Германскиот јазик станува најпосакуван странски јазик за изучување меѓу учениците во основните и средни училишта во државата. Желбата да заминат надвор од Македонија, особено во Германија, каде илјадници семејства живеат и работат, е причина зошто младите се одлучуваат како втор странски јазик да го изберат германскиот. Таква е состојбата и во основните училиште во Охрид и Струга. „Најголемиот интерес на учениците и на родителите моментално е ...

Следната недела, премиерот Христијан Мицкоски ќе го покани претседателот на АА, Арбен Таравари, да му посака „среќа“. Мицкоски изјави дека најмалку што очекувал од Таравари е да заврши во рацете на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според Мицкоски, не сите од раководството и функционерите на АА го делат мислењето на Таравари. Сепак, тој не посочи дали ќе ја отстрани цела Алијанса или постои можност функционерите кои не се согласуваат со Таравари да ...

Саутемптон преку социјалните мрежи одговори на прозивката на Рубен Дијаш, фудбалерот на Манчестер Сити кој не ја сокри фрустрацијата по освоениот бод против „фенерџјата“ критикувајќи го противникот за одбранбениот пристап. Тимот кој следната сезона ќе се натпреварува во второлигашкиот фудбал во Англија два пати го „истрола“ Манчестер Сити. Прво на социјалната мрежа „Инстаграм“ каде објави фотографија насловна „Се чини дека никој од нас не ...

Утрово полицијата во Кичево го уапси Е.А. (48) оти со секира ги нападнал родителите и си го убил таткото. „Околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите родители. Со возило на Итна медицинска помош двете лица се пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде У.А.(74), татко на сторителот, им подлегнал на ...

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров нема да врши промени во составот во однос на оној кој забележа убедлива победа во Талин за денешната пресметка против Литванија која е од големо значење за втората позиција на табелата. На голот на Македонија одново ќе биде Мартин Томовски кој одигра неверојатен дуел против Естонците. Последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026 ќе биде одигран со почеток од 18 часот во СЦ „Јане ...

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116. Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години. На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата. Во ...

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од Р.Турција за сторено кривично дело обид за убиство по чл.123 ст.1, во врска со чл. 19 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. На 10.05.2025 околу 04 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода У.Х., затоа што ...

Има уште две кола во Првата Mакедонска фудбалска лига (ПМФЛ), а постои само една енигма, тоа е кој ќе игра во баражот за опстанок во елитното друштво. По исфрлањето на Воска Спорт и Гостивар во најнизок ранг, три екипи се борат да го избегнат местото кое носи разигрување за опстанок во Првата лига на Македонија. Тоа се екипите на Тиквеш, Брера Струмица и Беса од Добридол. Во најдобра позиција е Тиквеш, на кого му е потребен еден бод од следните ...

Македонската ракометна репрезентација против Литванија (18 часот) во салата „Јане Сандански“ го игра најважниот натпревар во квалификациите за Европското првенство (ЕП), бидејќи со победа со најмалку два гола разлика ќе го осигура второто место во групата, кое директно води на континенталниот собир. Македонската репрезентација се соочуваше со бројни проблеми при составувањето на тимот, но атмосферата во таборот е мотивирачка, особено со оглед ...

Зборувајќи на прес-конференција во Киев, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли идејата за воспоставување демилитаризирана зона во војната со Русија. Зеленски рече дека оваа идеја е „мртва“ и нагласи дека приоритет е да се обезбеди прекин на огнот, пренесува Европска правда. Предлогот за демилитаризирана зона како можно решение на конфликтот прв го изнесе специјалниот претставник на САД за Украина, Кит Келог. Во интервју за „Фокс ...

Општина Тетово во соработка со Заубермахер ја започнува акцијата за чистење на депониите покрај патиштата на Шар Планина. Депониите на Шара, во последната година, се намалени, но сепак, оваа појава и понатаму е присутна. Градоначалникот на Општината, Билал Касами, апелираше до жителите да внимаваат. „Општината перманентно работи на решавање на овој проблем. Во моментов тесно соработуваме со компанијата Заубермахер за да вршиме редовно и ...

Променливо облачно со сончеви периоди, прогнозираат за денес од Управата за хидрометеорологија. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има умерен развој на нестабилна облачност со услови за ...

„Цените се до плафон“, „се е поскапемо“, „граѓаните се оставени на питачки стап “, „тешко е да издржи работничката класа“- велат граѓаните пред камерата на Алсат, на прашањето дали по завршувањето на владината мерка за ограничување на брутопрофитната маржа цените на производите се покачиле. „Јас на пример бев во месара, сега да не кажувам што сум зела, сега викам толку беше, па вика сега ги покачија цените.За колку е покачено? Пример јас земав ...

Во наредната учебна година во средното образование ќе бидат ангажирани околу 200 образовни асистенти. Според Министерството за образование, асистентите ќе ги придружуваат учениците со посебни потреби што ќе им овозможат да постигнат резултати од учењето. Министерката за образование, Весна Јаневска, за Алсат изјави дека бројот на асистенти може да се менува, во зависност од барањата на средните училишта. Во гимназијата „Зеф Луш Марку“ во Скопје ...

Повеќе од 65 издавачи учествуваат на Саемот на книгата во Скопје. Претставниците на издавачките куќи се надеваат на голем број посетители. Оваа година, тие донесоа и нови наслови за возрасни и деца. „Имаме звучнинаслови, помалку познати книги, за возрасни имаме нови изданија, како на пример, имаме најнови изданија на Петро Марко,збирка на дела на Петро Марко, имаме многу различни наслови за различни жанрови. Книгите и читањето се суштината на ...

Судија на претходна постапка од основниот суд во Штип на петмината државјани од Република Турција, кои се инволвирани во убиство на 25 годишниот турскиот државјанин им одреди мерка притвор од 30 дена.Осмоничените се спроведени во Затворот Куманово. „Првоосомничениот, 21-годишен маж, на почетокот на месецов во Скопје купил пиштол марка 9 милиметри од непознато лице за 1.100 евра. Податоците за моделот и серискиот број се избришани. Потоа, на 8 ...

Охрид и Струга стравуваат од можен дебакал на оваа туристичка сезона, откако дел од големите тур оператори, засега два од Полска и еден од Холандија, во пет до дванаесет ги откажаа аранжманите, а со тоа и чартер авионите со кои доаѓаа овде. Станува збор за триесеттина илјади туристи, кои се очекуваат да пристигнат во Охрид. „Секако дека е за загрижување тоа што веќе има најави за некои откажувања. Незнаеме што ќе биде со сезоната со тие ...

Утре во Албанија ќе се одржат единаесеттите парламентарни избори од укинувањето на комунистичкиот режим и воведувањето на повеќепартискиот систем. На изборите ќе учествуваат вкупно 53 политички партии и три коалиции, а премиерот Еди Рама се обидува да обезбеди четврти последователен мандат. Според последните анкети, социјалистичката партија на Рама води пред опозициските партии и коалиции, со надеж дека ќе го задржи мнозинството од 140 ...

Актуелниот премиер на Косово, Албин Курти, рече дека може да направи компромис во преговорите за формирање на владата, но не и за конституирање на Собранието. Курти изјави дека Албулена Хаџиу останува предложеното име за претседател на Собранието, за што рече дека за тоа постои целосно единство во Движењето Самоопределување. Курти рече дека опозицијата може да ја нарече стабилноста на земјата во криза, бидејќи според него, таа не е навикната на ...

Под слоганот „Марш на ангелите“, семејствата на жртвите и повредените во трагедијата на 16 март во дискотеката „ПУЛС“ во Кочани организираат протестен марш барајќи правда. Семејствата постојано апелираат до граѓаните за да се солидаризираат со нив. „Ова е нашиот начин како да ја изразиме нашата болка, да побараме правда и да ги потсетиме институциите дека не смееме да дозволиме ваква трагедија да се повтори“. Во меѓувреме, семејствата ја одбија ...

СДСМ бара од ВМРО-ДПМНЕ да покаже солидарност и да го поддржи доставениот предлог-закон за повредените од Кочани. Целта на овој предлог на закон, како што велат од СДСМ, е да се поддржат семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани. Законот предвидува финансиска поддршка за семејствата, поддршка за повредените лица, поддршка во образованиет,, здравствена и социјална заштита. Но, ВМРО-ДПМНЕ овој предлог го нарекува закон на ...

Собранието го зголеми бројот на пратенички канцеларии кои се резервирани за средби со граѓаните, и тоа во секоја изборна зона. По трагедијата во дискотеката „ПУЛС“ во Кочани, граѓаните ги зголемија барањата за средба со пратениците, за прашања и барања во зависност од потребите на локалните жители. Во отворената канцеларија во Кочани од страна на пратеникот Миле Лефков остварени се вкупно 30 средби со граѓани. Најголем дел од барањата се за ...

“25.000 евра малолетно девојче од основно училиште во околината на Бит Пазар ги, земала од дома, само за да им ги даде на своите врсници од училиштето, за да не го тепаат нејзиниот брат кој имал здравствени проблеми” – Зекирија Хаџиу – Новинар. Случајот е пријавен во полиција. Според соопштението на МВР, случајот во полиција го пријавил таткото на девојчето. Сакајќи да го заштити својот помлад брат, девојчето постојано земала пари од дома. ...

Пред десет години на денешен ден, во кумановската Дива населба имаше крвав судир меѓу вооружена група од околу 40 лица и полицијата. Загинаа вкупно осум полицајци и 10 припадници на вооружената група. Уништени беа многу куќи и приватен имот, а полицијата при интервенција користеше најтешка можна артилерија. Обвинителството поднесе обвинение за терористичко уривање на уставниот поредок и за терористичка организација. Обвинението вклучуваше 33 ...

Измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците, кои предвидуваат отстранување на правниот статус на оваа институција, го поминаа филтерот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Пратениците од парламентарното мнозинство проценуваат дека овие измени би овозможиле Инспекторатот повторно да се стави во функција, а воедно би се надминал и проблемот со немањето на плати цели 4 месеци. Заради ова, тие ги отфрлија шесте ...

Пратеникот на Европскиот фронт, Скендер Реџепи, воедно и претседател на Народното движење, во интервју за Алсат истакна дека досега нема одлука или барање Арбен Таравари да стане дел од Европскиот фронт, но доколку се случи нешто вакво, тоа треба да се направи со согласност на сите политички субјекти. „Без согласност на сите членови на Европскиот фронт не може да има дополнување со ниту еден политички субјект. Ако г. Села е против, мислите дека ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Останатите четворица се осомничени за – Помагање на сторителот по извршено кривично дело од член 365 ...

Дваесет и петгодишен маж е убиен во Штип кога во него пукаше 21-годишник во кафуле на градскиот плоштад. Според снимките од безбедносните камери, целиот инцидент се случил за неколку секунди, додека во барот имало и други луѓе. Според Министерството за внатрешни работи, и жртвата и сторителот се турски државјани. „Во 21:25 часот, во Полициската станица Штип е пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, со пиштол бил ...

„Но оваа акција не е крајот таа е само почетокот. Затоа што оваа година нема да се фокусираме само на чистење на јавниот простор, туку и на чистење на политичката сцена! Влегуваме во година на големо чистење, кога граѓаните конечно ќе имаат можност да ги отстранат политичките отпадоци што со години го попречуваат развојот. Фосилите на ДУИ, кои останаа вкоренети во локалната власт без никаква визија, ќе бидат испратени таму каде што им е местото ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
42%
1020
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
2.57
59%
1021
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
59%
1024
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
55%
1021
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
3.25
81%
1019
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 17ᴼ
3.09
83%
1024
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
3.09
55%
1013
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
83%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
6.69
38%
1018
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
53%
1019
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 11ᴼ
0.89
58%
1023
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
8.75
73%
1016
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60