Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Охриѓанецот С.Б. е најновиот среќен добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 6.127.129 денари! На 12.10.2025, токму на видеолотариските терминали во Клуб спорт 77 Евротип, неговата среќна игра „40 Burning Hot“ му ја донесе најпосакуваната добивка! Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува радост, исполнети соништа и незаборавни моменти! Во периодот од 06.10.2025 до 12.10.2025 Видеолотарија Касинос Австрија ...
За да се постигне цензусот за Општина Гостивар недостасуваат околу 25 гласа, дознава Алсат. Излезноста на гласачите според податоците на Државната изборна комисија е 31,31%, додека според Изборниот законик, за да се постигне условот, мора да излезе една третина од списокот на гласачи, односно над 33,33%. Сепак, во текот на денот, во ДИК пристигнуваат официјалните записници преку кои се очекува да се потврдат конечните резултати од гласачките ...
Бројот на посети на глобалната онлајн енциклопедија Википедија се намали за осум проценти на годишно ниво, според блог пост на Маршал Милер, виш директор за производи и основни искуства во Фондацијата Викимедија. Падот на посетите на Википедија доаѓа откако ажурирањето на нејзиниот систем за откривање ботови откри дека дел од претходно „многу високиот“ сообраќај всушност доаѓал од ботови кои се обидувале да избегнат контрола, додека посетите ...
Лидерот на СДСМ Венко Филипче треба да поднесе оставка по резултатите од локалните избори, на кои катастрофално изгуби и ДУИ, оцени денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. – Македонија е обоена во црвено, ВМРО-ДПМНЕ ја има убедливо најголемата победа. Во вториот круг очекуваме уште една победа и работа, рече Николоски на партиска прес-конференција. Убеден е дека Скопје ќе го направи вистинскиот избор и оти кандидатот за ...
Според првичните неофицијални податоци од Државната изборна комисија (ДИК), владејачката ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови за советници на вчерашните локални избори. Според резултатите објавени на веб-страницата на ДИК, обработени се 3.471 од вкупно 3.474 избирачки места, што претставува 99,91 отсто од вкупниот број. ВМРО-ДПМНЕ добила поддршка од 301.919 гласачи, додека опозицискиот СДСМ освои 125.824 гласови. На третото место е ...
Кандидадот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски и актуелниот пратеник на Левица во Собранието, Амар Мециновиќ одат во вториот круг за избор на градоначалник на Град Скопје, што ќе се одржи на 2 ноември. Кандидатката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) за градоначалник на Скопје, Каја Шукова не успеа да влезе во трката за престижната функција и, според првичните резултати во првиот круг заврши четврта, меѓу 16 кандидати кои се тркаа ...
Европската комисија го заврши скрининг процесот со Украина и Молдавија и веќе во ноември Советот на ЕУ би можел да донесе одлука за почеток на преговорите со двете земји по шесте преговарачки кластери, изјави денеска во Луксембург еврокомесарката за проширување Марта Кос при пристигнувањето на состанокот на Советот за надворешни работи на Унијата. Според неа, двете земји го забрзаа спроведувањето на реформите, се справуваат со корупцијата, ...
По преброени 99% од гласовите, се потврдува она што СДСМ го говореше, а тоа дека оваа власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на овие избори ќе изгуби огромен број на гласови. Споредбените анализи со изборните резултати од минатата година покажуваат дека ВМРО–ДПМНЕ и ЗНАМ имаат изгубено по речиси една третина од гласовите. Падот на ВМРО-ДПМНЕ е фантастични 135.000 или 30,8% од гласовите, а ЗНАМ паѓа од 56.200 на 38.034 гласови, односно е најголем ...
Според првичните неофицијални податоци од Државната изборна комисија (ДИК), владејачката ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови за советници на вчерашните локални избори. Според резултатите објавени на веб-страницата на ДИК, обработени се 3.471 од вкупно 3.474 избирачки места, што претставува 99,91 отсто од вкупниот број. ВМРО-ДПМНЕ добила поддршка од 301.919 гласачи, додека опозицискиот СДСМ освои 125.824 гласови. На третото место е ...
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по, како што наведуваат, „историскиот дебакл“ што партијата го доживеала на вчерашниот прв круг од локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека СДСМ, предводена од Филипче, ги загубила своите клучни позиции и покажала целосна безидејност. „СДС предводена од Венко Филипче го изгуби во прв круг и бастионот Струмица. ВМРО-ДПМНE пак ја освои Струмица во прв ...
Според првичните резултати од обработени 99,93% од гласовите во Советот на Град Скопје најмногу советници ќе има ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата 18 советници. По шест советници ќе имаат Коалицијата ВРЕДИ, Националната алијанса за интеграција и Левица. СДСМ ќе има пет, а еден советник ќе има и ЗНАМ. Во 45 члениот совет на Градот Скопје влегуваат и Ристо Пенов од Искуство за успех и Јана Белчева Андрееска и Марјан Калевски, како независни. Во Скопје ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изрази увереност дека експонатите украдени од Лувр ќе бидат пронајдени и оти сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Макрон на X напиша дека кражбата извршена во Лувр е напад врз ценетото културно и историско наследство на Франција. Францускиот претседател изјави дека се преземаат сите активности за фаќање на сторителите и враќање на експонатите, и дека целиот процес го води канцеларијата ...
На локалните избори, во прв круг беа избрани градоначалници во 44 општини, додека во 33 ќе се гласа во втор круг. Во три општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Според податоците на Државната изборна комисија, градоначалници во прв круг се избрани во Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, ...
Одѕивот на изборите за градоначалници и советници, според подфатоците на ДИК, за првпат нема да надмине 50 проценти во првиот круг. Излезноста во првиот круг на осмите локални избори, од независноста на земјава досега, што се одржаа вчера, најверојатно ќе биде најмала досега со 48.29% според обработени 99.94% избирачи од 3 472 избирачки места од вкупно 3 474. Најголема излезност во првиот круг на изборите за градоначалници во земјава имало ...
Европската унија ја разгледува можноста идните членки да се приклучат кон блокот без целосни права на донесување одлуки, вклучително и право на вето, со цел да го забрза процесот на проширување, дознава Политико од Брисел од дипломатски извори. Предлогот, кој е сè уште во рана фаза и бара едногласно одобрување од сите 27 земји-членки, би им овозможил на новите држави да уживаат во поголемиот дел од придобивките од членството, додека тие би ...
Според досега целосно обработените резултати од гласањето, во 11 општини градоначалниците се избрани уште во првиот круг од локалните избори. Најмногу победи забележа ВМРО-ДПМНЕ, чии кандидати триумфираа во осум општини, СДСМ во прв круг засега победи во една општина, исто како и НАИ и ВЛЕН. Победници од ВМРО ДПМНЕ се Славе Андонов во Василево (73,97%), Коста Маневски во Зелениково (57,19%), Ѓорѓе Божинов во Ново Село (58,86%), Александар ...
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, доцна синоќа на прес-конференција изјави дека неговата партија станува новиот лидер на опозицијата во Македонија, нагласувајќи го континуираниот раст на поддршката од граѓаните во последните изборни циклуси. „Од 8 кандидати за градоначалници во 2021 година, сега имаме 20. Од 38 советнички листи – 53, во вкупно 80 општини. Од 50.000 гласови пораснавме на над 75.000. Од 48 советници, сега имаме над 70 ...
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура се движи во интервал од еден до осум Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од ...
Меѓународните набљудувачи денеска на прес-конференција ќе ги презентираат своите наоди за Локалните избори 2025 во Република Северна Македонија. Меѓународното набљудување на изборите е заедничка мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), Конгресот за локални и регионални власти на Советот на Европа и Европскиот парламент. Мисијата вклучува вкупно 276 набљудувачи од 40 земји, составени од 254 експерти ...
Според првичните резултати објавени досега од Државната изборна комисија (ДИК), кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со освоени 41,04% од гласовите. Зад него се Башким Бакиу од ВРЕДИ со 17,05% и Скендер Реџепи од НАИ со 15,56%. Следуваат Амар Мециновиќ од Левица со 10,47% и Каја Шукова од СДСМ со 9,42%. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, бележат водство и во повеќето скопски општини. Во општина ...
Актуелниот градоначалник на Општина Карпош и кандидат на коалицијата „Искуство за успех“, Стевчо Јакимовски, објави дека влегува во вториот круг од локалните избори, каде што ќе се соочи со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски. „Јасно е изразена волјата на граѓаните. Гласовите на опозицијата се дупло повеќе во однос на ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам во вториот круг поддршка од сите опозициски сили“, изјави Јакимовски на вечерашната ...
Сè поизвесно станува дека нашиот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, влегува во втор круг – изјави членот на Централниот комитет на Левица, Круме Богевски, на денешната прес-конференција. Богевски изјави дека во Левица постои исклучително задоволство од изборните резултати, кои постојано се ажурираат. Рече дека според информациите, Левица е втора партија во урбаните средини како Кисела Вода, Аеродром и Карпош, веднаш по ...
Независниот кандидат за градоначалник на Струга Менди Ќира и кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) Арсим Далипи, според првичните информации на Државната изборна комисија ќе се борат за градоначалничката позиција во вториот круг на локалните избори. Ќира на прес-конференција вечерва се заблагодари до сите граѓани што гласале, како што рече, одговорно и не подлегнале на провокации, закани и манипулации. – Денес е ден кога ...
Не ни е важно со кој ќе се натпреваруваме во вториот круг, ЗНАМ ќе победи. Ова вечерва го соопшти кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски од ЗНАМ. „Им благодарам на партнерите од ВМРО-ДПМНЕ за поддршката, ние сме најбројни, а ВМРО-ДПМНЕ втори во Советот и тоа значи дека општината ќе функционира непречено“, рече Димитриевски. На славеничката атмосфера на плоштадот во Куманово, по прес-конференцијата на Димитриевски се ...
Од досега обработени 75,37 отсто од гласовите и податоци од 2 755 Избирачки места од вкупно 3 474, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 54 општини, СДСМ и Коалицијата во 8, Коалицијата ВЛЕН во 8 Националната алијанса за интеграција во 5. Кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски води во Куманово, Курто Дудуш од Унијата на Роми во Шуто Оризари, Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците во Центар ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва на прес-конференција објави победа во три општини во првиот круг од локалните избори – Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци. Кандидатите на СДСМ, како што рече, водат и во девет други општини каде што ќе се оди во втор круг на 2 ноември. „Од пребројаните близу 70 отсто од гласовите водиме во девет општини – Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново-Облешево, Валандово, Конче, Крушево, Лозово и ...
Кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Петар Јанков, вечерва прогласи победа. Тој во своето обраќање истакна дека по 20 години падна бастионот на СДСМ во Струмица. -Според податоците од нашиот аналитички центар од обработените 82 отсто од обработените гласови ВМРО – ДПМНЕ води со 12.223 гласови наспроти противникот со 7.908 гласови. Тоа укажува на разлика од повеќе од 4.000 гласови. Очекувам во 17 избирачки ...
Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, му ја честита победата на својот противкандидат од ВЛЕН, Изет Меџити, и најави дека за следните политички чекори ќе ја информира јавноста наредните денови. „Честитки до мојот противкандидат и целата коалиција што застана зад него, тие се победници на изборите во Чаир и им посакувам успех во водењето на општината во следните четири години. За следните политички чекори, во следните ...
Јавните обвинителства во текот на целиот ден интензивно го следеа изборниот процес и сите известувања со евентуални индиции за сторено кривично дело поврзано со изборите, рече претседателот на привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на постапувањето по евентуални кривични дела поврзани со изборите, јавниот обвинител Џељаљ Бајрами. „Генерално, бројот на такви информации кои упатуваат на сомненија за сторени кривични дела е ...
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со освоени 41,24 од гласовите според првичните резултати објавени досега од Државната изборна комисија (ДИК). Зад него се Башким Бакиу од ВЛЕН со 13,12 и Амар Мециновиќ од Левица со 12,09%, потоа Скендер Реџепи од НАИ со 11,84 и Каја Шукова од СДСМ со 10,78%. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, бележат водство и во повеќето скопски општини. Во општина Аеродром, ...