда и достоинство на трудот.” – изјави Емил Крстановски, Национален координатор во Меѓународната организација на трудот. 

Конференцијата продолжи со презентација на најновата публикација издадена од Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија и UN Women – „Жените и мажите во Северна Македонија во 2025 година“ од страна на Директорот на ДЗС, Д-р Дејан Станков. Во своето излагање, д-р Станков претстави значајни податоци за родовите разлики во различни сфери од општеството, кои ќе претставуваат основа за креирање на идни политики и интервенции насочени кон постигнување поголема родова еднаквост.

“Конфренцијата има големо значење за Државниот завод за статистика, бидејќи овозможи да се презентираат важни статистички индикатори произведени од Статистика, кои се основа за јавна дебата и донесување на одлуки засновани на докази со цел унапредување на еднаквите можности во нашето општество.  Конференцијата претставува важен чекор кон унапредување на процесите на донесување на информираниодлуки, што е од суштинско значење за постигнување на одржлив развој и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.” – изјави д-р Станков.

Оваа година, во рамки на официјалната програма на конференцијата, 27 домашни експерти и професионалциод приватниот и јавниот сектор, преку панел дискусии и студии на случај зборуваа на теми поврзани со  пристап до финансии и финансиска едукација како основа за економско зајакнување; домашни успешни приказни од компании кои говореа за предизвиците на растот, проширувањето на странски пазари и подготовка за берзанско котирање; родово еднакви податоци и политики на работното место; и идни вештини и потребата од адаптација во дигиталната економија. 

Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA, иницирана од Асоцијацијата за е-трговија на С.Македонија (АЕТСМ), работи кон создавање на инклузивна култура во која секој е еднакво вреднуван за својот придонес. Алијансата е препознаена и како commitment maker за родова еднаквост при UN Women, и активно придонесува кон исполнување на целта за одржлив развој #SDG5 – Родова еднаквост.

Работата на GEA ја поддржуваат Eurolink, Casys и Halkbank како главни партнери, како и Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, Пивара Скопје,  А1 Македонија, Сава Пензиско, и CosLoveMetics како партнери. Поддржувачи на Алијансата се и Сава Осигурување, Евроинс Осигурување, Publicis Groupe, Property One Group, Aristocrat, и Avenga Academy.

Повеќе информации за активностите и можностите за приклучување кон Алијансата се достапни на: https://genderequalityalliance.org.

Продолжи со читање

Популарно

no baners