На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути нагло oпадна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на aмериканската валута во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 89,97 поени, додека во текот на вчерашниот ден тој беше 90,56 поени. Курсот на доларот во однос на јапонската валута се намали од вчерашните 104,25 на 103,60 јени. Американската валута ослабна и во однос на европската, па ...

На светските пазари, цените на нафтата пораснаа за 8 проценти за само една недела. Тоа претставува рекордна вредност на цената на „црното злато” во последната година. Причината за овој раст се должи на најавата на Саудиска Арабија, дека дополнително ќе го намали производството за еден милион барели дневно во февруари и март, како дел од договорот на повеќето производители на нафтени организации (ОПЕК) и нивните сојузници. Цената на барелот на ...

Централната банка на Нов Зеланд беше мета на хакери, кои како што беше објавено, веројатно успеаја да добијат приватни податоци на дел од корисниците, но и на самата банка. Хакирана е и компанијата што споделува информации од Резервната банка на Нов Зеланд, објави „AP News“. Гувернерот Адријан Ор изјави дека хакерскиот напад е запрен, и дека главните функции на банката би требало да останат оперативни. „Работиме на случај со сајбер експерти за ...

Халкбанк АД Скопје ги информираме своите почитувани клиенти дека почнувајќи од 15.01.2021 година во безготовинскиот платен промет во земјата за правни и физички лица преку шалтерите на банката и електронското банкарство, за налог еднаков и над 5.000.000 денари кон друга банка ќе наплаќа провизија 0,009% од износот по налог. Клиентите имаат можност плаќањата да ги извршуваат во рамките на банката – интерно плаќање, каде сите тековни провизии во ...

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец декември 2020 година. Вкупниот промет е зголемен во однос на претходниот месец за високи 58,65 проценти, па токму поради тоа имаше компании кои забележаа висок пораст на вредноста на своите акции. Компанија која забележа највисок пораст на вредноста на своите акции е БИМ Свети Николе. Просечната цена на акциите на оваа компанија во месец декември изнесувала 12.300,00 денари, ...

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.12.-31.12.2020 година вкупниот промет изнесува 496.930.924 денари и е зголемен за 58,65% во однос на претходниот месец ноември. Класичното тргување изнесува 400.619.219 денари и бележи раст во однос на ноември за 65,51%. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 369.840.120 денари и обврзници во вредност од 30.779.099 денари, додека пак нема забележано тргување со ...

Одборот на директори на Македонска берза, на седницата одржана на 24.12.2020 година, одлучи продуктот на Македонска берза за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи БЕСПЛАТНО заклучно со 31.03.2021 година. За подетални информации околу користење на „eTrader”, Македонска берза ги упатува инвеститорите ...

Вкупниот берзански промет на Македонска берза по сите основи за изминатата 2020 година изнесува околу 133 милиони евра, што претставува зголемување од 6,4% споредено со претходната 2019 година. Во тие рамки прометот со акции во БЕСТ системот во овој период изнесува околу 92 милиони евра и е за 48,8% поголем во однос на 2019 година. Вредноста на МБИ10 берзанскиот индекс достигна 4.704,85 и бележи зголемување од 1,2% во споредба со 2019 година. ...

Не секој од нас секогаш ги има на располагање сите потребни средства за да може да си го дозволи тоа што му е неопходно, или пак она што му е желба. Најбезбеден и најсигурен начин за да ги добиеме тие потребни дополнителни средства се банкарските кредитни картички. Кредитните картички овозможуваат користење на средства во висина на кредитниот лимит кој е одобрен од банката. Конкретно Халкбанк АД Скопје, една од највисоко рангираните банки на ...

Стопанска банка АД – Скопје информира дека е направена промена во тарифната ставка: – Надоместок за месечно водење на трансакциски и штедни сметки, за трансакции извршени со почеток од 01.01.2021 година, при што наплатата ќе се изврши со валута на 01.02.2021 година во износ од минимум 30,00 денари, а максимум 40,00 денари во зависност од бројот на извршени трансакции во текот на еден календарски месец. – Надоместок за месечно водење на ...

Халкбанк АД Скопје ги известува своите ценети клиенти дека од 01.01.2021 година воведе нови тарифи во делот на безготовинскиот платен промет преку шалтер во земјата за физички лица. Тарифните ставки кои се променија се следни: Безготовински платен промет Измените се однесуваат само за платниот промет преку шалтер во земјата за физички лица, провизијата за трансакции извршени на шалтер преку МИПС и платен промет преку електронско и мобилно ...

УНИБанка на својот корпоративен Фејсбук профил објави видео во кое 23 вработени во банката танцуваат на светскиот предизвик наречен #JerusalemaChallenge пред експозитурата Плоштад. Како што велат од банката, минатата 2020-та година ќе остане запаметена по различни работи за секој од нас. Според нив ова е начинот да се сподели позитивна енергија и емоции. Видеото можете да го погледнете во продолжение: ...

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска упати до јавноста честитка по повод Новата 2021 година, којашто ја пренесуваме во целост: „Почитувани, Зад нас оставаме година во која секојдневно се справувавме со предизвици и на личен и на професионален план. Се соочивме со одамна невидена криза, во која сите ние првенствено моравме да се грижиме за зачувување на здравјето на луѓето, а истовремено да носиме брзи одлуки за поддршка на ...

Пандемијата со Ковид-19 ги измени навиките на луѓето и силно удри врз економијата, оставајќи големи последици по многу стопански гранки. За последиците од кризата по осигурителниот сектор, за тоа што во годинава што изминува беше приоритет за граѓаните и компаниите, како и за постигнатите резултати, зборуваме со Славчо Таушанов, извршен директор во Халк Осигурување, компанија која од минатата година е дел од Групацијата Халкбанк. Банкарство: ...

Со цел успешно реализирање на еднократна финансиска помош од 6.000 денари како дел од четвртиот пакет антикризни мерки, банките максимално ги ставија на располагање своите ресурси и во согласност со Законот за финансиска поддршка (Сл.Весник 290/20 од 07.12.2020) во краткиот законски рок, до крајот на работното време на 25.12.2020 година вршеа распределување на добиените средства на трансакциските сметки на граѓаните. Во овој краток период ...

илк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката дека предвремената исплата на пензиите за месец декември ќе се врши на 28.12.2020 година (понеделник). Почнувајќи од 28.12.2020 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката. Пензионерите кои не користат картичка, односно своите пензии ги подигнуваат на благајна во банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од ...

По препорака на Владата на РСМ, од денеска (28.12.2020 година, понеделник) деловните банки започнуваат со етапната исплата на декемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19 вирусот. Деловните банки преку филијалите и експозитурите ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за ...

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, оствари средба со францускиот амбасадор, Сирил Бомгартнер, кој неодамна стапи на должност во нашата земја. На средбата учествуваше и регионалната економска советничка, Флоранс Добел. Соговорниците разговараа за тековната макроекономска состојба и предизвиците коишто ги наметна корона-кризата. Францускиот амбасадор, нагласувајќи ја улогата на централните банки во секоја економија, ...

Корона-кризата уште еднаш потврдува дека токму истражувачката и аналитичката, односно научната активност ги дава клучните постулати врз чија основа треба да се донесуваат одлуките од страна на носителите на политиките. Околностите наметнати од кризата во глобални рамки ја истакнуваат неопходноста од соработка и постојана комуникација меѓу носителите на политиките и носителите на научната активност. Народната банка и Македонската академија на ...

За Халкбанк важни се луѓето, a најважно е нивното здравје! Додека повеќето се фалат што направиле, за Халкбанк делата сами зборуваат… Во годинава што изминува општествената одговорност е еден од главните фокуси на Халкбанк АД Скопје за што доказ се големиот број на активности кои банката ги спроведе и преку кои перманентно дава поддршка на најразлични сегменти од секојдневниот живот. Ги поддржува спортот, културата, екологијата, а годинава ...

На денешната седница, Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа на Народната банка за 2021 година, во којашто се вградени програмски активности преку коишто се придонесува за остварување на стратегиските цели од Стратегискиот план за периодот 2020-2022 година. Програмата за работа на Народната банка за 2021 година предвидува програмски активности коишто овозможуваат понатамошно унапредување на целокупната аналитичка ...

Вчера се одржа 37. сесија на Клубот на истражувачите формиран од Народната банка. Заради условите поврзани со пандемијата на ковид-19, и оваа сесија се одржа видеоконференциски, со што се овозможи на неа да учествуваат поголем број учесници. „Народната банка има цврста определба, и во услови на „новата нормалност“, да продолжи со активностите во областа на истражувачката активност. За таа цел, продолжуваме без прекини со одржувањето на Клубот ...

Берзански индекс претставува алатка за мерење на промените на цените на група хартии од вредност. Македонскиот берзански индекс (МБИ10) претставува агрегатен показател на движењето на цените на акциите кои котираат на Македонска берза АД Скопје. Во берзанската „кошница“ односно во МБИ10 индексот влегуваат акциите на најквалитетните компании, коишто мора да бидат репрезентативен примерок и да дадат јасна слика за движењата на пазарот на капитал. ...

Две амбулантни возила за Итна помош, 280 кислородни концентратори, маски за неинвазивна вентилација и 7.120 тестови за Covid-19 донираше Комерцијална банка на Министерството за здравство за да им помогне на здравствените власти во справувањето со последиците од вирусот. Со најновата донација во вкупна вредност од 20.700.855,00 денари (околу 336.600 евра), Комерцијална банка уште еднаш даде поддршка на македонското јавно здравство. „Во борбата ...

Денес, преку платформата ZOOM, се одржа тркалезна маса на тема: „Берзите во 2020 година – Осврт на локалниот и глобалните пазари” во организација на Македонска берза АД Скопје. Настанот со воведно обраќање го отвори Министерот за финансии на Република Северна Македонија, г-дин Фатмир Бесими, кој, меѓу другото, нагласи дека овој настан се организира во време на подготовка на повеќе законски решенија од областа на пазарот на капитал со цел ...

Свесноста кај населението во земјава за користењето на дигиталните трендови до пред почетокот на здравствената криза беше на скромно ниво. Меѓутоа, пандемијата со Ковид-19 на некој начин ги „натера“ граѓаните да почнат повеќе да користат електронско и мобилно банкарство и да ги користат картичките на продажните места и на банкоматите. За моменталните трендови во користењето дигитални канали, за новите иновативни услуги и очекувањата во која ...

Гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше на панел-дискусија во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ) од Љубљана, на тема „Навигација кон новата нормална економија“. Тема на панел-дискусијата беа предизвиците коишто ги наметна корона-кризата на повеќе полиња и за јавниот и за приватниот сектор, при што акцентот беше ставен и на просторот за соработка помеѓу нив за полесно справување со последиците од кризата, но ...

Полн погодок со ЦКБ Visa! Направете сметка над 2.990 денари во мултибренд продавниците на Sport Vision и Sport Reality со вашата Visa картичка издадена од Централна кооперативна Банка во периодот од 07 Декември 2020 до 07 Jануари 2021 и учествувајте во големата НАГРАДНАТА ИГРА! Повеќе информации на линкот. ...

Халкбанк перманентно дава поддршка на најразлични сегменти од секојдневниот живот. Ги поддржува спортот, културата, екологијата, а годинава кога пандемијата со Ковид-19 удри силно по секој граѓанин и државата во целина, општествената одговорност на Банката дојде до вистински израз. Халкбанк на дадената ситуација одговори со ургентно донесени мерки кои се однесуваат на државата и на граѓаните. Последната таква голема акција беше обезбедување ...

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и ...

weather icon

Скопје

39ᴼ / 39ᴼ
1.54
21%
1004
weather icon

Белград

37ᴼ / 35ᴼ
3.6
28%
1004
weather icon

Загреб

34ᴼ / 33ᴼ
7.72
37%
1004
weather icon

Софија

36ᴼ / 34ᴼ
4.63
27%
1008
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
4.77
17%
1005
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
5.14
52%
1005
weather icon

Атина

37ᴼ / 34ᴼ
6.17
32%
1008
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
3.6
33%
1010
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
6.17
26%
1009
weather icon

Букурешт

37ᴼ / 36ᴼ
2.68
28%
1007
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 33ᴼ
5.66
38%
1002
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
3.6
27%
1009
Currency

61.56

Currency

52.8524

Currency

71.1471

Currency

34.5425

Currency

38.4843

Currency

65.8599

Currency

7.35727

Currency

0.67308

Currency

0.35593

Currency

0.52473

Currency

1.3085

Currency

0.61322

Алуминиум

2.61

Иридиум

145468.59

Кобалт

42.99

Никел

14886.50

Рутениум

25656.30

Калај

33.31

Сребро

1231.55

Злато

108253.31

Бакар

11.20

Паладиум

40349.19

Платина

46699.21

Родиум

186474.33

Цинк

2.78