Надворешното опкружување за кое се предвидува постепено закрепнување и реализацијата на капиталните инвестиции во земјава се значајни фактори за закрепнување на македонската економија, смета гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска. Таа вечерва во интервју за „Телевизија 24″ посочи дека за македонската економија, како мала и отворена, значајни се меѓународните економски движења, а клучен двигател на нашиот раст ќе биде извозот. ...

Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити. Народната банка објави дека во април е забележано намалување и оти просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,58 проценти. Кај вкупните депозити, забележан е минимален месечен раст. Просечната каматна стапка во април изнесува 0,90 проценти. Во соопштението што денеска го објави Централната банка се наведува дека кај новоодобрените кредити, ...

Цената на златото е на добар пат да го доживее најголемиот месечен пораст од јули минатата година, стимулирана од ризикот од инфлација пред објавувањето на клучните податоци за американското економско закрепнување и слабеењето на вредноста на доларот. Некои претставници на ФЕД изјавија дека може да се очекуваат притисоци во цените поради зголемената побарувачка со повторното отворање на економијата. Индексот „PCE” што го користи ФЕД за проценка ...

Минатата недела се одржа првата заедничка научна конференција на Министерството за финансии и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Конференцијата беше посветена на предизвиците за фискалната политика кои ги донесе Ковид-19 кризата и очекувањата за посткризниот период. На неа учествуваа над 30 еминентни економисти – академиците Фити, Беџети,Петрески и Зеќири, гувернерката Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Митреска и ...

Пониски провизии за електронските плаќања на трговците кон давателите на платежните услуги се очекуваат со развојот на финтек секторот, а што се овозможи со донесување на новиот Закон за платежни услуги и платни системи и влезот на финтек-компании. Очекувањата се тоа да се случи во 2022 година, а она што се применува во Европа да се достигне во 2025 година. Поширока понуда на полесно достапни, побрзи финансиски услуги со можност за инстант ...

Супервизијата на работењето на банките и начинот на кој таа се спроведува секогаш е интересна тема во јавноста. Таа станува особено актуелна во кризни времиња, како што е пандемијата, кога банките имаат значајна улога во обезбедување кредитна поддршка за граѓаните и компаниите, но и во случаите на затворање одредени банки коишто не ги исполнуваат условите за работа. Токму тоа беше и основниот повод за разговор со директорката на Секторот за ...

Одборот на директори на Триглав Осигурвање АД, Скопје, на 177-та седница одржана на ден 07.05.2021 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на Договор за реосигурување на побарувања со Заваровалница Триглав бр.0202-4739 од 07.05.2021 година, врз основа на која на ден 28.05.2021 година е склучен Квотен Договор за реосигурyвање на побарувања помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д., Љубљана. Вредноста на ...

Шпаркасе Банка Македонија ги известува своите клиенти – пензионери дека пензиите за месец мај ќе се исплатат предвреме почнувајќи од денес (26-ти мај 2021 година) во четири групи. Со пензиите пензионерите можат да располагаат веднаш, доколку се корисници на дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Од банката препорачуваат да се користи широката мрежа од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата (банкоматите на Шпаркасе Банка ...

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите приматели на пензија преку банката дека исплатата на пензиите за месец мај ќе се врши на 26.05.2021 година (среда). Почнувајќи од 26.05.2021 година пензиите ќе може да се подигнат со платежна картичка од било кој банкомат на банката. Пензионерите кои не користат картичка, односно своите пензии ги подигнуваат на благајна во банката истите ќе може да ги подигнат почнувајќи од 26.05.2021 година (среда), ...

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец мај од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. Со пензиите за месец мај, клиентите ќе ...

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од 26-ти мај 2021 година ќе врши исплата на пензијата за месец мај на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. Oд 26.5.2021 г. (среда) корисниците на Visa дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје или во ...

Комерцијална банка АД Скопје од среда, 26.05.2021 година, ќе започне со исплата на мајските пензии. На пензионерите кои имаат активна дебитна картичка пензијата ќе им биде на располагање истиот ден и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот ...

Подигнувањето готовина од банкомат станува полесно и побрзо, со новите бесконтактни банкомати на Комерцијална банка. Новата технологија овозможува и максимална безбедност на податоците при секоја трансакција. Брзо, лесно и безбедно подигнете готовина со вашата бесконтактна картичка или со мобилен телефон преку апликацијата KomPay. Само доближете ја вашата картичка или мобилен телефон на бесконтактната ознака на банкоматот, внесете го вашиот ПИН ...

Во април вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 6,9 проценти, при раст на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај корпоративниот сектор. На годишно ниво, вкупните кредити бележат раст од 5,7% при раст на кредитите кај двата сектори, поизразен кај секторот „домаќинства”, соопшти Народната банка. „Паричната маса во април 2021 година бележи пад од 0,1 отсто на месечна основа, којшто пред сè е резултат на намалените ...

Улогата на централните банки е многу важна, особено во вакви кризни времиња. Напорите за водење прудентна монетарна политика придонесуваат за услови за ревитализација на македонската економија. Ова беше истакнато на состанокот на британската амбасадорка, Рејчел Галовеј и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на којшто се разговараше на теми поврзани со економската состојба во нашата земја. На состанокот, гувернерката ...

Најновите податоци на Државниот завод за статистика, за месец март 2021 година, говорат дека програмерите се убедливо највисоко на листата со најмногу платени работници во земјава. Високи 107.022,00 денари бруто, односно 70.194,00 денари нето плата заработувале вработените во дејноста “компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности”. Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2021 година, во однос на ...

Триглав Осигурување Живот ад Скопје воведе нов производ – Ризико СМАРТ, кој носи инклузивност со покривање на повеќе ризици, а наменет е за сите оние кои сакаат целосно да го заштитат своето семејство при настанување на штетен настан по животот на корисникот на полисата. Овој производ, наменет за лица од 18 до 65 години, го карактеризира флексибилност во поглед на траењето и начините на плаќање, а се согласно потребите на осигуреникот. ...

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека филијалите и експозитурите на Банката нема да работат на 24.05. (понеделник) заради празнување на Св. Кирил и Методиј, Денот на сесловенските просветители. За подигнување и уплата на готовина, клиентите може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање се веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка. За корисниците на платежни ...

Финансиската стабилност е заеднички приоритет, но и обврска на финансиските регулатори. Во изминатиот период се потврди дека унапредената соработка меѓу регулаторите и новиот формат на Комитетот за финансиска стабилност, во којшто се вклучени сите финансиски регулатори, придонесува за заедничката цел – финансиската стабилност. Сето ова обврзува на натамошно унапредување на меѓусебната соработка, заради натамошно јакнење на финансискиот систем ...

Пандемијата силно ги погоди сите економии во светот и наметна потреба од голем фискален стимул, што доведе до проширување на буџетските дефицити и раст на јавниот долг во глобални рамки. Таков е случајот и со јавните финансии кај нас, со што во 2020 година дефицитот се зголеми на околу 8% од БДП, а раст забележа и јавниот долг со нешто помал интензитет од интензитетот во ЈЕИ. За натамошна одржливост на долгот, клучно е доследното спроведување ...

Групацијата Триглав останува фокусирана на поставените стратешки ориентации, вклучувајќи профитабилно и сигурно работење и ја зема предвид комплексноста на деловното опкружување со нејасни последици од пандемијата на Ковид 19 врз економијата и состојбата на пазарите на капитал. Во првиот квартал на 2020 година, пресмета 7% повисока консолидирана бруто полисирана премија од осигурување (371,7 милиони евра), споредено со истиот период минатата ...

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот на Народната банка одржаа конструктивна работна средба со претставници на Независната угостителска комора (НУК), на којашто учествуваа и претставници од банкарскиот сектор. На состанокот, гувернерката истакна дека Народната банка со внимание ги следи движењата во економијата и во одделните сектори, вклучително и во угостителската дејност. Таа потсети дека на почетокот на здравствената криза, ...

УНИБанка промовира нова услуга за правни лица. “МОЈ БАНКАР” Професионална, персонализирана и постојана поддршка во извршување на секојдневните банкарски активности на компаниите. Преку оваа услуга, компаниите добиваат полесен, побрз и поедноставен пристап до користење на сите продукти на Банката како и стручни консултации поврзани со нивните редовни деловни активности. За лојалните клиенти на Банката оваа услуга е без надомест. Дополнително, за ...

Она што е забележливо во работењето на поголем дел од македонските компании е тоа дека во трката за профит не се посветува доволно внимание на обука на вработените (тука се вклучуваат и новите вработени). Она што не може да се разбере е дека обучени вработени не може да донесат негативности во работењето. Во кој било бизнис, важно е да се осигурате дека вашите вработени се опремени со сите потребни знаења и вештини што им се потребни за ...

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод државниот празник Рамазан Бајрам, филијалите на Банката денес (13.05.2021 четврток) нема да работат! На располагање на клиентите се i-bank услугите достапни преку телефон, m-banking, e-banking и банкоматите на СБ, како и партнерите од трговската мрежа кои ги прифаќаат картичките од Стопанска банка АД – Скопје. Вработените и менаџментот на Банката на сите клиенти од ...

НЛБ Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод претстојниот празник Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, експозитурите на НЛБ Банка АД Скопје нема да работат на 13-ти Мај, 2021 година – четврток. На припадниците од Муслиманска вeроисповед НЛБ Банка им го честита празникот. За сите дополнителни информации, НЛБ Банка АД Скопје стои на располагање во секое време на телефонскиот број 02/15-600 и на мејл ...

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека за време на претстојниот државен празник – „Рамазан Бајрам“, првиот ден на Рамазан Бајрам, на 13.5.2021 година (четврток), експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје нема да работат. Во секое време на располагање на клиентите се услугите достапни преку мобилното банкарство TTK M-bank, електронското банкарство TTK E-bank, а за подигнување и уплата на готовина достапна е ...

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека филијалите и експозитурите на Банката нема да работат на 13.05. (четврток) заради празнување на Рамазан Бајрам. За подигнување и уплата на готовина, клиентите може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање се веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка. За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени ...

На 11 мај 2021 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше одлучено основната каматна стапка да се задржи на нивото од 1,25%, со што монетарната политика го задржува релаксираниот карактер. Со оглед на ...

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец април 2021 година. Вкупниот промет е намален во однос на претходниот месец за 9,37 проценти, но тоа не ги спречи дел од компаниите кои котираат на берзата да забележат висок пораст на вредноста на своите акции. Компанија која забележа највисок пораст на вредноста на своите акции е Макстил АД Скопје. Просечната цена на акциите на оваа компанија во месец април изнесувала 71,00 ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
41%
1012
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
60%
1010
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
53%
1009
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
52%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.21
51%
1011
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
1.54
69%
1010
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.89
68%
1010
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
56%
1012
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
50%
1012
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
0.0
51%
1009
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 20ᴼ
1.34
54%
1009
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
65%
1011
Currency

61.56

Currency

52.8524

Currency

71.1105

Currency

34.5425

Currency

38.4843

Currency

65.8599

Currency

7.35727

Currency

0.67308

Currency

0.35593

Currency

0.52473

Currency

1.3085

Currency

0.61322

Алуминиум

2.61

Иридиум

145468.59

Кобалт

42.99

Никел

14900.00

Рутениум

25656.30

Калај

33.32

Сребро

1227.82

Злато

107715.09

Бакар

11.22

Паладиум

39770.47

Платина

46441.62

Родиум

186474.33

Цинк

2.78