Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Новоизбраниот градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, најави нов циклус на инфраструктурни инвестиции, нагласувајќи дека градежните активности во Стар Чаир се одвиваат со силен интензитет и според највисоки стандарди. „Со голем интензитет и целосна посветеност продолжува изградбата на улиците во Стар Чаир. Секојдневно се работи по план и со одговорност, за Чаир да го добие развојот што го заслужува. Уредна и достојна ...
По двонеделната репрезентативна пауза, денеска со четири меча од 1/8 финалето во Купот на Македонија, домашниот фудбал се враќа на сцената. Во Куманово составот на Башкими го пречекува Силекс и посакува реприза од оној првенствен меч во ПМФЛ сезонава кога кумановци славеа против кратовци. Тешко гостување и за Пелистер под водство на новиот стратег Милан Стојаноски и тоа кај Шкендија Арачиново во Скопје. Струга ТЛ гостува во Ѓорче каде се ...
Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп, што ве очекува во следните седум дена на работа, во љубовта, во вашиот дом и семејство, дали ќе се сложувате со вашето семејство и пријатели, како ќе ви служи вашето здравје. Овен (21.3 – 20.4) Работа: Обидете се да поработите на вашата самодоверба. Нема причина да се чувствувате инфериорно кога се среќавате со вашите колеги. Работете на градење на себеси и дополнително едуцирање. Имате сите ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека им рекол на регионалните земји и на Израел „сè уште не“ кога понудиле да влезат во Појасот Газа „со силна сила“ за да се справат со Хамас. Трамп напиша на мрежата Truth Social дека бројни сојузници на Блискиот Исток „експлицитно и силно“ ја изразиле својата подготвеност, на негово барање, да влезат во Газа и да го „поправат Хамас“ ако групата продолжи да го „крши својот договор“. ...
Српските власти го прифатија барањето на Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на РСМ, за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со лице осомничено за злоупотреби во РЕК Битола против кое беше поведена истрага на 9 октомври. Од српските органи беше ...
Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, кои биле членови на Управниот одбор на Клиниката за онкологија од 2018 до 2024 година, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. Сведокот, кој од 2018 до 2024 година бил ...
Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата со отпадот во Скопје. Како што информираат од ЈОРСМ, јавниот обвинител издал наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП „Комунална хигиена“. Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да извршат вонреден инспекциски надзор и да ...
За вакцинација против сезонски грип се пријавени околу 60 илјади граѓани, а досега се вакцинирани над 8 илјади лица, информираат од Министерството за здравство. Вакцинацијата, како што се наведува во соопштението, се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар. -Со бесплатната вакцинација се ...
Одлуката на Советот на Европската Унија за забрана на транзит на руски гас преку EУ до трети земји, меѓу кои е и Македонија нема да има влијание врз државава – изјави Министерката за енерегетика Сања Божиновска. Таа истакна дека земјава троши околу 500 илјади кубни метри гас годишно, а до 2027 година се очекува да биде завршен гасоводот со Грција. Иако интерконекторот се уште не функционира, државата веќе една година плаќа по 250 илјади евра ...
Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи во координација со Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје да извршат вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во Комунална хигиена со цел да се утврди состојбата со отпадот во главниот град и да се преземат соодветни мерки. – Состојбата е алармантна и иако надлежноста е на ...
Јапонскиот парламент официјално ја избра Санае Такаичи за премиерка, со што стана првата жена на оваа позиција во историјата на Јапонија. Такаичи, 64-годишна ултраконзервативна политичарка, ја презеде функцијата откако нејзиниот претходник Шигеру Ишиба поднесе оставка. Такаичи беше избрана откако нејзината партија, Либерално-демократската партија (ЛДП), формираше коалиција со десничарската Јапонска партија за иновации (Ишин но Каи), ...
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс слета во Израел во вторник (21 октомври)за да го поддржи кревкиот договор за прекин на огнот во Газа, откако претседателот Доналд Трамп го предупреди Хамас дека ќе биде уништен доколку го прекрши примирјето. САД и ЕУ ја прогласија Хамас за терористичка организација. Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф и зетот Џаред Кушнер, веќе беа во Тел Авив, каде што се сретнаа со израелските заложници ...
Водите на Северниот Пацифик го забележаа своето најжешко лето досега, а мистериозен морски топлотен бран ги збунува климатолозите, покажа анализа на Би-Би-Си. Температурите на површината на морето од јули до септември беа за повеќе од 0,25°C потопли од претходниот рекорд поставен во 2022 година, што е огромен пораст на површина околу десет пати поголема од Средоземното Море. Иако е познато дека климатските промени ја зголемуваат веројатноста ...
Судот го продолжил притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена, изјави бранителот на Нино Васев, адвокат Боби Спирковски, по денешното судење за случајот „Онкологија 2“, најавувајќи жалба на Апелација. Апелација, нагласи Спирковски, е таа што треба да го реши овој случај, бидејќи Апелација и го одреди притворот, потсетувајќи дека првостепениот суд првично го одбил предлогот на Обвинителство за ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровии Сања Божиновска не очекува проблем во снабдувањето со гас откако Советот на ЕУ вчера постигна договор за преговарачката позиција на земјите членки за Предлог-регулативата за прекин на увозот на руски енергенси. Божиновска, денеска на новинарско прашање рече дека до 2027 година треба да биде готов гасоводот со Грција и оти на ниво на ЕУ ќе се бара алтернативно решение. – Тоа важи за ...
Кабелот што се скина во смртоносната несреќа на жичницата во Лисабон минатиот месец не ги исполнувал потребните спецификации, според прелиминарниот извештај од истрагата. Видот на кабел што се користи од 2022 година не бил сертифициран за превоз на патници или погоден за жичници, соопшти во понеделник Генералната влада на Португалија за спречување и истрага на воздушни и железнички несреќи (GPIAAF). Шеснаесет лица загинаа, а 21 беа ...
Градежните работници во понеделник почнаа да рушат дел од Источното крило на Белата куќа за да ја изградат долгоочекуваната балска сала за американскиот претседател Доналд Трамп. Беше виден багер како ја урива фасадата на зградата, дел од комплексот на Белата куќа во кој се наоѓаа канцелариите на првата дама, театар и влез за посетители каде што беа пречекани странски достоинственици. Се очекува проектот за балската сала да чини повеќе од ...
Доцна синоќа голем пожар избувна во рафинеријата за нафта на MOL во Сажаломбата, на околу 30 километри југозападно од Будимпешта. Медиумите во Унгарија пишуваат дека „небото поцрвенело“ и дека околу 50 пожарникари ја поминале целата ноќ обидувајќи се да го стават пожарот под контрола, што успеале да го направат дури во зори. Социјалните мрежи беа преплавени со фотографии и видеа од пожарот, кој бил видлив од сите околни места, вклучително и ...
Специјализираниот кривичен суд во словачкиот град Банска Бистрица го осуди Јурај Цинтула на 21 година затвор за обидот за атентат врз премиерот Роберт Фицо во мај минатата година. Цинтула (72) го застрела Фицо во Хандлова на 15 мај минатата година, каде што се одржуваше седница на словачката влада, и беше прогласен за виновен за тероризам, но пресудата сè уште не е конечна, објавува TASR. Пресудата што денес му е изречена на напаѓачот на ...
Второто коло од Европскиот клупски куп во шах, кој се одржува на грчкиот остров Родос, донесе убедлива победа од 6-0 за интернационалниот состав на ШК Алкалоид. “Жртва” на фармацевтите беа домашните шахисти од клубот Ипотитис Родос (Витезите од Родос), кои според просечниот рејтинг од 2.341 поен котираа во првата третина од стартната листа. Мечот беше отворен со првата победа, која се случи на последната шеста табла, на која ВМ Абиманју ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес објави дека ќе ги продолжи телефонските контакти со американскиот државен секретар Марко Рубио. „Се согласивме да ги продолжиме овие телефонски контакти со цел подобро да разбереме каде сме и како да се движиме во вистинската насока“, рече Лавров на брифинг за медиумите, пренесува РИА Новости. Еден ден претходно, Лавров и Рубио одржаа телефонски разговор во кој разговараа за можни ...
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денес изјави дека медиумските извештаи за можноста рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп да пристигнат со ист авион во исто време на самитот во Будимпешта се фантастично сценарио и далекусежна теорија. „Го сметам ова за фантастично сценарио“, рече Песков, пренесува ТАСС. Песков додаде дека ниту Путин ниту Трамп не зборувале за точните датуми на средбата, бидејќи ...
Мобилни царински тимови спречиле обид за криумчарење на пет мигранти на граничниот премин Богородица, соопшти денеска Царинската управа. Службата за мобилен скенер на граничен премин Богородица открила обид за криумчарење на мигранти, државјани на Сиера Леоне, Египет и Екваторска Гвинеја. Случајот е откриен при контрола на товарно возило со влекач со косовски регистарски таблички и приколка со македонски регистарски таблички. При извршен ...
Полските безбедносни служби приведоа осум лица, осомничени дека подготвувале саботажи во повеќе региони во земјата, соопшти премиерот Доналд Туск, пренесе Ројтерс. Како што јавува агенцијата, официјални претставници на земјата изјавиле дека Полска е цел на тактики што вклучуваат предизвикување пожари и кибернапади како дел од од „хибридната војна“ што ја води Москва за дестабилизација на државите што ја поддржуваат Украина во нејзината ...
Најбрзиот воз во светот, „ЦР-450“ почна со серијата пробни возења на брзата железница во Кина. За почеток, тој достигна брзина од 453 километри на час. Серијата возови дизајнирани за максимална тест-брзина од 450 км/ч и комерцијална брзина од 400 км/ч, моментно се подложени на квалификациски тестови на брзата железница што го поврзува источниот град Шангај со западниот град Ченгду, објави „Шинхуа“. Брзиот воз достигнува забрзување од 350 ...
Средбата меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио бара подготовка, објави државната новинска агенција РИА, повикувајќи се на рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. Очекуваната средба меѓу Рубио и Лавров се смета за клучен подготвителен чекор за вториот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин оваа година во ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, бара Владата да прогласи вонредна состојба поради состојбата со сметот во градот. Информира дека јавното комунално претпријатие изминатите пет дена воопшто не се појавило на улиците во Центар за да го собере ѓубрето и вели оти состојбата е алармантна. „Ова ги надминува сите граници. Се соочуваме со огромни проблеми, а набрзо не дај Боже и зарази. Нашите хигиеничари се во две смени, имаме ...
Кошаркарот на Хјустон, Кевин Дурант, се искачи на врвот на листата на играчи со најголема заработка само од клупски договори во НБА лигата. Досега, таа позиција ја држеше Леброн Џејмс со 583,9 милиони долари. Двегодишниот договор на Дурант со Рокетси, вреден 90 милиони долари, му донесе и поместување на врвот на оваа престижна листа на најплатени играчи во историјата на најсилната лига. Со новиот потпис, Дурант заработил 598,2 милиони долари ...
Унгарија ќе ги искористи сите политички и правни алатки за да спречи усвојување на предлогот REPowerEU кој има за цел забрана на увоз на руска енергија во Европската унија, изјави вчера во Луксембург унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто. Според соопштение на унгарското Министерство за надворешни работи и трговија, кое го пренесе mfor.hu, министерот на прес-конференција по состанокот на Советот на ЕУ за надворешни работи и ...
Врз основа на бројот на освоени општини и на општините во кои одиме во втор круг, политички победник на овие избори е коалицијата ВРЕДИ и ние сме втората политичка сила во Македонија, изјави Башким Бакиу од ВРЕДИ попладнево на прес-конференција на која присуствуваа лидерите на четирите политички субјекти во оваа коалиција. Како што рече, „ВРЕДИ е победник во пет општини во првиот круг, во шест оди во втор круг и сме победници за ...