Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Поранешниот француски претседател Никола Саркози утрово пристигна во парискиот затвор Санте, каде што ќе отслужи петгодишна затворска казна, објавија француските медиуми. Саркози рано утрово го напушти својот дом, придружуван од сопругата Карла Бруни и децата, додека неговите собрани поддржувачи му аплаудираа, го извикуваа неговото име и ја пееја „Марсељезата“, објавува порталот BFMTV. По кратката средба со поддржувачите, Саркози влезе во ...
Цените на нафтата паднаа под 61 долар на меѓународните пазари денес, поради мрачни проценки за вишок понуда и знаци за затоплување на односите меѓу САД и Русија што би можело да значи полесен пристап до руска нафта. На лондонскиот пазар, цената на барел по пладне беше за 72 центи пониска отколку на затворањето на трговијата на крајот од минатата недела, на 60,57 долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше по цена за 66 центи пониска, ...
Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, изрази надеж дека по локалните избори, земјава ќе ги направи потребните уставни измени за вклучување на бугарската заедница како малцинство во македонскиот Устав, со цел откочување на евроинтеграциите. Во изјава за Европската новинска редакција (ЕНР), чиј дел е и Медиумската информативна агенција (МИА), Вајц вели дека усвојувањето на уставните измени ќе го отвори патот ...
Полска го предупреди рускиот претседател Путин да не лета над нејзиниот воздушен простор за средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, велејќи дека може да биде принудена да изврши меѓународна потерница ако тој го стори тоа. Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави дека не може да гарантира дека независен полски суд нема да ѝ наложи на владата да придружува таков авион за да го предаде Путин на ...
Во периодот од 2017 до 2025 година, бројот на неважечки ливчиња на локалните избори во Македонија расте, со особено нагласен пораст во последниот изборен циклус. Во 2017 година, во првиот круг од локалните избори за градоначалници биле регистрирани 45.551 неважечки ливчиња. Овој број се намалил во 2021 година, кога беа евидентирани 19.127 неважечки ливчиња за градоначалници, но истовремено имало 37 959 неважечки ливчиња за советнички листи. ...
Лидерите на европските земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција, Германија, Украина и Европската Унија, денес издадоа заедничка изјава во која изразија поддршка за напорите на Украина и американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување договор за прекин на огнот на украинскиот фронт. „Цврсто го поддржуваме ставот на претседателот Трамп дека борбите мора веднаш да престанат и дека сегашната линија на контакт треба да биде почетна ...
Од јуни 2026 година, Црна Гора и Албанија ќе се приклучат на единствениот пазар на ЕУ за телекомуникациски услуги, со што ќе се стави крај на роамингот меѓу овие земји и ЕУ. Граѓаните ќе можат да остваруваат повици и да користат мобилни податоци по цени како да се во својата матична земја. Патувањето во Црна Гора и Албанија од ЕУ ќе стане поевтино благодарение на укинувањето на трошоците за роаминг. Овој потег е дел од поширока иницијатива ...
Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во име на Албанците, но за лични интереси, се наведува во соопштението од ВЛЕН. Во текстот се додава: „Ова е, пред сè, порака до Арбен Таравари, а потоа и до Исен Шабани, кои помислија дека Албанците ќе ги следат во нивните политички игри, менувајќи ги принципите како ситни пари. Иако се обидуваат да најдат ...
Филипче, клонот на Заев, ја руинира СДС, историски дебакл на некогаш големата СДС. Дебаклот што се случи на локалните избори е знак дека СДС тоне во нивната ароганција, аздисаност и водење политики спротивно на интересите на народот, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: „На локалните избори СДС освои околу 126 илјади гласови на советничките листи, што претставува убедливо најлош резултат во историјата. Или во број ...
Белата куќа се обидува да го зачува договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас и покрај загриженоста дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху би можел да започне целосен напад врз окупираната палестинска енклава и со тоа да го поништи договорот постигнат со посредство на САД, изјавија денес неименувани американски претставници. Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, треба да отпатува во Израел денес за да ...
Најмалку едно лице загина, а десетина се повредени откако силно торнадо синоќа ја погоди општината Ермон во францускиот департман Вал-д’Оаз. Невремето остави зад себе сцени на пустош, предизвикувајќи голема материјална штета и целосен прекин на сообраќајот, јавува BFMTV. Силниот ветер корнеше дрвја, креваше покриви од куќи и превртуваше автомобили. Особено драматични беа сцените од три срушени градежни кранови кои паднаа врз ...
Надежите на американскиот претседател Доналд Трамп за средба со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта бледнеат откако беше одложен подготвителниот состанок меѓу министрите за надворешни работи на двете земји оваа недела, објави Си-ен-ен. Повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање, Си-ен-ен објави дека причината за одложувањето на состанокот меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни ...
Променливо облачно со сончеви периоди – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во крајните јужни и источни делови од земјава ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 10 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 19 степени. Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од ...
На државава и се потребни 56 години за да го стигне европскиот просек во однос на стандардот и условите на живеење, покажува извештајот подготвен од страна на осум организации од Западен Балкан којшто е фокусиран на приближување на земјите од регионот кон Европската унија. Сепак, постојат многу фактори кои можат да го забрзаат овој процес, но за тоа е потребно да се завршат работите дома, односно да се спроведат клучните реформи коишто ќе ...
Државната изборна комисија (ДИК) ги објави првите официјални резултати, според кои во 43 општини градоначалници се избрани во првиот круг, додека Градот Скопјe и уште 33 општини одат во вториот круг. Цензус не е постигнат во општина Гостивар, каде што гласале само 33,31 процент од гласачите. Цензус не е постигнат ниту во општините Маврово Ростуше, Центар Жупа и Врапчиште. Во овие 4 општини, изборите мора да се повторат во рок од 60 дена по ...
Меѓу земјите-членки на ЕУ не постои волја за укинување на правото на вето во процесот на проширување. Дури и идејата што неодамна им ја изнесе претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, пред лидерите на ЕУ, за укинување на правото на вето барем при одлучувањето за отворање на поглавјата во преговорите, не наиде на поддршка. Според дипломатски извори, неколку земји-членки се изјаснија против идејата. Во различните тела на ЕУ каде што ...
Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, имал средба со Изет Меџити и Башким Бакиу од Коалицијата ВРЕДИ од кои, како што објави на Фејсбук, добил искрена и силна поддршка за вториот круг од локалните избори. -Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу. Од нив добив искрена и силна поддршка за ...
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, по победата во Остин изјави дека сега постои шанса да се освои петто едноподруго првенство во Формула 1. Холандскиот возач ја намали разликата со водечкиот тандем на Мекларен. Оскар Пјастри (кој ја заврши трката во Остин на петтото место) го предводи генералниот пласман со 346 поени, второпласираниот Норис е 14 бода зад него, додека Верстапен е трет со 306 бода. „Ова е неверојатен викенд за нас. Знаев дека ...
Товарен авион од Дубаи се лизна од пистата во морето при слетувањето на Меѓународниот аеродром во Хонг Конг рано во понеделник, соопшти аеродромот, а локалните медиуми објавија дека две лица загинале. Фотографиите направени по несреќата, што се случи во 3:50 часот по локално време, го покажаа товарниот авион Боинг 747 со ознаки AirACT полупотопен во морето во близина на аеродромот. Четири члена на екипажот беа спасени, соопшти аеродромот во ...
За Делегацијата од Европскиот Парламент што ги следеше локалните избори, гласањето на денот на изборите поминало во мирна атмосфера, но со одредени процедурални забелешки и помали неправилности во однос на пребројувањето, евидентирањето на гласачите и слуаи на семејното гласање. Марта Темидо, од Делегацијата за набљудување на избори од Европскиот Парламент рече дека повеќе од препораките од претходните набљудувања на изборите се уште не се ...
Поранешниот шеф на надворешната политика на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека не верува во најновото примирје во Газа, велејќи дека е исто толку кревко како и претходните два, објавија денес шпанските медиуми. „Ова е трет пат договорот за примирје да биде прекршен, а во претходните два случаи Израел го прекрши еднострано“, рече Борел, кој учествува на форумот „Свет во напредок“ во Мадрид. Тој додаде дека е тешко да се зборува за примирје кога ...
Детективот за истраги поврзани со кражба на уметнички дела, Артур Бренд, денес го нарече грабежот во музејот Лувр „кражба на деценијата“ и додаде дека полицијата има само една недела да ги пронајде виновниците за да ги врати „непроценливите“ предмети. Тој за Скај њуз изјави дека крунските скапоцености се толку познати што едноставно не можат да се продадат и дека единственото нешто што може да се направи е да се стопи среброто и златото, да ...
Научниците утврдија дека нивото на морето се зголемило со побрзо темпо помеѓу 1900 и 2020 година отколку во кое било време во претходните 4.000 години, објави денес „Шпигел“. Користејќи податоци од студии за корални гребени и тропска вегетација во плитки, крајбрежни води, истражувачите го реконструираа нивото на морето од крајот на последното ледено доба во нова студија, заклучувајќи дека тие сега растат особено брзо и дека топењето на ...
Шампионот на Македонија Алкалоид, стартуваше со победа во првото коло од Европскиот клупски куп во шах. За овој настап на Родос, Грција, екипата имаше две промени во однос на тимот од 2024 година и тоа на петтата и на шестата табла, каде што настапија ВМ Абиманју Пураник и ИМ Тони Лазов, при што обајцата имаа успешно деби со освојување цел поен. Очите на македонската шаховска јавност го следеа последниот македонски државен шампион Тони Лазов ...
Германскиот канцелар и лидер на Христијанско-демократскиот сојуз на Германија (CDU), Фридрих Мерц, денес изјави дека на изборите што ќе се одржат во пет германски покраини следната година, Алтернатива за Германија (AfD) ќе биде нивниот главен противник. Тој на прес-конференција во Берлин, по дводневната седница на претседателството на партијата, изјави дека CDU јасно и недвосмислено ќе покаже каде стои AfD и јасно ќе се одвои од нив, ...
Повеќето земји од Европската Унија денес се согласија да го забранат увозот на руски природен гас во ЕУ до крајот на 2027 година. Мерката беше усвоена на состанокот на министрите за енергија на ЕУ во Луксембург, а сега треба да се дебатира во Европскиот парламент. Забраната првпат беше предложена оваа пролет од Европската комисија (ЕК). Со прекинувањето на увозот на руски гас, ЕУ сака да прекине еден од главните извори на руски пари за ...
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 467 денари во споредба со септември, покажуваат податоците што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. Според пресметките на ССМ, синдикалната минимална кошница за октомври изнесува 65.544 денари и во споредба со септември изнесуваше 65.077 денари е зголемена за 467 денари. Најзначаен пораст е забележан кај трошоците за храна и пијалоци, кои во ...
Англискиот фудбалски тренер Греам Потер не остана долго без работа по неодамнешниот отказ во Вест Хем. Сега и официјално ја презема шведската репрезентација. Фудбалската асоцијација на оваа скандинавска земја официјално потврди дека 50-годишниот Потер е новиот селектор на репрезентацијата на „трите круни“. Тој ќе го наследи Јон-Дал Томасон на таа позиција, кој неодамна беше отпуштен поради лоши резултати. Шведска моментално е последна во ...
Кремљ објави дека Будимпешта е избрана за место за средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи унгарскиот премиер Виктор Орбан има добри односи со двајцата лидери. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им изјави на новинарите: – Орбан има доста топли односи со претседателот Трамп и многу конструктивни односи со претседателот Путин. – И тоа, секако, во голема мера придонесе за разбирањето ...
Европскиот парламент во вторник ќе ги потврди новите правила за возачките дозволи, кои веќе се одобрени од Советот на Европската унија. Промените носат значајни новини за новите возачи, но и модернизација на системот преку воведување дигитална возачка дозвола, достапна преку паметни телефони. Поголем фокус на безбедноста и технологијата Според новите правила, кандидатите за возачи ќе мора, при полагањето на теоретскиот и практичниот испит, ...