
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Македонски државјанин (66), трагично го загуби животот вчера попладне на плажата кај Каваја, во близина на албанскиот град Драч, откако доживеал срцев удар веднаш по влегувањето во морето. Според информациите на албанската полиција, несреќата се случила околу 19 часот. Очевидци изјавиле дека мажот се почувствувал лошо и за кусо време потонал во водата. Иако присутните веднаш реагирале и го извлекле тело од морето, а набрзо пристигнала и екипа ...
Пливачите од Македонија остварија забележителни настапи и голем дел од нив остварија лични или државни рекорди во повеќе дисциплини на Европскиот младински олимписки фестивал. Државен рекорд до 14 години на 200 м градно постави Дамјан Станковски со време 2.35:41 мин, соборувајќи го досегашниот најдобар резултат кој изнесуваше 2.37.90. Лични рекорди на возраст до 15 години поставија Даниел Милошевски на 400 метри слободно (4:25:11 мин), Никола ...
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ апелира скопјани рационално да ја користат водата за пиење и да избегнуваат нејзино непотребно трошење поради енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка регистрирана на дневно ниво. Поради eнормната потрошувачка на пивка вода, како што посочуваат од „Водовод“, доаѓа до нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, намален притисок и повремени прекини на вода во делови од градот. ...
Инсистирајќи на заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент, ВМРО-ДПМНЕ фактички се согласува да ги проблематизира идентитетот и јазикот кои се носечки столбови на македонската државност и самобитност. Ова е ставот на Левица по предлогот на премиерот Христијан Мицкоски, за земјава преку заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент, да ја потврдува посебноста на македонскиот идентитет и јазик. „Наместо цврсто да стои на ...
Хрватските пожарникари добиле повик за пожар на туристички брод во Макарска во 8:23 часот утрово. Горел бродот „Казанова“. Полицијата потврдила дека пожарот започнал во кујната. „Далмација Данас“ дознава дека две лица побарале медицинска помош во Здравствениот центар во Макарска. „Започна со чад, а потоа се слушнаа сирени“, изјавил очевидец за „Далмација Данас“. Полицијата и пожарникарите реагираа на местото на настанот. Пожарот е ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата денеска ќе разгледа предлог-закон за линеарно зголемување на пензиите, кој потоа ќе биде испратен до Собранието. -Очекуваме линеарно зголемување на пензиите, тоа го бараат пензионерите од Владата – тој процент што треба да се зголеми да биде линеарно распределен на сите корисници на пензии, изјави Мицкоски. Тој додаде дека очекува Собранието да го изгласа законот пред распишувањето на локалните ...
На видеолотариските терминали во Банана Кик – Тетово, Авзи го освои Милионер џекпотот во вредност од 1.437.674 денари! Авзи Бејтула од Тетово стана милионер. Тој ја освои ВЛТ добивката. Добивката е освоена на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник Банана Кик во Тетово на 16.07.2025. Видеолотарија Касинос Австрија му честита од срце за освоениот Милионер џекпот вреден 1.437.674 денари. Нека оваа добивка му донесе среќа, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање кога ќе се официјализира коалицијата со владините партнери ЗНАМ и со ВРЕДИ и како ќе настапат на локалните избори, одговори дека разговорите се конструктивни и оти очекува процесот да се финализира во втората половина на август. -Што се однесува до настапот на локалните избори, разговорите се исклучително конструктивни, се движат во позитивна насока, очекувам по годишните ...
За нас, Северна Македонија е клучен сојузник и директен и важен сосед, брифираат високи грчки дипломатски извори во пресрет на утрешната работна посета на Атина на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина. Високите дипломатски извори нагласија дека утрешната средба е навистина важна средба, но и дека Герапетритис и Муцунски ...
Едногодишно дете од липковското село Отља се затруло со лекови, соопшти денеска кумановската полиција. Случајот во СВР Куманово го пријавиле надлежните од Општата болница вчера во 18:31 часот. Во Општата болница било донесено едногодишно дете од село Отља, општина Липково, кое било затруено со лекови. Извршен бил службен разговор со лекарот и родителите и за настанот бил запознаен јавен обвинител, информираат од полицијата. СВР Куманово работи ...
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против скопјанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Запуштање и малтретирање дете“, по член 201 од Кривичниот законик. -Пријавата е поднесена против С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари. На 10 овој месец во 20.40 часот, при контрола на главната улица „Елена Ѓика“ во Дебар, полициските службеници, во питачење го затекнале пријавениот со неговата ...
Ливерпул беше многу активен на трансфер пазарот ова лето, а откако се договори за сè со Хуго Екитике, уште едно име е блиску до „Енфилд“. „Црвените“ беа импресивни минатата сезона под тренерската палка на Арне Слот и ја освоија јубилејната 20. титула во Англиското првенство. Холандскиот стратег имаше сезона од соништата за дебитантско деби и врз основа на тоа, ќе се обиде да го подигне нивото на игрите на својот тим уште повисоко. Имено, ...
Во Беровско гори планината Готен, сите сили од земја и воздух се ангажирани во справување со огнената стихија, вели Димитар Гошевски командир на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) – Берово. Тој посочи дека зафатена е поголема површина, а во моментов тешко пристапниот терен и ветерот им прават дополнителни проблеми при гаснењето на пожарот. -Oд вчера пожарот од струмичко е навлезен во Берово, поточно на планината Готен. Од страна на ...
Шеснаесетгодишно момче од кичевското село Стрелци било повредено на семејна веселба, откако Ф.Ф.(36) од пиштол испукал неколку куршуми, кои се одбиле од подот и го повредиле детето. Несреќата се случила во дворот од семејната куќа. Момчето било пренесено во Општата болница во Кичево. Како што соопшти МВР, утрово во 2:30 часот полициски службеници од ОВР Кичево ги привеле од слобода Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол. ...
Кремљ го прифати предлогот на Киев за нова, трета по ред, рунда директни руско-украински мировни преговори што ќе се одржат во Истанбул, но вели дека нема причина да се очекуваат чуда од резговорите. За потсетување, украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека Киев ѝ испратил на Москва понуда да одржи уште една рунда мировни преговори во Турција оваа недела и дека сака да ги забрза преговорите за прекин на огнот. „Нема ...
Во рок од само четири години како министер, Бујар Османи 11 пати одел на состаноци во Белград, но никогаш во Приштина, се вели во реакцијата на ВЛЕН, критикувајќи ја кандидатурата на Бујар Османи за градоначалник на општина Чаир. Според нив, Османи никогаш не бил заинтересиран за проекти во Чаир. „Во Скопје го пречека и рускиот министер Сергеј Лавров, додека беше редовен дел од „кореографијата“ на прошетки и вечери со Александар Вучиќ. На ...
Руските и украинските преговарачи денеска ќе се сретнат на трета рунда разговори, иако се очекува мал напредок во завршувањето на тригодишната војна, бидејќи позициите остануваат далеку одвоени. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги намали очекувањата, велејќи дека деталните разговори за прекин на огнот не се на дневен ред. „Денешната средба наместо тоа треба да се фокусира на напредокот во враќањето на украинските воени заробеници и ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, доцна синоќа со болки во стомакот бил хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје. Информацијата за неговата хоспитализација ја потврди директорот на клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, за Скопје1. Тој изјави дека Гаши бил примен нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија. „Пациентот беше примен поради ...
Министерството за внатрешни работи информира дека на социјалните мрежи во последните денови има лажна објава во која се тврди дека некои малоплодажни компании за техника наводно нудат модерни телефонски уреди преку „внатрешна програма” поради оштетена амбалажа. – Доколку забележите ваква објава: НЕ кликнувајте на линкови во вакви објави, НЕ споделувајте лични информации, НЕ потпаѓајте на приказни кои играат на емоции за да ви измамат доверба, ...
Пратеничката група на Левица ќе поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на Државна комисија за спречување на корупцијата, информираше денеска на прес-конференција пратеничката Јована Мојсоска појаснувајќи дека во Законот за спречување на корупција, член 14, изричито се предвидува дека претседателката на антикорупциска комисија може да се разреши доколку престанале да важат условите од член 11 од истиот закон. -Во Член 11 се ...
Бројот на загинати од падот на авион за тренинг на воздухопловните сили на Бангладеш врз училиште во Дака се искачи на 27 лица, од кои повеќето се ученици, соопштија локалните власти. Кинескиот борбен авион F-7BGI вчера се урна врз двокатната зграда на училиштето „Мајлстоун Скул енд Колеџ“ во северниот дел на главниот град. Првично беа пријавени 20 загинати и околу 171 повредени, а седуммина починаа од повредите во текот на ноќта, пренесе ДПА. ...
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека израелската војска ja нападнала резиденцијата на нивниот персонал, како и главниот магацин во Деир ал-Балах, со што ги загрозила нејзините операции во Газа, јави „Гардијан“. Оттаму велат дека резиденцијата на персоналот била нападната три пати, при што воздушните напади предизвикале пожар и голема штета, а ги загрозиле и персоналот и нивните семејства, вклучувајќи ги и децата. Вчера, ...
Укринскиот претседател Володимир Зеленски најави дека новата рудна директни преговори меѓу Украина и Русија ќе се одржи в среда, 23 јули во Турција. „Разговарав со шефот на украинскиот Совет за безбедност, Рустем Умеров, за подготовките за размена на затвореници и уште еден состанок во Турција со руска страна. Умеров извести дека состанокот е закажан за среда“, рече украинскиот претседател во синоќешното видео обраќање до нацијата. Пред два ...
Канадската компанија Централ Јуропиан Петролеум (Central European Petroleum) вчера соопшти дека открила големо наоѓалиште на нафта во близина на балтичкиот брег на Полска. Според резултатите од пробните дупчења, обновливите резерви на сурова нафта и природен гас се проценуваат на 200 милиони барели нафтен еквивалент, соопшти компанијата. ЦЕП соопшти дека офшор нафтеното поле Волин Исток се наоѓа на околу 6 километри од пристанишниот град ...
Министрите за надворешни работи на 28 земји, меѓу кои Канада, Франција, Велика Британија и Јапонија, со заедничка изјава побараа итен прекин на војната во Газа и упатија остри критики до Израел за начинот на испорака на хуманитарна помош. Во изјавата се наведува дека страдањето на цивилите достигнало „нови длабочини“, обвинувајќи ја израелската влада за ограничување на помошта и „нехумано убивање на цивили кои бараат храна и вода“. Според ...
Австриската полиција уапсила 18-годишник со потекло од Македонија осомничен за планирање терористички напад. Се верува дека тинејџерот е поддржувач на исламистичката терористичка организација Исламска држава (ИД). Според пишувањата на австриските медиуми, лицето веќе истражувало планови за напади против западното општество, објави во вторникот Управата на покраинската полиција во Австрија. Истрагата е покрената по дојава од странство. Според ...
Во Градот Газа, пазарите се празни, ги нема основните продукти, а малкуте достапни артикли се продаваат по високи цени. Жителите велат дека се соочуваат со екстремна глад. „Дојдов на пазар и не најдов ниту храна, ниту пијалак. Упатуваме апел до светот да изврши притисок врз Израел за да ја дозволи помошта. Затворањето на премините е причината поради која страдаме од глад. Имаме деца и стари лица“, рече Басам Дауд, жител на Газа. „Од утрово ...
Иран нема планови да се откаже од својата нуклеарна програма, вклучително и збогатувањето на ураниум, и покрај сериозната штета предизвикана на неговите објекти од американските напади минатиот месец, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Во интервју за американскиот телевизиски канал Фокс њуз, Арагчи рече дека збогатувањето на ураниум засега е запрено бидејќи „штетата е сериозна и тешка“. Според него, секој нуклеарен ...
СДСМ смета дека предлогот за заедничка резолуција со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет е штетен и дека претставува нов удар врз македонските позиции од ВМРО-ДПМНЕ за свесно враќање наназад. -Клучното прашање е зошто власта отвора прашања кои веќе се затворени, кога македонскиот јазик и идентитет се неспорни, потврдени и признаени во светот и Европа. Овој потег ѝ дава дополнителен маневарски простор на бугарската страна за нови ...
Во текот на вчерашниот ден, на плажата Каријанис во близина на градот Кавала во Грција починал 80-годишен македонски државјанин, пренесе дописничката на МИА од Атина. Според првичните информации, Македонецот загубил свест додека бил во морето, по што останатите капачи побарале помош, но и покрај укажаната помош била констатирана смрт. Случајот го потврди и Крајбрежната служба на Грција од каде соопштија дека 80-годишниот македонски државјанин ...