
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Со давање завршни зборови на Обвинителството, одбраната на обвинетите Флорин Бесими, Артан Етеми и ЈЗУ Клиничка болница Тетово, како и на застапниците за лицата кои настрадаа во пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово, заврши главната расправа на повтореното судење, а судијата Реџеп Муса најави дека пресудата ќе ја соопшти на 16 мај. Во страотниот пожар што изби вечерта на 8 септември 2021 загинаа 14 пациенти и нивни роднини. Со ова ...
Процесот на уставни измени, иако комплексен, останува неопходен чекор на европскиот пат на С Македонија, кој бара одговорен пристап и обединување околу заедничката визија за европската иднина. Ова било потенцирано на средбата меѓу известувачот на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој е во работна посета на Брисел. Европратеникот Вајц ја поздравил улогата на земјава во регионалната ...
Игор Стефановски Иџе изминатиов викенд повторно на пиедестал. На последната тркка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), патеката Рампа Да Фалпера во Португалија, Иџе го освои третото место. Изминатиот викенд Иџе повторно на пиедестал. Го освои третото место на третата трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), возејќи на патеката Рампа Да Фалепра во португалската Брага. Трката се возеше во исклучително тешки услови ...
Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека започнува со изработка на Студијата за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица, како прв и суштински чекор во процесот за нејзино прогласување за заштитено подрачје, согласно Законот за заштита на природата. Иницијативата за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје е поднесена од општините Струга и Вевчани, месните заедници и невладиниот сектор, а ...
Вековниот сон на алхемичарите сега го остварија физичари од CERN, претворајќи олово во злато, макар и само за дел од секунда. Трансмутацијата, или трансформацијата на еден хемиски елемент во друг, отсекогаш го привлекувала вниманието на учените луѓе, од филозофи до алхемичари. Доволно е да се замисли колку би било убаво да се добие скапоцено злато од евтиното олово, кое го има во изобилство. Црпејќи инспирација од филозофските ставови на ...
Калин Ивановски не успеа да се пласира на главниот М75 челенџер во Загреб, откако беше поразен во последното квалификациско коло од босанецот Мирза Башиќ со конечни 2-1, по сетови 4-6, 6-3 и 7-6/1. Ивановски пружи голема борба против ривалот кој е дури 500 места подоброрангиран на АТП листата, го освои вториот сет и израмни на 1-1, но немаше сили во тај-брејкот од третиот сет и мораше да се помири со елиминација. Мечот траеше два часа и 23 ...
Во тетовскиот суд денеска e закажано рочиште за завршни зборови за случајот со пожарот во модуларната болница во која животот го загубија 14 пациенти кои се лечеа за време на ковид пандемијата. Им се суди на поранешните директори и на болницата како правно лице. По завршните зборови се очекува и изрекување на пресудата, откако на претходното рочиште заврши доказната постапка. Завршни зборови денеска дава обвинителството и одбраната на ...
Курдската милитантна група Курдска работничка партија (ПКК), која води бунт против турската држава повеќе од четири децении, одлучи да се распушти и да ја прекине својата вооружена борба, објави денеска новинска агенција блиска до групата. Одлуката на ПКК би можела да ја зајакне политичката и економската стабилност на Турција, која е членка на НАТО, и да поттикне чекори за ублажување на тензиите во соседен Ирак, а исто така и во Сирија, каде ...
Неочекуваниот кикс на домашен терен значи дека Наполи веќе нема право на грешка, бидејќи секое невнимание и победа на Интер во последните две кола, на крајот ќе значи дека тимот од Милано е тој што ќе ја освои титулата. Скудетото по се изгледа ќе се решава во последното коло во италијанската елита, а пред да дојдат на ред натпреварите Наполи-Калјари и Комо-Интер, двата ривали за титулата во следната рунда ќе играат против Парма, односно Лацио. ...
Меѓународната недела на медицинските сестри ги затекнува сестрите занемарени од здравствениот систем. Само минатата година околу 2000 медицински сестри заминале во европските земји во потрага по подобри услови, а оваа бројка годинава се очекува да биде уште поголема. Ниските плати, немањето напредок во кариерата, одговорноста за животот на пациентите, како и екстремно долгото работно време се дел од секојдневните предизвици со кои се соочуваат ...
Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и еден обид за убиство според истата правна квалификација. Јавното обвинтелство соопшти дека при вршење семејно насилство вчера изутрина, во дворот на семејната куќа во селото Србјани, осомничениот 47-годишник ги лишил од живот својот татко, а се обидел да ја убие и својата мајка. При вербална ...
Откако видеото од мачењето на кучето на улиците на Крива Паланка беше споделено во јавноста, Полициската станица Куманово ќе поднесе кривична пријава против 23-годишниот А.А. од Крива Паланка, пишува Алсат. Според полицијата, против 23-годишникот од Крива Паланка се води истрага поради сомнение дека сторил кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик. „Полициската управа Крива Паланка е известена дека на социјалните мрежи е ...
Хамас соопшти дека ќе го ослободи последниот жив американски заложник како дел од напорите за постигнување на договор за прекин на огнот, отворање на граничните премини и дистрибуција на хуманитарна помош. Хамас е прогласена за терористичка организација од Соединетите Држави и Европската Унија. Но, Хамас не прецизира кога ќе биде ослободен Идн Александар, кој беше киднапиран на 7 октомври 2023 година. Тој е американски државјанин со израелско ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека Владата предводена од Христијан Мицкоски ја нарушува функционалноста на меѓуетничката демократија што, според нив, е клучниот столб на долгорочната стабилност на земјата. Од ДУИ велат дека со заминувањето на уште еден албански партнер од Владата политичкото мнозинство останува целосно без легитимитет кај Албанците и се претвора во моноетничка влада. „На ова предупредувавме уште од самиот ...
САД и Кина, по разговорите одржани минатиот викенд, се согласија меѓусебно значително да ги намалат царините за стоките за период од 90 дена. Зборувајќи во Женева, американскиот министер за финансии Скот Бесент рече дека двете страни ќе ги намалат своите царини за 115 отсто откако се согласија на 90-дневна пауза. Тоа е значително намалување на трговската војна што ескалира минатиот месец. Пред денешниот договор, САД ги зголемија царините за ...
Европската Унија беше, е и ќе остане наша цел, но треба да научите да победувате и во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз и Рим ако сакате да испратите поинаква порака од онаа што била слушана години наназад – порача премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Самитот „Македонија 2025“, говорејќи за евроинтеграциите. „Наша стратегија беше да го зафатиме теренот и да ги претставиме нашите аргументи. Тоа е демократската алатка што ја имаме на ...
Катастрофалното судење на вчерашното Ел Класико многу лесно можеше да придонесе за поинаков исход на крајот, но Барселона сепак заслужено славеше со 4-3 и е на чекор од нова шампионска титула. Свој придонес за она што се случуваше на теренот имаат сите судии, од оние на теренот, до тие во ВАР собата. Шпанија од синоќа ја тресе скандал откако во јавноста излезе снимката на реакцијата на арбитрите по голот што во судиското продолжение го постигна ...
Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска напладне ќе излезе на протест на кој ќе бараат да се почитува Законот за минимална плата и судските постапки да се спроведуваат во законски предвидените рокови. Протестот е закажан да се одржи пред судовите во Скопје, на крстосницата кај „Мавровка“. Во најавата за протестот, од Независниот синдикат велат дека поддршка ќе имаат и од нивните колеги од полициските синдикати од Република Црна Гора и ...
„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати“, велат денеска од СДСМ. Од партијата додаваат: „Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот. ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните ...
Лидерот на крилото на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари вчера на отворањето на изборниот штаб за локалните избори во Врапчиште најави дека партиските органи ќе одлучат за излегувањето од владината коалиција и оти конечната одлука ќе биде соопштена наредниве два дена. Најави дека ќе разговара лично со премиерот Христијан Мицкоски за јасно и точно да му каже за одлуката. Во коалицијата, оцени Таравари, „не добиле поддршка за промените кои ...
Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека денес ќе поднесе предлог за одржување национален референдум за тоа дали Бугарија треба да се приклучи на Еврозоната. Радев изјави дека во текот на денот ќе предложи референдум со прашањето „Дали се согласувате Бугарија да ја усвои единствената европска валута, еврото, во 2026 година?“, објави бугарската агенција БТА. Тој истакна дека, иако бугарската влада има обврска кон договорот потпишан со ...
Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза? Филипче молчи за потеклото на златната виза за Дубаи, која може да се добие само преку инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ. – Филипче три месеци ја лаже македонската јавност. Прво велеше дека нема виза, па потоа призна дека има. Овие менувања на ставови на Филипче, не се нови. Македонската јавност заслужува одговори. Филипче мора да одговори на тоа од каде му е нему златна виза и како ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта од денеска до 16 мај ќе престојува во посета на земјите од Западниот Балкан, во чии рамки в четврток ќе допатува во Скопје, а в петок ќе учествува на самит на Европската политичка заедница во Тирана. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, целта на посетата на Кошта е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата. – ...
Неколку часа по барањето на европските лидери за согласност од Русија за 30-дневен безусловен прекин на огнот во Украина, рускиот претседател изнесе поинаков предлог кој му се допадна на неговиот американски колега, Доналд Трамп. Путин ја повика Украина на директни преговори без предуслови во Истанбул на 15 мај, на што Трамп рече дека тоа би можело да биде „потенцијално голем ден за Русија и за Украина“ и оти запирање на војната би спасило ...
Албанските социјалисти се на прагот на уште една победа на парламентарните избори, што би му донела четврти во низа премиерски мандат на нивниот лидер Еди Рама, пренесува Клан Косово. Според првичните резултати објавени од Изборната комисија, социјалистите освоиле 53% од гласовите, а опозициската коалиција на чело со Демократската партија освоила 34%. Ова беа 11-те избори во Албанија по соборувањето на комунистичкиот режим и први на кои право ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови на некои места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од 3 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 25 степени. Во Скопје, денеска ќе биде променливо ...
На патот што води кон езерото Треска нè пречекаа диви депонии. Има големо количество отпад. Езерото Треска некогаш го посетуваа илјадници граѓани на Скопје, но и странски туристи, додека денес ова езеро остана само како една голема дупка во средината на општина Сарај. А бидејќи ова место одамна не се користи од луѓето, го „окупирале“ животните. Според градоначалникот на општина Сарај, Иљас Весели, надлежностите и одговорностите за подрачјето на ...
Првите излезни анкети по затворањето на гласачките места покажуваат убедлива победа на Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама на единаесетите парламентарните избори што денеска се одржаа во Албанија. Повикувајќи се излезната анкета објавена од „Албанија пост, социјалистите на Рама освоиле 51.8 %, односно 79 мандати што е пет повеќе отколку на изборите пред четири години. Демократската партија на Сали Бериша, според анкетите, ...
Емрана Мустафа до пред неколку години била „фантом“ во Македонија. Иако таа денес има документи за идентификација, нејзините две деца сè уште се без матичен број и се дел од големиот број на „фантомски“ лица во државата. Многу други лица во нашата земја немаат државјанство. Иако мнозинството од “фантомите“ се припадници на ромската заедница, има и луѓе од различни етнички групи кои немаат никакви документи за идентификација. Според Латифа ...
За краток период цената на кафето драстично порасно, правејќи го луксузно добро, неприфатливп за сите граѓани. Зголемување на цените на берзата на кафето на меѓународно ниво во период од 5ти август 2024 година – до 29ти април годинава има драстично зголемување за речиси 60 проценти покажуваат податоците на trading economics. Цените на кафето рушат рекорди поради лошите временски услови во регионите каде се одгледува кафе во Бразил. Според ...