
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Собраниската расправа за интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски е закажана за 29 јули. Ова, според објавата на веб-страницата на парламентот, е една од точките на предлог-дневниот ред за 64. пленарна седница, претпоследна пред пратениците да заминат на одмор на почетокот на август. Интерпелацијата за работата на републичкиот јавен обвинител кон крајот на јуни годинава ја поднесе пратеничката група на опозициската ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.П. (68) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против М.Д. (60) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Од Секорот за односи со јавност на СВР Битола информираа дека првопријавената, како директорка на Специјализираната болница Отешево, во текот на 2022 и 2023 ...
Малата фарма на искусниот агроном Иракли Шкоза, сместена недалеку од морето во централниот дел на Албанија, е еден вид рајска градина под јадранското сонце, пишуваат хрватските медиуми. Со оглед на температурите на воздухот што се зголемуваат секоја година, во 2019 година Шкоза ја добил идејата за диверзификација – проширување на активноста на поголем број производи или услуги, проширување на асортиманот и продажбата на производи, во момент ...
Само неколку денови откако обвинителството поднесе обвинение против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, очекувањата се дека таа денеска ќе поднесе оставка од оваа позиција, потврдиле за ТВ Сител извори блиски до ДКСК. Според првичните информации, се очекува нејзината оставка да биде официјализирана во текот на денот, а потоа се очекува Собранието да ја констатира и да избере нов член. ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио во објава на социјалните мрежи соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) „силно“ го отфрлаат планот на францускиот претседател Емануел Макрон за признавање на палестинската држава. Според ставот што го пренесе Рубио, Вашингтон одлуката ја оценува како неодговорна. „Оваа неодговорна одлука ѝ служи само на пропагандата на Хамас и го забавува мирот. Тоа е шлаканица за жртвите од 7 октомври“, ...
Министерството за животна средина планира да го намали загадувањето на воздухот за 50 до 70 проценти. Министерот Изет Меџити рече дека станува збор за проект за целосна гасификација на државата, за кој министерството пред неколку дена потпиша меморандум за соработка со турска компанија. Меџити подвлече дека се вложуваат сериозни напори и за чистење на опасниот отпад. „Во врска со чистиот воздух, завчера беше потпишан меморандум со турската ...
Судот ги осуди напаѓачите на екипата на Алсат телевизија само на условна казна. Александар Николчев и Маја Караманова се изјаснија за виновни, ги прифатија обвиненијата во целост, се согласија со сите проценки и правни квалификации дадени од обвинителството за нивните постапки на 9 јули и им се извинија јавно и лично на оштетените, новинарот Авни Тахири и снимателот Шенол Хајредин. Кривичен суд: „Маја Караманова и Александар Николчев се ...
Патничкиот авион со 49 лица, кој беше пријавен за исчезнат, се урнал на далечниот исток на Русија и во тек е потрага по преживеани, соопштија официјално локалните власти. Претоходно денеска, локалното министерство за вонредни ситуации соопшти дека авионот од типот Ан-24, управуван од сибирската авиокомпанија „Ангара ерлајнс“, исчезнал од радарите додека се приближувал кон својата дестинација Тинда, оддалечен град во регионот Амур, кој се ...
Палестинските новороденчиња умираат затоа што нивните мајки се премногу гладни за да ги хранат. Дури и медицинските сестри кои се обидуваат да ги лекуваат неухранетите во болницата „Шифа“ во северна Газа се толку гладни и болни што некои се онесвестиле и морале да примат инфузии, објавува британскиот весник „Индипендент“. Палестинските здравствени власти велат дека најмалку 111 лица починале од глад, вклучувајќи 80 деца, повеќето во последните ...
Иран и земјите од Е3, Германија, Франција и Обединетото Кралство, денеска треба да ги продолжат нуклеарните разговори во Истанбул, соопштија ирански претставници. Се очекува средбата да се одржи на ниво на заменик-министри за надворешни работи во иранскиот конзулат. Ова се првите разговори по прекинот на огнот по неодамнешната војна на Израел со Иран. Европските дипломати сакаат да го зголемат притисокот врз Техеран повторно да се вклучи во ...
Во изминатите дваесет и четири часа се регистрирани вкупно 33 пожари на отворено во цела Македонија, информираат утринава од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од овие 33 пожари, се уште се активни седум, додека пак други седум се под контрола, а деветнаесет се целосно изгаснати. Активни пожари има во Општините Василево, Радовиш и Берово каде на Малешевските планини гори нискостеблеста шума, смрека и ниска вегетација, во Општина Прилеп кај ...
Франција официјално ќе ја признае палестинската држава во септември, изјави претседателот Емануел Макрон, со што ќе стане првата земја од Г7 што ќе го стори тоа. Во објава на „Х“, Макрон рече дека формално тоа ќе биде објавено на седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „Итна потреба е денес војната во Газа да заврши и цивилното население да биде спасено. Мирот е можен. Ни треба итен прекин на огнот, ослободување на сите заложници и ...
Претежно сончево и многу топло време со максимална температура наместа до 43 степени, најавува УХМР за денеска. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. До сабота ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за ...
Актерката и пејачка Селена Гомез го прослави својот 33-ти роденден, а по тој повод објави важна порака на Инстаграм. Необичен детаљ на нејзината роденденска торта го привлече вниманието на обожавателите, што збуни многумина, благо речено. Селена го искористи својот роденден, 22 јули, за да привлече внимание кон Фондот за ретки влијанија (Rare Impact Fund, организација што ја започна за да го подобри пристапот до услугите за ментално здравје за ...
За многумина од нас кафето не е луксуз, туку секојдневна навика без која денот не може да започне. Сепак, колку всушност нè чини оваа утринска доза на спасение? А каде е најскапото кафе во Европа? Анкета спроведена на почетокот на 2025 година покажа дека Британците пијат најмногу кафе за носење, речиси две шолји дневно по лице! По нив следат Белгијците, Полјаците, Французите и Романците. Од друга страна, луѓето во Луксембург, Унгарија и во ...
По завршувањето на владините мерки за ограничување на цените на основните прехрамбени производи – очекувано е да растат цените , вели министерот за економија Бесар Дурмиши. Тој додава дека ќе чекаат да се стабилизира пазарот и доколку има раст на цените ќе излезат со конкретни предлози. Според него трендот на инфлацијата бележи стабилизирање. „По завршувањето на мерките нормално очекувано е да растат цените, тоа е како да ви кажам природни ...
Процесот на проширување треба да остане заштитен од билатерални блокади и ревизионистички наративи – порачал министерот за европски прашања Орхан Муртезани за време на средбата во Берлин со германскиот министер за Европа, Гинтер Крихбаум. Во оваа смисла, Муртезани нагласил дека е неопходно воспоставување ефективни европски механизми за мониторинг на европските стандарди и експертиза, особено во доменот на историските и билатералните прашања, за ...
Со 84 гласа „за“, пратениците го изгласаа Предлог-законот за распределба на ваучери за набавка на електронска опрема за студентите, при што секој редовен или вонреден студент ќе добие по 15.300 денари, или 250 евра. Ваучери може да добијат студентите не постари од 29 години кои се запишале во академската 2025/2026 година, или на јавни или приватни универзитети. „Усвојувањето на предлог-законот за распределба на вредносни ваучери ќе им овозможи ...
Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици на Центарот за управување со кризи (ЦУК) пристигнала пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско. Жената била пронајдена жива, а по девојчето се уште се трага. Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот, односно сестра на 16-годишното девојче, која побарала итна помош. Набргу потоа, се ...
Изет Меџити сè уште не потврдил дали ќе се соочи со Бујар Османи во битката за градоначалник на општина Чаир. Иако гласините зборуваат за можна кандидатура на Меџити, тој вели дека имињата на кандидатите на ВЛЕН ќе бидат потврдени во текот на наредниот период. „Ги спроведуваме завршните анализи во рамките на ВЛЕН и верувам дека во наредните денови, следната недела, ќе ги откриеме сите кандидатури, освен за Струга, која веќе ја откривме“, рече ...
Високите температури и понатаму го отежнуваат гаснењето на пожарите во селата на одредени општини. Според Центарот за управување со кризи, најголем број пожари има во Општина Македонски Брод каде веќе се опфатени повеќе населени места: Локвица, Крапа, Грешница, Латово и село Црнешево. Активни пожари има и во општините Василево, Радовиш, Берово, Прилеп и Желино, помеѓу селата Церово и Групчин; Од Центарот за управување со кризи соопштуваат дека ...
Општиот суд на ЕУ пресуди дека Европската комисија ги прекршила сопствените правила при именувањето на членовите на персоналот, што во Брисел се толкува како удар за претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и за шефот на нејзиниот Кабинет Бјорн Зајберт. Општиот суд, кој е првостепена судска инстанца во рамки на Судот на правдата на ЕУ во чија надлежност се и спорови околу одлуките на институциите на ЕУ и нивните службеници, ваквата пресуда ...
Во рамките на третиот натпреварувачки ден на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, младите кошаркари и ја донесоа вкупно втората победа на Македонија на ЕМОФ, совладувајќи ја Германија во Баскет 3х3 со резултат 14:10. По синоќешната победа над Литванија 14:11, девојките денеска убедливо беа поразени од Германија 4:21. Во останатите екипни спортови, македонските репрезентации повторно останаа без триумф. Најблиску до победа ...
Експериментална mRNA вакцина што ги подобрува ефектите на постојните третмани во борбата против ракот ги доближува истражувачите чекор поблиску до нивната цел да развијат „универзална вакцина“ за „будење“ на имунолошкиот систем во справувањето со канцерогените клетки. Според студијата на истражувачкиот тим од Универзитетот во Флорида објавена во „Нејчр биомедикал инжинеринг“ (Nature Biomedical Engineering), тестирањето на новата вакцина во ...
Кина и Европската Унија упатија заеднички повик за акција за климатските промени за време на инаку напнатиот билатерален самит во Пекинг во четврток, исполнет со големи несогласувања околу трговијата и војната во Украина, јавува новинската агенција Аосшиетет Прес. По Самитот Кина и ЕУ со излегоа со заедничка изјава за климатските промени, во која бараат поголемо намалување на емисиите и поголема употреба на зелена технологиј, потврдувајќи ја ...
Огромен пожар што беснее на Кипар од средата уништи населби, одзеде два живота и принуди стотици жители да ги напуштат своите домови поради топлотниот бран. Пожарот, кој избувна напладне во планинската област Малија, северно од Лимасол, се прошири на околу 10.000 хектари, поттикнат од силни ветрови и високи температури. Жителите се жалат на неорганизираната борба против пожарот и отсуството на системот за предупредување „112“, кој сè уште не е ...
Пратениците на продолжението на 60-та седница со 84 гласа „за“ го донесоа изгласаа Законот за издавање вредносни ваучери, со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов од собраниската говорница порача дека е горд како млад пратеник што секој студент до 29 години ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за електронски уред, посочувајќи дека младите се во фокусот на оваа Влада. -Констатирам дека ...
Вкупно 12 пожари, од кои седум се активни, три се под контрола, а два се изгаснати е билансот од огнените стихии регистрирани во првата половина од денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). И понатаму, според ЦУК, активни се пожарите кај селото Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во општина Прилеп кај селото Бешиште и во општина Желино ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека за евентуални нови мерки за зголемените цени ќе се чека да заврши месецов. По завршување на претходните мерки, како што изјави денеска, очекувано дошло до зголемување на цените, но веќе има стабилизирање на инфлацијата. Се работи на долгорочно решение со кое ќе се обезбеди структурно и планско намалување на инфлацијата. Најави дека идната недела ќе биде позната просечната потрошувачка ...
Поминаа пет дена од јавно поставените прашања до Демократската унија за интеграција, а тие сè уште молчат. Ниту еден збор, ниту еден демант, ниту еден одговор, се вели во соопштението од ВЛЕН што го пренесуваме интегрално. „Пет дена ДУИ молчи колку и какви средби имал Бујар Османи со претставници на српските власти? Пет дена ДУИ молчи колку пати Бујар Османи бил приватно во Србија, без да ја информира јавноста? Зошто толку тишина од една ...