
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Најмалку 60 лица загинале во пожар во хипермаркет во градот ал-Кут во источен Ирак, додека 11 лица се водат како исчезнати, соопштија локалните здравствени власти, пренесе Ројтерс. „Имаме повеќе тела кои не се пронајдени и се под урнатините на пожарот“, изјави за Ројтерс градскиот службеник Али ал-Мајахи. Причината за пожарот сè уште не е позната, но гувернерот на покраината изјави дека прелиминарните резултати од истрагата ќе бидат објавени во ...
Повеќе инвеститори поднесуваат колективна тужба против директорот на компанијата „Мета“, во чија сопственост е Фејсбук, Марк Закерберг, во износ од осум милијарди долари. Тие се сомневаат дека социјалната мрежа во 2018 година им дозволувала на трети лица, вклучувајќи ја и фирмата Кембриџ Аналитика, да пристапуваат до личните податоци на корисниците. Во тужбата, инвеститорите тврдат дека „Мета“ не ги открила целосно ризиците од злоупотреба на ...
Москва очекува предлози за трета рунда разговори со Киев, но дури откако ќе бидат исполнети сите договори постигнати во Истанбул за време на директните преговори со украинската страна, објави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Да се завршат размените за кои се договоривме во втората рунда, а потоа ќе чекаме на предлозите од украинската страна“, изјави Песков за новинарите, објавува денес Russia Today. Според Песков, контактите меѓу ...
Британската влада во понеделник соопшти дека планира да го прошири правото на глас на лицата на возраст од 16 години на сите избори во земјата, како дел од сеопфатна реформа на демократскиот систем на земјата. Според предложените измени, кои мора да бидат одобрени од парламентот, помладите гласачи би имале право да гласаат и на национално ниво, со што стандардот на гласање ќе се усогласи со Шкотска и Велс, каде што младите луѓе веќе гласаат на ...
Дијалогот, граѓанското општеството и младите не се само привилегија, туку тие се суштински столбови на демократска Европа во процесот на проширувањето, истакна денеска министерот за европски прашања Орхан Муртезани по неговото учеството на Форумот за проширувањето на ЕУ насловен „Градење инклузивна иднина во проширена ЕУ: Улогата на социјалниот дијалог, граѓанското општество и вклученоста на младите“ во Брисел. – Северна Македонија е подготвена ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој престојува во повеќедневна посета на Лондон, деенска ќе има средба со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами. По средбата, предвидено е да биде потпишана Заедничка декларација за стратешко партнерство помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија ...
На 16.07.2025, полициски службеници од СВР Битола, во координација со Јавно обвинителство Битола, ја лишија од слобода И.Д.(67) од Битола, вработена во Клиничка болница Битола поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп”, казниво по член 357 од Кривичен Законик. Имено, по претходно добиени оперативни сознанија и пријавен настан во СВР Битола истиот ден, од страна на полициските службеници извршен е претрес во службените простории ...
Ниту денес, во 48-от обид, пратениците не успеаја да го конституираат Собранието на Косово, бидејќи ниту овојпат не беше формирана комисија за тајно гласање за претседател на Собранието. Од 100 присутни пратеници, за формирање на комисијата гласаше 51 пратеник. Пред гласањето, пратеникот од Демократската партија на Косово, Рашит Ќалај, побара збор, но претседавачот на Собранието, Авни Дехари, побара да ја напушти говорницата и на службата ѝ ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на почетокот на денешната седница соопшти дека на 12 јули 2025 година му престанува функцијата Народен правобранител на Насер Зибери поради исполнување на условите за старосна пензија. -Ве известувам дека Народниот правобранител Насер Заибери на 12.07.2025 година исполни услови за старосна пензија. Констатирам дека врз основа на член 9 став 1 од точка 3 од Законот за Народниот правобранител на Народниот ...
Силен земјотрес со магнитуда од 7,3 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Алјаска, поради што властите издадоа предупредување за цунами, иако, како што е соопштено не се очекуваат големи штети, пренесоа светскуте медиуми. Според Американскиот геолошки институт, епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан, на 87 километри јужно од Сенд Поинт, мало село во ахипелагот Шумагински Острови, Предупредувањето за цунми се ...
Проширувањето на ЕУ е повеќе од само проширување на границите, туку тоа е и проширување на перспективите и заедничките судбини на граѓаните, па затоа земјава останува непоколеблива во негувањето на социјалниот дијалог, јакнењето на граѓанското општество и инвестирањето во младите, изјави денеска во Брисел министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Во обраќањето на Форумот за проширувањето на ЕУ насловен „Градење инклузивна иднина во ...
Лајпциг има нова „деветка“, белгискиот репрезентативец Јохан Бакајоко потпиша договор со клубот, откако германскиот тим експресно ги финишираше преговорите со ПСВ Ајндховен за услугите на овој 22-годишен фудбалер. За Бакајоко се интересираа клубови од Премиер-лигата, но бундеслигашот ги договори сите детали со холандскиот првак, комплетирајќи го трансферот вреден 20 милиони евра. Станува збор за фудбалер кој настапува како десно крило, кој ...
Снимка од диктафон во пилотската кабина од разговор меѓу двајца пилоти на авион на Ер Индија што се урна во Ахмедабад на 12 јуни сугерира дека капетанот го исклучил дотокот на гориво до моторите на авионот, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ). Весникот се повикува на луѓе запознаени со раната проценка на доказите откриени во истрагата за падот на Боингот (BA.N), додека прелиминарниот извештај за падот објавен од страна на Одделот за истрага на ...
Европската комесарка за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека ако Европската Унија плати за оружје за Украина, тоа ќе биде европска поддршка, а не поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп. Таа го кажа ова како одговор на најавата на Трамп дека Америка дополнително ќе ја вооружува Украина, што всушност ќе го плати ЕУ, што, според „Гардијан“, предизвика тензии и несогласувања меѓу Брисел и Вашингтон. ...
Алергија од сонце или фотосензитивност е состојба при која кожата реагира на изложеноста на сончевите УВ-зраци со појава на непријатни симптоми. Ова не е класична алергија (како на полен или прашина), туку изразена реакција на кожата на изложеноста на сончева светлина. Најчести видови алергија од сонце: 1. Сончева уртикарија (Solar Urticaria) Поретка, но поинтензивна форма. Претставува брза реакција на изложеност на сончева светлина – се ...
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на својата фејсбук страница објави дека пратеничката група на Левица во Собранието официјално поднела нов Предлог-закон за заштита на името Внатрешна македонска револуционерна организација – ВМРО: „Конечно, дојде Денот за законска заштита на името ВМРО и забрана разно-разни злосторнички здруженија олицетворени во бизнис-партии да го злоупотребуваат ова име за лично богатење. “ПослушајтеПатриоти” – ...
Вардар, Работнички и Силекс денеска ги играат реванш натпреварите од првото квалификациско коло во Конференциската лига. Високиот триумф обезбеден на првиот меч дава подлога за мирен реванш на момците на Седлоски, но сите во Вардар се максимално концентрирани и велат дека вечерва ќе истрчаат како да е 0-0. Во најлоша позиција е Работнички кој со пораз од 3-0 се врати од Унгарија каде му беше гостин на белорускиот тим Торпедо Белаз. Mечот меѓу ...
Малолетник смртно настрада во сообраќајна несреќа што рано изутринава се случи на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, во близина на населбата Рача. Според информациите од СВР – Охрид, незгодата се случила рано изутринава во 1:40 часот кога на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот „Парк“, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб. Притоа малолетникот се здобил со тешки телесни ...
Во Брисел се одржа состанок на кој присуствувале Државниот секретар на Министерството за транспорт на Македонија, Стефан Волкановски, директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, заменик-министерот за транспорт и врски на Бугарија, Љубен Нанов, а во организација на Валентина Суперти, директор за Западен Балкан во Директоратот за проширување и Источно соседство (ДГ ЕНЕСТ). На состанокот, како што соопшти Министерството за ...
МВР сѐ уште трага по убиецот што минатата недела смртно застрела припадник на АРМ во скопско Батинци, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, без да открива повеќе детали. „МВР го расветли случајот од аспект на сторител и преземени дејства. Во тек е постапка за идентификување на локацијата на сторителот. Не би сакал да навлегувам во повеќе детали“, рече Тошковски. Припадниот на Армијата, А. М., минатата недела беше ...
Светиот архијерејски синод на Православната црква во Америка донесе одлука за признавање на каноничноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и целосно евхаристиско општење со нејзините епископи, свештенство и верници. Оваа одлука, како што пренесува Литургија.мк, беше соопштена од страна на поглаварот на Православната црква во Америка, архиепископот Вашингтонски и митрополит на сета Америка и Канада г.г. Тихон во ...
Денеска нè очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од 11 до 21 Целзиусов степен, а максималните се ќе искачат од 29 до 39 степени. Времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од минимални 18 до максимални 39 степени. Според ...
Сепак, потребата за селекција останува силна. Препораките за читање станаа речиси подеднакво популарни како и самите книги. Денес, улогата на книжевните критичари ја преземаат BookTok инфлуенсери, додека Goodreads и новата апликација Rebind нудат милиони оценки и прашања поврзани со класици, често со помош на вештачка интелигенција. Со толку многу избор, многумина се прашуваат – со кои книги да започнат? Токму затоа, американскиот програмер ...
Следната недела се очекува Јавното обвинителство да го достави обвинителниот акт до судот во врска со нападот врз екипата на телевизијата Алсат на 9 јули на отпадот во Визбегово. Обвинителството, оценувајќи ги дејствијата на Александар Николчев и Маја Караманова, веќе утврди дека двајцата се товарат за кривично дело „спречување на службено лице“. Во диспозитивот на обвинителството се нагласуваат конкретните дејствија преземени од двојката, ...
Предлог-законот за игри на среќа усвоен од Владата се однесува на три ригорозни мерки против коцкарската индустрија: отстранување на казина на 500 метри од која било образовна институција, намалување или преполовување на бројот на коцкарски машини за околу 70 проценти и зголемување на даноците за бизнисите кои нудат и организираат коцкање. Првиот вицепремиер, Изет Меџити, рече дека со овој предлог, индустријата за коцкање е преполовена и дека ...
Предлог-законот за верски средни училишта се очекува да стигне до парламентот, откако доби зелено светло од владата вчера. Законот се очекува конечно да го реши прашањето на медресантите за запишување на државните универзитети во земјата или во странство. Претставувајќи го предлогот на законот, Зеќирија Ибрахими од ВЛЕН најави дека сега ди студентите од медресата ќе уживаат статус на гимназијалци. Почитувајќи ја секуларната држава и правото на ...
Во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје започнати се низа работи за подобрување на мизерните услови во одредени делови од студентскиот дом. Веќе неколку години стотици студенти се принудени да се соочат со недостаток на основни услови за домување како резултат на незаинтересираноста на релевантните институции за подобрување на истите. В.д. директорката Адријана Даци рече дека за среќа стабилизацијата на финансиски план е започната и покрај ...
Со доаѓањето на летото, кремата со заштитен фактор (СПФ) станува задолжителна. Сепак, дерматолозите предупредуваат дека постојат неколку клучни заблуди и грешки кои можат целосно да ја поништат нејзината заштитна улога. Дали смее да се користи ланската крема? Пред да ја искористите кремата од минатото лето, проверете го рокот на траење испечатен на пакувањето. Ако е поминат, производот повеќе не е безбеден и треба да го фрлите. Побарајте го и ...
Во нордиските земји се работи најдолго – луѓето се пензионираат на 67 години, но оваа граница се очекува да се големи до 70 години. Кај нас, пак, мажите можат да се пензионираат на 64, а жените на 62 години, под услов да имаат најмалку 15 години стаж. Како е во другите европски земји? Уште кон крајот на минатата година, кај нас почна да се дискутира за потенцијално зголемување на старосната граница на пензионирање. Моментално, во Македонија ...
Европа доживеа една од најинтензивните серии на топлотни бранови во јуни и јули, со дневни температури над 40°C. Истражувањата покажаа дека климатските промени најмалку го утроиле бројот на смртни случаи за време на топлотниот бран кон крајот на јуни, со дополнителни 1.500 смртни случаи во 12 градови. Минатата година, Европа доживеа најраспространети поплави од 2013 година, со повеќе од 335 смртни случаи и 18 милијарди евра штета. Феноменот на ...