Connect with us
no baners

Вработување

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Сектор за развој на понуда и маркетинг на НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во сегментот на развој на продукти, услуги и канали.

Доколку имаш желба и амбиција да се приклучиш на НЛБ тимот и заедно да ги споделувате предизвиците на работењето, НЛБ Банка те мотивира да се пријавиш на отворената работна позиција:

Специјалист за развој на продукти, услуги и канали

Улога во тимот:

  • Развој на продукти – Водење на развојот и унапредувањето на банкарските продукти и услуги со фокус на дигитални решенија. Работа во различни тимови, вклучувајќи технологија, дизајн и маркетинг.
  • Анализа на пазар – Следење на пазарот и идентификација на нови трендови, потреби на клиентите и следење на конкуренцијата во дигиталното банкарство. Употреба на резултатите за унапредување на карактеристиките на продуктите и услугите со функционалност/дизјан кои ќе ја издвојат понудата на Банката на пазарот.
  • Дигитална стратегија – Инволвираност во креирањето и следењето на дигиталната стратегија на Банката преку насочување и усoгласување на развојот на продукти и услуги во рамките на стратегијата (познавање на клиентите и нивното однесување, познавање на дигиталните канали и искуство во индустријата).
  • Комуникација со засегнати страни – Комуникација со клучни засегнати страни, вклучувајќи менаџмент, надворешни партнери и корисници. Анализа на барањата и потребите со цел комуникација на визијата на продуктот/услугата и управување со очекувањата и плановите. Работа во тимови за успешна и навремена имплементација на банкарските продукти.
  • Креирање на позитивно корисничко искуство (UX – User Experience) – Свесност за важноста на дизајнот на продуктот/услугата гледани од аспект на корисник (кориснички поставен дизјан, беспрекорно корисничко искуство, интуитивни и визуелно привлечни решенија).
  • Тестирање на продукти и оптимизација – Соработка со тимови во насока на контрола на изведбата, квалитет и сигурност преку тестирање на развојот. Анализа на feedback од корисници и користење на резултатите и перформанси со цел оптимизација и постојано унапредување на продуктот.
  • Познавање на индустријата – Познавање на најновите регулативи и прописи за дигитални банкарски продукти. Задолжителна контрола на запазени правни, сигурносни стандарди и заштита на клиентите/податоците во процесите.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование;
  • Креативно и иновативно размислување (Digital mindset);
  • Познавање и користење на нови технологии;
  • Познавање и користење на дигитални алатки и напредни алатки за работа со податоци;
  • Познавање на банкарските продукти;
  • Подготвеност за креативно и иновативно размислување;
  • Проактивен пристап, динамичност, иницијативност, мотивираност и насоченост кон реализација/исполнување на цели;
  • Одлични организациски вештини;
  • Напредни комуникациски и аналитички вештини, способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Напредно користење на Office пакетот;
  • Одлично познавање на aнглискиот јазик.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Потврди го твојот интерес со доставување на кратка биографија (CV) најдоцна до
25.01.2025 на NLBKariera@nlb.mk со назнака за Специјалист за развој на продукти, услуги и канали.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Вработување

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот на Силк Роуд Банка за РЕФЕРЕНТ ЗА ПЛАЌАЊА (Референт за домашен платен промет) во Служба за плаќања.

Дел од работните задачи: 

  • Процесирање и плаќања согласно влезни/излезни налози; 
  • Вчитување, обработка и администрирање на фајлови за пензии и парични права; 
  • Координирање и следење на соодветни активности на плаќања што се вршат во мрежата на експозитури; 
  • Извршување и архивирање на сите примени извршни одлуки; 
  • Блокада и деблокада на трансакциски сметки, согласно прописите и др. 

Потребни квалификации: 

  • Диплома за завршено средно образование; 
  • Познавање на MS Office; 
  • Познавање на англиски јазик; 
  • Комуникациски вештини; 
  • Внимание на детали и иницијативност; 
  • Претходно банкарско искуство ќе се смета за предност 

Бенефиции / Придобивки: 

  • Конкурентна плата и дополнителни бенефиции; 
  • Континуирани обуки и можност за професионален раст и развој; 
  • Динамична работна средина; 
  • Слободен ден за роденден. 

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: vrabotuvanje@silkroadbank.com.mk со задолжителна назнака за “Референт за плаќања”, најдоцна до 20.05.2025 година. 

Силк Роуд Банка ве замолува во Вашите апликации да не доставувате сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување. Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата: privacy@silkroadbank.com.mk

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на Штедилница Можности и ве интересира кредитирање и финансии,

 Штедилница Можности вработува:
Службеник за односи со клиенти во експозитурите на штедилницата во
Тетово, Велес и Кавадарци

Работни задачи:

  • Градење на квалитетни односи со клиенти.
  • Промоција и продажба на финансиски продукти,
  • Проценка на кредитни барања,
  • Подготовка на анализи и финансиски извештаи,
  • Посета на клиенти кредитобаратели или кредитокорисници,
  • Помош на корисниците на кредит и кредитобаратели во одредување на нивните бизнис потреби,
  • Градење на квалитетни односи со клиенти.

Потребни знаења и вештини:

  • Завршено високо образование со основни познавања на финансиски извештаи
    или средно образование со познавања на финансиски извештаи или соодветно
    работно искуство од областа на финансии и/или банкарско работење,
  • Способност за тимска работа но и самостојност,
  • Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку
    ефикасна комуникација,
  • Солидно познавање на англиски јазик,
  • Работно искуство во дејноста е добредојдено но не е задолжително,
  • Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии,
    техники и технологии,
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија.

Бенефиции:

  • Конкурентна плата за кандидати со и без релевантно работно искуство,
  • Континуирани обуки за професионален развој,
  • Работа во интересна и динамична работна средина.

Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и развој во кариерата во интересна и динамична работна средина.

Заинтересирани кандидати, доколку сакаат да станат дел од успешниот тим на Штедилница Можности, испратете CV на e-mail: rabota@moznosti.com.mk и contact@moznosti.com.mk, со назнака за експозитурата
за која се аплицира. Огласот е активен до 26.05.2025 година.

Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост.

Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Референт за позадински операции
во Сектор Плаќања во земјата
во Дирекција Платни системи

Продолжи со читање

Популарно