Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент, во која ќе се потврди посебноста на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, би било пример двете држави да покажат што значи добри соседи и меѓусебна поддршка. Не одговори дали од официјална Софија има одговор на неговиот предлог за заедничка резолуција, но посочи дека тоа што го предложил е „одговор на темата што ја отворил бугарскиот ...

Косовските пратеници денеска и по педесетти обид не успеаја да го конституираат парламентот, со што се продлабочува институционалната криза која во земјата трае веќе неколку месеци. Недостигот на консензус меѓу политичките партии продолжува да биде главната пречка за формирање на нови институции. На денешната седница, од 104 пратеници кои беа присутни, само 53 гласаа за формирање на комисијата, што е недоволен број за нејзино одобрување. ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со забелешките дека Владата води надворешна политика, со која ја турка земјава кон „српски свет“ нагласи дека ние сме македонски свет и оти како Влада работат на ширење на интересите на нашата надворешна политика. За критиките, истакна дека доаѓаат од неколкумина поранешни функционери од претходната влада, за кои кажа дека за ...

По разговори и консултации со академската фела премиерот Христијан Мицкоски најави дека на економскo-социјалниот совет ќе предложи поделба на потрошувачката кошница на 5 сегменти. Како што вели тој, во општеството постојат различни групи на граѓани со различни потреби. „Очекувам во најскоро време да биде закажан економскo-социјалниот совет. На него, претставници на Синдикатите, работодавачите и на Влдата ќе разговараат и на потрошувачка ...

Ако некој функционер погреши и чувствува одговорност треба самиот да се повлече од функцијата, нема простор за политичка естрада, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали ќе се бара разрешување на претседателката на Антикорупциската комисија. „Во животот има два начина на одговорност. Еден е морален, кога човек ќе извршува одредена функција и ако направи грешка треба самиот да се повлече и вториот е кривична ...

Полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со Агенцијата за национална безбедност и Основното јавно обвинителство Скопје, на 19.07.2025 година извршија претреси на дом и други простории на две локации во Скопје. За време на претресите кај лицето С.А. (23) од Скопје пронајдени и одземени се електронски доказни материјали, огнено оружје и 51 куршум. ...

Од супермаркетите во Лондон до пазарите во Сеул и Акра – потрошувачите се соочуваат со растечки цени на основните прехранбени производи. Додека многумина вината ја бараат во геополитиката или пазарната спекулација, сè повеќе научни докази укажуваат на еден подлабок, системски фактор: климатските промени. Нова сеопфатна студија, објавена во рецензираното списание Environmental Research Letters, ја потврдува оваа поврзаност. Истражувачки тим ...

Манчестер Сити ова лето ќе се засили и на голманската позиција каде голема желба на тренерот Пеп Гвардиола е ангажман на Диого Коста, 25-годишниот португалски репрезентативец кој со успех настапува за Порто. Според англиските медиуми преговорите се веќе започнати и Манчестер Сити се надева дека ќе реализира трансфер вреден 60 милиони евра за голманот кој минатата сезона забележа 19 натпревари без примен гол на 43 одиграни средби. Коста ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јули 2025 година изнесува 65.328 денари, според пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија. Во споредба со јуни 2025 година, кога изнесувала 64.698 денари, сега е зголемена за 630 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за март изнесува 80.703 денари. Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храна и пијалоци, за оние 63 производи кои ги следи Синдикалната минимална кошница за јули ...

„20-годишните празни ветувања на ДУИ ги претвораме во градба на вистински патишта. ДУИ речиси две децении ѝ владееше на државата, но регионите каде што живеат Албанците добија ништо“, велат од ВЛЕН. Во соопштението се додава: „Ниту еден крупен инфраструктурен проект не беше изграден, ниту еден километар автопат кон Гостивар, Кичево, Струга, Блаце или Ќафасан. Албанците добиваа само цвеќиња, ленти и фотографии на Фејсбук со ликот на Артан и ...

Собранието на Република Северна Македонија е единствената институција која може да донесе одлука за разрешувањето на претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересот, се вели во денешното соопштение испратено од ДКСК. Во однос на личната одговорност, велат, поднесувањето на оставка како етички и морален чин, сепак е одлука и право на самата претседателка. ...

СДСМ остро реагира на предлог-измените на Законот за полиција, тврдејќи дека министерот Панче Тошковски оди по стапките на поранешниот премиер Никола Груевски, со обид да воспостави целосна партиска контрола врз Министерството за внатрешни работи. Оттаму велат дека во предлог-измените нема реформи, туку само обид Тошковски да го претвори МВР во параполициски апарат кој ќе биде во служба на криминалот и интересите на ВМРО-ДПМНЕ и оти ова ...

Киев ѝ испрати на Москва понуда за одржување нова рунда мировни преговори следната недела, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако разговорите меѓу земјите минатиот месец не донесоа напредок кон прекин на тековната војна. „Мора да се направи сè за да се постигне прекин на огнот. Руската страна мора да престане да се крие од одлуките“, рече Зеленски во своето редовно вечерно обраќање на 19 јули. Зеленски, исто така, ја повтори ...

Водачот на еквадорската банда Адолфо Масијас Виљамар, познат по прекарот Фито, е екстрадиран во Соединетите Американски Држави за да се соочи со обвиненија за трговија со дрога и оружје. Масијас беше повторно уапсен во јуни, речиси една година откако избега од затвор со максимална безбедност каде што отслужуваше 34-годишна казна за низа кривични дела. Фито денеска ќе се појави пред федералниот суд во Соединетите Американски Држави за да се ...

Калин Ивановски продолжува да напредува на АТП листата, по долгата пауза. Според најновото рангирање, тој напредуваше за 60 позиции и сега се наоѓа на 793. место со освоени 29 поени. Овој значителен скок е резултат на успешниот настап во Сан Марино, каде Ивановски ги помина квалификациите и влезе во главната фаза на турнирот, што му донесе пет нови АТП поени. Важно е да се истакне дека ова е втора недела по ред во која бележи напредок од над 60 ...

Под влијание на топол бран до сабота (26 јули) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Утре, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули. Во југозападниот, источниот и североисточниот регион температурата ќе се движи во интервал од 34 до 38 степени ...

Во екот на горештините, кога температурата во автомобилот може да достигне и до 70 степени Целзиусови, една обична запалка може да се претвори во мала бомба. Еден граѓанин за Алсат раскажува како му се оштетило возилото откако запалката експлодирал во внатрешноста поради високите температури. „Мене лично ми се случи, ми експлодира запалувачот и ми го скрши стаклото. Би рекол да внимаваат луѓето да не оставаат, бидејќи може да дојде и до ...

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост и револт поради одлуката на актуелната влада ВМРО–ВРЕДИ да не даде согласност за засновање на постојан работен однос на 155 медицински сестри во Клиничката болница во Тетово – професионалистки, мајки и столбови на стотици семејства, кои со години посветено им служат на пациентите и на јавното здравство на државата, велат од опозициската ДУИ. Во соопштението од партијата се доддава: ...

„Структури на СДС поддржуваат опасна бугарска пропаганда која има за цел негирање се што е македонско. Или едноставно, амбасадорот на бугарските интереси и пари во Македонија е СДС, и Венко Филипче. Јасно е дека на официјална Софија и смета се што застанува во заштита на македонските вредности и државните интереси во Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Јасно е зошто се нападите врз ВМРО-ДПМНЕ, и пред се, претседателот на партијата и премиер ...

Денеска, во временски период од 10:00 до 15.00 часот, сообраќајот на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце, на потег од раскрсница за село Драгоманце до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде затворен поради одржување на велосипедска трка, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од ...

Полската војска ноќеска ги крена борбени авиони поради зголемена руска воздушна активност во близина на границата со Украина, соопшти Оперативната команда на вооружените сили на Полска. „Полските и сојузничките воздухопловни сили започнаа операции, а системите за противвоздушна одбрана и радарска набљудување беа ставени во состојба на висока готовност. Преземени се мерки за обезбедување на безбедноста на териториите кои граничат со Украина“, се ...

Четири активни пожари се уште беснеат во земјава, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму велат дека до осум часот утринава, на територија на целата држава се евидентнирани 22 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, три се под контрола а петнаесет се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Василево кај селото Нивичино каде што гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, потоа во Општина ...

Стотици маскирани напаѓачи вооружени со метални прачки и молотови коктели нападнаа автомобили на автопат и се судрија со полицијата во петокот вечерта во градот Лимож во централна Франција. Девет полицајци беа повредени во ноќните судири. Властите се сомневаат дека станува збор за војна меѓу банди за територија. Вооружени напаѓачи се спуштија на автопатот RN141 и се обидоа да го блокираат за време на судирот со полицијата. „Имаше помеѓу 100 и ...

Бугарските гранични власти запленија речиси 206 килограми кокаин на границата со Турција и уапсија три лица, меѓу кои и дипломат од Демократската Република Конго акредитиран во Белгија, соопштија бугарските истражни органи. Дрогата, со проценета вредност од околу 20 милиони евра, била откриена во комбе со белгиски регистарски таблички, скриена меѓу лични предмети во пет куфери. Станува збор за најголема заплена на дрога на бугарска копнена ...

Неисхранетоста достигнува алармантни нивоа во воено разорениот Појас Газа, особено погодувајќи ги децата, предупредија Обединетите нации, осудувајќи го ограничениот пристап до хуманитарна помош за жителите на палестинската територија под изолација и израелски напади . Службата за цивилна заштита на Појасот Газа соопшти дека бројот на смртни случаи кај новороденчиња поради „тежок глад и неисхранетост“ се зголемил и дека имало најмалку три такви ...

Форумот за промени во образованието смета дека распределбата на ваучери во износ од 250 евра за ученици до 29 години е погрешна политика. Според Бленди Ходаи, оваа владина мерка наликува на популистичка мерка бидејќи процедурите за нејзино спроведување започнуваат за време на периодот на кампањата за локалните избори, што во овој случај се совпаѓа и со периодот на почетокот на новата академска година. „Тоа е кратковида политика бидејќи за 250 ...

Претежно сончево и многу топло време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од 10 до 19 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 31 до 40 степени. Времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен југозападен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 17 до максимални 40 ...

Секторот за внатрешни работи Скопје соопшти дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје. Изменетиот режим ќе биде од денеска (понеделник), вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди ...

Партиите не се прецизни дали ќе иницираат рарешување на актуелната претседателка на на антуцкорупциска Татјана Димитровска која се товари за оддавање на службени тајни на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, обвинет во случајот „Адитив“, кој се однесува на манипулации со постапки за тендери и перење пари, со што буџетот бил оштетен за 6,4 милиони евра. Од Вмро – Дпмне дадоа краток кометар во кој велат дека разгледувале ...

Некои повеќе, некои помалку, но поголемиот дел од албанските општини што добија средства од првиот повик од инструментот на Владата за капитални инвестиции, велат дека градежните работи на терен се одвиваат според предвидената динамика. Според владини претставници, над 40 проценти од проектите во сите општини веќе се завршени на терен, додека останатите се во фаза на реализација. Од Општина Аарачиново информираат дека од првиот повик, околу 90 ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
1027
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
81%
1026
weather icon

Загреб

16ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1026
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
71%
1029
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.63
69%
1027
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.4
98%
1026
weather icon

Атина

20ᴼ / 19ᴼ
3.09
54%
1022
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1023
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
63%
1024
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
71%
1026
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
94%
1026
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 15ᴼ
2.06
100%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941