
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Според министерот за економија Бесар Дурмиши, преземените мерки од почетокот на годината, како ограничувањето на маржите на прехранбени и хигиенски производи, дале позитивни резултати. Тој рече мерките донеле стабилизација на цените и инфлацијата. Измерените податоци од статистика за инфлацијата на месечно ниво, бележат зголемување од 0,6% , што за министерот е практична нула. Тој рече доколку цените на производите растат ќе воведат поригорозни ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...
На барање на општината, институтот ИНСИ од Косово ја подготвува студијата за мобилност за градот Тетово, но и генералниот урбанистички план. Студијата за мобилност се прави со цел да се намали метежот по улиците во градот. „Тоа беше прва фаза од анализата на постојната состојба во однос на влезот и излезот на автомобилите и каде тие се повеќе концентрирани во рамките на планот за урбана мобилност за градот. Токму за оваа основна студија од ...
20-годишниот Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино, а во која тој управуваше зад воланот без возачка дозвола, под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло додека Кулакова поминувала на пешачки премин по булеварот Партизански Одреди.Јованов во судницата им се извини на родителите на жртвата. “Со голема грижа на совест носам товар за она што го сторив. Не ...
Во штипскиот Основен суд пред судија на претходно постапка вечерва се спроведени пет лица, кои се инволвирани во синоќешното убиство на 25 годишниот странски државјанин во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Судија на претходна постапка треба да одлучи за одредување мерки притвор. Полициски службеници ги донесоа 21 годишниот К.К државјанин на Република Турција за кој постои сомнение дека го сторил убиството, потоа А.Х, ...
Кошаркарите на Минесота израмнија во полуфиналната серија од Западната конференција на НБА плејофот, откако во вториот натпревар ги победија Голден Стејт Вориорс со 117-93. Сега е 1-1 во серијата, која се сели во Оукленд, а во следните два натпревари „воините“ ќе имаат предност на домашен терен. Голден Стејт не можеше без најдобриот играч Стеф Кари, кој ја повреди задната ложа на првиот натпревар пред два дена. Сè уште чекаме проценка на ...
Карлос Алкараз, по кратка пауза се враќа на терените и тоа на Мастерсот во Рим, каде што ќе се соочи со Србинот Душан Лајовиќ во второто коло. Заедно со Јаник Синер, кој се враќа на терените по суспензија, важи за еден од главните фаворити за освојување на турнирот. Младиот Шпанец однапред ги отпиша сите ривали и потенцира дека очекува токму тој и Синер ќе се сретнат во финалето. „Многу ми е драго што Синер ќе игра овде. Му беше тешко, сигурен ...
По синоќешното убиство во Штип, од СДСМ велат дека безбедноста во Македонија е целосно нарушена и дека убиствата станале секојдневие, а министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нема контрола над безбедноста. Велат, речиси секоја недела има убиства и тоа пред очите на граѓаните. За само 10 месеци, во Скопје имаше неколку убиства – во Мавровка, Бит Пазар, Чаир, Шуто Оризари,како и значително е зголемен бројот на разбојништва и кражби. Луѓето ...
Згаснуваат со работа најактивните 53 нелегални онлајн коцкарници. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, вели дека го потпиал првиот налог за забрана на нелегални приредувачи на онлајни игри на среќа, кој го испратиле до Агенцијата за електорнски комуникации и тие треба во рок од пет дена да го препратат до телеком оператори во државава и тие веднаш да ги забранат. Целта на затворањето на нелегалните онлајн коцкарници е да се ...
Владина делегација предводена од министерот за одбрана Владо Мисајловски, министрите за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и правда Игор Филков положија венец на спомен-обележјето на Партизанските гробишта во Бутел, по повод одбележувањето на Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во својот говор рече дека 9 мај не е само датум во календарот, туку е ден кога жртвата на ...
СВР Куманово поднел кривична пријава против В.Т. – поранешна директорка на средното училиште „Киро Бурназ“ од Куманово, осомничена за кривично дело „злоупотреба на службената положаба и овластување“, против правно лице од Куманово за превоз на патници и сопственикот Д.П. од Куманово поради сомнеж за кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ и „фалсификување или ...
„Аквадуктот“ во Скопје беше само една од локациите каде што се одржа акцијата „Генерално чистење за викенд“. Со ракавици на рацете и пластични кеси, политички претставници и вработени во државните и приватните институции собираа ѓубре, овозможувајќи и на природата слободно да дише. „Животната средина, а особено културните споменици како што е Аквадуктот, заслужуваат почит и грижа. Ваквите акции, во кои сите заедно покажуваме иницијатива, волја ...
Младиот Кироски од Кочани повеќе од еден час беше врзан за столб на скопскиот плоштад, со цел да го привлече вниманието на институциите и граѓаните. ”Зошто сте тука? По извесно време, тој се симна од столбот и ги повика институциите да се свестат за големата трагедија и да им помогнат на младите кои беа повредени во трагедијата во Кочани. По испраќањето на пораката, тој додаде дека самиот помогнал во спасувањето на присутните од трагедијата во ...
Во Собранието започна дебатата за измените на Законот за локална самоуправа, со кои се предвидува граѓаните да покренат иницијатива за разрешување на градоначалник. Ова би можело да се направи преку референдум, инициран од најмалку 20% од граѓаните, односно жители на општината. Пратеникот Беким Ќоку го спомена градоначалникот на Струга, за кого вели дека иако против него се поднесени неколку кривични пријави, градот Струга е исполнет со ...
Со гордост објавуваме дека Прилепска Пиварница е добитник на највисокото признание од PepsiCo – BEVERAGES Caleb Bradham Quality & Food Safety Excellence Award for 2024, платинеста награда за извонредност во категоријата „Пијалаци“. Ова престижно признание ја потврдува нашата посветеност кон врвниот квалитет, безбедноста на храната и на пијалаците, како и постојаното подобрување на производствените процеси. Прилепска Пиварница е едната од ...
Во текот на речиси целиот 20 век научниците бележеле континуиран раст на резултатите од тестовите за интелигенција. Овој феномен е познат како Флинов ефект. Просечниот коефициент на интелигенција (IQ) растел за околу три поени по деценија, што се припишувало на подобрувања во исхраната, образованието, здравствената грижа и стимулативната околина. Но, овој тренд веќе не е постојан. Последниве неколку децении сè повеќе истражувања укажуваат на ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, на покана на украинскиот министер Андри Сибиха и високата претставничка на ЕУ Каја Калас, престојувал во еднодневна посета на Лвов, каде што учествувал на министерскиот состанок за формирање на Специјалниот трибунал за злосторството агресија против Украина и на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска ...
Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов. На судењето што почна денеска во Основниот кривичен суд Скопје, обвинетиот Васил Јованов призна вина, а адвокатот на семејството Кулакови, побара највисока казна. Јованов е осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во ...
Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Лав XIV во петок (9 мај) ја одржа првата миса во Систинската капела во Ватикан, заедно со кардиналите кои го избраа. Папата Лав XIV ја започна мисата со обраќање на англиски јазик, велејќи дека: „Господ направи чудесни дела“. „Додека денес славиме заедно, ве поканувам да ги славите чудата што ги направи Господ и благословите што тој продолжува да ги излева врз нас“, рече тој. Истакна дека бил повикан ...
Тешките времиња може да бидат можност за да извлечеме вистински лекции, да се посветиме на дела и да ги подобриме работите на долг рок. Токму ова го направија основачите на ЕУ пред 75 години. Токму ова го бараат граѓаните на ЕУ. Токму ова го бараат и граѓаните на Северна Македонија, особено младите. Во првите девет месеци од мојот престој во земјата, се среќавав многу често со млади, каде и да патував. Тие беа едногласни, не гледаат друга иднина ...
Европејците денеска го прославуваат Денот на Европа – 9 мај, одбележувајќи ја воедно и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасираше патот кон нова ера на просперитет, мир, демократија, солидарност и соработка на Стариот континент. На 9 мај се чествуваат две годишнини – завршувањето на Втората светска војна во Европа во 1945 година и промовирањето на планот на тогашниот француски ...
Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милијарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи. Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по ...
Полицијата ги уапсила напаѓачот од Штип и уште четири лица кои му помогнале да избега. Како што информираат од МВР, вчера во 21.25 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило. Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал. По преземени мерки и активности, при што бил употребен и ...
Мерки на претпазливост му се изречени на маж кој и се заканувал и се обидел да ја повреди сопругата пред двете малолетни деца. Основното јавно обвинителство од Скопје денеска соопшти дека е поведена постапка против него за кривично дело „насилство“ и „загрозување на сигурноста“. Осомничениот на 5 мај ја загрозил сигурноста на својата сопруга, така што при вербална расправија пред нивните две малолетни деца почнал да и се заканува, по што зел ...
Ќе отидам во Белата куќа тогаш кога ќе имаме пакет со решенија за трговските прашања со кој ќе се согласиме со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. „За мене е важно ако одам во Белата куќа да имам пакет и сакам да имам решение за кое двајцата можеме да се согласиме, тоа е она на што работиме во моментов во рамки на разговорите со САД“, рече Фон дер Лајен на ...
Косово останува заглавено во политички ќорсокак откако утрово пропадна и 13-тиот обид за конституирање на Собранието, предизвикувајќи загриженост за институционална парализа и прерасна во сериозен тест за државната зрелост на Косово. Косово продолжува да биде без функционално Собрание, бидејќи пратениците повторно не успеаја да конституираат ново Собрание, точно три месеци по одржувањето на парламентарните избори на 9 февруари. Како и на ...
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во март 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.4 проценти, а во однос на март минатата година за 7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). На странските пазари, во март 2025 година продажните цени на производителите на индустриски производи се зголемени за 0,5 проценти во однос на претходниот ...
Царинска војна им нанесува штети на сите и во таков вид на војна никој не е победник, порача денеска (9 мај) германскиот канцелар Фридрих Мерц на заедничка прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во Брисел. „Ескалацијата на спорот за царините не е добра идеја. Најдоброто нешто би било тие да се сведат на нула за сѐ и за сите, истакна Мерц говорејќи за царините на увозот на стоки од ЕУ воведени од страна на ...
Алехандро Балде, левиот бек на Барселона, ќе биде во составот на тимот и би можел да настапи на престојното „Ел Класико“ против Реал Мадрид, кое ќе се одигра на 11 мај со почеток во 16.15 часот. Според информациите на шпанскиот весник „Ас“, иако не се очекува Балде да започне во стартниот состав, сепак се предвидува дека ќе добие минутажа како замена. Неговиот повраток доаѓа во клучен момент за каталонскиот клуб, кој се наоѓа во трка за ...