Обвинителството за организиран криминал ја прошири истрагата за полициските службеници во врска со трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 61 лице, меѓу кои и шест малолетници, а околу 200 беа повредени. Уапсени се и седум полициски службеници и инспектори од МВР. Со тоа, бројот на полициски службеници опфатени со истрагата се искачи на 14. Инволвираните се од регионот на Кочани и Штип, а се сомничат дека дале одобрување дека ...

Европската комисија (ЕК) бара да разговара со министреката за образование Весна Јаневска за именувањето на лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Северна Македонија – „Еразмус +“. Од Европската комисија ова го навеле во одговор на прашање од порталот „Портлаб“, откако во јавноста се појавија низа реакција во врска со назначувањето на Богојевски, а кои ...

Државната комисија за жалби по јавни набавки во 2024 година не ги реализирала неопходните активности за брза, објективна и ефикасна правна заштита во постапките за јавни набавки – ова беше заклучокот што денеска го усвои собраниската комисија за финансии и буџет, која го разгледа извештајот за работата на оваа комисија. Поголемиот дел од пратениците усвоија заклучок дека комисијата за жалби не ги постигнала целите, приоритетите и резултатите кои ...

Утрото на 16 март беше последно за 59 граѓани на Кочани кои ги загубија животите во трагедијата од пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“. Над 200 други беа сериозно повредени. Жртвите од трагедијата беа главно млади, шест од нив малолетни, а најголем дел од загинатите беа на возраст од 24 и 26 години. Според судската медицина, главната причина за големиот број жртви во оваа трагедија беше задушување со јаглерод моноксид. Од 16 март, но и во ...

Според Гардијан, еден безимен скитник од Калифорнија добил милион долари на лотарија откако набавил тикет во локална продавница за пијалаци која редовно ја посетува. “Тој влезе во дуќанот, ја изгреба картичката и рече: „О Боже, дали е ова реално?“”, изјавил менаџерот на продавницата, прераскажувајќи ја вечерта кога била добиена премијата. “Човеку, јас повеќе не сум бездомник!” Победникот на почеток поверувал дека добил 100,000 долари, пред ...

Бројот на жалбите за дискриминација врз основа на етничката припадност е зголемен во 2024 година. Според извештајот на Комисијата за Превенција и Заштита од Дискриминација, односите на работа се најчеста област за која е пријавена дискриминација минатата година. Според извештајот, 80% од идентификуваните дискриминатори се државни институции, административни органи, општини и претпријатија што вршат јавна власт. Причината за дискриминацијата е ...

Актуелни, но и пензионирани инспектори, началници и командири од Штип и Кочани се меѓу десетте полициските службеници кои потпишувале документи и давале согласност дискотеката Пулс во Кочани да работи без да ги исполнува законските услови соопшти МВР. Иако знаеле дека не е така, полицајците свесно давале лажни официјални информации дека во кабарето немало нарушувања на јавниот ред и мир. МВР: Деветтопријавениот В.И. на 21.01.2022 изготвил ...

Денеска се навршува еден месец од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 61 лице, а околу 200 беа повредени. Ова е најголемата несреќа од независноста на државата. Досегашната истрага покажа дека постоеле системски грешки и пропусти во изминатите години поради што досега со истрагата опфатени се вкупно над 60 физички и три правни лица меѓу кои сопственикот на дискотеката, сегашни и поранешни градоначалници на Кочани, ...

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека „Западот каков што го знаевме повеќе не постои“, мислејќи на промените што се случија како резултат на претседателствувањето на Доналд Трамп со САД. Во интервју за „Цајт“, таа ја повтори поддршката за европската регулација на американските дигитални услуги дури и при заканите за укинување на американскиот нуклеарен чадор, нагласувајќи дека во Европа „олигарсите“ не ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донел наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривично дело примање поткуп од член 357 став 5 во врска со став 2 од Кривичниот законик, а другото за помагање при извршување на тоа кривично дело. Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопштија дека првоосомничениот, ...

Доколку маркетите не се подготвени од петок редовно да ги објавуваат цените на производите на своите веб-страници Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) соодветно ќе постапува врз основа на надлежностите што ги има според Законот за потрошувачи, вели министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. „Досега кај нас не е стигната информација дека некој од трговците има проблем да го имплементира овој правилник, но доколку имаат тешкотии да го спроведат ...

Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа на основните прехранбени производи и дел од средствата за хигиена и одлуката за утврдување на највисоки цени на осум групи на прехранбени производи завршуваат на крајот на овој месец. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека ќе се следи ситуацијата и доколку има потреба, ќе бидат донесени други мерки. – Ние ќе ја следиме ситуацијата, ако случајно се зголемува инфлацијата, ќе ...

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска изјави дека Израел „ја преминал линијата“ во својата самоодбрана, додавајќи дека Европската унија обезбедила дополнителна финансиска поддршка од 1,6 милијарди евра за Палестинците. „Израел има право да се брани, но неодамнешните настани јасно покажуваат дека границата е надмината и дека човечките загуби се огромни и застрашувачки“, изјави Калас за ...

Никој не може да и даде гаранции на Северна Македонија ако сега го смени Уставот, дека повеќе нема да има пречки на европскиот пат, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) во одговор на прашање на МИА дали ЕУ и земјите членки можат да гарантираат дека по спроведување на уставните измени не би имало нови блокади поради билатерални прашања поврзани со идентитетот, јазикот или историја. – ...

Екипата на Реал Мадрид го очекува реваншот против Арсенал во Лигата на шампионите на кој ќе брка три гола негатива, а мечот во Мадрид се чека на големо. Публиката е на нозе, а исто така и фудбалерите и стручниот штаб ги прават последните подготовки за мечот. И на денот на дуелот, дојде специјално барање од тренерот Карло Анчелоти, кое му е одобрено. Имено, по барање на тренерот, Реал Мадрид испрати допис до УЕФА за да го затвори кровот на ...

Коалицијата ВЛЕН денеска ќе има седница на која ќе се разговара за одлуката на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари на локалните избори да оди со свои советнички листи, најави лидерот на Демократско движење, Изет Меџити кој е дел од коалицијата. Меџити вели дека по седницата ќе бидат изнесени ставовите на ВЛЕН во врска со тоа прашање. „За одлуката на Алијанса за Албанците на Таравари ќе има денеска седница на ВЛЕН и после тоа ќе бидете ...

На дваесеттина од повредените во несреќата во Кочани ќе им биде потребна подолготрајна рехабилитација, кај некои од нив тој процес на заздравување би можел да потреае и до две години. Тоа денеска го посочи министерот за здравство, Арбен Таравари, кој истакна дека во рамки на Министерството се споведуваат сите потребни активности за прифат и продолжена нега на сите повредени во несреќата. – Направена е евалуација од експерти од Велика Британија ...

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез сподели амбициозен план за првпат да ги обедини Лионел Меси и Кристијано Роналдо во ист тим. Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и Бока Јуниорс има идеја да организира проштален меч во Буенос Аирес и да ги покани двете легенди. Тевез ја заврши кариерата во 2022 година, но сега почнува да планира голем меч, кој најверојатно ќе се одигра на Ла Бомбонера. „Сакам да ...

Повеќе од еден милион евра, односно фантастични 64.182.837 денари Видеолотарија Касинос Австрија исплати кон играчите за ВЛТ добивки, во месец март. Среќните статистики во март покажаа: 4 СУПЕР МИЛИОНЕРИ, нови 19 МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ добитници и дури 1926 играчи освоија МИНИ џекпот добивки. Март ни донесе нови рекорди со ВЛТ добивки и многу нови среќни ВЛТ приказни. ВЛТ играчите на Видеолотарија Касинос Австрија изминатиот месец заедно поделија ...

Врховниот суд на Обединетото Кралство денеска пресуди дека терминот „жена“ се однесува исклучиво на биолошкиот пол според Законот за еднаквост на Обединетото Кралство, со што се исклучуваат трансродовите жени од правната дефиниција за жена. Судијата, по пресудата, рече дека ова не е „победа на едната страна над другата“, нагласувајќи дека британскиот закон сè уште ги штити трансродовите лица од дискриминација. Родовата реформа во Велика ...

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите објавени во дел од медиумите дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со неговата вчерашна изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници. – МВР во целост ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите за наводно нарушување на вчерашната акција од страна на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. МВР при вчерашната акција постапуваше по насоки на јавното ...

Работата и работните односи се најчестите области во кои се пријавува дискриминација, но исклучително зголемен е бројот на претставки во областа на членувањето во синдикалното организирање. Ова го покажува најновиот Годипен извештај за спречување и заштита од дискриминација за 2024 година во однос на 2023-та. Во него исто така се забележува благо намалување на бројот на претставки за 20 отсто. Зголемен е бројот на претставки во однос на ...

Се одложи рочиштето на кое требаше Љупчо Палевски-Палчо да продолжи со давање исказ за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Утринава, судот добил известување од адвокатот на Палевски, дека не е во можност да присуствува од здравствени причини. Палевски е последниот сведок кој треба да сведочи, откако претходно, покрај сведоците на обвинителството, беше сослушан таткото Александар Ѓорчевски, како и останатите обвинети. според ...

Соединетите Држави на 15 април ги укинаа санкциите воведени во јануари врз шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Антал Роган, поради обвинувања за корупција и кронизам. Во соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за финансии се вели дека Роган е избришан од листата на санкции. „Државниот секретар Марко Рубио на 15 април разговараше со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто и го информираше за ...

До Народниот правобранител пристигнале информации дека речиси во сите органи на државната администрација – почнувајќи од министерствата, дирекциите и разни заводи – се крши правото на припадниците на немнозинските заедници при вработувањата. Насер Зибери изјави дека одлуката на Уставниот суд за укинување на Балансерот создала правен вакуум, поради што ги повика Владата и Собранието што поскоро да го усвојат Законот за правична и соодветна ...

Во близина на мостот на Серменинска река во гевгелиското село Мрзенци, синоќа во 20.00 часот на земјен пат полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица лишиле од слобода малолетник од Скопје. При контрола во возило „хјундаи“, кое тој го управувал, а на кое имало скопски регистарски таблички кои припаѓале на друго возило, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени седум лица мигранти од Египет. – ...

Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) постигнаа договор за заедничка подготовка за идни пандемии по повеќе од четири години преговори, соопшти денеска организацијата. „Земјите-членки на СЗО направија голем чекор напред во нивните напори да го направат светот побезбеден од пандемии. Ова е историски договор за здравствена безбедност, еднаквост и меѓународна солидарност“, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс. Предлогот ги ...

Во неколку интервенции од утрово, полицијата ги потисна студентите кои блокираа еден од главните влезови во зградата на Радио и телевизија на Србија (РТС) во Белград, на улицата Абердарева. Полициски и жандармериски кордони моментално се поставени пред студентите, додека улиците околу РТС се блокирани. Според изјавите на еден од обезбедувачите, во средата, работниците на РТС, во придружба на полицијата, влегле во зградата на телевизијата околу ...

Карлос Алкараз со победа го започна АТП турнирот во Барселона и се пласираше во осминафиналето, а по мечот со aмериканецот Итан Квин, се осврна на неодамна освоениот трофеј во Монте Карло и рече дека конкуренцијата на самиот врв се зголемува. „Мислам дека заврши доминацијата на еден или двајца играчи или на таканаречената „стара школа“. Сега нештата се менуваат, гледам дека во Топ-10 има барем 6-7 играчи што се скоро на исто ниво. Нормално е ...

На терените ширум Македонија повторно ќе се игра кошарка, откако судиите донесоа одлука за прекин на штрајкот, поради кој беше одложен стартот на плејофот и плејаутот во Првата лига, но и не се одигра ниту еден меч во останатите лиги од мак-баскетот. По последниот состанок со претставници на клубовите и на федерацијата, судиите синоќа имаа состанок на кој беше одлучено штрајкот да биде прекинат, а со натпревари да се продолжи веднаш по ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
49%
1023
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
62%
1023
weather icon

Загреб

18ᴼ / 15ᴼ
0.45
66%
1023
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
72%
1023
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.09
47%
1022
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.51
71%
1023
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
7.15
38%
1019
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
60%
1018
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
29%
1020
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
3.13
54%
1022
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
52%
1022
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
7.2
46%
1020
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62