
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Административните служби и пратениците имаат потреба од информации за процесот на европска интеграција. Анализата во рамките на проектите „Поддршка за европска интеграција“ во првата фаза, односно во анкетата, покажа дека има значителен простор за подобрување во овој поглед. „Има една цел, Собранието да ја извршува својата демократска, законодавна и надзорна функција во согласност со најдобрите европски практики, а за таа цел ќе работиме на ...
Опозициската СДСМ ја обвини владата за ребалансот на буџетот дека се фокусира на краткорочни мерки, не ги почитува основните фискални правила и, како што велат, е прилагодено за купување гласови за октомвриските избори. Но, според владата, ребалансот на буџетот ќе го стимулира економскиот развој, ќе обезбеди повеќе средства за пензионерите, младите и локалните проекти и е показател дека се исполнуваат клучни ветувања како што се зголемување на ...
Иако 51-от обид за конституирање на косовското собрание не успеа, кандидатката за претседател на Собранието од редовите на движењето Самоопределување, Албулена Хаџиу, изјави дека чекаат одговор од Социјалдемократската иницијатива за понудата за заедничка влада. Лидерот на Социјалдемократската иницијатива, Фатмир Лимај, не ги коментираше понудите што ги доби на последната средба од лидерот на Самоопределување, Албин Курти, но рече дека тие нема ...
За вклучување во противпожарните екипи во општинските единици се пријавиле околу 500 лица, а според планот ќе бидат ангажирани 400 лица. Најмал интерес има во Скопје, каде што се пријавиле само 50 луѓе. Шефот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објасни дека сега почнува дводневниот период на обука, каде истовремено ќе се врши и селекција на оние кои ќе се спроведуваат во насока на пожарникарите. Во однос на реакциите за ...
Во време кога секојдневно се активни десетици пожари, еден од 3-те ер атрактори на Дирекцијата за заштита и спасување и понатаму останува на сервис. Се очекува да се врати во земјата на почетокот на август, додека властите ги оправдуваат доцнењата со дополнително откриени дефекти. Стојанче Ангелов рече дека уште два авиони на оваа дирекција, два полициски хеликоптери и два армиски хеликоптери стојат на располагање за борба против пожарите. ...
Светската здравствена организација (СЗО) издаде сериозно предупредување бидејќи раните индикатори укажуваат на можност за нова глобална епидемија на чикунгунија, слична на онаа во 2004 и 2005 година, кога вирусот се прошири од островите во Индискиот Океан на остатокот од светот и зарази речиси 500.000 луѓе. Рани знаци на нова епидемија Од почетокот на 2025 година, големи епидемии се регистрирани на островите Реунион, Мајот и Маврициус (источно ...
Две лица загинаа, а најмалку две други се повредени во тешка несреќа што се случи денеска (вторник), кога мал авион се урна на автопат во близина на Бреша, северна Италија. Според очевидци, авионот во еден момент нагло се завртел во воздух пред да удрил во земјата, по што се запалил, а остатоците се разлетале десетици метри околу местото на ударот. Нeсреќата се случила помеѓу населените места Флеро и Азано Меја, на делот каде се сече со ...
ДУИ не кажа зошто министерот Бујар Османи одржал 11 средби со српскиот шеф на дипломатијата, а немал ниту една официјална иницијатива со Косово, прашуваат од оваа партија. „ДУИ не кажа и бега да каже на колку ручеци, вечери и „пријателски прошетки“ присуствувале Али Ахмети и Бујар Османи лично со претседателот на Србија, Александар Вучиќ? ДУИ нема да ја слушнете да каже колку често Османи се среќавал со српскиот амбасадор во Скопје и зошто не ...
На средбата која се одржува денеска во Атина помеѓу грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Гераптеритис и македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се очекува грчката страна да изрази загриженост поради непотполното спроведување на Преспанскиот договор, јавува грчки Екатимерини. Средбата доаѓа во услови на засилен притисок од Европската унија врз Македонија за почитување на преземените обврски во ...
Македонските граѓани без виза можат да влезат во 130 држави во светот што е за три повеќе отколку лани. Со тоа според рангирањето на „The Henley Passport Index“, македонскиот пасош е на 38. место во светот и бележи скок за седум места во споредба со минатата година. На листата за 2025 година сме пред Србија која го зазема 32. место, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија се на 43. место, Турција на 46. и Косово на 61-во место. Најмоќниот ...
Полицијата вчера уапсила 71-годишен маж од Демир Капија поради сомнение дека во два наврата предизвикал пожари. Пожарите ги гаснела Противпожарна единица од Неготино. „Во 10 часот предизвикал пожар на место викано ‘Горна Лака’ во близина на Демир Капија, од кој биле зафатени сува трева, нискостеблеста шума и два лозови насади. Исто така, тој се сомничи дека околу 15 часот во близина на истото место предизвикал пожар од кој биле зафатени шума и ...
Пациентите на кои им се препишани лекови коишто треба да им помогнат во слабеењето, повторно доживуваат зголемување на телесната тежина по прекинувањето на нивниот рецепт. Истражувањето е објавено „БМЦ медисин“ (BMC Medicine) денеска. Испитувањата потврдуваат дека луѓето изгубиле значителна количина тежина додека земале лекови против дебелина. Сепак, истражувачите откриле широкоопфатен тренд во враќањето на тежината, почнувајќи од осум недели ...
Шпаркасе Банка АД Скопје и Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија официјално потпишаа договор за соработка, со кој Шпаркасе Банка АД Скопје станува генерален спонзор на Првата женска кошаркарска лига. Од новата сезона, лигата ќе го носи името „Sparkasse Life Прва лига жени“, што претставува значаен чекор кон поддршка и унапредување на женската кошарка во државата. Женската кошарка во нашата држава со години се соочува со низа ...
Во потрага по одржливо човечко присуство на Месечината, научниците од Кинескиот универзитет во Хонг Конг направија значаен чекор напред: развија иновативна технологија што овозможува добивање на вода од месечевата почва, која потоа може да се користи за создавање кислород и хемиско гориво. Овој пробив би можел драстично да ја намали потребата за скап транспорт на основни ресурси од Земјата и да ја отвори вратата за идно истражување на длабоката ...
Повеќето милионери, особено во САД, не се наследници на богатство, туку го постигнале преку сопствени напори. Иако понекогаш може да изгледа како сон, градењето финансиски успех е можно – но само ако сте спремни да го изберете предизвикувачкиот и честопати непријатен пат. Еве кои совети ги споделија тие за стекнување богатство од нула. 1.Ќе биде тешко – и ќе мора да истраете Ако никој друг не ја финансира вашата идеја или бизнис, ќе мора да ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц е под притисок да го заостри ставот кон Израел. Членовите на неговата коалиција бараат Берлин да се придружи на изјавата на десетици западни земји во која се осудуваат „нехуманите убиства“ на Палестинците. Мерц, кој е претседател на германската десничарска Христијанско-демократската унија (ЦДУ) е сè покритичен кон Израел. Сепак, неговата земја не беше вклучена во заедничката изјава – објавена во понеделник од ...
Владата на Велика Британија планира да воведе временски ограничувања за користење на социјалните медиуми од страна на децата во обид да се справи со проблемот со „компулсивно“ користење на екран, изјави секретарот за дигитални услуги Питер Кајл. Во интервју за Sky News денес, Кајл ги истакна загриженостите за прекумерното време што децата го поминуваат на апликации како што се TikTok и Snapchat, како и содржината на која се изложени. Владата ...
Стабилна е здравствената состојба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, информира собраниската прес-служба откако Гаши синоќа бил хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје поради болки во стомакот. „Во моментов се вршат детални лекарски прегледи. Сите понатамошни информации ќе бидат навремено доставени до јавноста од надлежните институции“, соопштија од Собранието. Оттаму нема детали како ќе работи ...
Управата за јавни приходи (УЈП) најавува засилени контроли кај авто-такси превозниците низ целата држава, со посебен фокус на почитувањето на обврската за издавање фискални сметки и регистрирање на готовински плаќања. Контролите ќе се спроведуваат во координација со други институции, особено во туристичките региони, каде што летниот период носи зголемена активност и број на патници. Од Управата за јавни приходи велат дека такси-превозниците се ...
Под силно полициско обезбедување денеска претпладне во Основниот кривичен суд Скопје беа спроведени деветтемина водачи и членови на криминалната група Беланоца-Барон за почетокот на судскиот процес во кој се обвинети за повеќе убиства, изнуда и загрозување на општата сигурност. Сепак, судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска, која претседава со судечкиот совет, иако ја отвори главната расправа, беше принудена да го одложи рочиштето. Причина беше ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес во Токио изјави дека современите политички превирања трајно го промениле сегашниот светски поредок, предупредувајќи дека Европа мора да се соочи со нова реалност и да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност. Фон дер Лајен посочи на длабоките последици од војната што ја води рускиот претседател Владимир Путин во Украина, како и на трговските тензии предизвикани од ...
Двете тениски легенди Роџер Федерер и Рафаел Надал ги завршија своите професионални кариера и последните години уживаат во мирот и се обидуваат да го надополнат она што го пропуштиле додека беа професионалци. Федерер неодамна ја посети академијата на Надал во Мајорка каде тренираат и неговите ќерки и притоа двата поранешни тениски асови одиграа партија голф. Дури испратија и интересна порака преку социјалните мрежи. „Дали смее некој против нас ...
Некогашниот пивотмен на шпанската репрезентација, Рубен Гарабаја, ќе го води Еурофарм Пелистер во следните две сезони. По Раул Гонзалез, Давид Дејвис, Давид Писонеро, Роберто Гарсија Парондо и Раул Алонсо, 46-годишниот Гарабаја ќе биде шестиот шпански тренер во Македонија, а втор во Битола. Гарабаја има 46 години и полна витрина медали и одличја од богатата играчка кариера. Играше 168 пати за шпанската репрезентација на позиција кружен напаѓач, ...
Во последните неколку години, зелениот напиток познат како мача стана основна состојка во трендовските кафулиња, профилите на Инстаграм, па дури и во козметичките рутини. Од мача лате и колачи до маски за лице и енергетски топчиња, мачата се чини дека е насекаде. Но, што е точно мача и зошто сите ја сакаат? Што е мача? Мачата е фин прав направен од специјално одгледувани и преработени листови од зелен чај. За разлика од класичниот зелен чај, ...
Перуанските археолози објавија дека откриле предхиспанска ѕидна фреска на северот од земјата, стара повеќе од 3.000 години. Фреската е откриена во храм на археолошкото наоѓалиште Хуака Јоланда, околу 580 километри северно од главниот град Лима. Таа претставува единствена карактеристика на перуанската археологија, изјави Ана Сесилија Маурисио, раководител на ископувањата и истражувач на Папскиот католички универзитет во Перу. Фреската со ...
Со полагање цвеќе пред споменикот на загинатите струмичани од големиот пожар кој избувна над Струмица и притоа загинаа четири лица, а десетина беа повредени, беше одбележана тринаесет годишнината од овој трагичен настан. Во пожарот животите ги загубија браќата Пено Стојанов и Блажо Стојков од село Рич, Војо Гркљанов од село Вељуса и Мите Ѓеоргиев од Струмица. -Одбележувањето на 13-годишнината од големиот пожар кај месноста „Двата пата“ нека ...
Во време кога земјата има историска шанса да напредува на патот кон ЕУ, институциите се свртуваат кон формирање специјални односи со Унгарија и градење „заеднички регион“ со Србија, додека истовремено се игнорира стратегискиот Коридор 8 – проект кој ја поврзува Северна Македонија со две членки на НАТО и ЕУ: Албанија и Бугарија, реагираат од опозициската ДУИ. Оттаму велат дека наместо фокусирање на Коридорот 8, приоритет добива Коридорот 10, кој ...
Собранието денеска ќе ја одржи 62. седница, на чиј дневен ред како прва точка е Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година. Седницата, како што се наведува на собраниската веб страница, треба да почне во 11 часот. Расправата по дополнетиот ребаланс може да трае пет дена. На дневен ред на оваа седница се и Предлогот на завршната сметка на Буџетот за 2024 година, Предлог законот за изменување и дополнување на ...
Македонски државјанин (66), трагично го загуби животот вчера попладне на плажата кај Каваја, во близина на албанскиот град Драч, откако доживеал срцев удар веднаш по влегувањето во морето. Според информациите на албанската полиција, несреќата се случила околу 19 часот. Очевидци изјавиле дека мажот се почувствувал лошо и за кусо време потонал во водата. Иако присутните веднаш реагирале и го извлекле тело од морето, а набрзо пристигнала и екипа ...
Пливачите од Македонија остварија забележителни настапи и голем дел од нив остварија лични или државни рекорди во повеќе дисциплини на Европскиот младински олимписки фестивал. Државен рекорд до 14 години на 200 м градно постави Дамјан Станковски со време 2.35:41 мин, соборувајќи го досегашниот најдобар резултат кој изнесуваше 2.37.90. Лични рекорди на возраст до 15 години поставија Даниел Милошевски на 400 метри слободно (4:25:11 мин), Никола ...