Грабеж се случил во музејот Лувр во Париз утрово за време на неговото отворање, објави француската министерка за култура Рашида Дати денес на својот Инстаграм профил. „Поради грабежот, донесена е одлука музејот Лувр да се затвори за посетители од вонредни причини“, се вели во соопштението на музејот објавено на социјалната мрежа, според дневниот весник „Фигаро“. Инцидентот наводно се случил кога првите посетители почнале да влегуваат во ...

На својата втора прес конференција денеска, Државната изборна комисија информираше дека излезеноста до 11:15 часот на територијата на државата, според податоците од 3.139 избирачки места, изнесува 9,3%. На денешните избори се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани. На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските ...

Државната изборна комисија (ДИК) донесе одлука со која им наложи на сите Избирачки одбори да присуствуваат во полн состав, односно петте членови и петмината заменици, на процесот на броење на гласовите по 19 часот. Ова го соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко, на денешната прес-конференција. Главната цел на оваа мерка, како што рече Кондарко, е да се зголеми транспарентноста и ефикасноста во работата на избирачките одбори, а со тоа да ...

За време на предизборниот молк, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои шест на подрачје на СВР Скопје, четири на подрачје на СВР Куманово, потоа СВР Велес – три, по два настани на подрачје на СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола и еден на подрачје на СВР Струмица. По преземени мерки не се потврдени пријавите за 15 настани, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). ...

Гласањето на две избирачки места, едно во Куманово и едно во Штип, се одвива без користење на уредите за биометриска идентификација поради објективни и технички причини, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, на денешната прес-конференција. Во Куманово, на избирачкото место број 1133 со 12 запишани гласачи, гласањето продолжило со УВ-спреј и УВ-ламба, откако поради недостаток на електрична енергија од ...

На својата прва прес конференција денеска, Државната изборна комисија информираше дека излезеноста до 9:15 часот на територијата на државата, според податоците од 76,91 проценти од вкупниот број на избирачки места, изнесува 3%. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, рече дека сите гласачки места се отворени навреме и оти гласањето се одвива без проблеми. – Досега во ДИК немаме јавување за текот на гласањето за ниту едно избирачко место и од ...

Во еден од најсериозните безбедносни пробиви во последниве години, руските хакери украле стотици чувствителни воени документи што содржат информации за осум бази на Британските кралски воздухопловни сили (RAF) и Кралската морнарица, како и имињата и е-пошта адресите на вработените во Министерството за одбрана. Украдените материјали завршиле на темната мрежа, објавува „Дејли меил“. Пробивот се случил откако хакери, наводно поврзани со руската ...

Во сите 117 избирачки места во рамки на Општинската изборна комисија (ОИК) Тетово од 7 часот почна и нормално се одвива процесот на гласање за денешните локални избори, информираат од ОИК Тетово. Во Општина Тетово ќе гласаат 87.878 граѓани со право на глас. -Сите 117 избирачки места кои се во надлежност на ОИК Тетово навреме се отворени во 7 часот и гласањето се одвива. До сега нема никаков проблем пријавениод ниту еден избирачи одбор. Како ...

Непречено се одвива изборниот процес во општините Дебар и Центар Жупа, но вообичаено за утринските часови со слаба излезеност. Според Рилинд Хаса, претседател на ОИК-Дебар до 9 часот правото на глас го искористиле 242 гласачи или еден отсто од вкупно запишаните 19.762 лица, во единствениот избрачки список. Споредено со минатите локални избори, во октомври 2021 година, излезеноста е помала за 0,75 отсто. Претседателот на ОК-Центар Жупа, Неџип ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) континуирано презема мерки и активности за непречено и безбедно спроведување на локалните избори, информираат оттаму и најавуваат засилено присуство на терен и употреба на современа технологија, вклучително и дронови за воздушна контрола. Од МВР соопштија дека, согласно направените проценки, полициски службеници ќе бидат присутни во близина на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки. ...

Летовите од и кон аеродромот во Минхен во Германија синоќа привремено беа прекинати поради пријави за „сомнителна“ активност, јави ДПА. Контролата на воздушниот сообраќај го прекина воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен за половина час околу 22:00 часот по локално време, изјави портпарол на полицијата за ДПА. Уште едно кратко затворање на пистата следеше еден час подоцна. Неколку лица претходно пријавиле во полиција дека виделе нешто ...

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и пурс“ (Standard & Poor’s) го намали кредитниот рејтинг на Франција доцна во петокот во непланирано ажурирање, наведувајќи ја „зголемената“ неизвесност околу јавните финансии откако владата вети дека ќе ги суспендира пензиските реформи. „И покрај поднесувањето на нацрт-буџетот за 2026 година до парламентот оваа недела, неизвесноста околу јавните финансии на Франција останува висока“, се вели во ...

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека Турција е подготвена да биде де факто гарант доколку решението за две држави се спроведе во Палестина, додавајќи дека тоа е голема обврска, објавија турските медиуми. Тој рече дека Турција досега била посредник во напорите за завршување на војната во Газа, промовирајќи мир преку долгорочна поддршка на палестинската борба, објави агенцијата Анадолу. „Доколку се постигне ...

Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори се спроведува без проблем, соопшти изутринава Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето почна во 7 часот, а ќе трае до 19 часот. Се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани. На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со ...

Навреме почна гласањето во Куманово, соопшти денеска претседателката на ОИК Куманово, Кристина Цветковска. Право на глас имаат 94.041 гласач, со што Куманово е општина со најголем број избирачи кои гласаат на 164 избирачки места. Претседателката на ОИК Липково, Ајше Демири изјави дека гласањето е тековно. Според податоците на ДИК во општина Липково има 26.362 гласачи кои гласаат на 36 места. Навреме почна гласањето и во општина Старо ...

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, ...

Изјаснувањето на граѓаните на Локалните избори во општините Охрид и Дебрца започна навреме и гласачкиот процес се идвива непречено. Сите избирачки места се отворени навреме, освен на едно каде поради технички причини гласањето почна со половина час задоцнување. Од ОИК посочија дека на тоа избирачки место нема да има продолжување на гласањето односно дека и таму гласањето ќе биде заокружено во предвидениот термин до 19 часот. Вкупно ...

Во општините Дебар и Центар Жупа, сите 43 избрачки места се отворени навреме. – Гласачките места се отворени во седум часот. Гласањето во општина Дебар се спроведува во 27 избирачки места од кои 22 се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти. Право на глас имаат 19.762 граѓани. Вчера своето граѓанско право го остварија 76 болни и изнемоштени лица, изјави Рилинд Хаса, претседател на Општинската ...

Општиската изборна комисија (ОИК) во Битола потврди дека утрово во 7 часот отворени се гласачките места на територијата на Општина Битола. Според Единствениот избирачки список право на глас имаат 77.253 избирачки кои се распределени на 170 гласачки места. На овие локални избори за градоначалник на Општина Битола конкурираат осум кандидати, додека за членови на Советот на Општина Битола конкурираат кандидати од шеснаесет кандидатски листи. ...

Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Општинските изборни комисии првичните резултати од изборите треба ги објават во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од ...

Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови облачноста ќе се намали, а во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 3 до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од 11 до 19 степени. Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ...

Во 7 часот изутринава започна гласањето на осмите локални избори, а од Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека се отворени сите избирачки места. Право на глас имаат 1 832 415 граѓани, кои до 19 часот можат да го искористат своето право на глас на вкупно 3 474 избирачки места низ земјата. На овие избори, граѓаните избираат меѓу 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати. ...

Гласањето на локалните избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа. Во 19:00 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат. Гласачкото место на кое гласале сите граѓани запишани во изводот од Избирачкиот список може ...

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1 832 415 гласачи, од кои 1 717 803 во земјата и 112 илјади запишани во посебниот избирачки список со лица во странство, 2 162 затвореници или во притвор и 450 гласачи во старските домови. Гласање во дијаспората нема, но доколку лицата кои се на привремена работа или живеат во странство допатуваат во земјата ќе можат да го остварат своето право на глас. Во Градот Скопје вкупната ...

И покрај тоа што денес е изборен молк, набљудувачите бележат повеќе случаи на негово прекршување. На социјалните мрежи и понатаму се појавуваат спонзорирани содржини, иако тие требаше да престанат на полноќ. Џавир Дерала од Центарот за слобода за телевизија Алсат вели дека од различни делови на земјата пристигнуваат информации за зголемена активност на партиски активисти, кои се подготвуваат за утрешниот изборен ден. Сепак, атмосферата ...

Цената на златото достигна историски рекорди, достигнувајќи над 4.000$ по унца. Според економскиот експерт Гадаф Реџепи, главните причини за растот на цената на златото се политичките и економските неизвесности на глобално ниво, како и геополитичките тензии што создаваат страв од неконтролиран раст на јавниот долг. Тој додава дека истовремено, централните банки ја зголемиле својата побарувачка за злато — од просечно 481 тон годишно во ...

Почнува гласањето за Локалните избори 2025. Денеска, на ден пред одредениот датум за изборите гласаат 2162 затворениците, лицата во домашен притвор, 8851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови. Во казнено – поправните домови, според Избирачкиот список, треба да гласаат 2162 затвореници, а според информациите на МИА најмногу во КПД Идризово 938, во затворот во Шуто Оризари 391, во штипскиот затвор 237, во прилепскиот 119… Во ...

Засилено полициско присуство, зголемени контроли и постојана координација со Изборните комисии – се дел од мерките што Министерството за внатрешни работи ги презема во пресрет на Локалните избори 2025. На денот на изборите, полициски службеници ќе бидат распоредени во близина на избирачките места и на клучните сообраќајни точки, со цел навремено откривање и спречување на можни нарушувања на јавниот ред и мир. Од МВР уверуваат дека сите ...

Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со ...

Локалните избори на 19 октомври 2025 година ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Право на глас имаат 1 832 415 граѓани запишани во Избирачкиот список. На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници, што е зголемување од 10 кандидати споредено со тие во 2021, кога имало 299. Најмногу кандидати за градоначалници – 683 имало ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
77%
998
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
999
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
97%
1000
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
96%
999
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
83%
1002
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
82%
999
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
94%
999
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
998
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
68%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2460.50

Бакар

11.69

Калај

46.91

Злато

159231.39

Цинк

3.25

Родиум

336779.07

Платина

67162.91

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.03

Иридиум

221848.72

Кобалт

64.04

Паладиум

546.56