
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи редовна седница на Извршниот комитет на партијата на која, меѓу другото, ќе се разговара и за излегувањето на министерот за здравство Арбен Таравари и неговото крило на Алијанса за Албанците од Владата и преминувањето во опозиција. За ова, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во седиштето на партијата, информира Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. ...
Меѓународната ракометна федерација ИХФ, го смести голманот на Македонија, Мартин Томовски во идеалниот тим за последните две кола во квалификациите за пласман на Европското првенство. Томовски имаше импресивни одбрани на последните два меча против Естонија или Литванија, кои Македонија ги доби, и се пласираше на Европското првенство идната година. Томовски се најде во друштво со Тен Велде (Холандија), Белос (Австрија), Станчиуц (Романија), ...
Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство ја прогласи Русија за одговорна за соборувањето на летот 17 на „Малезија ерлајнс“ над Украина, со што загинаа 298 лица пред повеќе од една деценија, пренесува АП. Меѓународната истрага предводена од Холандија заклучи во 2016 година дека авионот на линијата Амстердам-Куала Лумпур бил соборен на 17 јули 2014 година, од украинска територија што ја држеле сепаратистичките бунтовници ...
Наместо провокативни стајлинзи и фустани кои повеќе откриваат отколку што покриваат, акцентот оваа година ќе биде ставен на суптилноста и, како што велат организаторите, „повисоко ниво на пристојност“. Во изминатите години, бројни ѕвезди предизвикуваа бурни реакции во јавноста поради таканаречените „голи“ фустани — модели кои повеќе наликуваа на илузија отколку на облека. Додека некои ги поздравуваа овие модни избори како смели и уметнички, ...
Владата има премиер, а веројатно има и преговарачки тим. Тоа е нивна работа, тие ќе кажат како ќе биде, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговорајќи на новинарско прашање дали можеби таа ќе дојде на местото на Таравари кој најави излегување од Владата, а е министер за здравство. На прашањето дали ќе прифати ако и предложат таква позиција, Јаневска кажа дека е рано да се размислува за такво нешто. -Сосема е рано ...
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи забележал зачестена појава на таканаречени фишинг напади преку електронска пошта во која се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании со цел неовластено прибавување на податоци од нив. Овие пораки, како што наведува МВР, лажно тврдат дека сте сториле повреда на авторски права и содржат фишинг-линкови до наводна документација или ...
Повеќе од еден тон кокаин, чија вредност се проценува на речиси половина милијарда долари, е запленет од брод покрај брегот на австралиската држава Нов Јужен Велс, соопштија официјални лица. Во заедничка операција на австралиската федерална полиција и полицијата на Нов Јужен Велс, пет лица се уапсени откако полицијата добила разузнавачки информации по „сомнителната набавка“ на 13-метарски моторен чамец за готовина во Сиднеј. Бродот бил ...
Судбината на украинската територија под моментална контрола на руската армија, нуклеарната централа Запорожје, како и пристапот на Украина до Црното Море се главните теми на преговорите за Украина, објави специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф. „Главните прашања тука се регионите, нуклеарната централа и како Украинците можат да ја користат реката Днепар и да стигнат до океанот“, изјави Виткоф за Breitbart News. ...
Бројот на турски државјани во земјава се зголемува секој ден, се повеќе млади ја избираат земјава за студирање, исто така и градежни работници но и лица од различни сектори, поради економската криза таму. Но, последните два настани во кои беа вклучени турски граѓани ја шокираа земјата. Убиството на турскиот студент во Штип, како и обидот за убиство од пред два дена помеѓу турски државјани, го привлекоа вниманието на јавноста и медиумите. Алсат ...
Актуелниот шампион во НБА лигата се соочува со елиминација, откако веќе има негатива од 3-1 во полуфиналната серија во Источната конференција против Њујорк никс. Никс на домашен терен во натпреварот број четири успеаја да славаат со 121-113 и со тоа да се доближат до само една победа до конференциско финале. Џејлен Брансон со 39 поени беше прво име кај победникот, додека Џејсон Тејтум кај поразените постигна 42 поени, но во финишот поради ...
Откако синоќа крилото на АА и нејзиниот лидер Арбен Таравари донеоа одлука за излегување од Владата на Република Македонија, веднаш потоа Изет Меџити, лидерот на Демократското движење, од Вреди, се огласи со жестока реакција преку својот фејсбук-профил. „Не ја донесовте промената, ја спречивте промената. Не се враќате кај народот, се враќате на црната листа. Не ја напуштате владата, ја предадовте Владата. Вие не го преставувате духот на ...
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог-измените на законите за основно образование, средно образование и за високо образование, сите во прво читање. Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за Предлог-изменување и дополнување на ...
Променливо облачно со локален дожд – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи за денеска. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме. Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 10 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 23 степени. Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и слаб до умерен северен ветер. ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Според обвинението, на 29 јануари годинава, Јованов, без возачка ...
И покрај судскиот процес, јавноста бара поголема одговорност за трагедијата во Модуларната болница во Тетово што се случи на 8 септември 2021 година, при што во пожарот загинаа 14 пациенти и нивни роднини. Семејствата на жртвите континуирано изразуваат револт и несогласување со истрагата на Обвинителството, а истото го повторија и минатиот месец преку официјално писмо, во кое од јавниот обвинител Љупчо Коцевски побараа да се обнови истрагата и, ...
Арбен Таравари вечерва во Тетово го собира партиското раководство за да ја запечати одлуката за напуштање на Владата и преминување во опозиција. „Кога сите трчаат да влезат во влада, ние ја напуштаме владата“, најави Таравари сношти во Врапчиште, потврдувајќи ја кандидатурата на Исен Шабани, кој штотуку се приклучи на редовите на Таравари, за трет мандат. Пред поддржувачите во Врапчиште, Таравари рече дека не може да прифати да игра улога на ...
На платформата „ЕНЕР се објавени предлог-измените на законот за безбедност во сообраќајот, во кој покрај зголемување на казните, се регулира и користењето на безбедносни камери, а ќе има и нови казни за пешаци, велосипедисти, мотоциклисти и возачи на тротинети. Покрај безбедносните камери кои се поставени на булеварите и крстосниците и кои ќе го регистрираат секое можно прекршување во сообраќајот, новина во законските измени има и за пешаците ...
Во рамки на посетата на Стокхолм, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски оствари средба со својот домаќин, министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Мариа Малмер Стенергард. На средбата се разговараше за билатералните односи и можностите за продлабочување на соработката во различни области, со акцент на трговската и економската соработка, евроинтегративниот процес на државата, како и за актуелни регионални, европски и ...
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и оваа година, по десетти пат по ред, ја спроведе акцијата по повод мај – месецот посветен на подигнување на свеста кај пациентите за рано откривање на рак на кожа, меланом. Во рамки на иницијативата, болницата обезбеди 200 бесплатни прегледи на бенки, со цел навремена дијагноза и превенција. Прегледите беа спроведени од искусен тим дерматовенеролози, со употреба на најсовремена технологија – дигитален ...
Ракометната репрезентација на Македонија обезбеди пласман на седмото Европско првенство во низа откако синоќа убедливо славеше над Литванија и го освои второто место во својата група. Континуитетот од настапи на големите натпреврувања е задржан, па сега погледите се вртат кон ждрепката за групната фаза од ЕП 2026 што е закажана за четврток. Она што е извесно, Македонија ќе ја дочека оваа ждрепка од третиот шешир, заедно со селекциите на ...
Овие среќници ќе можат да остварат сè што ќе посакаат за време на оваа силна лунација. Некои ќе доживеат лични чуда, а други ќе добијат дарови што ќе им го обликуваат животот во годините што доаѓаат. Еве што носи полната Месечина во Шкорпија. Шкорпија: Чуда со сопствена сила Можете да станете сè што ќе посакате. Полната Месечина во вашиот знак буди длабока потреба за личен развој и еволуција. Имате уникатна способност да се издигнете од пепелта ...
На Самитот „Македонија 2025“, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека првата година од мандатот била посветена на стабилизација на државата, која се соочувала со длабока институционална и економска криза. Тој подвлече дека Владата успеала да го запре „слободниот пад“ и дека сега државата е доведена до состојба на нула – како основа за понатамошен економски раст и суштински реформи. „Во суштина нас ни требаше стабилизација на државата во оваа ...
По состанокот на Алијансата на Албанците, претседателот Арбен Таравари вечерва на прес-конференција изјави дека ја напуштаат владината коалицијата и дека одат во опозиција. -Денеска Алијанса на Албанците едногласно одлучи да оди во опозиција. Беше состанок на преѕседателите на ограноците, на многу функционери на АА на кој констатиравме дека минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскит блок после 20 години и за тоа сме многу ...
Булеварите во главниот град денес беа местото каде што полициските службеници го изразија својот револт.. Полицијата и Независниот синдикат на полицијата излегоја на протест барајќи подобри усови за работа и плата. Тие велат дека без додатоците за минат труд, нивната плата е пониска од минималната. И бараат основната плата да важи и за нив. „Во различни градови во државата судовите кажуваат дека на едни полициски службеници треба да се исплати ...
Алијансата за Албанците (AA) на претседателот Арбен Таравари вечерва во централното седиште во Тетово одржува состанок со највисоките раководни органи на партијата. Централното претседателство и претседателите на ограноците, според најавите лидерот на АА, ќе одлучуваат дали ќе ја напуштат владината коалиција. Пред почетокот на средбата Таравари не даде изјава, а вчера на отворање на партиски штаб во гостиварско Врапчиште во изјава на медиумите ...
Оцена четири , даде премиерот Христијан Мицкоски на неговата работа и работата на неговата влада во овие десет месеци. Тој вели дека има простор за подобрување и бара трпение од граѓаните за да ги видат првите резултати за кои рече дека доаѓаат полека. Мицкоски најавува отворена линија во Министерството за внатрешни работи за граѓани и бизнисмени кои сакаат да пријават корупција. Генерално, тој вели дека стапката на криминал значително се ...
САД и Кина се согласија за значително намалување на царинските тарифи за стоките што ги разменуваат меѓусебно, по преговорите одржани викендов. Зборувајќи во Женева, американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека „двете страни ќе ги намалат тарифите за 115 проценти“ откако се согласија на 90-дневна суспензија. Бесент им рече на новинарите дека „двете страни покажаа големо почитување“ за време на разговорите и дека „двете сакаат ...
Заврши повторното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово, во која животот го загубија 14 пациенти и членови на нивните семејства. Обвинителството и одбраната денес ги дадоа своите завршни зборови, при што едната страна бараше максимална казна за двајцата поранешни директори, Флорин Бесими и Артан Етеми, како и за правното лице, односно болницата во Тетово. Од друга страна, одбраната вели дека двајцата поранешни директори се невини, ...
Опозициската Левица најави дека неделава нејзината пратеничка група во Собранието ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на државните симболи – грбот, знамето, химната и знамињата на заедниците. Со формирање на ваков инспекторат, како што посочи пратеникот Амар Мециновиќ од Левица, ќе се овозможи механизам за спроведување на веќе постојното законско решение за употреба на државните симболи. „Веќе 27 години постои Закон за ...
Војчех Шчезни откри дека добил понуда од Барселона да потпише нов двегодишен договор со клубот. 34-годишниот полски голман, сепак, сè уште не донел конечна одлука и ќе разговара со својата сопруга пред да одговори на понудата од клубот. „Не го кријам фактот дека ми понудија двегодишно продолжување на договорот, но треба да разговарам со семејството и да донесам заедничка одлука за тоа што е најдобро за нас. Мислам дека му должам на семејството, ...