Едицијата „Фактопедија“ започна како идеја за промоција и популаризација на личности и идеи кои оставиле печат на човештвото. Целта е да се инспирираат помладите генерации на едни поинакви идоли од тие кои им се вообичаени.
Во денешниот свет младите се инспирирани од „јутјубери“, „инфлуенсери“ од социјалните медиуми и други ликови кои не прават ништо особено во животот, но сепак одземаат часови и часови од времето, вниманието и соништата на тие кои ги гледаат. Идејата за успешен човек е тој кој е популарен, неговите видеа имаат многу „кликови“, „лајкови“ и „сабскрајбери“. Потребата од вистински примери е поголема денес отколку кога било порано, особено во едно општество во кое науката, уметноста, културата, образованието и другите „духовни“ вредности се на ниско ниво.
Во 2022 се објавени 4 книгички кои се сега достапни и во книжарниците „Антолог“ и „Или-Или“ во центарот на градот.

Се работи за второто издание на „Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн“ и „Необични факти од животот на Никола Тесла“. Тие се изменети, дополнети и редизајнирани со илустрации направени со помош на апликациите за вештачката интелигенција Stable Diffusion и Midjourney.
Книгите „Еднаш Курт Кобејн тропал со лажици по куфери…“ и „Шапката му ет арна, ама глаата му ет празна“ – 50 цитати и поговорки за образованието! се издадени за прв пат во 2022 година.
Освен што можат да се набават книжарниците во „хард копи“, книгите можат да се симнат и разгледаат тука:
- Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн (2017, Бранко Прља)
- Необични факти од животот на Никола Тесла (2017, Бранко Прља)
- Јаболкото на Њутн (2018, Бранко Прља)
- Неверојатниот живот на Стивен Хокинг (2019, Бранко Прља)
- Made In China – Кинески изуми (2019, Бранко Прља)
- 25 факти за аерозагадувањето и начини да го намалиш (2020, Бранко Прља и Владимир Прља)
- Мустаќлии кои го смениле светот (2021, Исак Сима)
- Вселенскиот пионер Јуриј Гагарин (2021, Бранко Прља)
- „Од кој филм беше?“ – 150 сцени од познати филмови (2021, Берт Стајн)
- 99.9 тотално забавни и сосема бескорисни факти… (2021, Исак Сима)
- Забавни факти за диносаурусите и други ужасно големи гуштери (2021, Нина Прља)
- „Пекол“но добро дело на Данте! (2021, Нина Прља)
- „Дај, не фрлај’“ – од Фејсбук група до еко-револуција! (2021, Бранко Прља и Владимир Карер)
- „Шапката му ет арна, ама глаата му ет празна“ – 50 цитати и поговорки за образованието! (2022, Бранко Прља)
- „Еднаш Курт Кобејн тропал со лажици по куфери…“ (2022, Бранко Прља)
- „Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн“ (реиздание, 2022, Бранко Прља)
- „Необични факти од животот на Никола Тесла“ (реиздание, 2022, Бранко Прља)
