Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заедно во група извршиле кривично дело – Насилство предвидено во член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на возраст од 39 и 31 година, на 24 јули во скопското село Орешани извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на едно лице, за кое ...

На претпоследниот натпреварувачки ден на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, македонските репрезентации претрпеа порази во разигрувањето од 5 до 8 место во колективните спортови. Нашите кошаркари загубија од Словенија со 57:87, додека кошаркарките беа поразени од истоимената селекција со убедливи 32:103. Момчињата ќе играат против Летонија за 7. место, додека девојките во борба за седмата позиција ќе се сретнат со ...

По месеци јавен притисок, шефицата на Комисијата за спречување на корупција, Татјана Димитровска, поднесе оставка од својата позиција, иако со недели одбиваше да го стори тоа. Оставката е поднесена до Собранието, каде што треба формално да биде потврдена. Во нејзиното писмо до Собранието, оставката не е дополнително објаснета, туку само се повикува на членот што го предвидува нејзиното право да поднесе оставка од функцијата. Сомневањата на ...

На 25.07.2025 во 14.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, од слобода се лишени С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје. Во обид да влезат со приоритет, С.С., кој го управувал возилото „голф“ со скопски регистарски таблички, во кое се превезувале, на полициските службеници од ФРОНТЕКС им рекол дека е дипломат, приложувајќи патна исправа наводно издадена од Европски полициски комитет, а на македонските полициски ...

Родриго Де Пол и официјално е нов фудбалер на Интер Мајами, каде што ќе игра со својот сонародник и пријател Лионел Меси. Аргентинецот доаѓа на Флорида по желба на Меси. Трансферот ќе биде во форма на позајмица со опција договорот на Де Пол да биде откупен од Атлетико Мадрид. „Де Пол е играч кој многу го почитувам, има лидерски способности и придонесувал во секој тим во кој играл, а особено во селекцијата на Аргентина. Носи искуство, страст и ...

Преку Вибер и Вацап, претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, му доставила доверливи информации на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, од постапките што антикорупционерите ги презеле против него во случајот „Адитиви“. Во период од осум месеци, преку размена на пораки, Стојановиќ добивал информации од Димитровска во врска со постапките во овој случај што се спроведувале и против луѓе блиски до ...

Преку Програмата за финансиска поддршка за 2024 година, 1.865 земјоделци од цела Северна Македонија добиле директни плаќања во вредност од 99,7 милиони денари – информираат од политичката платформа ВЛЕН. Според соопштението, исплатите се реализирани благодарение на, како што посочуваат, „непоколебливата посветеност“ на заменик-министерот за земјоделство Албрим Хоџа. Од Вреди ја оценуваат оваа поддршка како една од најзначајните и најдиректни ...

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во знак на почит и сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес, денеска во 10 часот делегации од Собранието и од Градот Скопје ќе положат цвеќе пред Споменикот на загинатите во земјотресот на градските гробишта Бутел. Во Музејот на град Скопје, вечер во 20 часот, ќе биде ...

Поради топлотниот бран и високите температури што од почетокот на седмицава ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол и во текот на викендов ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот. Новиот топлотен бран што ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела. Вчера беше најтоплиот ден, просечната максимална температура достигна 37,6 степени Целзиусов, на Пелопонез измерени ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени Целзиусови. И во Скопје че биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 43 степени ...

За само 8 часа, полицијата казни 155 учесници во сообраќајот, од кои 51 биле возачи на мотоцикли. Акцијата за „Безбеден сообраќај“ се одржа во главниот град, поточно во регионот на општина Аеродром, каде што акцентот беше ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат со мотоцикли и велосипеди со помошни мотори. Полицијата заплени два мотоцикли бидејќи нивните возачки дозволи биле истечени повеќе од 6 месеци. Од нив седум за возење мотоцикл ...

Дињата е здрава и е еден од најдобрите избори за топлите летни денови, не само на кришки, туку и како база за освежителни сокови, фрапеа и како додаток на егзотични и вкусни брускети, во комбинација со некоја солена храна, како што е пршутот. Постојат повеќе видови диња, а кај нас најзастапени се оние со портокалова или жолта внатрешност, како и зелената, која е нешто помала и позната како руски ананас. Освен што има убава боја, што е вкусно, ...

Парламентарната расправа за интерпелацијата против работата на главниот државен обвинител, Љубчо Коцевски, е закажана за 29 јули. Интерпелацијата ќе биде прва точка на 64-та седница. Оваа седница е претпоследна пред пратениците да заминат на одмор на почетокот на август. Интерпелацијата против Коцевски ја покрена опозициската партија Левица кон крајот на јуни поради, како што посочија, нефункционалност и политички влијанија врз работата на ...

Денес започна расчистувањето ,додека наскоро ќе започне и целосното реновирање на двата музеи лоцирани во Скопското кале. Министерот за култура, Зоран Лутков, подвлече дека со ребалансот на буџетот се обезбедени 8 милиони денари. Тој најави дека овој простор ќе биде пуштен во употреба од 2026 година, притоа велејќи дека целта е ова да биде еден од најкористените простори во 2028 година, кога Скопјe е европска престолнина на културата. ...

Според најновите информации, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, 11 се сѐ уште активни, 3 се под контрола, додека 11 се целосно изгаснати. Активни пожари се регистрирани во неколку региони. Во источниот дел, пожарите зафатија подрачја кај селото Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските Планини, каде што гори нискостеблеста шума и грмушки. Во Прилеп гори на две локации – кај селото ...

Движењето против коцкање вели дека бројот на коцкарници е зголемен. Според ова Движење, Владата не ги почитува неговите барања за целосно затворање на казината, иако коцкањето беше голем проблем за време на изборната кампања. „Ако ние од движењето против коцкање не се занимаваме со политика, тоа не значи дека не ги знаеме околностите околу нас. Можеме да разбереме некои од вашите постапки, но не можеме да ги оправдаме. Почитувани, дозволете ни ...

Да се биде полициски службеник не значи дека спаѓате во групата на професии и граѓани кои имаат право да се придржуваат до препораките за заштита од екстремните горештини. Дури и на овие температури, полициските службеници мора да останат на улица за да управуваат со сообраќајот или дури и на некое друго место за да решат проблем. Слично на полицијата, армијата, пожарникарите, здравствените работници, новинарите, возачите, одржувањето на ...

Шефот на Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) во четврток изјави дека смртоносната несреќа на Боинг 787 на Ер Индија минатиот месец најверојатно не била предизвикана од механички проблем или ненамерно движење на единицата за контрола на горивото или прекинувачот. Брајан Бедфорд им рече на новинарите на маргините на авиосаемот во Висконсин дека FAA може да потврди со голема веројатност дека немало механички проблем со ...

Франција официјално ќе ја признае палестинската држава во септември, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Така, Франција ќе стане првата земја-членка во групата од седум најиндустријализирани земји – Г7 – што ќе го преземе овој чекор. Макрон изјави дека официјалното соопштение ќе биде дадено на годишниот состанок на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. „Итна потреба денес е да се стави крај на војната во Газа и да се ...

Продолжува потрагата по 16-годишно девојче кое исчезна во водите на реката Вардaр вчера. Центарот за управување со кризи известува дека припадници на Министерството за внатрешни работи, специјалната единица „Волци“ и припадници на Полициската станица Велес во моментов се ангажирани на местото на настанот. Акцијата за пребарување се спроведува координирано и со зголемено присуство на терен. Министерството за внатрешни работи информира дека ден ...

Премиерот Христијан Мицкоски го обвини СДСМ дека ги штити бугарските интереси и дека ѝ помага на ДУИ на локалните избори. Тој, од средбите со граѓаните во Кичево, рече дека целта на двајцата поранешни владини коалициски партнери е да ги спасат бизнисите што ги изградиле заедно како влада. Мицкоски вели дека опозицијата, без идеи и концепти, ги злоупотребува трагедиите и поттикнува поделби и омраза. Од СДСМ реагираа на обвинувањата на премиерот. ...

Малкуте фонтани во градот се единствениот спас на граѓаните да се освежат од екстремно високите температури кои веќе неколку дена ја зафатија нашата држава. И покрај препораките да се заштитат од жештините, речиси низ целиот Град Скопје раздвижени граѓани. Некои други граѓани рекоа дека на овие температури над 40 степени дури и очилата за сонце и шапките не помагаат. Според синоптичарите, топлото време до 45 степени ќе траеа до недела по што на ...

Борбата со пожарите продолжува да биде предизвик за пожарникарите низ целата држава. Во изминатото деноноќие регистрирани се над 20 пожари на отворено од кои 6 се сеуште активни, 4 се ставени под контрола, а другите се изгаснати. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека најсериозна состојба останува на планината Готен, која се протега во три општини, Радовиш, Берово и Василево. Од светот, најсериозна ...

Неуспехот по 52-ри пат да се конституира косовското собрание предизвика остри реакции од меѓународните претставници, кои ја оценија ситуацијата како неприфатлива. Амбасадорот на ЕУ во Косово, Аиво Орав, изрази разочарување што пратениците не успеаја повторно да го утврдат Собранието. Во меѓувреме, германскиот амбасадор Јорн Роде ја опиша ситуацијата како загрижувачка. Во меѓувреме, претседателот Авни Дехари ја закажа следната седница, 53-та, на ...

Граѓаните знаат дека во времето на СДСМ пензиите стагнираа, инфлацијата беснееше, а животните трошоци кај пензионерите растеа без компензација – се вели во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на пратеничката од редовите на СДСМ, Јованка Тренчевска, која обвини оти власта спроведува историска измама на пензионерите со линеарното зголемување од само 1 000 денари. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ одбивал да ги усогласи ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја отфрли одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да ја признае државата Палестина во септември како неважна, објави Ројтерс. „Она што го кажува е неважно. Тој е добро момче, ми се допаѓа, но неговата изјава нема тежина“, рече Трамп. Францускиот претседател Емануел Макрон вчера објави дека земјата ќе ја признае државата Палестина на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во ...

Обновливите извори на енергија претставуваат клучен столб во енергетската политика на Европа и на Европската Унија. Тие не само што придонесуваат за намалување на зависноста од фосилни горива и енергетски увоз, туку играат важна улога во борбата против климатските промени и обезбедување на одржлива енергетска иднина. Кои се главните обновливи извори на енергија во ЕУ? Во ЕУ, најчесто користени обновливи извори се: Хидроенергија, сончевата ...

Од 186 земји во направената студијата, само Гвајана е единствената земја која достигнува 100% независност и може самата да ги прозиведува сите седум групи на храна. Европските земји имаат проблеми со самозадоволство од овошје и зеленчук, додека азиските земји најмногу заостануваат во млекото и млечните производи. Основните податоци се од студија објавена во мај 2025 во Nature Food, под наслов „Разликата помеѓу националното производство на храна ...

Македонија треба да ги заштити своите вина ако не сака некој да ја копира или имитира. Првиот и клучен чекор кон тоа, е воведувањето географски ознаки, порача денеска Ален Делоар, вински експерт и професор на Институтот „Агро“ во Монпеље, Франција. Делоар пред денешната работилница што ја организираат Здружението на производители и извозници на вино „Вина од Македонија“ и новоформираното Здружението за заштита на географската ознака за вино ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, попладнево преку објава на својот фејсбук-профил се заблагодари за грижата и поддршката што ја добил изминатите два дена додека беше хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје поради преплет на цревата. „Чувствувам внатрешен порив длабоко и искрено да им се заблагодарам на сите кои се погрижија за мене во овој период. Посебна благодарност до директорот на Клиниката, проф. д-р Огнен ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
67%
1028
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
73%
1027
weather icon

Загреб

18ᴼ / 12ᴼ
0.0
82%
1027
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1029
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.56
61%
1027
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.51
96%
1028
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
5.36
54%
1022
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
77%
1024
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
43%
1026
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.09
67%
1026
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
82%
1026
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
63%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941