Затвореникот во случајот Куманово, Насуф Беќири, кој издржува затворска казна во Идризово, веќе десет дена се соочува со недостаток на третман од медицинскиот персонал во затворот, откако се пожалил на болка на забот. По посетата на затворот од страна на семејството денес, бевме информирани дека Беќири страда од силна болка на заб и е изложен на ризик од други инфекции. Беќири побарал да биде однесен во болница на лекување, но затворот одговорил ...

ДУИ ја обвинува Владата за манипулирање со граѓаните за купување политичка поддршка со отворање 730 јавни конкурси во пресрет на локалните избори. Според нив, објавените огласи се користат како изборни алатки дизајнирани да создадат илузија за влада која „функционира“. ДУИ смета дека Владата ги гледа граѓаните како бројки во кампањата. ВЛЕН одговори на овие обвинувања. Како што велат, ДУИ била таа што ги злоупотребувала Албанците во ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе обвинителен предлог против лицето што минатата недела физички ја нападна скопската градоначалничка Данела Арсовска. Ќе се гони за сторено кривично дело насилство. Во информацијата што попладнево ја објави скопското обвинителство се наведува дека обвинетиот извршил грубо насилство врз градоначалничката на улицата „Севастополска“ во Скопје предизвикувајќи ѝ телесна повреда, чувство на несигурност, ...

Битолската полиција приведе и поднесе кривична пријава против 29-годишник од село Ангелци, Василево, поради сомнение дека во рок од пет дена во јули годинава сторил неколку кривични дела, меѓу кои две убиства во обид. Од МВР информираат дека 29-годишниот Г.П. во период од 2 до 7 јули влегол во две викенд куќи во битолското село Крклино од каде шо не одзел ништо, но причинил материјална штета, додека во селото Долно Српци во Могила, насилно ...

Кривичниот суд соопшти дека е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Воедно, оттаму информираат дека обвинителниот акт е веќе доставен до сите обвинети и нивните адвокати, а откако ќе го примат, започнува рок од осум дена за приговор. По истекот на тој рок, судечкиот совет ќе заседава и ќе ја извести јавноста за следните чекори. Судот, исто така, потврди дека Основното јавно обвинителство Скопје ќе го води ...

Престојување во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци, носење лесна, светла облека и користење заштита за глава и очи, избегнување физичка активност во најтоплите часови од денот, посветување внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени, да се одложат активности на отворено во најтоплиот дел од денот и да се обезбедат ...

Леонардо да Винчи, познатиот италијански ренесансен архитект, инженер, вајар и уметник, кој ја насликал Мона Лиза, имал софистицирано геометриско разбирање многу понапред од своето време. За да го нацрта Витрувијанскиот човек во 1490 година – илустрација на „идеалното“ човечко тело – ренесансниот човек можеби се потпирал на математички сооднос кој формално не бил воспоставен сè до 19 век. Тоа е една од најзначајните слики на сите времиња, а ...

Европската централна банка (ЕЦБ) планира да го смени изгледот на евробанкотите. Веќе е објавен и јавен конкурс на кој можат да конкурираат графички дизајнери со живеалиште во Европската Унија. Рокот за доставување дизајни е до 18 август. Според одлуката на Управниот совет за конечниот дизајн се очекува да биде готов до крајот на 2026 година, по што ќе се анкетираат граѓаните за понудените дизајни. Новите банкноти ќе бидат подготвени за пуштање ...

Стартот на новата учебна година ќе започне со учебници по странски јазици за учениците во основното образование, откако пет години основците учеа јазици од импровизирани учебници. Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, министерката за образование и наука Весна Јаневска потврди дека учебниците по странски јазици, кои подолго време недостасуваа во наставата, ќе бидат достапни за учениците од 1 септември. „Со огромно ...

Ако пречка за македонските евроинтеграции е само внесувањето на Бугарите во Уставот, тогаш не би требало да биде проблем заедно со соседна Бугарија да поднесеме резолуција во Европскиот парламент (ЕП), која ќе ја гарантира македонската идентитетска и јазична посебност, а истовремено ќе ја зголеми и довербата меѓу двете земји. Ова денеска на прес-конференција го рече Антонијо Милошоски, потпретседателот на Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и ...

Европската ракометна федерација во своето седиште во Виена ја одржа ждрепката за групната фаза во Европската лига. Во ова натпреварување Македонија има еден загарантиран учесник, вицепрвакот Вардар кој ривалите ги чекаше од вториот шешир. Исто така, во квалификацискиот бараж ќе игра и Алкалоид, а за ривал го доби бундеслигашот Хановер и на извлекувањето овој пар е сместен во третиот шешир. Среќата посака Вардар да влета во група Ф и ќе играат ...

Околу 400 кандидати се пријавиле на јавниот повик на Владата за ангажман на граѓани за превенција на пожарите, а рокот за пријава е продолжен за уште прет дена. Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска (18 јули) на прес конференција изјави дека еден од основните услови е лицата кои се пријавуваат да бидат регистрирани како активни баратели на работа. „За жал, нам ни се пријавија повеќе луѓе вклучително и ...

Пожарот, кој избувнал околу 3 часот наутро во борова шума, бил разгорен од силен ветер, што овозможил огнот да се приближи опасно близу до повеќе објекти, вклучувајќи приватни и туристички капацитети. – Успеавме да евакуираме еден хотел и еден камп без сериозни последици, изјави Никола Мартиновиќ, командир на оперативниот регион Брач. На терен се ангажирани 56 пожарникари со 22 противпожарни возила од регионот, како и противпожарен авион ...

Топлотниот бран со високи температури во Скопје доведе до зголемена потрошувачка на водата за пиење. Од Град Скопје и ЈП Водовод и канализација повеќепати предупредија дека има енормна и неконтролирана потрошувачка и апелираат граѓаните разумно да ја користат водата за пиење – да не се користи за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, полнење базени и слично. Но, извештајот за работата на ЈП Водовод и канализација Скопје за ...

„Македонско најдобро“ е новата кампања преку која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се обиде да го зајакне и зголеми производството на домашни земјоделски производи, да ја подигне свеста за квалитетот и автентичноста на овие производи и да обезбеди полесен пристап на граѓаните до овие производи. Кампањата започнува со видео запис којшто денеска беше промовиран од страна на министерот за земјоделство, шумарство и ...

Десетици дрвја се соборени во силната бура што ја погоди Романија, а властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат патувања. Жена од Отопени почина откако делови од покривот на блиската станбена зграда се откршија и паднаа врз нејзината куќа. „За жал, жртвата почина. Мобилна единица за интензивна нега реагираше на местото на настанот“, соопшти Одделот за вонредни ситуации во објава на Фејсбук. Во окрузите Илфов и Ѓурѓу, проблеми се пријавени на ...

Министерството за здравство соопшти дека поради прекин во водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле, веднаш е побарано од Универзитетска клиника за детски болести и Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби времено да ги згрижат пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација, додека во Козле ќе продолжи третманот на пациенти во дневна болница и амбулантските прегледи. ...

Словачка ќе престане да го блокира и оти денеска ќе го поддржи новиот 18. по ред пакет санкции на Европската Унија (ЕУ) против Русија, соопшти премиерот на земјата Роберт Фицо преку видеообраќање на социјалните мрежи вчера вечер. „Во овој момент би било контрапродуктивно да се продолжи со блокирањето на 18. пакет санкции утре (18.07.2025 г.)“, рече Фицо во видеопораката објавена на Фејсбук, пренесе ХРТ. Инаку, дипломати на Европската Унија за ...

Новиот пакет санкции на ЕУ против Русија треба да се анализира за да се минимизираат неговите последици, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин. „Секако, треба да го анализираме новиот пакет (санкции на ЕУ) за да ги минимизираме неговите последици“, рече Песков, одговарајќи на прашања од новинарите за 18-от пакет санкции на ЕУ против Русија усвоен утрово, објави РИА Новости. Тој рече дека санкциите се „меч со две ...

Полското Министерство за надворешни работи им препорача на своите граѓани да не патуваат во Русија. „Препорачуваме да се воздржите од патување во Русија поради војната во Украина и признавањето на Полска како непријателска држава од страна на властите на Руската Федерација“, се вели во соопштението на министерството, објави РИА Новости. Министерството, исто така, им препорача на Полјаците кои моментално се наоѓаат во Русија да ја напуштат ...

Европската Унија ги олесни правилата за добивање шенген визи за турските граѓани, објави амбасадорот на ЕУ во Анкара, Томас Ханс Осовски, истовремено повикувајќи на итно продолжување на преговорите за безвизен режим. Новите правила, кои стапија во сила на 15 јули, ќе им овозможат на турските граѓани кои претходно правилно ги користеле шенгенските визи побрзо и полесно да добијат визи со повеќекратен влез, објави Ројтерс. Тие ќе можат да добијат ...

ВЛЕН се грижи за работните места и напредувањето на Албанците во администрацијата, велат од коалицијата. Во соопштението се додава: „Дваесет години, ПАРТИЈАТА НА ЦРНАТА ЛИСТА (ДУИ) ги држеше Албанците на дното на административната скала и ги користеше само како гласачка машина. Денес, кога Владата конечно отвора можности и за Албанците, да се вработуваат и да напредуваат, токму ДУИ е првата што крева паника. На ДУИ не им пречи вработување во ...

Досега околу 400 кандидати се пријавиле на јавниот повик за владината мерка за ангажман на граѓани за превенција на пожарите. Одлучивме рокот да го поместиме за уште пет дена, односно уште пет дена граѓаните имаат можност да се пријават за оваа мерка, соопшти на денешната прес-конференција раководителот на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов. – Вчера заврши јавниот повик за пријавување лица за владината мерка за превенција од ...

Претседателот на Општина Будва, Никола Јовановиќ, бил претепан во Будва. Според информации од Управата на полицијата, врз него напад извршиле тројца мажи, објави Мондо. Во нападот, Јовановиќ се здобил со тешки телесни повреди. Тој потврдил дека се наоѓа во болницата во Котор, но не сакал да изнесе повеќе детали. Според неофицијални информации, Јовановиќ бил нападнат утринава кај градскиот базен, додека седел со пријатели. Првичните податоци од ...

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на х.Белви, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски таблички, управувано од С.Д. (54), патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од Д.Р. (31) и патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од С.А.. Со возило на Итна ...

Поради проблем со водоснабдувањето, децата кои имаат потреба од хоспилатизација на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“, времено ќе бидат згрижени на Клиниката за детски болести и Инфективната клиника, соопшти Министерството за здравство. Болницата „Козле“ во Скопје од вчера остана без вода, откако изминативе денови во болницата имале слаб притисок. Не станува збор за дефект туку, бидејќи болницата се наоѓа во висока зона, нема ...

На регионалниот пат Царев двор-Макази, кај место викано „Ипоз Преспа”, вчера после пладне, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Д.Џ.(75) од Охрид, откако со радар констатирале дека управувал патничко возило „ауди”со охридски регистарски ознаки со брзина од 126 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по негово ...

Крајбрежната стража соопшти дека еден тинејџер имал „исклучително среќа“ што не се задушил откако бил закопан седум стапки (200 cm) длабоко во песок, пренесува Би-Би-Си. Спасувачите биле повикани на плажата Вест Витеринг во Западен Сасекс во четврток откако момчето ископало дупка во песокот пред да биде закопано во неа од неговите пријатели. Внимателно бил изваден од песокот од страна на службите за итни случаи, му бил даден кислород и однесен ...

Македонија побара да ѝ бидат префрлени 38 милиони евра од Планот за раст откако процени дека имплементирала 9 точки од Агендата за реформи до јуни оваа година. Рокот, кој вклучуваше вкупно 16 точки, вредеше 70 милиони евра, но поради доцнења во спроведувањето на реформите, дел од тие средства нема да бидат достапни сега. Дигитализацијата останува единствениот сектор во кој се постигнати сите четири задачи односно се одобрени сите четири закони ...

Полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево вчера попладне ги лишиле од слобода Е.П.(30) и А.П.(60) од Кичево. Како што информира МВР, при претрес во нивниот дом, извршен по наредба од Основен суд Кичево, во куќата биле пронајдени и одземени една ќесичка со бела прашкаста материја и вага. Додека, во шахта пред домот биле пронајдени и одземени 51 помали пакувања со прашкаста материја и две поголеми најлонски ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1028
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
82%
1026
weather icon

Загреб

16ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1025
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
76%
1029
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.63
72%
1027
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.4
98%
1026
weather icon

Атина

20ᴼ / 19ᴼ
3.58
52%
1022
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
82%
1023
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
52%
1024
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
71%
1025
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 10ᴼ
1.54
84%
1025
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
67%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941