
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша два закона со кои се продолжува состојбата на воена состојба во земјата и се продолжува општата мобилизација до 5 ноември, објави Укринформ. Во соопштението од украинскиот парламент, Врховната рада, на Телеграм се вели дека воената состојба е продолжена од 7 август за 90 дена, и дека „рокот на општа мобилизација е продолжен и за соодветниот период“. „Ваквите одлуки се оправдани со тековната ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделник изјави дека оваа недела би можел да разговара со рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп за да види дали би можеле да се сретнат во Истанбул за да разговараат за прекинување на војната во Украина. „Со телефонски разговор со Путин и Трамп оваа недела, ќе видиме дали можеме да ги собереме овие лидери во Истанбул, ќе се обидеме“, изјави Ердоган за новинарите, објави ...
Газа е на работ да остане без специјализирана терапевтска храна што е неопходна за спасување на животите на тешко неухранети деца, соопштија Обединетите нации и агенциите за помош. „Се соочуваме со исклучително сериозна ситуација, ни снемуваат терапевтски залихи“, изјави вчера за Ројтерс Салим Оваис, портпарол на УНИЦЕФ во Аман, додавајќи дека залихите од терапевтска храна подготвена за употреба (RUTF), клучен третман, ќе снема до средината на ...
Старлинк, сателитската интернет услуга управувана од СпејсИкс на технолошкиот милијардер Илон Маск, вчера се соочи со прекин што ги погоди корисниците ширум светот. Мрежата сега е претежно обновена, а прекинот траеше приближно два и пол часа, изјави Мајкл Николс, потпретседател на Старлинк Инженеринг во СпејсИкс, во објава што подоцна Старлинк ја преобјави на X. – Прекинот беше предизвикан од дефект на клучните внатрешни софтверски услуги кои ...
Овој датум, познат како Ден на еколошкиот долг, доаѓа порано секоја година, покажувајќи дека ги користиме природните ресурси многу побрзо отколку што Земјата може да ги регенерира. Според најновите податоци, моментално ги користиме ресурсите 1,8 пати побрзо отколку што екосистемите можат да се справат. Причините за оваа ситуација вклучуваат прекумерни емисии на јаглерод диоксид, прекумерна потрошувачка на вода, неконтролирано уништување на ...
На Скопското Кале денеска започна акција за средување на вегетацијата, кој простор подолго време е обраснат со висока и сува трева. Наскоро ќе почне и обновување на двате музеи кои се наоѓаат на тврдината. Министерот за култра и туризам Зоран Љутков денеска при посетата на Калето заедно со претседтаелот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски и неколку градоначлници на скопските општини, истакна дека симболот на нашата историја и култура последниве десетина ...
На граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека Италија поддржува решение со две нации и две држави, но дека признавањето на новата палестинска држава мора да се случи во исто време кога Палестина ќе ја признае државата Израел. „Нè интересира мир, а не победа на едниот над другиот, и ние сме земјата во светот што го прими најголемиот број бегалци од Газа“, рече Тајани на отворањето на Националниот совет на Форца ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, е во добра здравствена состојба, отпуштен е од болница и ќе продолжи со своите институционални активности во согласност со медицинските препораки, соопшти собраниската прес-служба. „Ја информираме јавноста дека по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите потребни медицински прегледи, здравствената состојба на претседателот е добра и ...
Оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска до Собранието, треба да биде констатирана на една од наредните седници, по што треба да се состане Комисијата за прашања на изборите и именувања и да донесе одлука за распишување на јавен оглас за нов член на Антикорупциска комисија. Постапката за избор на нов член на ДКСК треба да започне најмногу десет дена откако Собранието ќе ја констатира оставката на Димитровска. Пратеници од ...
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски достави писмен одговор до пратениците во врска со интерпелацијата за неговата работа која на крајот на јуни годинава ја поднесе шестчлената пратеничка група на Левица. Во писмениот допис, тој најпрво вели дека иако поднесената интерпелација е недозволена согласно закон, фактот што подносителите без никаков аргумент бараат негова одговорност, покажува дека оваа интерпелација е политички, а не правно ...
Вчера околу пладне во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга било пријавено дека во водите на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на машко лице. По преземените мерки и извршениот увид, како што информираа денеска од СВР Охрид, било констатирано дека станува збор за 55-годишен скопјанец со иницијали И.Д. „Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на ...
Околу 3.000 даночни обврзници ја немаат подмирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава. Управата за јавни приходи денеска соопшти дека законскиот рок за достава бил до 30 јуни и ги повикува даночните обврзници да платат бидејќи во следниот период ќе почне со опомена и присилна наплата. – Согласно евиденцијата на УЈП, Ве информираме дека 3.155 даночни обврзници ја немаат подмирено разликата за ...
Европската Унија објави нов датум за старт на Системот за влез/излез (EES) и зголемува на цената ETIAS. Фазната имплементација ќе започне на 12 октомври 2025, а системот треба да биде целосно функционален до 10 април 2026 на сите гранични премини на ЕУ. Системот првично требаше да стартува во 2023 година, со целен датум за октомври 2024, но неговото воведување беше повторно одложувано поради технички и логистички предизвици. Што е EES? EES ...
Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови при Секторот за контрола и истраги во текот на изминатите денови спречија обиди за криумчарење семки и масло од канабис, ноќна облека „Викторија Сикрет“ и „Гучи“, значителна количина цигари, а спречен е и нелегален влез на мигранти, информира Царинската управа во соопштение што МИА го објавува интегрално. Царинска управа: Канабис, луксузна облека, цигари запленети на ...
Германската влада соопшти дека нема непосредни планови за признавање на палестинска држава, нагласувајќи дека нејзин приоритет е да се постигне напредок кон решение за две држави. „Безбедноста на Израел е од најголема важност за германската влада“, рече портпаролот, додавајќи дека признавањето на палестинската државност може да дојде само како последен чекор во мировниот процес, објави Ројтерс. Палестинската власт долго време се стреми да ...
Средба меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски пред крајот на август е малку веројатна, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков им рече на новинарите дека средбата на високо ниво меѓу Русија и Украина треба да стави крај на спорните прашања и да ги заокружи сите постигнати договори, пренесува ТАСС. „Дали е можно да се помине низ толку сложен процес за 30 дена? Очигледно, тоа е малку ...
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, во понеделник изјави дека Иран покажал подготвеност да ги продолжи техничките разговори со нуклеарниот надзорник на ОН, но дека инспекциите на нуклеарните постројки „засега остануваат на чекање“. Зборувајќи во Сингапур, Гроси рече дека агенцијата предложила разговори со Иран за „модалитети за продолжување или започнување“ на инспекциите, истакнувајќи дека првичните ...
Портпаролот на тајландското Министерство за надворешни работи, Никорндај Баланкура, во понеделник изјави дека земјата ги отфрла напорите за посредување од трета страна за прекин на тековниот конфликт со Камбоџа и го повика Пном Пен да ги запре нападите и да ја реши ситуацијата само преку билатерални разговори. Баланкура за Ројтерс изјави дека САД, Кина и Малезија, која моментално претседава со регионалната Асоцијација на земјите од Југоисточна ...
ВЛЕН сериознo ја потенцира улогата на Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ, особено неговите последни активности поврзани со „планот од 9 точки” за Косово. Наместо да ја користи својата позиција за унапредување на мирот, стабилноста и суверенитетот на Косово, Османи се претвори во инструмент за промоција на интересите на Белград и режимот на Александар Вучиќ, се вели во соопштението на ВРЕДИ кое го пренесуваме интегрално. „Под превезот на ...
Во текот на вчерашниот ден согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода, ЈП Водовод и канализација – Скопје констатира повторно енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата, која на дневно ниво изнесува околу 360.000 м3. Како што информираат оттаму како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот. -Имајќи го предвид ...
Смешен е Мицкоски кога го обвинува СДСМ дека слугува на ДУИ, обидувајќи се на тој начин да го прикрие сопствениот срам. Мицкоски кој како опозициониер тврдеше дека ќе кога ќе дојде на власт ќе расчистел со криминалот на ДУИ, прва работа што направи е да го пушти Артан Груби да избега. За една година власт, ниту еден функционер на ДУИ не е допрен, се вели во соопштението на СДСМ кое го пренесуваме интегрално. „Во исто време, Мицкоски молчи и за ...
Пожарот на планината Плачковица во атарот на селото Јонузлија во Општина Карбинци се гаси со помош на хеликоптер. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов за МИА вели дека пожарот е пријавен утринава и е на непристапен терен, затоа во гаснењето на огнот имаат помош и од воздух. – Хеликоптерот веќе го гаси огнот, веќе направи и два прелета и сметаме дека со уште еден прелет ќе го локализираме. Овде има екипа на Територијалната ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, потпиша нова извршна наредба со која им се олеснува на државите и градовите да ги отстранат бездомниците од јавните површини и да ги преместат во установи за лекување ментални болести и зависности. Според соопштението на Белата куќа, наредбата ѝ наложува на државната обвинителка Пем Бонди да ја промени судската пракса и да ги укине декретите за согласност кои, како што се наведува, ја ограничуваат ...
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска утрово преку нејзиниот адвокат до Собранието ја доставила својата оставка. Кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши информира дека Димитровска поднесла оставка од функција. Оттаму посочуваат дека Собранието ќе постапи согласно предвидените процедури. Од собраниските служби потврдуваат дека оставката е примена и дека во моментов се архивира. ...
Охрид и ова лето, повторно пулсира во ритамот на уметноста. Фестивалот Охридско лето го реализира 65-то јубилејно издание, со повеќе од 40 уметнички настани кои ја збогатуваат летната сцена со музика, театар, визуелни уметности и креативни експерименти. Горди сме што Касинос Австрија Интернешанал Македонија оваа година е ексклузивен партнер на фестивалот – манифестација со меѓународно реноме, која над шест децении е симбол на културен ...
Со зголемен број екипи од повеќе институции рано утрово продолжила потрагата по 16-годишното девојче што вчера попладне исчезна во водите на реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско. На местото, како што информираа од Центарот за управување со кризи, се ангажирани тимови на Министерството за внатрешни работи (МВР), Армијата на Република Северна Македонија (АРСМ) и припадници на велешката полиција. „Од рано изутрина, на ...
Граѓанските иницијативи веќе почнаа да се регистрираат како политички субјекти, бидејќи парламентарните политички партии ги оставија на крстопат со неусвојувањето на измените на Изборниот законик. Прва што ја објави регистрацијата беше платформата на независни кандидати, составена од иницијативите „Шанса за центар“, „Независни за Карпош – за заштита на Карпош“, „Зелени од Гази Баба“, граѓански активисти од неколку општини во Скопје и други ...
Оваа година, Скопско започнува нова кампања посветена на она што станува сѐ поретко во денешницата – вистинското опуштање и автентичната поврзаност. Во свет каде живееме под постојан притисок да бидеме совршени и да одржуваме слика што не е секогаш искрена, Скопско ја слави вистината и ни нуди момент да здивнеме. Со својот автентичен вкус – оној што го препознаваме во првата голтка – и со вековната врска со луѓето, Скопско останува симбол на ...
Собраниската расправа за интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски е закажана за 29 јули. Ова, според објавата на веб-страницата на парламентот, е една од точките на предлог-дневниот ред за 64. пленарна седница, претпоследна пред пратениците да заминат на одмор на почетокот на август. Интерпелацијата за работата на републичкиот јавен обвинител кон крајот на јуни годинава ја поднесе пратеничката група на опозициската ...