
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



На 31.07.2025 околу 22.30 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Г.Л.(24) и Б.Л.(18), двајцата од Косово, затоа што во возилото „фолксваген кеди“ со косовски национални ознаки, кое го управувал Г.Л., а совозач бил Б.Л., биле пронајдени осум лица мигранти од Народна Република Кина. Имено, околу 21.40 часот возилото било забележано како се движи на автопатот од Градско кон Скопје, не застанало на даден знак за запирање и продолжило со ...
Туристка паднала во незаштитена дупка на градежен објект во изградба на улицата Партизанска во Охрид, додека се обидела да ја премине улицата од едната на друга страна, со цел да го скрати патот. Случајот е пријавен и во полиција, од каде велат дека просторот бил означен како место дека се врши градба. Но со тешки повреди жената беше пренесена во болницата за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо. И минатата недела додека шетал по тротоарот ...
Од вкупно 13 пожари на отворен простор изминатото деноноќие, 12 се изгаснати, а еден е ставен под контрола, информираат утрово од Центарот за управување со кризи. Пожарот ставен под контрола е на територија на општина Берово. Како што се појаснува во соопштението, станува збор за огнените јазици на подрачјето на планината Готен кон Малешевските планини, а гореле бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Изгаснатите ...
Со новата извршна наредба што синоќа ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за речиси сите земји кои досега немаат трговски договор со САД, царинската стапка за Македонија од претходните 33 е намалена на 15 проценти. Царина од 15 отсто САД ќе имаат и со Европската унија, со која склучија трговски договор на 27 јули. Од земјите во регионот, со царинска стапка од 15 проценти ќе бидат и Хрватска и Словенија, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска на пладне ја свика втората седница на Советот за безбедност. Членови на Советот за безбедност по функција се: Африм Гаши, претседател на Собранието; Христијан Мицкоски, претседател на Владата; Панче Тошковски, министер за внатрешни работи; Владо Мисајловски, министер за одбрана; Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и тројцата членови, именувани од ...
Вицепремиерот Изет Меџити, ги отфрла обвинувањата на опозициската ДУИ дека Владата го крши Законот за употреба на јазиците, бидејќи според нив, записниците на Владата не се преведуваат. Според Меџити, за разлика од сега кога сите записници и други документи на Владата се двојазични, Артан Груби додека бил вицепремиер, записниците ги потпишувал само на македонски јазик. „Прво, ДУИ се напаѓа себеси. Ако некогаш имало записници на македонски јазик ...
Кандидатот на ДУИ за општина Чаир, Бујар Османи, ја започна својата кампања три месеци пред изборите. Во продолжение на дневните пропагандни спотови, неодамна ја објави сторијата за изградбата на Универзитетот „Мајка Тереза“. Со драматична музика и филмска нарација, Османи ги присвојува заслугите за отворањето на овој универзитет. Приказната, според Османи, започнува со телефонски повик од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и средба во Тетово каде што ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Поради изведување на градежни ...
Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Обвинителката Ленче Ристовска обвини дека два месеци имала укажувања оти треба да ја повлече кандидатурата за судија во судот за човекови права во Стразбур, пред владата да донесе одлука да се укинат сите три кандидатури за оваа позиција. Ристовска на социјалните мрежи напиша дека одлуката на Владата донесена пред само неколку дена за неа воопшто не била изненадување. Владата на 22 јули одлучи да ги укине кандидатурите на Ленче Ристоска, Јордан ...
Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, ги повика истражните органи да го расчистат случајот со фирмата „АСД Метал Груп“ од Визбегово, за која обвинителството вчера утврди дека подолг временски период складирала отпадно железно на локација за која не поседува никаква дозвола. Дополнително, на 9 јули во складиштето избувна пожар, а при горењето на отпадните материјали, надлежните служби утврдиле значително загадување на ...
Дали има време за објавување на конкурс и избор на нов шеф на антикорупциска комисија. Поранешниот член на ова тело, Шемши Салаи, вели дека постапката предвидена со закон не може дополнително да се забрза кога вработувањата се прекинуваат за време на изборни периоди. „Ако ги земеме роковите дури и да се забрза, тоа не може да се направи во периодот на чекање, туку само од една институција до друга, во секој случај, нема можност за решавање ...
Комисијата за прашања на избори и именувања на денешната седница го утврди Фатон Сељами како предлог за нов народен правобранител. Сељами е раководител на Подрачното одделение на Министерството за правда во Тетово, во секторот за бесплатна правна помош и политички систем. Неговата кандидатура ја поднесе пратеникот Беким Ќоку од партијата Вреди. Тој е дипломиран правник и магистер по правни науки на Правниот факултет при Државниот универзитет во ...
Полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава во текот на изминатите три дена од последнава недела во месецот (28./29./и 30.07.2025), регистрираа вкупно 1937 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во помала мера и по основ на Законот за возила. Така, по основ на одредби од ЗБСП, односно заради ...
Премиерот Христина Мицкоски е убеден дека земјава до крајот на годината ќе го достигне предвидениот раст меѓу 3,5 – 4 проценти. Како што рече денеска, одговорајќи на пратенички прашања, рекордни се резултатите на Царинската управа со реализирани над 12 милијарди денари, како и на УЈП, со преку 15 отсто наплата на ДДВ во јули. Македонија, дециден е премиерот, од фаза на консолидација, влегува во фаза на раст. Според Мицкоски, растат сите ...
Пратеничката Рина Ајдари од Европски фронт на денешната седница за пратнички прашања го праша првиот вицепремиер Изет Меџити за неговиот сопартиец во Вреди, Биљал Касами, со тврдење дека како градоначалник на Тетово продал „за приватни интереси“ јавен простор во центарот на градот, парцела од околу 2900 квадратни метри за 190 000 евра, а, како што рече, реалната цена е десет пати повисока. На обвинувањата за градоначалникот на Тетово, Меџити на ...
Два дена откако Собранието му изгласа интерпелација на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, претседателот на законодавниот дом Африм Гаши, вели дека сега е време гласот на народните избраници да допре до другите институции. Гаши го повика и самиот Коцевски да се изјасни откако пратениците му искажаа политичка недоверба. Иако владејачкото мнозинство гласаше „за“ интерпелација на Коцевски, ниту два дена подоцна од Влада не откриваат дали ...
Советот на општина Тетово го одобри ребалансот на буџетот. Новите проекции предвидуваат нова општинска зграда и неколку патишта во селата Џепиште, Порој и Речица. Првиот човек на општината, Билал Касами, изјави дека само за проектот на општина Тетово се издвоени околу 1,2 милиони евра. „Со ребалансот се предвидуваат и неколку дополнителни проекти, како што е продолжувањето на булеварот ВС БАТО до Порој, со што ќе се заокружи овој сегмент. ...
7,5 милиони швајцарски франци ќе бидат распределени за 7 општини за подобрување на водоводните системи. Амбасадата на Швајцарија и Министерството за екологија потпишаа договор за поддршка на проекти за водоснабдување во некои од најпогодените општини, кои се соочуваат со недостиг од овој основен услов за живот. Швајцарската амбасадорка Вероник Улман ги потсети општините дека имплементацијата на проектот е од суштинско значење, со оглед на тоа ...
Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, во првата половина на август за да се остави простор да се пополнат испразнетите места на Народниот правобранител и на претседател на ДКСК, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши. Доколку Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска донесе предлог одлука за избор на Народен правобранител и се постигне договор имајќи предвид дека за оваа функција е потребено гласање и со ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска донесе одлука за распишување јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска. Претседателката на Антикорупциската комисија Димитровска поднесе оставка на 25 јули, а на 29 јули македонското Собрание ја констатираше, откако Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе обвинение против неа за две кривични дела ...
Двајца возачи од Битола и Демир Хисар се лишени од слобода од страна на полицијата, откако биле фатени како управуваат моторни возила под дејство на алкохол. Како што соопшти денеска МВР, вчера околу 16:40 часот, на експресниот пат Прилеп–Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле Н.П. (40) од Битола. Тој управувал патничко возило марка „форд“ со битолски регистарски ознаки и удрил во банкина. По извршен алкотест, било утврдено ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска апелираше за внимателност за Илинденските празници, за да не се предизвикаат пожари. – Апелирам до сите, за време на Илинденските празници, да бидат исклучително внимателни, бидејќи за миг може да настане пожар со катастрофални последици, рече тој. Одговарајќи на новинарски прашања, тој појасни дека блек – хокот и силите од Словенија ќе останат овде најмалку седум дена. ...
Полициските служби на граничниот премин „Табановце“ вчера (30 јули) во два одделни случаи привеле двајца странски државјани при обид за влез во државава, информира Министерството за внатрешни работи. Првиот случај е регистриран околу 09:30 часот, кога полскиот државјанин Х.О. (22) со патничко возило „Рено меган“ со полски регистарски ознаки се обидел да влезе во државава. При дополнителна контрола, полициските службеници пронашле пластична ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска и ќе утврди предлог одлука за избор на Народен правобранител. Изборот на нов претседател на ДКСК би можел да се поклопи со распишувањето на локалните избори на 8 август, а претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски за МИА вели дека ќе се бара мислење од ДКСК ...
Советот на Општина Тетово на денешната 54-та седница изгласа измена и дополнување на Буџетот на Општина Тетово за 2025 година, со што се зголемува износот за околу три милиони евра. Се работи средствата добиени од „унгарскиот кредит“, кои се наменети за капитални проекти. -Предвидено да се заврши булеварот „Видое Смилевски-Бато“ до крајната дестинација согласно проектот а тоа е до влезот на село Порој. Се предвидува изградба на дел од патната ...
Владата донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, во насока на унапредување на енергетската заштита и поддршка на граѓаните кои се соочуваат со социјални и здравствени предизвици. Со Програмата се обезбедуваат 42.300.000 денари од државниот буџет, наменети за директна финансиска поддршка за најзагрозените категории на граѓани, соопшти денеска Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. ...
Советот за рамномерен регионален развој денеска на 41. седница што ја водеше министерот за локална самоуправа Златко Перински, дискутираше за подобрување на системот на планирање и распределба на јавните финансии преку утврдување на предлог на поблиски критериуми за проценка на буџетските програми од страна на ресорните министерства кои имаат влијание врз регионален развој. Целта на критериумите, како што се посочува во соопштението од ...
До 13:00 часот има пет пожари на отворен простор на територија на цела држава, од кои четири се изгаснати. Активен е само пожарот во општина Берово, на планината Голем Готен кон Малешевските планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација, бука и бор. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), изгаснати се пожарите во општина Радовиш: на планината Голем Готен над селото Подреш, пожарот меѓу селата ...
Непрекинатото израелско бомбардирање врз опколениот Појас Газа продолжува и денеска, при што од зори загинале најмалку 27 Палестинци, вклучувајќи и неколку лица што чекале хуманитарна помош, објави Ал Џазира. Во еден од најтешките инциденти, израелските сили отвориле оган врз толпа цивили кои се приближувале до преминот Зиким, каде што пристигнувале камиони со хуманитарна помош за северна Газа. Притоа биле убиени најмалку 51 лице, а повредени ...