Аргентинскиот репрезентативец Родриго де Пол го напушта Атлетико Мадрид и постигнал договор со екипата на Интер Мајами, каде настапува неговиот славен сонародник, Лионел Меси. Де Пол немаше добра сезона во дресот на „јорганџиите“ и постигна само три голови на 43 одиграни натпревари. Со Интер Мајами договорил краткорочен договор, со можност за продолжување за уште една или две сезони. За репрезентацијата на Аргентина досега одигра 78 натпревари, ...

Се прави анализа за линеарно зголемување на пензиите од 1.000 денари наесен и исто толку наредната пролет, соопшти премиерот Христијан Мицкоски прашан дали ќе има предизборно покачување на пензиите и додаде дека одлуката ќе биде набргу донесена. -Правиме анализа линеарно да се зголемат пензиите по 1.000 денари сега, на есен, во октомври кога ќе ја земат пензијата, и во април, практично за март, 2.000 да има линеарно зголемување за сите ...

Изгаснат е пожарот што вчера изби кај селото Мршевци меѓу Рафинеријата и Индустриската „Бунарџик“ во Општина Илинден, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Поради ветрот овој пожар се прошири кон селото Бујковци и кон Индустриската зона, а огнот зафати и дел од покривот на црвата кај селото Мршевци. До 7 часот утрово, според ЦУК, евидентитирани се 33 пожари на отворен простор од кои еден е активен, четири се под ...

Земјите-членки на Европската Унија денеска постигнаа договор за 18-тиот пакет санкции против Русија, објави високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. „ЕУ штотуку одобри еден од најсилните пакети санкции против Русија“, објави Калас на социјалната мрежа X. Пакетот беше договорен на состанок на амбасадорите на земјите-членки и денес ќе биде официјално потврден од министрите за европски прашања на ...

Обвинителството покрена истрага против неколку лица во врска со убиството на офицерот на АРМ Агим Мухареми пред неколку дена во Батинци. Според обвинителството, за убиството на 50-годишниот осомничени се 2 лица, додека се работи на идентификување на други лица за кои постои сомневање дека се вмешани во убиството. Првиот осомничен, Муса Џавит, е сè уште во бегство. Визард скопско обвинителство: „На 11 јули во селото Батинци, осомничените заедно ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ наложил на американската државна обвинителка Пам Бонди да достави релевантно сведочење поврзано со случајот на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн. „Врз основа на смешниот обем на публицитет што му беше даден на Џефри Епштајн, ја замолив државната обвинителка Пам Бонди да ги достави сите релевантни сведочења на големата порота, под услов да бидат одобрени од Судот“, напиша Трамп на неговата ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Министерството за образование и наука и Бреинстер денеска ќе потпишат меморандум за соработка со фокус воведување на вештачката интелигенција во средното образование. Како што најави МОН, меморандумот ќе го потпишат министерката за образование и наука Весна Јаневска, управителот на Бреинстер ЦБЦ – друштво за интернет едукација, Петар Ниновски, и генералниот менаџер на Бреинтер Некст – приватна високообразовна установа самостојна висока стручна ...

Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). „Минималната температура ќе биде од 10 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени“, се вели во соопштението од УХМР. И во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена. Од утре, според синоптичарите, ...

Flex Credit, еден од најдинамичните финансиски системи во Македонија, оваа година ја организираше својата годишна конференција во Струга каде пред сите вработени и менаџментот беа презентирани рекордни финансиски резултати за првото полугодие од 2025 година. Со повеќе од 380 вработени и 65 филијали на Flex Credit низ Македонија, дополнети со мрежата од 40 филијали на Земи Пари, Flex Group ги обединува и Flex Broker – брокерско друштво кое преку ...

Народната банка бара од банките да ги намалат и поедностават провизиите за плаќања. Гувернерот на Народната Банка, Трајко Славевски, вели дека со новиот модел се намалуваат давачките од банките кон Народната Банка и со тоа очекува дека и банките ќе воведат пониски тарифи за плаќањата на правните лица, а за граѓаните пониски надоместоци. „Наместо просечните 14 евра по трансакција преку кореспондентно банкарство, со новиот тарифник се воведува ...

Лидерите на ВЛЕН ја посетија медресата „Иса Бег“ во Кондово, за да ги информираат за одлуката на Владата за одобрување на предлог-законот за средни верски училишта, со кој, по четири децении, учениците од медресата ќе бидат изедначени со сите други средношколци. Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху, го поздрави усвојувањето на овој предлог, нагласувајќи дека овие ученици ќе можат да придонесат и за подигање на моралната свест и да следат современ ...

Апелација во Албанија го остави претседателот на Партијата на слободата, Илир Мета, во затвор. Мета поднесе жалба до Апелациониот суд на одлуката на Првостепениот суд од 26 јуни, со која беше продолжена мерката „затворски притвор“. Пред неколку дена, Мета поднесе жалба до Уставниот суд против одлуката на Врховниот суд со која беше оставен во затворски притвор. Во барањето упатено до Уставниот суд, Мета наведува дека одлуките на 3-те суда, оној ...

Вработените со договори на дело во здравствените установи ќе продолжат да работат без работни решенија на неопределено време. Министерот за здравство, Азир Алиу, рече дека ќе се најде решение, но без да прецизира кога. Алиу информираше и дека досега добиле 90 пријави од граѓани, претежно од градот Скопјe, кои главно се однесуваат на доцнење на резултатите, доцнење на посетите и ангажирање на лекари истовремено и во јавниот и во приватниот ...

Косовските власти спроведоа акција во врска со сомневањата за шпионажа. Во рамките на оваа операција е уапсен еден полицаец, објави вршителот на должноста министер за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, кој изјави дека „шпионските мрежи во Косово успешно се сузбиваат“. „Денес, полицаецот Бојан Јевтиќ беше уапсен под сомнение за нелегални шпионски активности во име на безбедносните структури на Србија“, напиша Свечла на Фејсбук. Претходно, ...

По вториот повик, Владата денес потпиша договори со сите општини, за вкупно 828 проекти со вкупна вредност од околу 225 милиони евра. Од вкупно пристигнатите 887 проекти, прифатени се 828, додека Битола води со 65 проекти. Премиерот Христијан Мицкоски објасни дека најголемиот дел од инвестицијата ќе биде во областа на транспортот. Ќе има инвестиции и во областа на животната средина. Првиот вицепремиер, Изет Меџити, објави дека се потпишани ...

Поранешниот претседател на Врховниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, се врати на своето работно место, кое се чува од 2002 година. Нанев, кој беше разрешен како градоначалник на Кавадарци поради злоупотреба на службената положба и несовесно работење како судија, сега ќе гони организиран криминал. Од 1992 до 2002 година, Нанев работел во полицијата во Кавадарци како инспектор за борба против организираниот криминал. Неговата одлука да се стави во ...

Партиите конечно се придвижија кон конкретен договор за деблокада на железничката пруга што ги поврзува Македонија и Бугарија и е дел од Коридорот 8. Прелиминарниот договор дојде на последниот состанок во Брисел меѓу претставниците на владите на двете земји, беше договорено да се подготват студии и тендер за завршување на прекуграничниот дел од коридорот, односно тунелот за поврзување. Македонија, до крајот на 2025 година, треба повторно да го ...

Во одредени села од општините Велес, Македонски Брод, Василево и Дојран, неколку пожари и понатаму се активни. Според Центарот за управување со кризи, пожарите во моментов не претставуваат опасност за селата во близина, но тие ги потсетуваат жителите да бидат повнимателни во текот на овие топли и суви денови и да не палат оган на отворени површини. Во меѓувреме, Владата објави дека поради големиот интерес и позитивниот одзив од граѓаните, рокот ...

Со законските измени, инфраструктурата за игрите на среќа ќе се намали за 70%, додека 4 илјади ВЛТ машини ќе бидат отстранети, соопштија од ВЛЕН. Според нив, новиот закон за игри на среќа ќе го забрани нивното рекламирање. „Казината и обложувалниците исчезнуваат од населбите каде што живеат млади луѓе. Создаваме заштитна зона од 500 метри околу секој образовен објект, за да можат децата да стигнат до училишниот праг без да минуваат низ коридор ...

Роботакси на компанијата „Вајмо“, кое се движи без возач, неодамна се најде во непријатна ситуација на улиците на Лос Анџелес. Возилото ненадејно застанало во сообраќајот, потоа завртило лево, што било прекршок, и на крај било запрено од полицаец во центарот на градот. Додека еден обичен возач речиси сигурно би добил казна за вакво однесување, автономните возила во моментов не можат да бидат парично казнети во Калифорнија бидејќи не постои ...

Наместо во 10 часот, кога беше закажано, почетокот на судскиот процес против Раде Трајковски-Штекли и уште девет обвинети за трговија со дрога се очекува да почне со задоцнување од час и половина. Причината за доцнењето, како што соопшти судијата Илија Трпков, кој го води предметот, е известувањето што Судот го добил од затворот „Скопје” дека Трајковски е хоспитализиран на Клиниката за неврологија поради здравствени проблеми. Имено, како што ...

Метеорит за кој се верува дека е најголемото „парче“ од Марс на Земјата е продаден на аукција за 5,3 милиони долари, вклучувајќи даноци и други трошоци. Метеоритот, кој беше продаден во Сотбис во средаta, е познат како NWA 16788. Тежи 24,5 килограми, што го прави масивен во споредба со повеќето марсовски метеорити, кои обично се само мали фрагменти. Метеоритите се остатоци од комета, астероид или метеороид кој го „преживеал“ својот премин низ ...

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска како опасни и штетни ги оцени предлог-измените на Законот за полиција, кои се во собраниска процедура, и предупреди дека со нив министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Владата имаат намера да ја партизираат и уништат оваа служба, која, од друга страна, треба да биде професионална. Според портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, со предложените измени на Законот, ...

Советот на Град Скопје на денешната седница едногласно усвои декларација со која се осудува секаков вид насилство врз институцијата градоначалник, но и насилство врз жените. Ова следува откако скопската градоначалничка Данела Арсовска минатата недела беше нападната за време на увид на дивоградба во Чаир. Декларацијата е на предлог на советничката група на СДСМ, а пред советниците и пред јавноста ја прочита координаторката Љубица Јанчева. ...

Премиерот Христијан Мицкоски во моментов не гледа причина зошто би организирал уште една лидерска средба со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој во неколку наврати повикува на лидерска средба за како би се детерминирале црвените линии и би се постигнал натпартиски консензус за клучните државни прашања. Мицкоски во одговорот на прашањето за поканата за лидерската средба вели дека досега веќе имале една лидерска среба со лидерот на СДСМ, ...

До крајот на месецов треба да биде познат моделот како ќе се реагира на зголемувањето на цените на прехранбените производи. Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека сеуште се прават анализи и дека се размисува за неколку пристапи, не откривајќи повеќе детали. – Се уште се анализираат параметрите, имаме во голема мера јасни индикатори каде е базичната инфлација која влијае на конечната инфлација. Очекувам дека до ...

Тим археолози кои го истражуваат Охридското крајбрежје во Албанија, уверуваат дека ја откриле најстарата населба изградена на езерски брег во Европа. Тврдат дека датира од пред 6.000 до 8.000 години. Истражувачките од Швајцарија и Албанија секојдневно нуркаат до длабочина од три метри, внимателно изнесувајќи на површината дрвени столбови коишто некогаш држеле куќи, објавува Ројтерс, додавајќи дека на локалитетот се пронајдени и коски од домашни ...

Министерството за финансии соопшти дека вчера, за време на состанокот, Владата, по предлог на Министерството за финансии, го одобри завршениот ребаланс на Буџетот за 2025 година, во кој беа вклучени амандманите што беа одобрени за време на дискусијата на Комисијата за финансирање и буџет, а со кои се обезбедуваат дополнителни средства за Министерството за транспорт, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Министерството за ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и британскиот секретар за надворешни работи Дејвид лами денеска во Форин офисот во Лондон потпишаа Декларација за стратешко партнерство меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Шефот на македонската дипломатија на Фејсбук објави дека со ова се отвора ново поглавје во односите меѓу двете земји и се зајакнуваат билатералните ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1028
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
82%
1026
weather icon

Загреб

15ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1026
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
76%
1029
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
0.53
72%
1027
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.36
98%
1026
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
4.02
53%
1023
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1023
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1024
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
2.57
71%
1026
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
0.45
85%
1026
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
59%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5888