Нов сет на услуги од Основните судови од денес се достапни на порталот uslugi.gov.mk. Граѓаните од сега ќе имаат полесен пристап до судските услуги со што ќе заштедат време и нема да чекаат редови пред сдовите или да се враќаат во своите родни места за да ги извадат потребните документи. Тие ќе извршуваат уплата по електронски пат и за само еден ден на барателите ќе им бидат доставени документите на нивните е пошти. „ Да избере услуга која што ...

Полицијата трага по мажот и останатите инволвирани во вчерашниот вооружен судир во близина на Полициската станица Бит Пазар, каде што беше убиен 31- годишниот од Арачиново во Скопје, Алајдин Сулејмани. Случајот се случил околу 14 часот, кога биле пријавени истрели во СПБ Скопје, додека веднаш на терен се појавила Интервентната полиција. Првичните пријави укажуваат дека сторителите на местото на настанот дошле со мотоцикл. „Констатирано е дека ...

Родителтие на загинатите млади лица во трагедијата во дискотеката „Пулс“ повторно со протестен марш бараа правда за своите најмили. Тие го критикуваат односнот на интитуциите врз случајот, велеќи дека осомничените се приведуваат и се пуштаат повторно на слобода. Родителите велат дека дури и добиле закани, без да потенцираат од кого се истите. „Што ви се заканувале? Дека ние родителите на мамолетните деца ќе одговараме лично. Кој ви се ...

Иако од Заубермахер и Општинското јавно претпријатие во Тетово овозможија бесплатно собирање на инертен отпад, дури и земајќи го во секое домаќинство, некои несовесни жители продолжуваат да го фрлаат инертниот отпад надвор од контејнерите. Од Општинското јавно претпријатие велат дека ќе покренат акција за фаќање на лица кои фрлаат инертен отпад на улиците, а најавуваат и тужби. „Сѐ уште имаме несовесни жители кои фрлаат околу контејнерите. Но, ...

Кивичниот суд одреди мерка притвор од 30 дена за 9 осомничени, за уште 5 лица мерка куќен притвор, додека за уште деветмина осомничени судот одреди мерка обврска за јавување во суд и им беа одземени патните исправи. Еден осомничен сè уште е недостапен. Во истрагата на обвинителството се опфатени 49 лица, меѓу кои пациенти, матични лекари, специјалисти, адвокати и службеници од здравствени институции од Скопје, Велес, Тетово, Гостивар и од ...

Со одредени забелешки, со препораки за поставување и за отстранување на некои предложени имиња за улиците на Тетово, се одржа третата расправа на комисијата за промена на имињата на некои улици на Тетово со жителите на овој град. Шефот на комисијата рече дека досега се доставени 1040 предлози за имиња на улици. Според него, овој број се очекува да биде преполовен во следната дебата. „Ако се базираме на првиот критериум, веруваме дека бројот од ...

Повеќе од 200 здравствени професионалци од областа на педијатријата, гастро-ентеро-хепатологијата, нутриционизмот, експерти од фармацијата и од фармакологијата, претставници на академската заедница, како и претставници на „Алкалоид“ учествуваа на првиот глобален настан под покровителство на компанијата посветен на најновите достигнувања во третманот на гастро-езо-фагеалната рефлуксна болест (ГЕРБ) кај доенчињата и кај малите деца. Настанот во ...

Дарвин Мачис можеби не е најпознатото име во светскиот фудбал, иако зад себе има прилично богата интернационална кариера. 32-годишниот крилен напаѓач има 52 настапи за репрезентацијата на Венецуела, а на клупски план играше за повеќе тимови од Италија, Шпанија и Португалија. Овој јужноамерикански фудбалер се „прослави“ со тоа што неговите тимови испаѓаат од елитниот ранг, а тоа му „појде од рака“ во дури четири последователни сезони. Мачис ...

Однесувањето на Реал Мадрид, односно неговото раководство, наиде на остри осуди во шпанската спортска јавност, онаа која не му е наклонета на најтрофејниот клуб. Критики има во речиси сите медиуми што не се од Мадрид, а и голем дел од клубовите сметаат дека е неприфатливо она што го прави актуелниот шампион на Шпанија. Атлетико Мадрид преку социјалните мрежи застана на страната на судиите во овој случај откако Флорентино Перез и Реал вчера ...

Скопјанецот Е.Ј. (31) е уапсен од страна на полицијата откако со својот автомобил удрил пешак на 87-годишна возраст во центарот на Скопје. Инцидентот се случил на 25 април 2025 година околу 20:30 часот, на кружниот тек кај улиците „Кирил и Методиј“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Костурски Херои“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Е.Ј. управувал патничко возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, кога го ...

Сообраќајот на сите државни патишта во земјава утринава се одвива непречено, информираат од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Според нивните податоци, коловозите на одредени места се влажни, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат на возачите прилагодување на брзината според ...

Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава ...

„На 24.04.2025 во 16.55 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Осломеј, на влез во с.Мамудовци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од В.П.(88) од Кичево и патничко возило „тојота рав 4“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(66) од с.Туин, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката во возилото ...

Доцнењето на платата во трудовиот инспекторат лежи во системски проблем во компјутерскиот софтвер, како што вели првиот човек на Независниот синдикат на Државна Администрација Горан Ристевски. Тој додава дека со краткиот временски пероиод и новите закони институциите не биле во можност навремено ја реализираат платата. „До сега се книжеа рачно за да помине платата за да не касни а каснеше. Е сега со новиот програм ќе се вметнат вработените во ...

Татјана Димитровска се уште нема поднесено оставка и нема официјална процедура за нејзино разрешување. Комисијата за избори и именувања во Собранието очекува официјално писмо од Комисијата за спречување на корупцијата, за да ги извести за еден од основите по кои на Димитровска евентуално ќе и се прекинае функцијата. Од Антикорупциска не одговорија на прашањето дали ќе испратат писмо до Собранието за ново настаната ситуација. Велат дека ...

Кривичниот суд одреди мерка притвор од 30 дена за 9 осомничени, за уште 5 лица мерка куќен притвор, додека за уште деветмина осомничени судот одреди мерка обврска за јавување во суд и им беа одземени патните исправи. Еден осомничен сè уште е недостапен. Во истрагата на обвинителството се опфатени 49 лица, меѓу кои пациенти, матични лекари, специјалисти, адвокати и службеници од здравствени институции од Скопје, Велес, Тетово, Гостивар и од ...

Во скопската болница почина 30-годишниот Алајдин Сулејмани од арачиново, кој беше застрелан во населбата Дуќанџик, во близина на полициската станица Бит Пазар, околу 14 часот. МВР соопшти дека пукањето се случило на улицата „Војдан Чернодрински“ и дека се работи за престрелка меѓу две групи. На местото на настанот полицијата пронашла многу чаури, а оштетени се и неколку излози на околните продавници, како и неколку паркирани возила. Полицијата ...

Преку Вибер и Ватсап довчерашниот прв човек на антикорупционерите Татјана Димитровска испраќала доверливи информации до ексдиректорот на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ од постапки кои ги воделе антикорупционерите против него за случајот Адитив, во кој сега и самата е осомничена. Во период од осум месеци преку размена на пораки, Стојановиќ добивал информации од Димитровска за постапките за овој случај кои се водат и за лица блиски до него, но и ...

Нема информации кога ќе продолжи реконструкцијата, односно изградбата на Универзалната сала во Скопје од почетокот, која беше опожарена во април минатата година. Иако за истото е дадена експертиза од приватен институт, Министерството за култура најави нови инспекции. Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, вината ја префрла на Град Скопје. Алсат побара одговор и од Министерството за култура за гтоа како стојат работите, но засега нема ...

Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ во Кочани се предвидува да почне од почетокот на мај. Од Обвинителството појаснија дека во зависност од здравствената состојба на повредените, a според однапред утврден распоред, навремено ќе ги известат за остварување на нивните права и за вклучување во постапката со нивно испитување.Во моментот се прибавуваат и сите контактни и адреси за оштетените од пожарот и семејствата на настраданите, како ...

Вицепремиерот Изеет Меџити, се сретна со американската амбасадорка Ангела Агелер. „Борбата против корупцијата и европската интеграција немаат алтернатива. Ова беше пораката што ја испратив денес на важна средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер, голем сојузник и пријателка на нашата земја“, истакна Меџити. Според него, со амбасадорката на САД се дискутирало за продлабочување на стратешкото партнерство, поддршката на САД за реформите во ...

Пристигна биолошката терапија на Клиниката за онкологија и радиотерапија, потврдија од клиниката, додека уште еден лек треба да пристигне в понеделник. Од Здружението на пациенти со рак „Хема Онко“ се надеваат дека нема повторно да има недостиг од биолошка терапија, бидејќи тоа претставува голем ризик за онколошките пациенти. Повеќе од еден месец пациентите со рак се соочуваа со недостиг на дел од биолошката терапија. Освен недостигот на лекови ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против К.Б., Г.Л. и А.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ...

МВР поднесе Кривична пријава до ОЈО ГОКК за двајца инспектори и командир на Полициската станица Кочани за злоупотреби во врска со дискотеката „Пулс“ . Првопријавениот на позиција помлад инспектор-водич на безбедносен реон во Полициската станица Кочани и второпријавениот Г.Л., во време на извршување на кривичното дело на работно место инспектор за прифат-сменоводител, изготвиле записник за сторен прекршок – нарушување на јавен ред и мир за ...

Пратениците не успеаја да го конституираат косовското собрание во шестиот обид, откако кандидатката на движењето Самоопределување, Албулена Хаџиу, не ги доби потребните гласови. Хаџиу доби 57 гласа „за“, четири помалку од минимумот од 61 глас. Хаџиу не беше избрана за претседател на четири последователни седници. Самоопределување ја обвинува опозицијата за непотребни тактики. Во меѓувреме, потпретседателката на Демократската партија на Косово, ...

Во недела, 27 април 2025 година, Младата Месечина влегува во Бик, носејќи ја енергијата на нови почетоци, финансиска стабилност и емоционална сигурност. Ова е моќен астролошки момент кој не поканува да забавиме, да се приземјиме и да ги поставиме темелите за она што сакаме да го изградиме долгорочно. Во знакот Бик, Младата Месечина има една од своите најплодни и најстабилни позиции. Бикот е знакот на земјата, практичноста, трпението, но и ...

Поранешниот пратеник на Вмро-Дпмне, Илија Димовски, нагласува дека барањето на албанскиот политички фактор за промена на формулацијата на албанскиот јазик во Уставот е разбирливо, но сепак, формулацијата е дел од Охридскиот договор. Според него, за тоа прашање може да се разговара, но и македонскиот политички фактор има релевантни барања, од кои едно е реорганизација на општините Струга и Кичево. Во врска со прашањето за Законот за употреба на ...

Актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во случајот “Адитив“ не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на Антикорупциска, а воедно не може да гласа и да распределува предмети. Димитровска, вчера беше изведена пред Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје, кој одлучувајќи по предлогот на Обвинителство, и определи мерки ...

Државната комисија за спречување на корупцијата информира дека во рамки на своите надлежности, продолжува да функционира редовно во согласност со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. – Како институција остануваме транспаренти и отворени за јавноста и за соработка со надлежните органи, се вели во соопштението до медиумите од Антикорупција, во врска со актуелните случувања. Актуелната претседателка на ДКСК, Татјана ...

Едно лице е повредено при вооружена престрелка на улицата „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. – Денеска (25.04.2025) околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за вооружена ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
7.2
24%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.09
31%
1021
weather icon

Загреб

26ᴼ / 24ᴼ
3.09
35%
1021
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
40%
1020
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
4.36
32%
1019
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
43%
1021
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
2.06
71%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
6.17
41%
1015
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
25%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
1.54
28%
1019
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
2.57
31%
1021
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
10.29
53%
1018
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62