
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Лос Анџелес Лејкерс ги обвинуваат судиите за нивниот пораз од Минесота Тимбервулфс во четвртиот натпревар од првата рунда од плејофот во Западната конференција во НБА. Лејкерси водеа речиси во текот на целиот натпревар, имаа +12 на крајот од третата четвртина, десет на средината на последната четвртина, но Вулвс направија пресврт во „луда“ завршница и поведоа со 3-1 во серијата. „Езерџиите“ сметаат дека одлуките на судиите на крајот го решиле ...
Преговорите за Украина денеска влегуваат во „одлучувачка недела“, предвидоа САД. Овие надежи ги изрази американскиот државен секретар Марко Рубио, иако борбите не покажуваат знаци на смирување. Русија изврши напад со 150 дронови и ракети во неделата навечер, при што загинаа четири лица во источна Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Москва, од друга страна, објави „целосно ослободување“ на Курската област, што Украина го ...
Во очекување на потенцијално финале на фудбалерите на Барселона и Арсенал, во завршниот натпревар за трофејот од Лигата на шампионите се пласираа фудбалерките на овие два клуба. Барса и Арсенал ќе се борат за европската титула, откако на убедлив начин ги одиграа возвратните натпревари од полуфиналето. Барса и на реваншот го совлада Челзи со 1-4 и со вкупни 8-2 се пласира во финалето. Бонмати, Пајор, Пина и Паналуело ги постигнаа головите за ...
Семејствата на загинатите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани утре ќе организираат „Марш на ангелите“ во Скопје. Маршот ќе започне во 12:05 часот симболизирајќи ја, како што велат, задоцнета реакција во Скопје. Собирот ќе почне пред Јавното обвинителство, ќе продолжи на плоштадот „Македонија“ и пред Собранието. Во најавата за протестот, семејствата на загинатите велат дека бараат одговори за насилната смрт на своите деца. „Ние ...
Украина не треба да се согласи на најновиот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп да отстапи големи територии во замена за прекин на огнот со Русија, бидејќи тоа би било капитулација, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Писториус вчера, во изјава за германската јавна телевизија АРД, рече дека Киев веројатно е свесен оти за постигнување траен и одржлив прекин на огнот може да биде принуден да се откаже од некои ...
На плоштадот Свети Петар во Ватикан, утрово точно во 10 часот по локално време, започна погребната церемонија за папата Франциск, кој почина во понеделникот на 88-годишна возраст. Светата миса ја предводи кардиналот Џовани Батиста Ре, деканот на колегиумот на кардиналите, исполнувајќи ја последната желба на папата за скромен и достоинствен испрат. На малите екрани може да се забележат бројни светски лидери и високи гости кои пристигнаа од сите ...
Променливо облачно со сончеви периоди е прогнозата на времето за денешниот ден, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните и јужните делови од земјата ќе има појава на повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. „Минималната температура ќе се движи од 6 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени“, информираат синоптичарите. И во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ...
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети. Во својот исказ Палевски на изминатото рочиште повторно ги оспори обвинувањата против него, тврдејќи дека доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни. Палевски негираше вина дека учествувал во грабнувањето и убиството ...
Северна Кореја потврди дека испраќа војници да се борат за Русија во војната против Украина, по наредба на лидерот Ким Џонг-ун. Со тоа, властите сметаат дека дале значаен придонес во ослободувањето на рускитее територии окупирани од Украина. Според севернокорејската државна новинска агенција, доказ за највисокото стратешко ниво на цврсто воено пријателство меѓу Северна Кореја и Русија е победничкиот крај на битката за ослободување на руската ...
Мај 2025 година носи неочекувани промени – додека некои хороскопски знаци ќе бидат во долгови, други едноставно ќе зрачат со среќа и ќе привлечат пари како магнет! Астролозите велат: не ги игнорирајте можностите што ви се појавуваат, бидејќи токму сега можете да го искористите вашиот момент. Во продолжение дознајте кои хороскопски знаци ќе блескаат од среќа и какви награди ги очекуваат! Наградата за трпение и верба во себе доаѓа! Раковите ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1.666 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во последното деноноќие, од кои „реални“ повици биле 63,63 проценти, а 25,52 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,44 проценти од повиците, кон Итната медицинска помош 21,29, а кон пожарникарите 1,48 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК. – Инаку, имало 618 ...
Освен ветувањата од политичките функционери за решавање на проблемот со вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците кои се без плати четири месеци, во моментов не се преземаат никакви конкретни чекори. Всушност, Инспекторатот може да се врати во нормала само ако се преземат законски интервенции бидејќи проблемот беше предизвикан во декември минатата година кога Собранието ги одобри измените на Законот за инспекциски надзор. Во овој ...
Уставниот суд сè уште не одредил датум за подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, која требаше да се одржи на 20 март, но беше откажана поради трагедијата во Кочани. Судот разгледува прифатлив датум за учество на меѓународни експерти, вклучително и оние од Венецијанската комисија, покрај домашните експерти, за да ги соочат аргументите „за“ и „против“. Седницата треба да се осврне само на суштинскиот аспект на законот, ...
Во контекст на дилемите кој ќе ја напушти, а кој ќе се приклучи на Владата, лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, изјави дека нема реализирано, ниту планирано средба со премиерот Христијан Мицкоски. Во случај да дојде до таква средба, Села вели дека ќе ги отвори прашањата од интерес за Албанците, првенствено гласањето на уставните измени, прашањето за употребата на албанскиот јазик, како и носењето одлуки во Уставниот суд со Бадентер. ...
Опозициската ДУИ бара во октомври, заедно со локалните избори, да се одржат и парламентарни избори со цел да се постигне долгорочна стабилност во земјата, бидејќи, според нив, владата води погрешни политики. Од друга страна, ВЛЕН тврди дека ДУИ, додека беше на власт, ги партизирала институциите, и најавува победа во сите општини со албанско мнозинство на претстојните локални избори. ДУИ изразува загриженост за, како што велат, погрешната насока ...
Клиниката за онкологија сè уште работи на новиот регистар за онколошки пациенти, а клиниката не одговорила кога тој ќе биде готов. Новиот регистар треба да ја документира потребната количина на терапија и на кој пациент му е потребна која терапија, за да може Фондот за здравство да обезбеди соодветна количина на терапија за пациентите со рак. „Работиме на имплементација на нови функционалности со кои регистарот за онкологија како целина ќе биде ...
Народниот правобранител алармира дека адолесцентите кои се во воспитно- поправниот дом веќе 3 години не го следат воспитно-образовниот процес. Насер Зибери вели дека со неoвозможувањето на овој процес, државата сериозно го крши правото на децата, и како резултат на неизвршување на овие обврски за превоспитување и рехабилитација, често се случува овие луѓе да се вратат како повторни прекршители и често тоа се случува во фазата на зрелоста. ...
Ноќеска, два часа по полноќ загина малолетен мотоциклист на возраст од 16 години, кога се судрил со електричен тротинет управуван од 14-годишно момче. Трагедијата се случила на улицата „Цветан Димов“ во Чаир. „Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 14-годишникот се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’“, велат од ...
Во следната учебна 2025-26 година матурантите за прв пат ќе се соочат со три вида на државна матура, во зависност од средното образование што го завршуваат. Измените на Законот за средно образование предвидуваат: Државна матура за гимназии, Државна матура за стручни училишта и Државна матура за уметнички училишта. Од Државниот испитен центар објаснуваат дека овие новости се позитивни, а на матурантите им ја олеснува реализацијата на овие испити. ...
Експертите сметаат дека претседателката на Комисијата за спречување на корупцијата, Татјана Димитовска, треба да поднесе оставка, откако беше вклучена во истрагата на Обвинителството, во која постои сомневање дека еден од осомничените во случајот „Адитиви“ оддал службени тајни. Поранешниот член на Антикорупциска, Шемси Салаи, смета дека одговорноста треба да биде индивидуална и без оглед на случајот, сегашниот состав на Антикорупциска треба да ...
Тетовска Шкендија има пред себе нов сериозен предизвик во Првата македонска лига и ја очекува дуел со Шкупи на домашен терен. Избраниците на тренерот Јетон Беќири се лидери во прволигашката конкуренција и очекуваат нови три бода во трката за шампионскат титула, нешто со што се согласува и искусниот дефанзивец Клисман Цаке. „Секој бод во моментов е важен за нас. Тимот дефинитивно е подготвен, бидејќи иако бевме уморни во средата на натпреварот ...
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски беше најбрз на полумаратонската трка која се одржа во Дубровник. Ивановски победи на Дубровник полумаратон 2025 година. Притоа, македонскиот претставник запиша и најдобро време во историјата на патеката на оваа делница. Ова е продолжување на добрата форма за Ивановски во последно време. Пред само неколку денови Дарио Ивановски постави национален рекорд на 10 километарската трка на националната арена „Тодор ...
Една студија открила прв физички доказ за гладијаторска борба меѓу човек и животно во римскиот период. Истражувањето, објавено во „ПЛОС Уан“, покажува убедливи скелетни докази за човечка жртва нападната од големо месојадно животно, веројатно во контекст на борба од римската ера. Истражувањето е спроведено од меѓународен тим на археолози и остеолози, предводени од Тим Томпсон, професор по антропологија на ирскиот универзитет „Мејнут“. Иако слики ...
Со последните четири натпревари денеска се заокружува 29. коло во Првата македонска фудбалска лига. Без сомнение, најинтересна е битката за шампионската титула меѓу Шкендија и Силекс кои се на четири бода разлика. Шкендија го пречекува Шкупи во натпреварот кој се игра без публика, а Силекс ќе има повеќе од тешка задача против финалистот во Купот, Струга ТЛ. Во директна пресметка, пак, за третата позиција на табелата ќе се соочат Гостивар и ...
Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кратово денеска ги лишиле од слобода А.М.(38) од Куманово, А.Р.(49) од село Ваксинце, општина Липково и З.Л.(60) од село Страцин, кратовско. МВР соопшти дека при контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници констатирале дека кај А.М., кој управувал ...
Алкалоид денеска го очекува реваншот од полуфиналето во ЕХФ Европскиот куп во кој екипата на Рунар ќе биде домаќин. Првата пресметка, одиграна пред една недела во Скопје, заврши со победа за Алкалоид од 42-37, па се избраниците на Кире Лазаров ќе се обидат да ја одбранат оваа предост и до дојдат до натпреварот за трофеј. Рунар ја има поддршката од домашната публика, но ракометарите на Алкалоид сигурно ќе биде максимално мотивирани да го донесат ...
По вчерашната вооружена престрелка во близина на Полициската станица во Бит Пазар, во која животот го загуби 31-годишниот А.С. од Скопје, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место и ги презеде првичните истражни дејствија. Од обвинителството информираат дека на лице место се прибрани траги кои ќе бидат предмет на понатамошно вештачење, со цел да се расветлат сите околности околу настанот. „По ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
„Откако 20 години крадеа, измамуваа и уништуваа секоја албанска надеж, сега без срам излегуваат и бараат граѓаните да им дадат уште една шанса! Оние кои со децении ја користеа моќта за лични интереси, денес, фрустрирани и разоткриени пред граѓаните, бараат да се вратат на старите времиња на заробување и уцена. ДУИ, која секоја институција ја претвори во партиска гранка, која ги омаловажуваше интелектуалците, која ги предаваше правата на ...
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и ...