И покрај постапките на Таравари, ВЛЕН се надева дека дел од АА ќе остане во коалицијата и во владата. Еден од нив, како што велат, е вицепремиерот Арбен Фетаи. Фетаи е делегиран од партијата на Таравари за одржување на комуникацијата со Влен во наредниот период. „Во јавноста гледаме дека министерот Арбен Фетаи е гласот различен од некои постапки на претседателот на Алијансата. Посакуваме овој поинаков глас во Алијансата да биде силен и секако ...

Таравари ќе биде во владата уште некој ден, рече градоначалникот на Тетово, Билал Касами. Според него, во наредните денови ќе има конкретни активности од страна на премиерот во таа насока. Касами повтори дека во владата, нема место за ДУИ. Прашање: Арбен Таравари и понатаму е министер? „Ќе видиме до кога, уште некој ден. Се договоривме за тајмингот на активностите кои ќе треба да се преземат во наредните денови, но она што е важно и она што го ...

Македонските политички партии се подготвуваат да ги изберат најдобрите кандидати за градоначалници. ВМРО-ДПМНЕ ќе објави околу 85 отсто од кандидатите до крајот на овој месец. Како што најави пратеникот на оваа партија, Бојан Стојановски, не е исклучено во албанските општини да ги поддржат кандидатите на нивните партнери, односно на ВЛЕН. За избори се подготвуваат и од СДСМ. Социјалдемократите велат дека започнале преговори со другите партии за ...

Пратеникот Беким Ќоку сè уште ги нема собрано потребните потписи за да стане нов координатор на пратеничката група на ВЛЕН во Собранието, на местото на Халил Снопче. За Алсат, Ќоку изјави дека потписите не се собрани поради отсуството на пратениците од Собранието. Досега, потписи дале само осум пратеници. Ќоку појасни дека, всушност, не се формира нова пратеничка група, туку само се менува координаторот. „Потписите се собрани но не сите, ...

Инвестиции од десетици милиони евра во современа медицинска опрема, а голем дел од неа воопшто не е ставена во функција или пак не се користи доволно. Причините за ова се должат на сериозен недостиг на стручен кадар во болниците, недоволна едукација и несоодветни простории за чување на опремата, покажува најнови ревизорски извештај. Државен завод за ревизија: „Поради необезбедени кадровски и просторни услови, опрема во вредност од 13 милиони ...

Државниот јавен обвинител не гледа никакви пречки истрагата за пожарот во Кочани во кој загинаа 62 лица да не заврши до 17 јуни, и како што налага законскиот рок од три месеци. Без да открива детали, обвинителот рече дека истрагата се наоѓа во многу важна фаза и моментално се испрашуваат сведоци и во Кочани, но и во Скопје. Според Коцевски, нема никаква селективност во истрагата. Тој и денеска повтори, како претходно изјави за Алсат дека ...

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер ја изедначија серијата против Денвер Нагетс на 1-1, бидејќи го добија вториот натпревар убедливо со 149:106. Откако во првиот меч видовме неизвесност, тројка во последната секунда за победа, во вториот дебакл на Нагетс. Оклахома почна силно уште од самиот почеток, веќе во првиот дел имаа предност од +20 разлика, а првиот дел го завршија со дури 87 поени, што е рекорд во НБА. Рутински го задржаа водството до ...

Денеска со почеток од 18 часот, ракометната репрезентација на Македонија ѝ гостува на Естонија во претпоследниот меч од квалификациите за Европското првенство, победа е единствената опција за момците на Кире Лазаров. Пред Македонија се два клучни квалификациски натпревари за да се продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања. Денеска гостуваме кај Естонија, а три дена подоцна ја пречекуваме Литванија. Синоќешната победа на ...

Според предвидувањата на астролозите, следниве четири хороскопски знаци во престојниот период ги очекуваат планетарни транзиции поволни за финансиска благосостојба. Дали сте и вие меѓу нив? Близнаци Влегувањето на Венера покрај Марс во вашата втора куќа ви носи бонуси, но и дополнителна заработка. Со помош на личност под знакот Рак можете да заработите многу пари, а конечно сте се стабилизирале финансиски во однос на почетокот на годината. Овен ...

Јанис Адетокумбо би можел да го промени тимот престојново лето, и да се пресели во редовите на ЛА Лејкерс или Њујорк Никс. Наводно, грчкиот ас ги означил овие два тима како идеални за продолжување на кариерата, особено Лејкерсите. Јасно е дека челниците на Лејкерси мора да преземат сериозни чекори за да ги задоволат амбициите на Џејмс, особено откако Минесота Тимбервулвс ги елиминираа во првото коло од плејофот со резултат од 4-1 во серијата. ...

Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија реагира на изнесените наводи и го отфрла како некоректен и тенденциозен текст „ПРОФЕСИОНАЛЕН ВОЈНИК ЗАВРШИ ВО ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА“ објавен во Вашето електронско издание на 07.05.2025 година. (https://alsat.mk/mk/profesionalen-vojnik-zavrshi-vo-psihijatriska-bolnitsa/) Конкретно во вашиот напис, во првиот параграф наведувате име и презиме на лице, припадник од Армијата а за кое ги ...

Врховната рада на Украина денес го поддржа предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Украина и Соединетите Американски Држави за основање на Инвестициски фонд на САД и Украина за обнова, пренесува Укринформ. Законодавната иницијатива беше усвоена со 338 гласови од пратениците, јавува агенцијата, повикувајќи се на емитување на YouTube од пратеникот од пратеничката група „Глас“, Јарослав Железњак. Договорот предвидува формирање ...

Во рамките на Европската Унија гледаме обновен дух фокусиран на процесот на проширувањето, но она што треба да го видиме во пракса е затворање на јазот, што очигледно постои во овој момент помеѓу создадените очекувања и нивната реализација, изјави денеска во Варшава македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. – Она што можам да го кажам, претставувајќи ја мојата држава, е дека ќе бидеме посветени на ...

Нема да има место во Владата за политички партии кои досега биле дел од коалицијата Вреди, но се ободуваат да соработуваат со ДУИ, порача денеска од Тетово, Биљал Касами, одговорајќи на прашања од новинарите за средбата на претставници на коалицијата „Вреди“ со премиерот Христијан Мицкоски. Тој нагласи дека овој нивен став е ист од почетокот на функционирањето на Владата и е во насока на справување со корупцијата на претходната извршна власт. – ...

СДСМ денеска во Собранието ќе поднесе Предлог-закон за помош на семејствата на загинатите и повредените од пожарот во Кочани. Лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека изготвиле добро законско решение и ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да го поддржат или да се вклучат во негово модифицирање ако имаат предлози, нагласувајќи дека целта не е да се политизира трагедијата. -Изработивме предлог-закон кој навистина мислам дека е добар. ...

Нови поригорозни мерки ќе бидат воведени доколку државниот пазарен инспекторат утврди енормно зголемување на цените на производите откако се укинаа мерките кои важеа до крајот на април, рече денес министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Тој денес кажа дека официјалните податоци за изминатиот период додека беа замрзнати маржите покажуваат намалување на инфлацијата. Нови поригорозни мерки ќе бидат воведени доколку државниот пазарен ...

Земјата има четири годишни времиња благодарение на навалувањето на нејзината ротациона оска, но таа не е единствената планета со сезонски промени. Други планети, џуџести планети и месечини во Сончевиот систем, исто така, имаат свои сезонски циклуси и тие можат да бидат значително поекстремни или невообичаени од оние на Земјата. Годишните времиња на Земјата се случуваат затоа што нејзината оска на ротација е навалена за околу 23,5 степени. Кога ...

Прашање на време е кога целата коалиција ќе се распадне, очигледно ништо суштински не ги врзува политичките партии во таа коалиција, оцени претседателот на СДСМ Венко Филипче за случувањата во владината коалиција по превирањето од Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари. Одговарајќи на новинарски прашања по отворање градинка на територија на Општина Центар, Филипче рече дека „тоа што во последно време се случува во владејачката ...

Најмалку 13 цивили се убиени, а 59 се ранети во пакистанските напади на индиската страна од регионот Кашмир, соопшти денеска индиската влада. „Пакистанската армија испука лесно оружје и артилерија преку линијата на контрола што го дели Кашмир, на што индиската армија одговори пропорционално“, рече потполковник Сунил Бартвал. Повеќето цивили се загинати во село на северозапад, по должината на линијата на контрола што го дели спорниот регион ...

Јавните обвинители кои работат на истрагата за пожарот во Кочани, во моментов сослушуваат сведоци и оштетени лица кои знаат нешто за настанот, во меѓувреме, исто така, се координираат со вешти лица во однос на истрагата, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, денеска, пред почетокот на седницата на Советот за јавни обвинители. На новинарско прашање дали ќе се прошири истрагата за полициските службеници кои биле вечерта во ...

Професионален војник од декларираниот Штипски баталјон завршил во психијатриската болница „Бардовци“ во Скопје, дознава Алсат од сигурни извори во Армијата на Северна Македонија. Според истите извори, војник по име Ферит Јонуз, роден 1994 година, се разбудил и, кршејќи ги сите воени протоколи, излегол на терен, сакал да воспостави ред во штипската касарна, наредил дисциплина и го нарушил редот и безбедноста на касарната. Неговите колеги го ...

„ДУИ не може да се дефинира поинаку освен како казан во кој вријат кражби, криминал и корупција. Токму во тој казан, каде што се готвеа антиалбански планови, “бегот” од Гостивар, Арбен Таравари, решил да се врати. И не само тоа, се обидува да ги прошверцува и пратеничките мандати кои беа добиени во име на промената“, велат денеска од ВЛЕН. Во соопштението се додава: „Не беше одамна, само пред една година, токму во овој месец, кандидатите за ...

Џанлуиџи Донарума, изјави дека тимот се променил во позитивна насока откако си замина ѕвездата Килијан Мбапе минатото лето. Во среда навечер, Французите го елиминираа Арсенал и ќе играат во финалето на Лигата на шампионите. Донарума беше еден од хероите на мечот, откако одбрани неколку тешки удари, особено при 0-0, по што ПСЖ потоа дојде до 2-0, и си го отвори патот до финалето. „Нашиот менталитет се промени, сега сме подобар тим. Ни недостига ...

Најмалку пет лица, меѓу кои и тројца тинејџери, речиси починаа од вејпинг во Холандија во последните месеци, а лекарите беа принудени да стават четири лица во индуцирана кома, објави денес „NL Times“. Покрај вештачките коми, на некои им биле потребни машини за одржување на функцијата на белите дробови и срцето, но тие не се единствените на кои им била потребна медицинска помош поради вејпингот. Агенцијата наведува дека овие случаи не се ...

Иако во последните три години е постигнат напредок во обезбедувањето современа медицинска опрема и нејзина регионална распределба, дел од таа опрема сè уште не е ставена во функција или не се користи доволно. Ревизијата на Државниот завод за ревизија открива дека главни причини се недостатокот на стручен кадар, неадекватни просторни услови и технички пречки. Од вкупно 57,7 милиони евра вложени во опрема, 18,6 милиони се однесуваат на уреди кои ...

Мирно е во украинските градови рано изутрината на 8 мај, откако стапи на сила тридневниот прекин на огнот прогласен од Русија. Засега нема извештаи за напади со дронови со долг дострел или лансирање ракети по последователните ноќи бомбардирање. Украинските воздухопловни сили, сепак, соопштија дека руските авиони двапати лансирале насочувачки бомби врз регионот Суми во североисточна Украина во раните утрински часови на 8 мај. Воздухопловните ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се очекува денеска да го објави нацртот на трговскиот договор со Велика Британија, велат два извори запознаени со ова прашање, пишуваат британските медиуми. Ова доаѓа, откако вчера американскиот претседател најави прес-конференција на која, како што наведе, ќе информира за голем трговски договор со голема и високо почитувана земја. Засега нема прецизна информација, ниту коментар од Белата куќа и од ...

Две лица, на возраст 52 и 56 години, се задржани во притвор поради сомнение дека киднапирале други две лица, од кои едното малолетно. Според СВР Тетово, осомничените насилно ги ставиле оштетените во автомобилот, а потоа почнале да ги тепаат. „Лицето Џ.Д. 56 години од село Гајре во Тетово и лицето Л.Д. 52 од Тетово. Истите биле пријавени од З.Ј. 39 годишна од Џепчиште дека ден претходно насилно го ставиле нејзиниот малолетен син во нивното ...

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови на одделни места ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура, како и во претходните денови, ќе се движи во интервал од пет до 12 Целзиусови степени, а ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва и се обрати на јавноста од Москва, коментирајќи ги околностите на летот до Русија, причините за неговата посета, како и критиките што ги добил од западните земји поради патувањето. Тој за Радио-телевизија Србија (РТС) изјави дека за Москва отпатувал по заобиколен пат бидејќи, како што рече, одредени земји одбиле да го одобрат летот. „Вообичаено е владината авијација да најавува лет, но не можевме да ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
1020
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1021
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
59%
1024
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.25
63%
1020
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
55%
1023
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
5.14
50%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
88%
1015
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
38%
1018
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
53%
1018
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
0.89
54%
1023
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
6.69
56%
1016
Currency

61.53

Currency

53.3801

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60