ВМРО-ДПМНЕ остро регира на денешната прес-конференција на Богданка Кузеска од СДСМ, која побара премиерот Христијан Мицкоски јавно да одговори дали за време на посетата на владината делегација во Велика Британија било разговарано за прифаќање мигранти и отворање мигрантски кампови во Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ ваквите настапи на СДСМ ги опишаа како правење штета на државата, а на социјалдемократите им порачаа да се реформираат. „Реформирајте ...

Македонската влада, која неколку дена престојуваше во Велика Британија, избегнува да даде одговори на клучните прашања кои го потресуваат регионот, а тоа е дали и што е договорено во однос на прифаќањето на мигранти и отворањето на мигрантски кампови во Македонија, изјави денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. „Според информациите кои ги имаме од Британија, но и оние кои јавно ги објавија реномираните британски ...

Државната изборна комисија денеска ги одби сите 57 приговори, поднесени за првиот круг од локалните избори. Триесет и седум од нив се однесуваат на постапката за утврдување и сумирање резултати од гласањето, а 20 приговори беа за самата постапка за гласање. -Завршивме со разгледувањето на поднесените приговори. Со тоа констатирам дека и за точката број 7 за постапувањето по приговорите за сумирање и утврдување на резултати ДИК постапи во ...

Премиерот Мицкоски денеска, на обраќањето на одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба ѝ се обрати на опозициската СДСМ и им порача дека калкулациите за тоа колку пратенички места би добиле, според резултатите од локалните избори, го гледа како повик за предвремени избори. -На опозицијата ќе им оставиме време да се консолидираат и да размислат дали на пример ќе се осмелат да одат на предвремени избори, кои да ...

Преминот на зимско сметање на времето, што не очекува за викендот, најчесто се доживува како мала административна промена и традиција. Но, зад тој „едeн час“ се крие значаен ефект врз човечкиот организам, а со тоа и врз работната ефикасност и продуктивноста. Истражувањата покажуваат дека промената на часовникот може да доведе до намален фокус, пократок сон и нарушување на природниот биоритам. Една анализа објавена во списанието Public Health ...

Секој народ се изроди низ борба, откажувања, безброј жртви и силна вера и копнеж за својата слобода. Нашиот, иако по бројност мал, веројатно ја има најживописната борба за слобода, која нè учи дека нема невозможни работи и дека борбата за слобода е еден трнлив пат, испишан со крв и страдања, една голема и долга низа на востанија, на човечки приказни за храброст, за мудрост, но и на предавства, завери, меѓусебни и надворешни борби, подвлече во ...

Европските компании „Талес“, „Ербас“ и „Леонардо“ објавија во четврток дека постигнале принципиелен договор за спојување на нивните сателитски бизниси, нагласувајќи дека нивното здружување на силите треба да им помогне на земјите да обезбедат европска автономија во вселенската област. Според договорот, Ербас, Талес и Леонардо имаат намера да создадат нова компанија која треба да започне со работа во 2027 година. Договорот ќе ги спои Талес ...

Ако вашите избори на ресторани често се водени од потрагата по совршен бургер, имаме добри вести. Експертите штотуку објавија листа со најдобри бургери во светот за 2025 година, а победникот доаѓа од Шпанија. Најновото рангирање, кое ги оценуваше бургерите во девет категории, покажува како ова скромно јадење еволуираше од удобна храна до вистинско кулинарско ремек-дело, пишува Food & Wine. Титулата најдобар бургер во светот му припаѓа на ...

Цените на нафтата скокнаа за околу 3% во среда навечер откако администрацијата на Трамп воведе дополнителни санкции врз две од најголемите руски нафтени компании, наведувајќи го „недостатокот на сериозна посветеност на Москва кон мировниот процес за завршување на војната во Украина“. Глобалниот референтен бренд на суровата нафта Брент порасна за 1,83 долари, или 2,92%, на 64,42 долари за барел до 20:18 часот по источно време. Американската ...

Директорот на јавниот превоз во португалската престолнина Лисабон, Карис, Педро Богас, поднесе оставка откако беше објавен прелиминарниот извештај за несреќата на жичницата Глорија во која загинаа 16 лица, објавија денес локалните медиуми. Богас поднесе оставка од функцијата градоначалник на Лисабон откако Истрагата за спречување на воздушни и железнички несреќи (GPIAAF) објави извештај за несреќата, според веб-страницата Expresso.pt. Тој ...

Демократскиот сенатор Џеф Меркли од Орегон одржа маратонски говор на Сенатот кој траеше 22 часа и 37 минути во вторник и среда, протестирајќи против политиките на американскиот претседател Доналд Трамп во еден од најдолгите говори во последниве години. 68-годишниот Меркли започна да зборува во 18:21 часот по источно време (00:21 часот по средноевропско време) во вторник и продолжи до 16:58 часот по источно време (22:58 часот по ...

Метрополитенската полиција во Лондон ќе започне пилот-програма во која ќе користат далечински дронови од покривите на зградите за побрзо и поефикасно да реагираат на итни повици. Опремени со камери со висока резолуција, дроновите ќе летаат автономно до местото на инцидентот и ќе пренесуваат снимки во живо до полицајците на терен, пишува „Индипендент“. Целта е да се обезбедат побрзи разузнавачки информации во различни ситуации, како што се ...

Независниот кандидат за градоначалник за општина Македонски Брод Милосим Војнески, на социјалната мрежа Фејсбук објави дека се повлекува од изборната трка во вториот круг, притоа потенцирајќи дека е време за обединување и ставање крај на поделбите. „По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура. Ги разбирам сите оние кои поради различни причини ги поделија своите гласови дури и во рамките на ...

Руското Министерство за надворешни работи останува отворено за дијалог со Стејт департментот, изјави портпаролката Марија Захарова по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го откаже самитот со рускиот претседател. Кога станува збор за решавање на украинската криза, Москва претпоставува дека целите на СВО немаат алтернатива, нагласи таа, додавајќи дека новите санкции се контрапродуктивен чекор. „Кремљ ќе даде конкретен ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го поддржа патот на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија. „Би сакал уште еднаш да нагласам: овие земји, кои ги нарекуваме земји од Западен Балкан, ни припаѓаат нам“, рече Мерц во Лондон во среда по конференцијата во рамките на таканаречениот Берлински процес. Германскиот канцелар им рече на претставниците на овие земји дека се добредојдени како членки на ЕУ. „Се однесуваме едни кон други како ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја нарече одлуката на Советот на Европската Унија за воведување забрана за купување руски гас од 1 јануари 2028 година „груба грешка“, а спроведувањето на филозофијата „од инает ќе си наштетам уште повеќе“. „Класична приказна за спроведувањето на филозофскиот концепт „од инает ќе си наштетам уште повеќе“. Европската Унија долго време дава приоритет на ...

Три лица се уапсени во врска со истрага за наводни прекршоци според Законот за национална безбедност (NSA) 2023, соопшти лондонската полициска служба за борба против тероризмот. Мажите, на возраст од 48, 45 и 44 години, беа уапсени денес на адреси во западен и централен Лондон, додека претреси се вршат и на дополнителна локација во западниот дел на градот, објавува „Гардијан“. Полицијата вели дека осомничените се уапсени под сомнение за ...

До вчера течеа роковите за поднесување евентуални приговори за постапката на гласање и приговори за утврдување и сумирање на резултатите од гласањето, ДИК по истекот на законските рокови објавува за кои општини резулатите од гласањето се конечни. Од 44 општини за кои ДИК во понеделникот објави првични официјални резултати од гласањето за избор на градоналници, во меѓу време констатиравме дека од овие 44 општини во 11 општини се пристигнати ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио предупреди дека одобрувањето од страна на израелскиот парламент на закон за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, потег што е еднаков на анексирање на територија што Палестинците ја сакаат за своја држава, би можело да го „загрози“ прекинот на огнот во Појасот Газа. „Мислам дека претседателот (Доналд Трамп) јасно стави до знаење дека ова е нешто што не можеме да го поддржиме во ...

Шкендија на Aрената „Тодор Проески“, го игра најважниот натпревар во својата историја и тоа против ирски Шелбурн (18.45 часот) во склоп на второто коло од Конференциската лига на УЕФА. За тетовци ова ќе биде првпат да бидат домаќини на натпревар од групната фаза на некое европско натпреварување, а истовремено и шанса за историја, бидејќи можат да станат првиот тим од Македонија што освоил бодови во ваков вид натпреварување. Досега единствен ...

Поранешниот француски претседател Никола Саркози, добил смртни закани од друг затвореник во парискиот затвор „Ла Санте“, каде во вторникот започна да ја отслужува својата петгодишна затворска казна, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител во Париз, додавајќи дека е отворена истрага. „На 22 октомври 2025 година, директорот на затворот ‘Ла Санте’ го извести обвинителството во Париз за видео кое било споделено на социјалните мрежи, очигледно ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро се спротивстави на каква било улога на турските сили во Појасот Газа како дел од меѓународната мисија за следење на примирјето со Хамас според американскиот план. Неговиот цврст став јасно става до знаење дека Израел нема намера да дозволи дури ни симболично присуство на војската на земја што ја смета за непријателска. Американскиот државен секретар Венс рече дека Турција може да игра ...

Вештачката интелигенција и роботите ќе ги заменат сите работни места, а работата ќе биде прашање на избор на луѓето, објави денес американскиот претприемач и најбогат човек во светот, Илон Маск, на својата социјална мрежа X. Тој ја спореди ситуацијата со садење сопствен зеленчук и забележа дека работата, како и садењето, ќе стане нешто во што луѓето уживаат, а не нешто што им е потребно. Вака американскиот бизнисмен ја коментираше актуелната ...

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина гласаше против предлогот на Суад Арнаутовиќ за преиспитување на сертификацијата на СНСД за предвремени избори за претседател на Република Српска. Арнаутовиќ претходно изјави дека поднел такво барање по писмото на Сена Узуновиќ, во кое, меѓу другото, се бара спроведување на пресудата на Судот на Босна и Херцеговина на таков начин што Милорад Додик не може ниту да биде претседател на ...

Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател и еден од најблиските соработници на Владимир Путин, жестоко реагираше на објавата на Министерството за финансии на САД за воведување санкции врз големите руски нафтени компании Роснефт и Лукоил. Во објава на Телеграм, Медведев тврди дека ова е објава на војна против Русија и дека американскиот претседател Доналд Трамп целосно се усогласил со Европа. „Ако некој од бројните коментатори сè уште ...

Британскиот премиер Кир Стармер го опиша Западен Балкан како европски „котел“, отворајќи го денеска самитот во Лондон, кој е главно фокусиран на решавање на предизвикот со миграцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ). Британскиот премиер е домаќин на лидерите на шесте земји од Западен Балкан – Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, додека Велика Британија се обидува да се договори за понатамошни ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) вечерва излезе со детали за денешната акцијата насочена кон разбивање криминална група, чии членови се осомничени за кривичните дела лихварство и перење пари. Врз основа на кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи (МВР), чии единици денеска вршеа претреси на повеќе локации во Скопје, надлежен јавен обвинител на ОЈО ГОКК наредил ...

Јас многупати кажувам дека мора да победуваме дома и тука немам никаква дилема, дека домашната задача е најважна, но мора да победуваме и во Лондон и во Брисел и во Париз и во Берлин и во Рим и во Вашингтон и во другите главни градови на земји-членки и на ЕУ, но и на влијателни држави во светот. Ќе се бориме за да ги браниме националните интереси и интересите на Македонија, генерално и на граѓаните. Иднината на државата е во рамките на ЕУ, ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја поддржа одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да не испорача ракети „Томахавк“ на Украина во нејзиниот конфликт со Русија, велејќи дека Трамп бил „апсолутно во право“ поради сложеноста и времетраењето на обуката потребна за користење на оружјето. По средбата со Трамп во Белата куќа, Руте објасни за CNN дека обуката на украинските сили за ова моќно оружје трае многу месеци и дека не е ...

Деветнесеттиот пакет санкции кон Русија има многу јасни точки поврзани со енергијата и финансиските институции, чија цел е да се лиши Москва од можностите за финансирање на војната во Украина, изјави денска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пред почетокот на Самитот на Европската Унија во Брисел. – Среќни сме и за пораките што доаѓаат од Америка во врска со санкции кон Русија. Тоа е важен ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
3.09
86%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
94%
993
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
79%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.27
99%
1002
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
993
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
89%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
81%
1000
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
100%
999
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 2ᴼ
4.12
91%
1000
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
95%
996
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

157055.75

Кобалт

64.04

Сребро

2457.28

Алуминиум

3.07

Родиум

336779.07

Платина

83354.78

Паладиум

53434.54

Калај

48.47

Рутениум

45750.51

Бакар

11.66

Цинк

3.33

Иридиум

221848.72