Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.04.-30.04.2021 година вкупниот промет изнесува 686.557.257 денари и е намален за 9,37% во однос на претходниот месец март. Класичното тргување изнесува 530.254.240 денари и бележи зголемување во однос на март за 24,97%. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 509.908.506 денари и обврзници во вредност од 20.345.734 денари, додека пак нема забележано тргување со ...

За првите три месеци годинава до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се поднесени 36 претставки од осигуреници кои не се задоволни од работата на осигурителните друштва од кои купиле полиси за осигурување. За 56 отсто е зголемен бројот на претставки поднесени од осигуреници незадоволни од услугите на компаниите од кои купиле полиси за осигурување, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за ...

Македонската економија се карактеризира со ниска инфлација и финансиска стабилност како резултат на водењето кредибилна финансиска и макроекономска политика, конзистентни со стратегијата на стабилен курс на денарот во однос на еврото. Денарот е стабилен и на долг рок нема фактори коишто би влијаеле на нарушување на неговата стабилност. Банкарскиот сектор има силна основа и покажа отпорност во пролонгирани периоди на политичка несигурност и во ...

Грчот со кој влегоа банките во 2021 година поради продолжениот притисок од Ковид-кризата можеби малку олабави по сумирањето на финансиските резултати за првите три месеци. Но, се уште се далеку од моментот на олабавување бидејќи економската криза воопшто не губи на интензитет и заканите од влошување на кредитното портфлио остануваат. На овој ризик треба да се додаде и каматниот поради континуираниот пад на висината на каматните стапки. Судејќи ...

Следејќи ги најновите светски трендови за дигитализација на личните финансии, ИутеКредит Македонија ја лансираше мобилната апликација MyIute која обезбедува врвно корисничко искуство и достапност до финансии 24/7. Со ова го олеснуваме начинот на аплицирање за кредит бидејќи сега имаме целосно дигитално решение кое овозможува најбрзо да дојдете до потребните финансиски средства со само неколку кликови од вашиот телефон. Отсега преку MyIute ...

Нацрт Закон за платежни услуги и платни системи од неодамна е објавен на порталот ЕНЕР, кој е изработен во согласност со практиките и стандардите на ЕУ. Со имплементација на новото законско решение се предвидува зголемена дигитализација кај сите учесници на платниот промет, воведување на нови платежни инструменти, нови начини на електронско плаќање, поголема заштита на правата на потрошувачите и поголема транспарентност при објава на ...

Податоците покажуваат дека мерките преземени од Народната банка дадоа резултати во досегашниот тек на корона-кризата. Меѓу другото, условите за кредитирање и натаму се олабавени, што е видливо преку натамошното постојано намалување на каматните стапки на кредитирањето коишто достигнаа историски најниски нивоа. Во текот на измината година, кредитната поддршка не забави, што вообичаено се случувало во сите претходни кризни епизоди, туку беше ...

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беа усвоени Годишниот извештај на Народната банка за 2020 година и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2020 година. Во Годишниот извештај за 2020 година се дава детален осврт на извршувањето на целите и задачите на Народната банка во доменот на монетарната политика и зачувување на финансиската стабилност, како и на позначајните активности коишто Народната банка ги презеде во ...

Почнувајќи од 01.05.2021 година, НЛБ Банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички лица во МКД и ЕУР клаузула од 0,05 до 0,2 процентни поени. Новите каматни стапки за депозитните продукти за физички лица се однесуваат за сите новосклучени договори за депозити, додека кај постојните договори, новата каматна стапка ќе се аплицира на датумот на реорочување на договорот, односно при следното доспевање на депозитот. Новите каматни стапки ...

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека за време на претстојниот празник – „Велики петок“, петок пред Велигден, на 30.4.2021 година (петок) ќе работат следните филијали и експозитури на ТТК Банка АД Скопје: Филијала/Експозитура Адреса Работно време Истовремено, ТТК Банка АД Скопје известува дека за време на празникот „1-ви мај“, Ден на трудот, на 1.5.2021 година (сабота), и празникот „Велигден“, вториот ден на ...

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојните велигденски празници, филијалите на банката нема да работат на 30.04.2021 (петок) и 03.05.2021 (понеделник). На располагање на клиентите се i-bank услугите достапни преку телефон, m-banking, e-banking и банкоматите на Стопанска банка АД – Скопје, како и партнерите од трговската мрежа кои ги прифаќаат картичките од Стопанска банка. Вработените и ...

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека филијалите и експозитурите на банката нема да работат на 30.04. (петок), 01.05. (сабота) и на 03.05. (понеделник) заради празнување на Велигден и на 1 Мај – Денот на трудот. За подигнување и уплата на готовина, клиентите може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање се достапни веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка. ...

Во периодот од 01.01-31.03.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 360,2 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 217,5 милиони денари што претставува зголемување за 65,6%. Планираната бруто-добивка за првиот квартал од годинава е остварена со 73,1%. Притоа, остварената добивка пред исправка на вредност, ...

Маја Кадиевска Војновиќ е финансиски експерт и поранешен вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. Својата професионална кариера ја започна во 2003 година во Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во Дирекцијата за монетарна политика и истажување, кадешто држеше различни позиции, а во периодот од 2011-2018 година беше вицегувернер задолжен за Секторот на операции на финансиски пазари и платни системи. Во своето ...

Во периодот од 01.01.2021 до 31.03.2021 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2021-та година, и покрај продолжените негативни ефекти од пандемијата КОВИД-19, која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија. Во такви услови, целта на Банката, како една од водечките финансиски институции, е да ја зачува високата ликвидност и солвентност, да го задржи континуитетот и ...

НЛБ Банка АД Скопје ги објави финансиските резултати за периодот од 01.01.2021 до 31.03.2021 година во кој Банката работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2021-та година, и покрај продолжените негативни ефекти од пандемијата КОВИД-19, која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија. Во такви услови, целта на Банката, како една од водечките финансиски институции, е да ја зачува високата ликвидност и ...

Грант средства до 15 илјади евра ќе добијат фирмите од областа на туризмот, угостителството, инвент-индустријата, приватните здравствени установи, трговците поединци и занаетчиите доколку вработат нови работници и ги зголемат приходите годинава. Ова е предвидено со новата бескаматна линија „Ковид 4″ која е дел од петтиот пакет мерки, а за која ќе може да се аплицира откако ќе биде објавен јавниот повик кон крајот на следниот месец. За мерката ...

На почетокот на следната година се очекува закрепнување на македонската економија по историски најголемата рецесија од осамостојувањето и враќање на ниво како пред пандемијата. Проекциите на Светска банка се дека следната година растот ќе биде 3,5%. Најновиот извештај на Светска банка за Западен Балкан, што денеска беше презентиран, покажува дека јавниот долг во земјава достигнал 60 проценти од БДП и се очекува тој да продолжи да расте, но со ...

Зборот „fintech“ е едноставно комбинација на зборовите „финансиска“ и „технологија“. Тој ја опишува употребата на технологијата за испорака на финансиски услуги и производи на потрошувачите. Ова може да биде во областа на банкарството, осигурувањето, инвестирањето – сè што е поврзано со финансирањето. Иако тоа е релативно нов збор, fintech всушност не е ништо ново. Технологијата секогаш ја менува финансиската индустрија. Како и да е, ...

СН Финансии со неверојатно поволна и уникатна понуда по повод најголемиот христијански празник Велигден! Сите корисниците кои ќе аплицираат за БРЗ КРЕДИТ до 30.000 денари до 01.05.2021 година, ќе добијат неверојатен ПОПУСТ од 50% на каматата! Оваа ексклузивна кампања е супер можност за опуштени, среќни и финансиски безгрижни Велигденските празници. Повеќе информации за промотивниот кредит на следниот линк. ...

Водечкиот глобален информативен сервис за централно банкарство и финансии, „Централ бенкинг”, од седумнаесет гувернерки во светот издвои три, кои и покрај големите предизвици со коишто се соочуваат, успешно се справуваат со кризата при остварувањето на централнобанкарските цели и задачи – одржување на ценовната стабилност, стабилноста на курсот на домашната валута и финансиската стабилност. Меѓу трите издвоени жени-гувернери е гувернерката ...

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец април од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. Со пензиите за месец април, клиентите ...

Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на априлските пензии од понеделник, 26.04.2021 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од понеделник и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, ...

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката дека исплатата на пензиите за месец април ќе се врши на 26.04.2021 година (понеделник). Почнувајќи од 26.04.2021 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката. Пензионерите кои не користат картичка, односно своите пензии ги подигнуваат на благајна во банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од 26.04.2021 година ...

Стопанска банка а.д. Битола и во првиот квартал од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати. Иако повеќе од една година Банката се справува со предизвиците наметнати од пандемијата со ковид-19, и понатаму го задржа фокусот кон остварување на клучните стратешки цели, дејствувајќи во насока на наплата на дел од нефункционалните побарувања, а истовремено продолжувајќи со кредитна поддршка на правните субјекти и ...

Супер потрошувачкиот кредит од УНИБанка АД Скопје со атрактивна каматна стапка од само 4,25% фиксна за првите 2 години и 6,25 % фиксна за останатиот период вклучува и дополнителна сигурност за клиентите – Полиса за ризико осигурување од Кроација Осигурување. Во Полисата е вклучено осигурително покритие од Ковид -19, заштита на семејството и сигурна иднина, овозможувајќи им на клиентите поголема удобност и сигурност при отплатата на кредитите. ...

Во март вкупните депозити на годишна основа се зголемени за 7,4%, со поголем придонес на депозитите на корпоративниот сектор, при помал, но позитивен придонес и на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишно ниво, вкупните кредити бележат раст од 5,2 проценти. Нагорната промена е под влијание на зголеменото кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес кон растот на секторот „домаќинства”. Кредитите на домаќинствата се зголемени за ...

Согласно објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, Асоцијацијата за е-трговија го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со странски платежни картички кон домашни е-трговци со цел да даде слика каде најчесто имателите на картички од странство купувале онлајн во Македонија во текот на 2020 година. Во текот на 2020 година странците кон домашни е-трговци реализирале вкупно 297.863 онлајн ...

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше усвоена Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Со донесените измени и дополнувања се прошируваат можностите за отворање и имање сметка во странство од страна на резидентите за потребите на трансакции со хартии од вредност во странство. Поконкретно, со ...

Во периодот од 1.04.2021 до 31.05.2021 година НЛБ Банка започнува промотивна кампања за кредитите за физички лица. За време на промотивниот период клиентите ќе можат да искористат низа придобивки и поволности, при што сите кредити ќе бидат достапни без трошоци за одобрување, додека станбените и хипотекарните кредити ќе се одобруваат и без трошоци за проценка на имот. Во овој период НЛБ Потрошувачките кредити ќе бидат достапни со фиксна каматна ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
41%
1012
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
60%
1010
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
53%
1009
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
52%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.21
51%
1011
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
1.54
69%
1010
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.89
68%
1010
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
56%
1012
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
50%
1012
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
0.0
51%
1009
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 20ᴼ
1.34
54%
1009
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
65%
1011
Currency

61.56

Currency

52.8524

Currency

71.1105

Currency

34.5425

Currency

38.4843

Currency

65.8599

Currency

7.35727

Currency

0.67308

Currency

0.35593

Currency

0.52473

Currency

1.3085

Currency

0.61322

Алуминиум

2.61

Иридиум

145468.59

Кобалт

42.99

Никел

14900.00

Рутениум

25656.30

Калај

33.32

Сребро

1227.82

Злато

107715.09

Бакар

11.22

Паладиум

39770.47

Платина

46441.62

Родиум

186474.33

Цинк

2.78